Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со Грк

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од blueeyes7, 9 декември 2013.

  1. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Само наведов очигледен факт, ништо повеќе од тоа, без или со правилна граматика фактот дека љубовта не се случува помеѓу твои сонароднички и припадници на етникуми од земји со ист или помал животен стандард и визен режим.
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.559
    Допаѓања:
    106.282
    Пол:
    Женски
    Јас викам да се избирше темава , зашто нема смисла да се пишува нешто , има наши што се мажени за срби , бугари , американци , германци па и грци и што е тука чудното? Па на крај краева разбирам да има недоразбирање во врска / брак со др религија , ама иста вера сме и незнам што е толку проблемот..мислам дека оддамна требаше да се затвори темава.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Корици, не ме сфаќај погрешно, драга. За делот со врската со Грк си во право сто проценти, но и ти несвесно го правиш истото со постов. Ние не знаеме дали на форумов има мешани врски и бракови од аспект на религија коишто може да се најдат повредени од некои ставови. Како што некој може успешно да функционира во врска со Грк а некому тоа му е незамисливо и неубаво, така има и некој којшто успешно функционира во врска со некој од друга вера.
     
    На eloves, nena2010 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  4. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Па, што ако сме иста религија? Знаеш мене колку ми е битно тоа што со еден Грк сум иста религија? Како снегот од минатата година. Да згазам на својата чест, на своите предци, на илјадниците и илјадници протерани Македонци, сменети словенски топоними, заканувачки маршови за кинење Славомакедонски глави и милион други злосторства врз овој народ. Јас воопшто не гледам разлика помеѓу еден Шиптар и Грк. Исто ми е.

    Јас сум го рекол еднаш , а и ќе го кажам тоа уште милион пати дека Македонките се тие што ќе удрат нож на овој народ тука.

    Пошто гледам ти си го шитнала твојот газ таму дај ми еден документ да видам како ти се попишуваш на попис? Како твоите деца се попишани на попис, да видам дали учат македонски јазик, македонска историја таму? Се е друго е празна слама и самосожалување. Твоите деца какви имиња носат?

    Нас Македонците не има секој ден се помалку и помалку, изумираме и стануваме малцинство во сопствена држава, а ти наместо да си родила тука деца во Македонија ти одиш и на Грци раѓаш деца таму. Мислам мене воопшто не ми е гајле, прави си што сакаш, си имаш ти свои родители, ама не продавајте магла тука. Не допирајте таму каде што боли!
     
    На franca и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    6.517
    ќе бидам со кого сакам без разлика каков и да е и што и да е.битно човек да е.
    а вие што се удирате во гаради и ширите омраза гледајте си за вас.а во мојот живот никој не дозволувам да се меша.уште помалку во мојата среќа.
     
    На sj *O*, eloves, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Koj ja отвори темава врска со грк ?:?:ами ај да отвориме други теми врека со англичанец ,врска со италијанец ,врска со србин ......:rofl:
     
  7. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    А сепак се возиш или користиш транспорт кој се движи на грчки бензин и дизел увезен од грчки рафинерии бидејќи грчките власници на окта го прекинаа производството и сега носат готови деривати од нивни рафинерии. И имаат монопол до 2020 така да што и да купиш е транспортирано со грчки бензин, нема како да се избенат грците. Алфа банка, Стопанска банка, Скопска пивара, Жито Лукс, Усје, Веро, текстилни погони и многу други компании чии производи ги користат луѓето секојдневно - сето тоа тешко им паѓа на душите на масакрираните во Вичо и Грамос:) Шо би рекле тие да знаат за ова? Како би се чувстувале некој да им кажел во моментот пред грчкиот војник да ги убие - дека еден ден нивни сонародници ќе купуваат грчки бензин, грчки леб, грчки кошули, грчки цемент... во земјата за која го положиле својот си живот :D

    Зборот ми е ако нешто критикуваш би требало да постои некаква логика, од етичка гледна точка не можеш да критикуваш жена што се мажила за грк (поради односот на Грција кон Македонија) а истовремено да користиш грчки производи и услуги и да им правиш профит (поради односот на Грција кон Македонија)

    Ниедна жена не е должна по дифолт да се мажи за некого само затоа што бил македонец или да раѓа деца затоа што бил намален наталитетот и тоа е јасно.
    Но на темата често се зборуваше за љубов и тоа ми е сомнително бидејќи ако навистина македонките се мажат со странци од љубов тогаш браковите ќе беа дистрибуирани поеднакво, ќе знаевме и за бракови со босанци, молдавци или литванци, вака делува дека љубовта е далеку од единствен мотив.

    Но и тоа не е чудно, како велат ``луѓето гласаат со своите нозе`` па така народ се иселува, некои и не бираат средства, има многу жени кои се мажат за да избегаат а во последниве години и трендот на мажи кои се женат надвор само за да избегаат е се поприсутен.
     
    На Golden, kolovoz и koritsaki им се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Бог да чува и да брани ти е размислувањево да ти кажам. Ти ќе кажеш на некого каде да роди деца и на кого да му го даде срцето. Страшно ја измеша љубовта со политиката, со историјата и со се што не треба љубовта да се меша. Камо најди ја сродната душа па макар и во која националност се криела, па да видиме дали исто ќе збориш. Типично огорчен пост. Господ да ти е на помош со вакво размислување, тебе ти е тешко, себе највеќе си ставаш товар и омраза. И ако ти се дискутира цитирај ме тука, а не преку ЛП како што си умееш.
     
    На sj *O*, tessie, blueeyes7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Не дај Боже да отворам тема „Врска со Црнец“ ДР ќе се џитне низ прозор, не буквално ама го замислувам :@:headbang: ќе ја искрши тастатурата куцкајќи(mooning) :P:P:makeup:
     
    На tessie, nena2010, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.559
    Допаѓања:
    106.282
    Пол:
    Женски
    Па секако ,кај што сум се омажила таму ќе раѓам , колку наши раѓаат и по Америка , Франција, па што
    :D кога си заљубен сигурно не гледаш тој/таа што е и како е , дали е Грк , Србин , Хрват , а чекај ,што сум и како зборувам , па види вака мене никој не може да ми каже што сум , како да зборувам со моето дете кое секако освен грчки знае и македонски (а секако јас живеам во Грција и со грците ќе зборувам грчки) маж ми ги гледа моите родители како негови , добар е кон мене , не сме дошле до никаква расправија никогаш ниту со мм ниту со други а и не гледам зашто мора да зборуваме за политика кога имаме и поважни работи , значи ако почнеме да мешаме политика ќе нема крај , сите сме луѓе и секаде не има и добри и лоши и на крај краева политичариве не ги решиле проблемите а не па народот да ги решава (facepalm)
     
    На lolanomnom и Lovely93 им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Оффф, пак тие, заљубени та заљубени. Не ви стана досега јасно дека по парите им трчате? Туууу.... малце реалистичен пристап да се немало брее.

    Ве молам не ме сфаќајте озбилно за ова и не се узбуѓавајте. :rofl:
     
    На Tanjamm, nena2010 и Daleron им се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ауу,па ти си бил шовиниста до срж. И на тоа да се додаде типичен женомрзец и човек кој се мисли најпаметен на свет,епа не е чудо што Македонките бараат маж од друга земја кога голем број од мажите во Македонија размислуваат како тебе |(
    Од каде тоа мислење дека ти си подобар во карактер,изглед и однесување во споредба со некој Грк,Шиптар,Црнец?!
    Тоа е огромна самобендисаност од твоја страна,спушти се малку на земја.

    Во врска со темава,како што рекоа повеќето,не гледам причина да остане,како што не гледам причина да не постои здрава и среќна врска помеѓу Македонка и Грк.
    Мора да се престане со генерализација и ставање на сите во еден кош.
    Во љубовта се гледа што носи човекот во душата,а не која религија и националност е.
     
    На sj *O*, eloves, blueeyes7 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Абе едните ќе кукаат какви им се жените и ќе гаат презир, додека другите попродуктивно ќе го користат времето и ќе си вршат работа. Живот, кој како си ја нареди. :rofl:
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    И ако кажаме дека има многу Македонки кои се мажат заради живот за кои се свесни дека ако останат во Мк никогаш нема да го имаат, зборам од финансиска страна, треба сите подзинати да останеме како да сум кажала нешто спектакуларно и досега непознато? И таа љубов за која зборите, толку изгубени души познавам што да ги однесеш на фина вечера и да им купиш една златна белезица веднаш во Пепелашка филм ќе влезат и нормално ќе се "заљубат". Па уште замокот кога ќе му го видат крај на приказната, крај на сите нејзини комплекси и фрустрации, крај на се она за што сонувала а никогаш не го имала. Не велам дека сите свесно ова го прават, но тој сјај ги влече и ретко која е цврст карактер да рече не кога веќе има ваква понуда. Мене лично не ми смета, кој што сака нека си прави, ама да ме убедуваат дека сите се омажиле заради вистинска љубов, почит и меѓусебно разбирање, а финансиите се плус кој дошол ете така случајно, немој.
     
    На Tanjamm и Night Rider им се допаѓа ова.
  15. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Како се декларира Македонка мажена во грција, кога има попис на население? :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    @Bridget мислам дека ја утна државата одамна Грците немаат палати како што имаа. А тие што имаат верувај не ја ни перципираат нашата земја. А девојките што ги опиша секогаш постоеле и ќе постојат само што заради нив не треба да ги декларираме сите дека се такви. Тие истото го прават и овде...
    Воедно сакам да те прашам: Дали ти навистина мислиш дека другата страна тоа не го приметува? Кога некој трча по пари тоа се гледа од далеку. Никој на денешницата не е толку глуп и секој добро знае зошто сака да биде со другиот....
    А @Lefk како се декларира Македонец кога зима бугарски пасош?
    Кај Македонката ќе речам само дека во љубовта и во војната е се дозволено. Така кажал некој помудар од мене јас не го измислив тоа. А и воедно лично мене повеќе ми одговара ако Македонка се омажи во Грција. Тоа ми покажува дека утре таа и нејзините деца ќе гласаат за партијата која нема да не Фиромизира. А и онака не има таму па колку повеќе толку подобро.
    А колку што сум запознаена ја користат рефернцата која ние сами си ја ставивме за да влезиме во ОН. Па нема што да се лутиме.
    Само што незнам што прават нашиве кои без причина го прават тоа...+ овие не ни ја користат референцата, дирекно се пишат бугари...
    Ти нема да направиш се за твојата љубов?
     
    На tessie и Daleron им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @kolovoz
    Го приметува другата страна тоа секако, ама другата страна најчесто е и тргната да освојува со материјални ствари, или пак не разбира што е сиромаштија и не му влегува во глава дека некоја може со него да биде заради пари затоа што тој се смета за просечен или испод просек да речеме во неговата држава. Но за некоја девојка која израснала сиромашно, неговата фина куќичка ќе и изгледа како палата, и неговата просечна плата за тој стандард неа ќе и изгледа како богатство.
    Колку и да се паднати Грците уште се подобри од МК.
    И не ги декларирав јас сите девојки како такви туку јасно кажав што мислам во постот.
     
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    @Bridget според ова што го кажа јас не гледам ништо матрејално а не гледам ни причина зошто не би постоела љубов. Не гледам матрејално затоа што во една врска е во ред доколку едниот е малку подобро ситуиран од другиот. Неможеме сите да бидеме исти. Ако јас сум малку поубава од дечкоми а тој има малку повеќе пари од мене, незначи дека сум матрејалист. А и обратно.
    Во љубовта секогаш бараме нешто што ќе не надополни. Што ќе не направи подобри луѓе. Што ќе ни го направи денот поубав. Нешто без кое ти е тешко да живееш...Нешто што ќе те прави среќен...
    Јас на пр. си најдов партнер кој ќе знае да ме сослуша - но тоа незначи дека го користам мојот партнер како психијатар... Мојот партнер нема доволно самодоверба и му фали некој кој ќе го подбуцува (односно ќе му докажува дека тој може) Но тоа не значи дека тој мене ме користи како мотиватор.
    Според тебе така ако гледаме секој некој користи. И секој е со некој само заради нешто . Па и ти си тогаш со твојот партнер поради нешто...
    Немој да навлегуваш така, затоа што вагата никогаш нема да се порамни. Секогаш едната страна ќе завлекува....Љубовта на кантар не се мери...
     
    На blueeyes7 и Daleron им се допаѓа ова.
  19. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Хахаха :D затоа владата несака да направи попис сите станаа гркинки, бугари, башка и ја се заљубив у турчинка и како македонец имам привилегија да сменам име, вера и сунет да праам. ЕЕЕ љубов љубов..(facepalm)
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ја мисљим дека цела галама се дигнала овде од завист, дека онаа што е со грк секое лето ќе си биде у Грчка на море (poolparty) а другите ќе треба да плаќаат по минимум 30 евра за апартман.

    Абе земи мом(ч)е македонче па да видиш што е рај, озбиљно и да не сум ви слушнала глас више, да не почнам да ставам неоправдани и да пишувам кецови у дневник

     
    На SnowWhite8 и tessie им се допаѓа ова.