За луѓе што немале никаков контакт со грци/гркињи, многу информации шибаат од ракав. Фрустрација ли од чело ви тече? Ина што би рекла, мали т*шаци, големи ега. Многу интересно како се фрлаат информации за некој со кој си немал никаков контакт. А вие што генерализирате цела нација, небитно која, кај нас овде сите свекрви светици, а сите сопрузи посветени, културни, надарени, не пцујат, не пијат. Абе совршенство. Исто многу интересно како некој што бил со еден човек и завршило лошо, па според него ја дефинира цела нација.. малтене поминале пола нација за такво генерализирање. Која плиткост и површност ви се чита меѓу редови. Смешно е во какви фрустрации се давите. Човек за малку би помислил дека сите во 21 век живееме.
Штета,треба подолго време да се поминува крај море, го опушта човекот и добро е за неговото здравје. Ја нигде не пишав во што верувам али умот ми е отворен за да сфатам како секој има право на свое мислење. Никој не кажа ништо лошо и страшно, никој не повика на насилство, никој не беше лично увреден освен тој член од вас. Никоја не ми набила рогови,бев жртва на поинаква врста женска превара, али сожалување не ми треба, чувај го за себе.
Ти што можеш да понудиш на еден Македонец? Кога веќе критикуваш тогаш мора да имаш и нешто да дадеш. Не е секогаш само бизнис интереси и местположба, туку и национална гордост и менталитет на еден народ. Јас те убедувам дека 98% од Хрватици никогаш не би легнале со Србин или босански муслиман во кревет, а не пак да планираат брак или да им раѓаат деца. И ден денес Срби одат со страв на летување во Хрватска. Македонките од друга страна добри 70-80% би спиеле со Грци, Албанци и секакви како добро утро. Само чести ги по некоја пијачка, шопинг или провози ги во кола. Ок, некои одат за 250 евра. Србинки се исто така добро познати камењарки и спонзоруши. Белград и Бања Лука се секс туристички атракции, па можеш да замислиш каков тип на девојки живеат таму.
Моја другарка е мажена за Грк, и убаво им е во бракот, си имаат и детенце. Важно почит и разбирање да се има.
Koго убедуваш друже? Па јас живеам во Босна и гледам кој со кого легнува се мажи живее и раѓа деца. Знаеш колку мешани бракови има, колку врски мешани има, колку луѓе во фамилиите си имаат и по некој муслиман или Хрват? Јас се омажив за Србин, ни на крај памет не помислив „аха овој е Србин, нејќам со него„, кој е од каде е најмал проблем во светот на разумните луѓе, исто така и кој како се крсти, и дали се клања. Се дружам и со Хрвати и со муслимани, и честитам Бајрам и католички Божиќ, ме заболе ќошак кој со кого се ебе додека луѓето се среќни. Темава нема благе везе, зошто воопшто го дискутираме ова незнам, кој со кого сака нека си биде во врска, нека се мажи ,нека раѓа деца, стварно ли седите и размислувате за вакви работи? Ако ми се свиѓа секс со некој Грк ќе се сексам со него, ако ми се свиѓа со Бугар исто така, кој од каде е нема никаква врска со тоа. Не дека и нема спонзоруши што држи вода, ама во главно не е од тие побуди. Маж ми да беше и Македонец, и да беше Хрват, и да беше Грк јас ќе си го сакав, ич не гледав што е, не ми беше тоа пресудно. Па и со проценти излагањево кој колку проценти би се ебел со друга нација. Дај бе излезете и ебете се, ви гарантирам оти поубаво ќе се чувствувате и нема да размислувате на вакви бош теми. Ич не ми е гајле колку проценти Хрватици ќе се ебат со Србин или муслиман. ако им е убав сексот нека се сексаат.
Да бе, затоа во Босна и Херцеговина се убиваа како кучиња за време на војната, затоа што многу се сакаа, али немој и ти со тие приказни дека Американците ја растурија Југославија бла бла. Имаше мешани бракови во Југославија, но сепак и тие премалку. Плус, тоа било пред 30-40 години, а сега 2017. Многу работи се сменија од тогаш. Ти сакај си го твојот сопруг колку сакаш, ама немој да ја искривуваш вистината. Ние не мислиме цел ден на тоа, далеку од тоа, но политиката е дел од нас и влијае на животите. Подобро луѓето да мислат на тоа што директно влијае на квалитетот на нивните животи и иднината отколку само да гледаат да се наждерат, пијанчат, ебат ко животни и да трошат пари за шопинзи. Празни глодари. Јас сакам да бидам со личност која ме почитува баш таков каков што сум. Со сите мои позитивности и негативности, а не некој да моча врз мојата личност, потекло, семејно стебло само да би живеел на море. За мене не е тоа љубов да шетам деца со имиња Циганакис и Педеракис и да не смејам да ѕуцнам подалеку од куќа кој сум, што сум и со гордост и задоволство да зборувам за моето семејство и потекло.
Па ако сите се исти на Балканот тогаш во што е проблемот да се плодат и множат, како што е речено во Писмото? Дали е некој грче, шиптарче, мраќедонче, четниче, татарче, цинцарче разликите се минимални. Проблемот е што не се доживува раја како таква, постои омраза а тоа е бидејќи фактот што се исти ги доведува до лудило, тоа што четникот е огледало на усташот или качакот на четникот е причината за многу проблеми. Сакаат да се различни, да се важни, големи, јаки истории...пошто реалноста им е никаква, корумпирана, злобна и ефтина. Прифаќањето на реалноста е пат кон исцелување на болештините на умот, но тоа на овие простори нема да се случи, поверојатни се нови војни и клања...
А бе јас се имам изјаснето на слична тема (не знам која беше) дека ако ми се погоди човекот би била и со Кинез..Што има врска дали е Македонец, или Грк, или Бразилец? Оставете ги тие стереотипи што постојат аман веќе.. И да, имам другар Грк кој би го гледала како потенцијален дечко да немав дечко моментално. Ај позз
Хах и јас во темава да искоментирам,мислам оти цел балкан исто ко еу е националистички,а лични интереси што му се вика нз како би идело се мажиш од интерес бизнис ма кој интерес бе ако не ми е погодено со машкото џабе и македонец да е.Инаку Грците не се нешто посебно,имаат поголема култура можеби амс јас ги сметам за лесни мажи нз мн лесно паѓаат ,др е индивидуално секој со ставот и ксмет во живот.
Македонците во Егејска Македонија беа тепани, мачени, затворани, бомбандирани со напалм бомби, протерувани, убивани или испраќани на фронт. Накратко во Грција кралицата Фредерика спроведувала акција на насилно одземање на 30 000 македонски дечиња од нивните домови. Подоцна ови дечиња беа продадени на богати атински семејства и семејства од САД. Премногу беа малтретирани овие Македонци за сите примери да бидат наведени во мојот коментар. При толку слободни Македонки и Македонци, некои размислуваат или започнуваат врска со Грци Само не познавачи на својата историја и тешкотиите низ кои поминале Македонците можат да се одлучуваат за таков чекор. http://puls24.mk/makedonija/vesti/foto-seti-se-evropo-niz-kakov-pekol-pominaa-ovie-luge/Prev?id=3
polotika si e politika stranec si e stranec hedonizam si e hedonizam ovo ti je tri u jedno...ali jbg makedonki tu je sta je
Јас сум познавач на својата историја но сепак би сакала да сум во врска со грк . Знам дека Македонците во Егејска Македонија немале право на зборување на свој (македонски) јазик и биле приморани да зборуваат грчки дури и во своите домови, бидејќи биле казнувани ако зборуваат македонски. За тоа биле надгледувани од стражи. Но јас не ја мешам љубовта со историјата (ниту со политиката). И денешниве млади грци немаат никаква врска со политиката на Јоанис Метаксас или било кој друг грк шо бил на власт за тоа време. Историјата нема во никој случај да влијае на моето мислење дека би сакала дечко грк.
Баба ми, често си ја приспомнува мајка и. Во најтешките наши "истории" Гркиња, се заљубила во Македонец. Па пребегнале со прадедо ми, заедно во едно село во Македонија. Епска љубивна приказна од едно тешко и страшно време. Кога после некое време, грчки војници тропнале на врата, ја препознале грчката плетка во нејзините раце. Можеле да ја прогласат за предавник и да ја убијат и да го запалат селото како што и биле тргнати. Но се повлекле. Ако љубовта немала граници, во такви тешки времиња, и кога и тогаш постоеле луѓе и човечност, совест, зарем денеска треба да бидеме примитивни? Не може да се изначуди човек на толку примитивни муабети во 21 век.
Нетрпеливост, неприфаќање на луѓето по основа на националност имало и ќе има. Секаде во светот. Ама тоа НЕ Е причина за да осудуваат другите кој со кого е во врска, дали со Грк, Србин или Французин. Ако не сакаш да си во врска со личност од одредена националност никој не те тера ама остај ги другите да си ги живеат животите како сакаат. Пс. Ова е лично мое мислење, не се однесува на никој лично во темава. Инаку, би сакал да имам дечко Грк. Тоа што ми се допаѓа и државата и музиката и местата е друга тема.
Да, знам и дека биле казнувани т.е. убивани. Иначе за прашањето зошто би сакала врска со грк наместо со македонец... 1.Најмногу го мразам балканскиот менталитет кој мн македонски мажи го имаат, а грците го немаат 2.После 18, грците се често независни, додека многумина од кај нас и после 30 живеат со родителите 3.Сум пробала да фатам дечко македонец ама ништо 3.На крај сфатив дека македонците не се мои типови, туку дека грците се Има и др причини ама овие се најглавни. И фактот шо би сакала дечко грк не значи дека не ја познавам доволно нашата историја. И мое е правото да одлучувам со кого ќе бидам во врска.
Џиа, твоите коментари се апсолутна и непобитна вистина. Изнесуваш факти, кои, навистина е срамота Македонец да не ги знае, оспорува или негира. Но генерализација на цел еден народ, навистина не е во ред. Кај Грците, меѓу нелуѓето има луѓе, кај Македонците, меѓу луѓето има нелуѓе. Всушност, ова важи за сите народи и нации. Не е важно што е, ами што има во срцето.
Aman bre ako se ima ljubov zasto da ne baba mi I dedo mi se od egejskiot del na makedonija I se bile maceni tepani imotite Im se odzemeni od grcite pa jas ucev grcki jazik I so brakata na dedo mi neka I'm e lesna zemjata si zborevme na grcki jazik so prababa mi isto so majka mi znaeme ponekogas da si kaze me nekoj grcki zbor dve moi prvi bratucedki nivni vnuki se mazeni za grci pa niko mu nisto so site ubavo si ziveeme bez razlika koj kakov e imam jas I prva bratucedka mazena za srbin druga bese mazena za siptar no se razvedoa no toa si bese megu niv veke I Mozam slobodno da kazam oti za mnogu raboti siptarite vo zivotot mi imaat pomognato. isto imam prv BRATUCET zenet za kineskinja. Isto I so nea se druzime se razbiram e na angliski. jazik. a cel zivot ziveam so turci I za mene nema razlika koj kakov e Po nacionalnost tuka kakva dusa ima sekade ima I dobri I losi.
Зошто мешате историја на вакви теми? Колку народи во историјата на човештвото и цивилизацијата војувале меѓусебно и биле во улога на окупатор и окупиран, па треба за век и векови да не смее да се мешаат, па уште и да се мразат? Се случила граѓанската војна во Грција и прогонот на Егејците, се случило турското ропство, војната во 2001... и сега сите што се запознале и пронашле сродна душа со некои од тие народи (или различна религија), сите што не ги осудуваме таквите парови и не велиме категорично дека не би биле никогаш со личност од тие националности, значи дека не си ја знаеме историјата? Дури и своевремено тие војни и прогони се случувале поради интереси на одредени луѓе - изопачени умови, што ни тогаш не значело дека цели народи на кои припаѓаат сосе сите обични луѓе се такви... Ете го прекрасниот пример на Јованти (мада хардкор патриотите сигурна сум дека и на тоа превртуваат со очи и којзнае колку им е патетично)... па што логика останува за после децении и векови да се осудува? А тука можеме да велиме хипотетички дека би биле во врска со Грк, ама тек кога навистина привлечност ќе се случи секако не се бира и калкулира дека „има толку слободни Македонци“... Грк, Бугарин (очекувам и таква тема да отворите баш сега актуелно ), Србин... муслиман, будист... црнец - важно е да е човек и да си одговарате. As simple as that