Ќе бидеш во врска со неверничка? Па каков верник си тогаш? Ќе ја прифатиш ли и ти или ќе се обидеш да ја промениш?
Хахахах како ме замислуваш ти мене како лик од турска серија со заостанат мозок 500 години назад? Јас сум верник за себеси. Ќе ја прифатам како што напишав само ако ги исполни условите што исто така погоре ги напишав. Иако ова да се случи шансите се мали бидејќи неможам да се заљубам во девојка која би плукала по религијата и Бог. (сеуште не сретнав атеист кој си ја гледа својата работа и не плука по Бог и по религиите) Така да шансите се мали да сретнам таква девојка атеист.
Ние секташите не влегуваме во врски со раја која нема изблендано барем една мачка во блендер. А и многу сме романтични, зарем има поромантично нешто од гробишта под полна месечина?! Nekromantik
Не, не, не реков тоа. Сакав да кажам дека само заостанат 500 години назад може да мисли дека сите атеисти плукаат по религијата.
Јас никаде не пишав дека мислам така. Јас пишав дека сеуште немам сретнато атеист што не плука по религија. Немој да ме правиш будала со нешто што не сум го напишал, мене не ми смета но неубаво и смешно изгледа.
Леле леле темата. Да плачам или да се смеам! А замисли колку е тажно после секс да не те вика „друже генерале“ или да читате Карл Маркс и Фредрих Енгелс заедно. Ај тоа ми го објасните другари и другарки Ма на мажите им требат христијанки бе. Да ја контролира, да и кажува дека се што праве е грешно пред Бог, да му биде невина, да не смее да писне, а тој да си го фура егото и до себе да си има потчинета жена... не некоја паметна, што има различни ставови од оние што ги налага религијата
@CameliaMiller и јас не сакав да се венчавам, фамилијата на мм запна, и ајде велам, не сакам да расипувам Убави моменти ајде нека има венчавка. Искрено, секако не ми менува многу. И таму во црквата, ставено 5-6 пара во ист ден, и каснење, гужви, стигнаме на ред, стоиме пред врата и попот го фака паника. Свекорот и свекрвата + девер ги нема Каснат (некои мининални 5 минути, ништо страшно) И доаѓа вонка, ајде ајде да најдеме нов девер, ајде да завршеме И стоејќи со него, велам попе, абе сега ќе дојдат, 5 минути биле а не биле, ќе прочиташ побрзо, ќе скокнеш нешто од читањето ќе завршиме, само смирено, ќе стигнат во секој момент И попот ми враќа: Aа да, а ти сакаш ли дете без глава да родиш Моја среќа дека попот го рече тоа пред мене, мм и останатите гости зад нас, и сите убаво го слушнаа. Немаше некој кој не беше запрепастен од коментарот.
Каква будала бе Од сите адети свадбарски, црквата е некако најбезболна. Ама знам дека има "скратена" верзија пеењето, другарка на свадба го замоли да биде брзо (и таа не поднесува мирис на темјан) и за 10 минути ги испеа, и тоа на два јазика
Јас сум атеист уште од 10 години , и во клас кога разговарав на таа тема со другите што беа верници беа многу нападни , изгледа мешаа атеист и сатанист и еднаш дури и пуштија гласини " крстот сум го ставала во газот " ... Лично мене не ми е важно дали дечкоми е верник , но секако би сакала да бидам во врска со некој со кој што го делам истото мислење . Јас сум атеист од кога бев во една црква и буквално ова го кажаа "вие немате право да размислувате , само треба да го сакате бог" и јас од тогаш баш размислував и така .
Лол, темава... И кога се чувствував и декларирав како верник, никогаш не сум го сметала атеизмот како пречка за потенцијална врска со некого. И никогаш не сум се ни почувствувала навредено од некој атеист по тоа прашање, оти уствари нападни, т.н. милитантни атеисти (барем во Македонија) според мене горе-долу се мит, сè е тоа butthurt (pardon my French) од фанатици + без смисла за хумор. Сега сум агностик атеист, можеби со тенденција кон целосен атеизам. Почитувам верници од која било вера и не го сметам тоа за пречка за врска - но еманципирани и цивилизирани верници како повеќето со кои се дружам. Да не се лажеме, со некој што од верата извлекува поуки и начин на живот како на пример покорност на жената, осудување луѓе ради сексуална ориентација, про-лајферство и други ограничувања - не би биле никогаш нешто повеќе од познаници (и овој исти став и како верник сум го имала btw). Тој став и чувство се обострани.
Зависи до човекот. Немора да значи дека сите верници или сите атеисти се нападни. Еве на пример ти си атеист и имаш лошо мислење за верниците и црквата тоа е видно по ова што го напиша, и што треба да значи тоа дека сите атеисти ја мразат црквата и верниците? Ти треба Библија да бидеш верник а не муабетите на некој поп мафијаш во некоја црква. Ти никогаш не ни си била верник бидејќи ја немаш прочитано Библијата. Не сфаќам како би можел да се заљубам во девојка која не дели исти ставови со моите или барем слични? И во краен случај кога би се заљубил во девојка атеист, не би ми пречело што таа е атеист се додека на неа не и пречи тоа што јас сум верник. Секако проблемите подоцна пак ќе дојдат. Што со децата?
Искрени да бидеме тебе ти сметаат верници. А оние верници кои велиш дека ги почитуваш тоа не се верници, тоа се луѓе кои ради реда кажуваат дека припаѓаат на одредена верска заедница а ниту веруваат ниту ја почитуваат нивната религија.
Значи според тебе верници се само оние кои го имаат прочитано Куранот и Библијата? Очигледно погрешно го разбирате зборот верник. Јас не знам зошто се обидувате да му солите на некого памет, а всушност немате поим за што зборувате. Ова не се однесува само на тебе туку и на останатите членови. Не значи дека ако е верник е добар човек или ако е атеист е лош човек. Треба да разграничите некои работи, многу буквално ги сфаќате работите.
Како може да биде верник оној кој врска нема што проповеда и што учи неговата религија? Или битно е само да се каже дека си верник.. Ова е исто како да кажам јас сум пилот, ама незнам како се вози авион.
Сум била во врска и со атеист и со христијанин и со муслиман и со будист и со агностик. Се додека не се фантици, милитантни и не се обидуваат мене да ми наметнат нешто, нема проблем.
Со тоа што го напишав не сакав да ги навредам верниците или пак црквите , се извинувам ако така ме свативте , јас сакав да кажам дека честопати атеистите можат да бидат погрешно сватени , како во мојот случај.
Добро еве доколку сакаш пластично да ја објасниме работата ќе се обидеме и на тој начин. Ти веруваш во Бога? Дали веруваш во поповите и свештениците кои го проповедаат словото господово? Уште еднаш ќе напоменам. Верник не се станува само со читање на Библијата и Куранот и одењето во црква и џамија или секојдневна молитва. Верник се станува и со правење на добри дела и почитување на некои вредности. Јас не осудувам никого бидејќи постои една реченица : Прв каменот нека фрли оној кој што е безгрешен. Јас не верувам во попови и оџи бидејќи тие земаат пари за тоа што го работат. Верувам во тоа што го проповедаат, ама кога ќе проповедаат и читаат молитви без паричен надоместок тогаш ќе верувам дека тоа го работат од љубов. Инаку за да се помолиш на Бога не треба да одиш во верски објект, можеш тоа да го сториш и под отворено небо. Се додека имаш желба да го правиш тоа и ти дава сила не е важно каде ќе го сториш тоа.