Не се сите Грци со Македонки невести/девојки бизнисмени со викендица покрај море, куќа за нивните и стан за нив во Солун. Иако, ради нивниот, во просек, има и исклучоци, осет за бизнис, прво таа слика ни` паѓа на памет. А Македонките, факт е, секакви не` има, ама тешки финансиски цицачи, не сме. Ова најчесто мислам, иако има и такви коишто фино ќе си го изораат патот до подобра материјална корист и алал да им е, шо. Си ги бива. Значи, не дека ми е до расправање, муабетот дека во просек не сме толку по џебот на партнерот сум го слушнала и како мислење од маж којшто имал врски и со наши и со странкињи.
Јас сега ќе отворам тема јас сум со црна коса, он е со плава.. многу се сакаме.. дали има шанса нашата врска да опстане? Мислам дајте ве молам. Грк бил, ова бил она бил. Аман веќе од вакви теми.
Зависи каква плава бе Ненче душо. Фарбана ли, која нијанса, природна ли... не е едноставно како што ти си мислиш.
А бе јас природно сум црнка и он е природно плав ама јас имам виткана коса а он има права па да не ме тараат кај него да ја пеглам косава а јас сакам локни... уффф како ќе се издржи ова... љубов голема е ама ете не сме сватени од околината.
Никако! Не смеат до тој степен да те потчинат.Денес косата, утре друго... ехехеее. Седи си така, он нека ја витка ако сака рамноправност.
едно нешто многу ме нервира во македонскиот менталитет.... Ако девојка од Македонија е во врска со странец, автоматски, Она е со него само заради парите и ништо друго. Иако неговата благосостојба не е позната. А, ако момче, од Македонија е во врска со некоја од страна, тогаш автоматски се работи за ГОООлема Љубов... Мислам ... А во врска со темава.. Мислам дека воопшто не важно од каде е, и што националност е. Ако тој веќе се впуштил во таква врска е свесен за околината. Но тоа не му е важно. Сигурно бил растен во таква фамилија, која не обрнува внимание на тие работи. Затоа што крушата не паѓа подалеку од дрвото. Е сега ако му е важно, тоа никогаш нема да премине во врска. Нема да те запознава со пријателите и сл. Значи ти си само авантура. Затоа што реално не можеме да зборуваме за врска, ако ти не познаваш никој од неговиот приватен живот. И нема што повеќе овде...
Зарем покрај толку убави наши момци баш за Грк, морате? Никогаш нема да ми биде јасно што може да ве привлече кон некој што не ви ја почитува вашата национална припаднос, ве негира како народ, и вие мислите дека тој ќе има целосно почитување за вас во бракот? Ај, видете да не имам кроодил во око. Истото го мислам и за оние кои се мажат или одат со Албанци. Неможеш да очекуваш почитување како единка, кога те негира на ниво на народ, од самиот старт си во потчинета позиција. Се прашувам само дали е лакомоста за пари, она што ги тера да се згазат себеси и своите предци.
Гледам дека баеги си исфрустриран, ама не ти префрлам пошто очигледно ни за Македонка не си добар не па за Гркинка. Поздрав и побарај некоја по планинине што ке се задоволи со карамелки.
Ич не издржувам јер дечко ми е Грк и знам дека и да раскинам со него пак Грк ке си фатам слободно нека ме прогласи за спонзоруша горе-наведениов, тоа веке не е мој проблем јас барем не сум исфрустрирана и сама
Зошто па да не. Политиката за политичарите, а љубовта за народот. Јас лично немам ништо против, дури можам да кажам дека жените гркињи се многу почитувани од нивните сопрузи грци. Таму мажот доаѓа со куферче кај жената, таа има мираз што би се рекло, стан ,покуќнина и сите останати работи. Digy ај бе уживкај си во врската и љубовта. Вистина е дека гркиња не знае јајца да испржи и затоа грците ги ценат македонските жени. Гркињата не ја интересира толку домот, децата колку да се дотра и отиде на забава.
Daleron не заборавај да додадеш на дотерувањето и забавата -и да му ги потроши сите пари. Мојов ми се чуди колку прибрана сум била,мене смеа ме фаќа. Ај да не забегувам од темата
За никаде сте! Тие шо биле или се во врска со грк не значи дека се спонзоруши и дека биле со него за пари. Како може така да генерализирате, не почитувал?! Не ни знаете бо каква средина израснал и кој се неговите принципи! Не се сите исти! Има Македонци што не ги почитуваат Македонците, така да сегде има исклучоци! А и шо ние овде во мк немаме пари? Ние не сме завршиле факс, не работиме? Многу сте ограничени и прости. Ако некоја девојка одела до грк сигурно не било за оне милион долар бејбе
Лани на одмор запознавме грци, неколку души беа друштво и ми се погодија генерација. Колку забавно си поминувавме неколку дена, другарками се плеткаше со едниот а другиот па демек за мене беше, ама некако така на гурање ја теравме, не дека не беше фин туку не ме привлекуваше баш. Инаку муабетот ми беше тие ист менталитет како нашиот имаат, се зезавме се смеевме се журкавме и еве уште комуницираме преку фб и си раскажуваме глупости. Првото видување со едниот одма се скарав оти ме испровицира за Македонија, демек не постоела, и од кога му кажав два три збора си заќуте и толку беше. После сите сложни браќа. Значи нема врска дали е грк или не е, битно е да си на иста фрекфенција ментално со човек. И секако да прифати од ние сме Македонија
Плавооко моме, не им се замарај, имаш веќе група за поддршка. Тоа е човек, полесно ни` е да гледаме во туѓите нешта што според нас се маани, отколку во сопствените. На пример, полесно ни` е да речеме дека партнерот одел со другиот за пари, отколку да се запрашаме дали така размислуваме затоа што ние сме циции во врска. Ова карикирам, значи. Кога би гледале најпрвин во сопствените маани, грешки, слабости, несовршености, кога за промена најпрвин би се натпреварувале со она што сме биле вчера, а не со другиот што бил денес и што мислиме дека ќе стане од него утре, би биле многу помалку огорчени ... и од самите себеси и од другите. Ај за тоа, а колку ли е потешко, во сопственото однесување да си признаеме што ги оттргнува партнерите од нас... тоа е веќе научна фантастика. Најлесно е да се признае за новчаникот, но тешко кој би признал за акалот.
ко што рече Теси-ете таква е македонштината.полесно ке гледам у туѓ двор а мојот каков е комшијата нека збори.... Глејте си работа,со кој ви е убаво со тој бидете.
Љубовта не познава граници е клише но тоа е точно клише, има секакви индивидуални приказни каде што постои љубов меѓу припадници и припаднички на различни етникуми. Но она што е чудно е што никогаш не се случува брак меѓу македонка и државјанин на земји со сличен или понизок стандард, украинци, молдавци, бугари и слични. Изгледа дека сепак љубовта не е доволен (или единствен) мотив.