Тоа да ретки се. Matthew 7:13-14 13 “Enter through the narrow gate. For wide is the gate and broad is the road that leads to destruction, and many enter through it.14 But small is the gate and narrow the road that leads to life, and only a few find it.
Па реално и за вреѓање се закоравени верници кои мислат пример дека абортусот е убиство, ниту па има што да бараат со жени ослободени од тие догми. Нема зошто да ги разубедуваме и тапкаме по рамо дека љубов победува сè и спротивностите се привлекуваат, напротив, нека стојат подалеку од мене таквите, win-win ситуација.
Кажа за атеист кој верувал дека абортусот е убиство. Што значи, без разлика дали е верник, или не, ако размислува така е за осуда (според мене)
Моралните вредности не ги учиш од библијата или црквата, туку од родителите, а во текот на животот и од сопственото искуство. Што се однесува до темата. Зависи колку парот е фанатик во своите верувања. Јас не би можела да бидам со хард кор верник. Не би правела компромис, за она во што верувам. Особено ако нештата ми се наметнуваат. Јас би требала да одам во црква за атер, да се согласам на верската традиција, а всушност не барам ништо за возврат. Немам свој храм, ниту пак место за поклонување на идоли. Кога не барам, не сакам ни да ми бараат. Барем од овој аспект, сакам да сме на иста бранова должина. Доколку, од друга страна, секој си го прави она што го исполнува и не го афектира партнерот, би можела да бидам во врска со верник.
Пластичен пример. Ако христијанинот (вистински, не само по декларација) се најде во ситуација да излаже, или да каже на детето да излаже за да не добие неоправдан за запишување на час (најбанален пример) според библиските принципи нема да го направи тоа (ретки се, ама постојат такви луѓе). Другиот партнер ќе го направи тоа, или ќе му каѓе на детето да каже дека бил болен (мала незначајна лага, ама сепак лага). Еве еден проблем во воспитувањето на детето. Најбанален пример, а милиони ќе има во текот на животот. Христијанинот (ако е вистински) нема да прави компромиси со нештата во кои свесно треба да ги прекршува принципите, кои пак за атеистот ако ги нема тие библиски принципи ќе бидат бесмислици. Вистински атеист и вистински верник кои цврсто се држат за своите животни принципи и идеали не можат да бидат во хармониска или пак добра врска без сериозни проблеми.
Можеби вие не познавате, ама има луѓе кои живеат. Не велам дека се безгрешни, ама си држат до принципите, па и ако погрешат (свесно или несвесно) се преиспитуваат и покајуваат пред Бог. Како, зошто и што значи тоа е друга подлабока тема што не е под ова прашање.
Ја сум атеист не сум крстена, маж ми е божем верник крстен. Нит он ми се меша во мојата безбожност нит јас во неговата потреба да верува во некоја религија. Свадба во црква не праевме, дете такоџе нема да крстиме. Ко ќе порасне и ќе ја разбира верата ако сака да припаѓа на некоја прва ќе бидам што ќе ја поддржам во намерата. Од друга страна никогаш не би можела да бидам со некој тврдокорен верник кој едина цел во животот му е да ме убедува во неговите религиски определби. Не е дека немало такви ама очигледно не траеле.
охоооо... Баш најголемите христијани што се клањаат секој ден се најголеми лажговци. Така да ова ич не ти држи вода. Атеистите поморални се некогаш, оти принципите и моралноста не се поради религиозната идеологија, туку поради лични ставови, сфаќања и воспитувањето што го имале.
Во мојов случај јас сум атеист, моиве ми имаат кажано дека не сум крстена, тој е крстен и е верник од дете. Впрочем, ова е најголемата разлика меѓу нас. Никогаш не сум се обидела да му го наметнам или променам мислењето нити тој мене. Во момент кога ќе почне ова да се случува со било кој што не ме прифаќа како таква, врската без разлика дали е пријателска, роднинска или романтична- ќе се прекине. Имам две најдобри другарки од кои едната е верник цел живот, крстена е, другата е со став сличен на мојов. Првата никогаш не ми се наметнала, секогаш честитам празници, сум одела и на слава кај неа, сонце во форма на човек е, рака в оган става за блиски. Исто и втората, на мравка не гази, почит и љубов има за секој близок, ама не ѝ треба религијата за да биде нормален, стабилен човек со морал и добри вредности. А овие што велат дека верниците имале добар морален код и принципи... Па, од оние што пред секоја црква се прекрстуваат, во секој можен разговор бог и сите светци ги спомнуваат, баш и не сум го видела најдоброто. Познавам една личност што е побожна демек, патријархално воспитана. Таквите се први да осудат, први да поплукаат, толку огорченост во еден човек собрана немам видено. Е, од такви да бегаш.
Ако внимателно прочитавте денес може има најмногу христијани,ама само по декларација. Јас пишав за вистински христијано по карактер. Ретки се, но постојат. Кога вистински христијани и вистински атеист влезат во врска, ќе имаат многу проблеми. Ако немаат стабилен и цврст став кон принципите и изграден карактер, тие ќе прават компромиси, ќе прекршуваат свои јасни принципи, ќе лажат...тоа се само таканаречени хистијани или атеисти.
Ако е вистински христијанин во смисла на зборот, како што викаш ти, нема да му пречи ако партнерот е атеист. Оти кога бираш некого за доживотен партнер, го прифаќаш таков каков што е, нема да се трудиш да го смениш да биде каков што сакаш ти. Го прифаќаш партнерот со сите доблести и мани, и верувања, оти никој не е совршен, па ни вистинскиот христијанин.
Не би имало никаков проблем , но само доколку не е атеист кој има Господов синдром. Односно мисли дека е примерно да се исмеваат верници и да се прават невкусни шеги на нивна сметка и да ги гледа останатите од високо и да ги потценува додека се величи себе. Од такви луѓе ми се повраќа и не можам да ги смислам.
Во христијанството има библиски принципи по кои се живее, многу се јасни. Кога било каква работа ќе се коси со библискиот принцип по кој христијанинот се определил да живее, а за атеситит не бесмислено кој ќе направи компромис? Во христијанството има 10 најважни заповеди по кои христијанинот се определува да живее, а за атеистит се бесмислени, кој ќе направи компромис? Ако треба во седмиот ден (денот за одмор и посветен на Бог, во кој не се работат обични работи кои можат друг ден и не се оди на места кои не се по Божја волја (свадба, роденден, забава, планирано потување кое може да е и во друг ден...за вас е ова бесмислено и ќе го негирате кога че го читате, за христијанинот и важан принцип по кој сака и знае како да живее)...кој ќе го прави компромисот? Поради тоа мислам ека вистински христијанин и вистински атеист не можат да бидат во врска без проблеми. Немаат исти идели во животот. Затоа сметам дека таа врска би била исполнета со сериозни проблеми од тој тип.