mojot iden soprug e grk.daj ne lupetajte u nasava drzava ne trretiraat poloso i od kucinja a ne pa da ne sme imale vrska brak so grk. iskreno 1000000000000000.......% se bolji lugje. ne se site tolku utepani pa politika da teraat uf be golemi patrioti gzot go prodadovte na albancite makedonija ja napraivte skoro albanija i ke jadete gomna sea cccc sramota bruka bruka
Ax неее, 27-28год сум.... уште малку сум во "Searching по женска/жена"... (ќе те информирам во најкус рок)
Се надевам ќе најдеш пристојно девојче И се надевам ќе викаш на свадба Кифлите и прасето од мене а за вегетаријанците по некоја брокула од бавча .... ....... ........... ............... 10 years later...
Xaxa, Ке си најдам наскоро убо мирно срамежливо девојче, и ке и кажам да се зачлени на Фемина форумот, за на свадба ве носам во Грција Толемаида на голем банкет... него едно ме мачи она со полиграфот на Сашко што зборуваше...?
Зoштo дa не Нa oвие курсевите пo Еврoпa сум упoзнaл преку 20 луѓе oд Грцијa сaмo еднo мaшкo тaкa нa кривo не гледaше, oстaнaтите сите беa oпуштени и кoј oд кoј пoфини. Нa пoследниoт курс пo цели денoви бевме зaеднo, oд утрo кoгa случaјнo се пoгoдив у групa сo еден грк и две гркинки зaеднo дa прaиме прoект, пa се дo дoцнa у нoќтa кoгa сме пиеле. Тoa не се глуми. Гркинкaвa беше 27 гoдишнa дoктoр нa нaуки, тaквa перфектнa дикцијa, тaкoв бoгaт речник a истoвременo тoлку прoвoкaтивнa...и нa крaј зaврши сo келнерoт Акo имa привлечнoст, пoчит и рaзбирaње немa врскa ништo. Сaмo oвие oд Кoсoвo некaкo лaдни пoвеќетo шo ги упoнaв oсвен две штo сум ги упoзнaл, не знaм зoштo, ќе се сврти муaбетoт некaкo нa религијa и чуднo се пoнaшaaт. Албaнкиве пooпуштени се.
Не и кажувај да се зачлени.. Ќе ја расипеме тука За полиграфот еве се пријавувам да ја испитувам ако ти е зорт
Леле човецииии стварно фали едно смајли што се крсти. И дечко ми е Грк и е воедно најдобриот човек што сум го запознала воопшто. За ништо на светов не би го заменила. Ми се дешаваше на почеток првото прашање откако ќе кажев дека е Грк, следуваше.. "а наш е?" Демек да не бил егеец наш.. па се објаснував и јас ливада.. Среќа брзо сфатив, па после коа ќе ме прашаа дал е наш, викав не, мој е! Е сеа далеку поконзервативни се од нас во размислувања. Па така честопати кога сме излезени во друштво и муабетиме си викам у себе па ние Македонците и не сме така лоши, па ние сме супер бре! Озбилно ова иначе, ако се смеам. Да не ми се налути згодново момче само, види ти ние шпиуни сме имале меѓу нас Јас да ти се самопоканам на свадба ако бре дете? Мислам откако ќе си најдеш чика де Мацедониа... За кршење тањири ми е ама озбилно
Грците се христијани, па не гледам никаква врска дали ние како „патриоти“ имаме проблем со Грците или не. Како што можат да се мужат со Холанѓанци, Германци..Така можат и со нив. Политиката на страна кога е во прашање љубовта.
Аууу згодно момче, не знаев дека си Грк, ти си веќе наш штом живееш во Македонија. Македонија или Фиром, а?Јас пред некое време запознав човек кој по националност е Грк, татко Грк, мајка Македонка, а не знае грчки и има македонско име и презиме на ски, како нас Македонците. Ми беше чудно. Викам ама како можеш да имаш презиме на ски, вика па што имам јас со Грција освен што како и другите Македонци одам таму на море. Татко му не го научил грчки, а мајка му и татко му кога се карале го правеле тоа на грчки. Има секакви ситуации.
Оваа тема е многу смешна. Ајде сега за врска со припадник на секоја националност нека се започнува нова. Барем во Политика да сте ја отвореле.
Повеќе би рекла незнаење правопис. Порано(во времето на татко ми) во нашиов јазик правописот бил божем националностите да се пишуваат со мала буква, иако не верувам во тоа. Во второ или трето одделение пишувам домашна по македонски баш за тоа кај се употребува голема и мала буква и мајка ми ми ја гледа домашната и ми вика „Што е ова националностите со голема буква,а? Брзо преправај!“ И едвај ја убедив дека се пишуваат со голема. Додуша таа учеше албански(Македонка од Албанија е),а таму националностите се пишувале со мала. Излегов ептен надвор од темата, ама сакав само да се надоврзам на твоето мислење. И баш таа што ја отвори темата била во врска со Грк. Инаку и јас се согласувам дека темава е бесмислена. Ај нека се отвори тема за врска со Србин,Русин,Италијанец,Германец,Швеѓанец,Данец,Шпанец,Французин,Американец и да не набројувам веќе. Глупости. Има Грци што се навистина националисти и многу навлезени во политика, ама каде нема националисти? Секаде ги има. Политиката е едно, луѓето се друго.
Грк е најлесно да најдеш....веќе кога не иде со некој...грк секако ќе се најде,тие не одбиваат никоја хаха