Не знам дали ја знаеш приказната за фашистичкиот војник кој бил оженет за ќерка на Евреин. За да не му наштетат на неговото семејство прифатил да оди на фронтот и да биде доктор, за замена на животите на неговите од семејството. Најверојатно може, со оглед дека љубовта не познава граници, ниту вера, нација или некое друго било какво убедување.
Исто така ако верникот се смета за месаја што треба да проповеда религија во секој муабет. Пошто не е дека само неверниците знаат да бидат "напорни" со своите убедувања. Или можеби во ред е тоа, затоа што сепак се шири Господовиот збор за разлика од првиве кои млатат празна слама.
А мејби...џст мејби атеистите живеат на принцип - "не повредувај никого" и "не прави на друг тоа што неќеш тебе да ти го прават" и не им треба негде да е напишано тоа за да го практикуваат нели.
Епа еве те прашувам да видам дали си евангелист, саботјанин, како и да се нарекувате точно, па да ти одговорам дали би бил во врска со таков човек.
Не е важно што сум јас, друга е тука темата. Без оглед на тоа што сме имаме свои мислења и ставови за одредени теми и нив ги пишуваме или (и) образложуваме.
Ова што го пишуваш е тотално неповрзано со реалноста.90% од луѓето што се декларираат како атеисти или верници ги делат истите вредности, барем тука во Македонија.
И јас мислев дека нема да има проблем врска Христијанин - Атеист, но се излажав. Запознавајќи го сфаќаш колку принципите и моралните вредности се различни и колку и да се трудиш е џабе. Различни идеологии, ставови, размислувања. Може и ние двајца така се погодивме, али не би била во врска!
Исто и јас мислев дека нема врска ако едниот е христијанин а другиот атеист но кога подобро ќе размислам сепак ралични гледишта ,различни сфаќања и различен начин на живот колку и да се трудиш не е тоа тоа.
Јас сум верник и сум во брак со човек кој е некаде на спектрум помеѓу агностик и атеист. Уште на самиот почеток си ги кажавме нашите убедувања и немаше никаков проблем. Проблеми, караници може да настанат од неразбирање, нетолеранција, како на ова поле така и на секое друго. Немам запознаено личност која е полна со толеранција како мојот сопруг. Не само кон мене туку и кон други луѓе. Кон луѓе кои биле неправедни кон нас. Секогаш постапува со смиреност, почит, добар и коректен однос. Во цело мое животно искуство најдобрите луѓе кои сум ги запознала се атеисти. Луѓе кои искрено и без задни намери помогнале со дело, со убав збор. Затоа што за да бидеш decent human being не мора да припаѓаш на ниедна религија. За мене барем е најважно во еден брак/ врска да има взаемна љубов, почитување, разбирање. Доколку сте навистина match со вашиот партнер, а притоа сте верник, не би требало да ви претставува пречка врска со атеист. Но секој си знае за себе најдобро.
Верниците си имаат одредени традиции.Повеќето.Свадба во црква, крштевки и слично...Ако некој ептен ги почитува, партнерот атеист би требало да се привикне и подржува.Себично е да спречиш некого да си ги извршува ама па тогаш ќе треба да се прилагодиш.