Супер.Убаво што има такви случаеви. Но не секој би се прилагодил на тоа.Во некои врски може да дојде до конфликт кога ќе дојде време за свадба и деца...И заеднички живот...
Точно.Но зависи и до кои граници одат со своите верувања.Ако се крајност со крајност мислам дека не би функционирало најдобро.Јас би сакала со партнер да делам 80 % исти ставови за поважните теми во животот.
Има луѓе кои се христијани или муслимани по традиција, а уствари се атеисти по лично убедување. Значи тие се практично атеисти, ама на попис се пишуваат православен (ако е македонец), муслиман (ако е албанец). Овие совршено може да бидат во брак со атеист, бидејќи си делат апсолутно исти вредности и убедувања, со таа минијатурна разлика што едниот ќе сака да вапца јајца за Велигден или да врти париче за Бадник, а секако дека за декларативниот атеист тоа нема да биде проблем.
Океј ова ми е еден од омилените бисери кои ги имаш споделено на фемина. Повеќето албанци што ги знам се христијани и се попишуваат како православни, колеги на факс ми се. Незнам од каде го извади ова..Али ај, светот е полн со разлики, се е можно.
Зависи на каков верник мислиш. И атеистите си имаат одредени верувања Ако прашуваш за христијанин, секако дека не. Многу се различни. Се разбира ако збориме за христијанин кој верува во Христос.
Истото го повторувате, ама не објаснувате зошто? Сакам пример да чујам. Што би било пречка во таа врска?
Целосно се различни во тој поглед, за врска треба компромис, а кога верувањата ти се 100% различни тешко да ќе се најде средина. Емоционално измачување и за двајцата.
Премногу, особено на верник. Суштината на животот му се врти околу тоа. Затоа реков ако се целосно на крај на спектарот. Ако се некаде измеѓу, можеби можат да најдат компромис.
Ама шо 'премногу'? Дај пример пример да чујам, како верувањето на едниот и неверувањето на другиот, ќе им пречи во врската?
@WildMk ако се целосно убедени во својата вера, стварно ќе е потешко да функционира таа врска. Прво ради различно уверување, па мислиш дека „губиш“ партнерот за некој задгробен живот шотизнам ( нз мајка ми се дереше за ова idk), па после подигање на деца, шо ќе биди само традиција, шо ќе биди религиски обред? Кој е во право? Лесно е да речиме дете ќе расти со двете религии, ама ти си убеден дека твоето е точно. Не е лесно кога постои таа убеденост, зошто сакаш детето да ти е на „прав пат“. Полесно е ова, пример да растиш дете во две религии и да одлучи шо сака кога двата родители не се „толку многу“ во религија туку е поќе од традиционален аспект, со примеси на религиски обреди. Ко си верват ама ок е се друго. То се поблиски вредности. Фамилијата и околината се секогаш пречка иако треба да си знат „местото“. Нив не ни ги сметам за фактор во овај муабет, ама ако пар реши да е заедно - ќе е проблем со кој мора да се соочат. За жал. Ама вакви врски поќе би функционирале ако ставовите за религија им се блиски. Поќе да е традиција, помалку религиски обред. Пак луѓето имаат тенденција строго и јако да чувствуваат за нив, ама се по флексибилни да речам по то прашање. Нешто исто како шо јас не можам да се замислам во врска со верник шо, не знам, оди в црква секоја недела и пред јадење сака заедно молитва да кажиме ( примериве од ирл ги влечам зошто вака сум растена и дефинитивно неќам кон то да се вратам). Едноставно нема да функционираме заедно, пошто тие традиции како вапцање јајце и јас ги прам зошто ги гледам како традиција шо ме спојва со фамилијата. Ама ништо подлабоко не прам. Ни в црква одам. Ни празници знам. Ни сум во место кај шо ме интересира да продолжам да читам подлабоко зошто едноставно доволно ми е. Не би станвала во Недела за црква. И можеби поважно, не би ни растела дете во религија ( нормално то ако сака во иднина можи да се пронајди негде и ќе има моја поддршка, ама само да се пронајди, јас нема да го растам во „ни една“) и то е конфликт на интерес. И многу нормално, би отежнало врска/ бракот. Нарочно ја тргнав оваа паралела зошто јас ко неверник, можам да сум во врска со друг христијанин ( јас идам од православно семејство) и би рекла ете дури и блиски сме, ама сепак уверувањата ни се различни. Не е невозможно да се има врска каде уверувањата се далечни, само ќе биди далеку потешко него кога уверувањата се поблиски.
За убедувањата сметам дека стварно не ти треба пример, бидејќи си паметна и знаеш кои отприлика се убедувањата на атеистите (за човекот, за светот, за она што се случува со човекот по смртта и сл) За вредностите. Еве за пример да го земеме бракот. За христијаните бракот претставува света заедница, нешто што Бог го сврзува и не е само „договор“ меѓу сопружниците. Некои атеисти на пример, си дозволуваат врски и надвор од бракот, што пак за христијаните е незамисливо, бидејќи тоа е прељуба, грев, прекршување на брачниот завет. Дури и поглед со похота (уф што би и направил) кон туѓа жена, Исус кажал дека е прељуба направено во срцето. Понатаму, како ќе го трошите слободното време, особено ако двајцата работите и викендите ви се единствена можност. Атеистот ќе рече: „Аман бе жено, секоја недела одиш у таа црква, батали сега тоа, ги поканив овие и оние на скара (баш во терминот кога жената оди во црква). А женава можеби не оди само како посетител во црква, туку можеби и го води славењето таму, или некоја друга функција и за неа тоа е важно, и ете ти конфликт. Ова од пракса ти кажувам Како ќе ги трошите парите? Атеистот можеби си живее под девизата „еднаш се живее“ затоа удри на весеље, јади пиј, или купувај нова кола, нова куќа, а христијанинот воден од Исусовото учење „Собирајте си богатство на Небото“ нема да сака да трупа богатства на земјава, туку со парите можеби ќе сака да купува Библии и да ги дели, или да спонзорира некои христијански мисии во Африка, Индонезија и сл. Или можеби ќе сака голема сума да даде во изградба на нова црквена градба. И оп, ете ти конфликт. Како ќе ги воспитувате децата? Атеистот можеби ќе ги учи: Во ред е деца да сте религиозни, ама не забегувајте како мајка ви. За Божиќ Велигден се оди во црква, доволно е. И остајте тоа Библијата, земете фатете книга. Ајде бре ти синко, кога ќе фатиш женска... сега ако не боцнеш нешто, кога хехе? Во брак ли? Ова би било незамисливо воспитување за мајката христијанка. За христијанинот, една од целите на овој живот е што повеќе луѓе да се спасат од гревот и вечната смрт и затоа ќе сака да им каже на пријателите, соседите, роднините, како Исус го променил нејзиниот живот, како преку Исус и тие можат да добијат прошка на гревовите и сл. Мажот атеист ќе превртува очи и ќе вели: „Аман пак оваа со тој Исус“. Едноставно има голема разлика кај личност на која Бог, Исус и е на прво место, наспроти добриот хуманист кој си го живее животот само за себе, гледа да не повредува луѓе, но има сосема поинаква перцепција за тоа што е навистина добро за себе и за другите. Еднаш атеистичка група на фејсбук атеистите ми велеа дека и они имаат морал, на што јас им реков ок, но не ви е ист, секој си има свој индивидуален морален компас. На ова они приговорија дека не е така, дека се знае што е морално. И јас тогаш им поставив прашање што мислат за гледањето порнографија? И тука да видиш кога настана тепачка меѓу нив. Скоро сите машки беа дека тоа е нормално, а повеќето жени почнаа да вадат еден куп аргументи зошто е тоа лошо. И одма се виде дека и те како постојат разлики во моралот и меѓу самите атеисти.
Јас сметам дека ако го сакаш некого како човек, тогаш и го почитуваш и цениш, баш онаков каков што е. И ако нему му значи да оди во црква во Недела, нема да ти смета да го прави тоа. Пошто тебе никако не ти влијае... ти пак не верувај. И обратно. Ако тој не сака да оди во црква во Недела, нема да ти смета да не оди. Пошто тебе никако не ти влијае... ти пак верувај. Проблемот е што имаме премногу предрасуди и тоа не спречува да се гледаме едни со други прво и основно- како луѓе.
Значи се' што напиша е ствар на компромис. После црква може да одат на пикник. Има и христијани што изневеруваат и атеисти што не изневеруваат. Јас пушам цигари и трошам пари за тоа, маж ми троши на геџети. Јас имам ставови кои се различни од маж ми и ги кажувам на други луѓе Е, за одгледувањето на децата и учење Библија од раѓање, мене би ми било проблем. После 18, колку сака нека изучува, што и да сака. Моралните вредности можеш да им ги пренесеш на децата и без да им читаш цитати од Библијата.