Извини што ти се уфрлам, не ми се јасни баш тие агностици, не е дека не веруваат у Господ ама не знаат ни дали веруваат. Или ја нешо погрешно сум сватила? Ако сакаш да одвоиш две минути да ми објасниш повеќе за агностицизмот би ти била благодарна
Ова со куќава на море ме заинтересира . Ама ако е рамноземјаш го откачувам сместа ...Oh wait, нема тема врска со рамноземјаш
Имам чист пример од роднина. Се договоривме со роднината да отидеме заедно до црквата и тој мажот ѝ ѝ рече "Каде ќе одиш ма?! Пак да даваш пари по икони по свеќи, а?!!" И жената остана дома, ми рече дека ѝ е жал што не може да дојди со мене. Затоа морам да внимавам што одбирам.
Спиритуалист сум, не верувам во интелигентен ентитет кој го 'дизајнирал универзумот намерно'. Може постои, ама јас не сум видела докази и не можам слепо да верувам во нешто што може да не е вистина. Ама нема врска то со атеизмот, начинот на кој се однесува кон нејзе е непочит. Што и да ти брани партнер, не е во ред и не треба да бидеш со таков.
И јас би откачила таков. Не се поклопува со мојата сила на гравитација Темата за рамноземјаши би била поактуелна, за атеисти богами више се исцрпени муабетите
Навидум нема проблеми, ако само се декларираат како припадници на некоја религија. Но ако живеат со вистинските принципи на својата религиска определба, а кои ќе се во спротивност со нештата за кои атеистите немаат принцип, ќе се појавуваат проблемите. Ако имаат деца, тука ќе се појават допопнителни проблеми. Поедноставно кажано ако имаат различни принципи во животот кои се од неменлив карактер, или едниот има принципи, а другиот партнер нема, во врдката секако ќе има проблеми.
1. Верник: Алкохоличар, силеџија, коцкар итн, ама оди во Црква, Џамија се крсти и клања = добар човек? 2. Атеист: Слободоумен, ги почитува сите, без разлика на нивните избори, донира и помага колку може итн, ама не верува во Бога и не е добар човек? Луѓе бе, на гроб нема да ви пишува кога вера сте биле или не сте, дали сте биле со 1 или 1000, дали сте стејт или геј, итн. живејте, правете го тоа што ве прави среќни, пазете да не повредите некој успат било да е физички или психички, ако не можете да помогнете не ни одмагајте и гледајте си го вашиот двор и оставете ги другите да си го гледаат нивниот. #ХакунаМатата
Како може да ми се свиѓа некој кој има скроз различна идеологија, ја барем гледам карактер и начин на размислување кога влегувам во врска сигурно нема ради бицепси и трицепси да се заљубам.
Ако имате слични видувања на светот и слични морални вредности, ич не е битно кој-што празник слави и дали слави некој празник воопшто.
Кај христијаните моралните вредности се знаат кои се кај атеистите секој индивидуално си има свои вредности. Јас познавам атеист кој смета дека абортусот е убиство.