@Vitaly А што ако се ожениш со верник , имаш семејство и после неколку години твојата жена го менува мислењето за религијата и е атеист ?
Сите сме различни. Ете јас би поставил и такви прашања со девојка која скоро сум ја запознал. Сум го правел тоа кога сум се запознавал со други луѓе и не не сум ги планирал тие прашана туку со муабетење сами си доаѓаат на ред и не секогаш биле поставени од моја страна. Како личност јас и понатака те почитувам и ниту те навредувам некаде ниту кажав нешто лошо додека јас за тебе сум глупав. И покрај тоа јас не ти возвраќам. Мојот став во врска со абортус не би требало да те навредува бидејќи тоа е само став, и онака не ме интересира кој што прави а ниту можам да сменам нешто. Тоа е исто како јас да се навредам бидејќи сум десничар затоа што некој полуписмен сите десничари за фашисти ги смета. Не допира до мене тоа. Ако тоа прерасне во проблем ќе бараме решение. Бидејќи мене не ми смета нечија религиозна определба па така и во тој случај, не би ми сметало што таа е атеист, би ми сметало кога таа би почнала да се меша во мојот религиозен живот.
Денес само Бог знае колку девојки абортирале, не сум скратил ничие право. Слободно како ви е воља така правете. Има кој да суди јас никого не сум осудил. Абортусот за мене никогаш нема да биде добро нешто или контрацепција. Да го променам ставот само за нечија желба, никогаш. Мене многу туѓи ставови не ми се допаѓаат па не се бунам ниту барам да ги менува некој. Јас не сум робот па да исполнувам нечии желби и да размислувам и правам како што некому е кеиф. Ако толку ти значи што јас ќе пишам еве, абортусот не е убиство и тоа е право на жените.
После се што прочитав во последниве две страни, морам да пишам еден оф топик На запознавање тема на муабет религија .... Ако некогаш по грешка се најдам на дејт со Витали (нели да не знам дека е он, а ни он дека сум јас) сигурно после тоа случајно ќе се прочита во темата "најужасен состанок" Прости пријателче
Во право си дека сите сме различни, но не знам дали си размислувал дека на девојката која скоро си ја запознал можеби ќе и биде незгодно да и поставиш такво прашање уште на самиот старт. Иако јас не би и поставувал прашања кои се однесуваат на религијата во никој случај. И што заклучи од сето тоа дали сите за кои си направил одредена слика какви се како личности тоа го потврдиле и по одреден временски период или заклучи дека со тоа што ти го кажале сакале да создадат погрешна слика кај тебе. Можеби јас грешам но сакам да знаеш дека ова го пишувам добронамерно и немам никаква потреба да те омаловажувам тебе ниту некои други членови. Некои луѓе своето вистинско лице го покажуваат после неколку години, иако си живеел со нив и си верувал дека се понакви сепак на крајот во секојдневните ситуации ќе излезе на површина се што тие криеле за себе односно го прикривале се со цел да не откриеме всушност какви се.
Секако дека веднаш не би поставил такво прашање. Како што кажав, со дискусија прашањата си доаѓаат сами по себе, и немора да значи дека јас ќе ги поставам, многу пати биле поставени и од другата страна. Знам дека немаш лоша намера. Инаку да, некои луѓе вистинското лице го покажуваат лицето подоцна. Во таков случај кога би бил изигран, тоа е реалноста, ќе се бара решение. Реков дека јас тие прашања не ги планирам, и не значи дека вешнаш на првиот состанок ги поставувам, тие прашања сами си доаѓаат на ред со тек на време и немора да значи дека ќе бидат поставени од моја страна, многу пати биле поставени од спротиваната. Нема што да ти простам тоа си е твое мислење. Погрешна слика правиш за мене, ме замислуваш како јас само за религија ќе дискутирам а 100 пати кажав дека не ми е битно што некоја девојка со која би се запознал е атеист се додека на неа не и претставувам проблем тоа што јас сум верник.
Се додека кон мене се однесува коректно, не ми наметнува ништо и ги почитува моите верувања и ставови, тогаш не гледам проблем во врската атеист - верник.
И што? Атеист ако е не е човек? Еве јас сум атеист и? Ме вреѓа темава. Ако сме малцинство ние со вакво гледиште и поинакво мислење од останатите тоа автоматски НЕ значи дека ние не сме во право а вие сте. Башка религиозните се едно цело стадо, а не значи дека мнозинството е во право. Мажена сум со голем верник. И не сум некој freak па да правам детски работи туку правам компромиси. Се венчав во црква бидејќи тоа му значи многу на мојот сопруг, син ми го крстивме ама не се противев,со тоа не му се дава религија ете и мене ме крстиле па сега не верувам.
Ме збуни насловот, си викам кој може да е проблемот ако си во врска со атеист, ама па немам толку интерес да читам 12 страни Сепак да додадам на разговорот, се додека партнерот/партнерката не наметнува религија, верување или неверување, е океј. Почитувај туѓо мислење и не соли памет каде не се бара
Не глеам никаков проблем реално. Ако се е коректно и се движи во посакувана насока. Уствари, многу големи верници, а дали еднаш годишно се оди во црква/џамија, и тоа ради реда. (со исклучок)
Секој има право на свој избор дали ќе биде верник или атеист А,ваш е изборот дали тоа ќе го прифатите или не Никој нема право да биде осуден поради право на избор
Проблемите ќе настанат кога некои нешта што треба да се направат ќе се косат со принципите на верата (ако едниот е верник). Потоа кога ќе дојдат децата, како и во кој дух, во која насока, по кои принципи тие ќе се воспитуваат. Не е така едноставно како што се мисли на прва помисла. (Само ако станува збор за вистински атеист и верник, ако се самодекларирачки може и да нема проблеми)
Ти се погодува некој совршен, те сака, те почитува, згоден, богат, со куќа на море... Арно ама ти вика јас не верувам во бог. Ќе го откачиш ли? Јас не гледам ништо спорно во врска меѓу верник и атеист, никој неможе да им ја одземе верата на тие што вистински веруваат. Кога од таква врска има и деца, децата се воспитуваат на начин на кој се договориле двајцата сопружници, сѐ е ствар на договор кога двајца се почитуваат.
Haaa ne Neka bidi bezdomnik ako saka, samo neka veruva vo toa sto treba. Ne mi trebaat ni 0,00000000000000000001% takvi koi sto celo vreme kje me navreduvaat samo zaradi toa sto odam vo crkva, se molam na Boga i veruvam vo Bog.
Глупости. Не значи дека ако е атеист ќе ти брани да одиш во црква, или ќе те навредува. Маж ми беше атеист, јас бев верник, сега и двајцата сме агностици. Никогаш не ми префрлил, или да ми забранил да одам во црква. Напротив. Доаѓаше со мене и си палеше свеќи и се' со ред. Се венчавме во црква, оти јас сакав. Иако него ништо не му значеше. *Ако партнерот те иссмева, навредува и брани работи, не е оти е атеист, туку оти е стока. И верници има кои вреѓаат и бранат нешта на партнерите.