zapocnav vrska, tece podobro od ocekuvanoto no skoro mi prizna deka e ateist. Ima nekoj slicno iskustvo da mi dade nekoj sovet
ljubov i veruvanja А што ти менува тебе тоа? Што имаат врска неговите религиозни сфаќања со вашата врска? Неможам да ве сфатам сите со вакви "проблеми". Мој совет ти е да продолжиш и воопшто да не се замараш со тие работи.
Добро што ја најдов темава, планирав да ја отворам за дискусија за да не поттикнувам дискусија во темата за различна религија. Ме интересира колку девојки (и момци) би било океј да имаат врска со атеист? Колкав процент од нив поддржуваат мешани врски (национални, религиозни)? Ако поддржуваат едното, а не другото, зошто? Не знам, во последно толку прашања ми се врткаат во главата и неможам да најдам одговор. Јас луѓето ги гледам како еднакви суштества кои почнуваат да се разликуваат карактерно како што јас ги запознавам. Националност и религија не ми се проблем за да почнам пријателство или врска со некој. Ме интересираат вашите мислења. И ако подржувате и ако не подржувате, ме интересира зошто? Ќе бидам многу благодарна доколку добијам одговор.
Јас би била во врска со атеист, немам ништо против, но само ако не ми зборува против мојата вера. Имам другарка атеист и не ја осудувам, а таа секогаш во муабетите ме осудува зошто сум верник и неа тоа и` смета, и` смета верата, црквата итн. Значи со атеист да, ама со муслиман или друга вера не.
Знам. Има секакви атеисти, ама ете среќа моја моите не ме осудуваат за тоа што јас верувам, нити пак јас му велам нешто затоа тие што се атеисти. Ако можи да знам, зошто не со муслиман, а со атеист да? Шо ако е турчин ама атеист? Има врска тоа? (чиста радозналост како шо напоменав и во моето претходно мислење, немора да одговориш ако не сакаш)
Точно така... јас никогаш никој не исмевам заради верувањата или слично, било да се друга религија или атеисти... и не се ни трудам да им докажувам со сила нешто. Ме нервира што сите атеисти што ги знам се напорни на таа тема, и ме напнуваат да ми докажат дека сум глупа што сум верник, како тие се разумни и најпаметни. Значи сега сум во брак со верник, ама кога би се ставила во позиција на девојка која бира човек за врска... не би ми сметал атеист за дечко, се додека не почне да ме прави малоумна и да ми докажува на секое, или да ми се исмева на моето одење во црква и слично. Повеќето мои пријатели/познаници атеисти го прават тоа.
Па види.. ако јас би била атеист нема да осудувам или да се фалам исто како што правам и сега како верник. Ниту ги осудувам другите, ниту се фалам со верата. Е ако е таков атеистот, јас ќе си терам со мојата вера а тој со тоа што го сака. Ако е мирен нормално нема некој да го знае дали е атеист или верник, а ако е исламист ќе се знае дека е исламист. Не сум нацист, ама не би била ниту со турчин атеист, би била со македонец атеист, а со турчин атеист јок.
Oд игнoрaнтнoстa и "нaшaтa верa" не мoжеме дa се сaкaме меѓусебнo. А фaкт е декa бaрем 98% oд сите верници прекршиле прaвилa кoи се вo нивнaтa светa книгa. И пaк се тие гoлеми верници и премнoгу свети и чисти зa еден смртник-aтеист/чoвек сo рaзличнa верa. Јa стaвaте верaтa пред љубoвтa, a верaтa би требaлo дa шири љубoв, нo пoвеќе шири меѓусебнa oмрaзa и плукaње. Кaкo aтеист, би билa сo верник, гaјле ми е дaли бил христијанин, муслимaн, будист, евреин... Некa верувa вo штo сaкa, нo мoите стaвoви зa верaтa ќе си oстaнaт исти-верaтa не е зa нaше нивo нa рaзмислувaње, a тoј немa прaвo дa ми јa нaметнувa негoвaтa верa. Пoпрвo oчи ќе истерaме, oткoлку дa се сaкaме. Стереoтипите зa oдредени групи нa луѓе ни ги држaт oчите (сoсе мoзoците) зaтвoрени, a декa немa дa ни биде дoвoлнo силнo тoa oпрaвдувaње, викaме верaтa нaшa не дoзвoлувaлa. И, aј сегa, требa дa сaкaш, aмa и не требa!
Јас сум горе-доле атеист, и не гледам зошто тоа би ме дефинирало како личност и ставило во одреден стереотип. Луѓето ги делам на луѓе и нелуѓе, добри и лоши, и толку. Ниеден дечко досега ме нема прашано за религијата најискрено, и јас своите ставови не ги наметнувам. Како што кажав, луѓето не ги делам според религија и националност, така да ни една од тие работи не ми е пресудна за врска. Едноставно гледам дали си одговарам со некого карактерно, дали имаме слични интереси и погледи на светот.
Грешно ме сфати. Обично кога не сакам да бидам премногу критична во одредена тема и воедно да не ја полнам со офтопици прашвам чисто прашања. Јас лично човекот го гледам како човек, потоа гледам дали неговиот карактер ми одговара или не. Не ни ги делам на добри и лоши луѓе зошто и тоа е релативно според мене. Како и да е, како шо кажав, овие прашања ми беа провоцирани од друга тема, во таа тема поставив други прашања шо беа во поглед на темата. Фала шо ми одговори, стварно почнав да сум љубопитна за како размислуваат луѓето во дадена ситуација. Тоа ме интересира. Ете не знам дали споменав погоре, јас сум имала врска и со верник (релативно голем), со муслиман (сепак не беше тој премногу во религијата) и атеист. Така да за мене ова е се отворено, баш како во твоето мислење. Мило ми е што сме услогласени.
Ох, од ова религииве и националностите глава не може да дигнеме. Секој е опседнат на било кој начин со тоа. Сите се убедуваме и се докажуваме во нешто. Не би ми сметало да имам дечко кој е друга националност или било која верска определба или атеист, се додека има заемна љубов и почит. Додека има разбирање и од двете страни. Без притисок и обиди за докажување дека некој е подобар или дека нешто постои, или не постои. Не ми смета да си слави и верува се додека не се обидува да ми наметне. Исто како што и јас не наметнувам размислувања. Бев во врска со православен христијанин и како атеист никогаш не се обидов да му влијаам или да ја отварам темата религија. Едноставно го прифатив таков, и нема зошто да го убедувам во било што друго. Секој човек си има право да верува и да биде тоа што сака се додека не ги повредува и крши правата на останатите.
Додека живееме во општество кое е класифицирано според класи, религии, националности ќе има доста ограничени умови на кои се им смета, каков и да си, што и да правеш за нив ќе биде грешно. Конкретно јас не се сметам за атеист, ама не сум ни верник. Не верувам во цркви, икони, молитви и тие слични работи. Еве мене не би ми претставувало проблем да сум во врска со верник, тоа ништо не ми менува, сепак се додека не отвара таква дискусија и да напнува и да ме разубедува дека ќе одам во пеколот, тоа веќе претерано. Мислам повеќе проблеми би се имало со родителите на парнерот, отколку со самиот партнер. Избегувам да мислам на тоа... А не сакам некои хард кор верници кои го спомнуваат Господ во секој муабет, кога пробуваат да те разубедат дека треба да веруваш и ти и колку уствари си грешен. Проблемот во нашето општество е што доколку се изјаснеш дека си атеист одма мислат дека се жртвуваш на сатаната, правеш црни магии и ред други глупости..
Малку среди си ги толку строго формираните ставови Значи, кхм, можеш да се гледаш со атеист кој не ти ја признава верата, а не со муслиман кој можно е да има и повеќе почитување за твојата вера отколку било кој друг атетист. Не гледам овде прашање на религија, ама како сакаш. Затоа сум атеист, барем не си го стеснувам изборот , му гледаш фин jawline, знае да ти направи фин муабет и го зимаш, не овде поделби, подподелби ...
Јас сум до одреден степен атеист. Верувам во нешто ама тоа не е религија. Тоа се знае како започнало со религиите, измислени се да се контролира народот и точка. Небитно, почитувам луѓе што си веруваат во тоа и океј ми е. Би дискутирала на темата ама без наметнување и докажување. Воедно не ми смета ни пријателство, врска, брак со некој кој верува во друга религија. Ако ми се допаѓа некој како човек ми се допаѓа и нема никогаш да го откачам врз основа на религија, раса, националност, сексуална ориентација итн.
Јас сум верник, но сепак не би ми било никаков проблем да бидам во врска со атеист се додека тој добро се однесува кон мене и ме сака. Ниту моите верувања ниту неговите не ги гледам како пречка ако постои љубов. А досега не ми се погодило да бидам во врска со атеист.
Лелеее беее што читам... каква врска има тоа што бил атеист, сигурно нема за религија да зборувате и за тоа дали верува во еднорози ! Сериозно луѓе со партнерот зборувате за религија ?! Are you ok ?! Страв ти е дома да не не го сакаат или ? Не знам што ти смета тоа, ако не можеш да го прифатиш тоа што не оди човекот во црква за празници можеби не е за тебе.