Јас само сакав да ти кажам дека не треба да ги ставаме сите во ист кош, без разлика дали се атеисти или верници. Се зависи од човекот.
Да верувам во Бог, Верувам во она што го зборуваат поповите и свештениците, но не ме интересира тие што прават, има кој да суди. Знам како се станува верник, нема потреба да ми кажува никој. Пробувам колку што можам повеќе да го почитувам Словото Господово, според тоа се нарекувам верник, а дека сум најдобар и безгрешен далеку од тоа. Без пари неможе да проповедаат бидејќи сме 21 век, се зависи од пари па и тие имаат семејства. Проблемот е што тие зимаат ненормално големи суми на пари. Можеш да го сториш тоа и под ведро небо кога не си во можност да одиш во црква, не си чист, не си пристојно облечен или слично. Кога сум во можност зошто да не одам во божји храм?
Да се навратиме на темата од која причина тогаш не би сакал да бидеш во врска со девојка која е атеист? Ако си ја засакал и таа тебе, но не си дознал на почетокот дека е атеист. Зарем кога ќе дознаеш поради тоа ќе ја оставиш девојката? Инаку никој не ги осудува верските лица, туку само си кажав што мислам за нив и каква слика имам изградено во поглед на сето тоа. Убаво е ако си во можност да отидеш во верските објекти никој не го оспорува тоа.
Никогаш не би се заљубил во девојка која нема исти ставови или барем слични со моите. А не верувам ни дека девојка атеист би се заљубила во мене. Мислам дека има работи кои ги карактеризираат верниците посебно од атеистите па така според тие работи не би можел да најдам сродна душа од спротивната страна. Од лепе очи поради надворешен изглед не би се заљубил, одамна го поминав тој период.
Секоја чест за тебе ако си успеал да ги контролираш емоциите до тој степен и за тоа дека имаш способност да препознаеш девојка која е атеист на прв поглед. Само кажи ми како успеа да ја развиеш таа способност да одбираш во кој ќе се вљубиш и да препознаеш атеист? Јас не можам очигледно имам некој проблем тогаш.
Пријателче, џабе му објаснуваш, а и навистина е утопија врска на нерелигиозна личност со верник како Витали. Човекот едноставно нѐ гледа како нихилисти, неморални, индоктринирани и што сѐ не. Јас не би се заљубила никогаш во таков човек, баш е пример за она преку мојата граница што го објаснив во претходниот пост.
Кажав, одамна го поминав пероидот кога се заљубував на прв поглед поради надворешниот изглед. Ако не ја познавам девојката, ако немам појма што таа сака во животот, како таа размислува, какви ставови има кажими што е тоа што би ме привлекло за да се заљубам. Можеби ти е чудно но некои луѓе како мене така функционираат. Човек самиот се заебува. Тоа е тоа што го зборувам цело време. И јас никогаш не би се заљубил во девојка како што си ти, или друга која има сфаќања како твоите. Ако за тебе имам таква слика незначи дека и за другите истото го мислам. Има луѓе со различни ставови но сепак ги почитувам бидејќи имаат култура и не сметаат за ненормално се што е поразлично од нив како што тоа го правиш ти. .
Мајтапот на страна, ме интересира, како не доживуваш? Ај опиши што не ти се допаѓа кај вакви ко нас (освен делот со 'немање култура')?
Јас се трудев да ја дознаам причината поради која му пречи тоа. Инаку не верувам дека постои таков човек кој може да ги контролира чувствата барем кога е во прашање вистинската љубов. Ова што го напиша тој погоре ми е нереално . И не знам на кој начин успева да препознае атеист, навистина би сакал да знам. Инаку не го осудувам неговото мислење, но тоа не значи дека се сложувам со него. И зошто би ми пречела девојка која е атеист, ако таа ме сака и ме почитува таков каков што сум.
Како според надворешен изглед би препознал атеист? Инаку да кажеме дека е така како што велиш. Зошто сметаш дека девојка која е верник повеќе би те сакала и почитувала од девојка која е атеист? Во поглед на ставовите и тоа што сака во животот од каде знаеш дека го зборува тоа што навистина го мисли? Може сака да те изманипулира.
Па седнувам и правам муабет со човекот. Разменуваме ставови, мислења, сигурно на ред би дошла и религијата и атеизмот. Кажав дека не се заљубувам на прв поглед бидејќи не ми игра улога надворешниот изглед како што ми игра улога карактерот. Кажав и дека кога би се заљубил во девојка атеист се би било во ред додека неа не и смета тоа што јас сум верник. Секако. Бог му дал слободна воља и разум на човекот. Би немало смисол да веруваме во Бог или тој да суди ако тој не ''програмирал'' што ние да правиме, што да мислиме и слично. Неможе да се дознае од надворешен изглед како не разбираш. Со дискусија се дознава тоа. Сметам така бидејќи би делеле исти ставови или слични за некои работи. Ајде овде има либерали, те молам прашај дали би се заљубиле во десничар? Исто и со религијата.
Исправка: сѐ додека не ѝ смета што дискриминирам сѐ и сешто, што мислам дека Земјата е рамна, дека вештачкото оплодување е поигрување со природата... итн Со среќа Море, и на отворен ум има граници после кој се спротивставува самиот на себеси. Моја другарка со слични сфаќања да ја обземат чувства кон радикален верски фанатик, ќе ја советувам да сече и бега што подалеку. Пак темата на дискусија и грижа е насочен во погрешна насока, Врска со верски фанатик би било нешто навистина проблем за дискутирање. И не само кога е од другата страна атеист, туку и за многу верници Добра ноќ
Сега ја промени приказната, ама нема врска очигледно не се изјасни добро погоре или јас не те разбрав. Јас не би имал храброст да отворам тема со девојката која скоро сум ја запознал за религија, можеби е поради тоа што не сум толку отворена личност уште на самиот старт. Само сакав да ти посочам дека луѓето во животот не се такви какви што се прикажуваат и дури и со дискусија не можеш да разбереш се. Верував дека јас сум наивен човек, ама очигледно имало и понаивни од мене.
Тоа не е тема на разговор ама ајде. Ти што мислиш како може да те доживува човек кој има контра ставови во секаков поглед и на моменти се однесува дрско и без култура? Се додека ме почитува човек колку и да има различни ставови тој за мене е добар. Мислам дека се е јасно. Баш така. Ете ова кажува каква личност си. Докажи каква е Земјата наместо да се исмејуваш. Дискриминираш повеќе од мене за да ми го кажеш ова. И не сфаќаш се што е во лабалаторија создадено неможе да биде природно.
Ок.. разбирам, почитувањето ти е проблем... иако ти мене не ме почитуваш и моето тело и право на избор во врска со него. Ама во право си, не е тоа тема, а во животот пак, интердисциплинарни се темите, и мораш се' да земеш во предвид кога оценуваш еден карактер.