Кој е процентот на луѓе што живеат според твојов опис? 0,001%? За обични луѓе што се декларираат како христијани ништо од ова не важи, така што слободно може да бидат во врска со атеист и да најдат middle ground.
Повеќето Албанци се муслимани, има и христијани, но конкретно помеѓу Албанците во Македонија мн поретко. Твоето лично искуство не значи дека се поклопува со статистиката. Еве јас па сите што ги знам Албанци се муслимани. А знам прилично. Кој од факс, кој од работата поранешна. На светско ниво 57% од Албанците се муслимани, а само 17% се христијани - православни или католици.
Не ми е гајле ако оди. Гајле ми е ако очекува да одам и јас. Сакам да вервам дека убо ги напишав речениците. Не ми е проблем друг да оди, проблем ми е јас да учествувам во дел од тие обреди иако претходно имам пишано дека многу обреди не ми сметаат оти мене ништо не ми менват, а на некој многу. Ама некогаш некои работи се ту мач ако се очекува да бидам „среќна“ за то и да сакам да го прам. Зошто некои ги поврзвам со традиција и семејство, други ги поврзвам со траума. И неќам. Ама то не е релевантно оти то не беше поентата на пишаното. Туку е новиот параграф. Мислам дека за многу најголем проблем би биле децата и нивно подигање. Зато и во поќе наврати го спомнав ова. Моите се двата православни. Многу, многу му смета дека јас сум неверник. До толку шо се сега во denial. Напорно е дури. Нивно дете инаку. И зато описот е од аспект на подигање дете. Е замисли нешто друго да бев. O wait. Имам блиска роднина шо смена. Знам како се постави цела фамилија кон него. Впрочем, едина сум шо го прифатив каков шо е оти само мене не ми менва дали и во шо верва. За разлика од остатокот од фамилијата, шо очигледно многу му менва дали и во шо верва. Дури би рекла јас како неверник врвам многу полесно него тој со промената. И најголем процент би било подигање на децата како извор на конфликт. И сама кажа: Јас дури и би рекла не мора после 18 да се пронаоѓа. Само да е on their terms пронаоѓањето на религија ако веќе се најдат во некоја. Middle ground се наоѓа. Ама не секогаш сите се спремни да најдат. Или едноставно неќат. И то е о к е ј. Зато бираме со какви луѓе се опкружваме, зато и бираме со каков партнер ќе сме. Можиш некој да го сакаш, ама да не ти влијае добро или постојано да си во конфликт. И не останваш во таква врска. Сакање некој не е един услов да одиш до крај. Сакање е само важен аспект да се има во врска, ама не и единствен поради кој мора да останиш во та врска.
Ете од темата ,,Сè што сакате да знаете во врска со религија" очигледно е како не може да се најде заеднички јазик и тоа за една обична дискусија, јога.
Одговорноста на родителот е да го образува, насочи, воспита детето баш до 18-та година. Ако во бракот вие се договорите да направите компромис и со цел нели да не го труете со христијанство или атеизам детето до 18-та година, вие буквално нема воопшто да му одговарате на важните прашања и ќе му велите: Хммм, интересно прашање, ама ќе ти одговорам на ова кога ќе наполниш 18 И што ќе биде резултатот? Детето ќе го образуваат, насочуваат и воспитуваат: социјалните мрежи (порнографија, сексуализација, разни глупости), филмовите, музиката, улицата, чат пат и професорите си дозволуваат да им ги филозофираат нивните лични светогледи на учениците итн. И во право си дека за некои работи може да се направи компромис, ајде еднаш твоето, еднаш моето... но прашањето е зошто? Зошто да бидам во некаков „брачен договор“ со човек кој има различни убедувања и вредности од моите и да правам нонстоп компромиси, кога можам да си бидам со личност со која делиме исти или скоро исти вредности и убедувања и да уживаме еден хармоничен брак како ЕДНО тело, а не како две тела што се договориле заради задоволување на сексуални, емотивни, социјални, финансиски и не знам какви потреби да ко-егзистираат под еден кров.
Леле леле испаѓа атеистиве се растураат од плескање на страна, дрогирање, коцкање, ти реков ми рече само зашо не идат по некои правила пишани у книга. Знаете дечки...луѓе се и тие, имаат разум, имаат совест, имаат почит према партнер, знаат да проценат со своја глава што е добро за себе и другите околу нив.
Што нема да прочиташ, атеистите само изневерувале, материјалисти биле, купувале куќи и коли, а христијаните не, тие си имале свет и прав брак, а парите ги трошеле по библии и по мисии. Не знам, мислам дека не живееме во ист свет. Инаку да, можи да функционира врска меѓу атеист и верник. Сепак би додала дека зависи дали се блиску до крајностите и колку се спремни да прават компромис во некои ситуации. Не им се врти цел живот на сите околу тоа дали верувале или не па да ги спречува нормално да функционираат.
Епа ако стварно се спротивни ептен, едниот да е за секс у врска, другиот да не е. Едниот оправдува абортус, другиот не и тука ако се најде таква ситуација да се испокараат. Или ако атеистов неќе да го дружи верников у црква, и тука да се осети верникот навреден. Или еве атеистов јога да вежба, верников се кара оти неќе такви сатански работи у домот негов. Или деца ако имаат, едниот сака да го носи детето у црква, другиот е против тоа. Пак ќе речам зборам ова пошто има ептен осетливи верници што све сфаќаат ко непочит ако не го практикуваш покрај нив. За овие се мисли што се спротивни.
Да не зборуваме и за фактот дека верникот би се чувствувал ,,виновно" што неговиот животен избраник не верува во неговиот Бог.
Добро еве ако едниот сака свадба во црква а другиот е против, кој треба да попушти?Ова е еден пример а потоа со деца?Едниот е против крштевка а другиот е за?Тука веќе мешаш и трето лице...
и ако некоја жена има маж, безверник, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава. 1 Коринтјаните 7:13 Зашто маж безверник се осветува преку жената која верува, и жена безверничка се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети. 1 Коринтјаните 7:14 Бог дава слободна волја, јас лично немам ништо против да е атеист под услов да ја почитува религијата.
Почит на моето верување, пример ако е агностик кој смета дека не може да се докаже постоењето на Бог притоа не наметнува или исмева мислам дека не би имале никаков проблем.
Во растење деца на пример. Конфликти колку сакаш. Јас не сум атеист ама не се венчавам в црква. Ако е некој верник и сака обавезно в црква, ништо не правиме. За некои работи (индивидуални) може секој да си ги тера посебно. Ама има заеднички (венчавка, воспитување на деца) кои е тешко да ги балансираш. Едниот ако го учи детето дека нормално е да си геј, другиот го учи дека е грев, како ќе го балансираш тоа?
Доообро Ама во меѓувреме ти Што ти значат изразите чисти, нечисти? Што е чисто, што нечисто дете? Не ми се чини дека ти почитуваш нешо многу многу
Глупости. Ако детето има прашање, му одговарам на прашањето. Ме прашувала и за анатомија и за физика и за религија и за уметност и за се. Не и' криеме информации. Знае дека македонците се Христијани, била во црква, знае какви обреди имаме. Муабетот ми беше пред 18 да не му форсираш ни атеизам, ни религиозност. Јас и' кажувам јас како се чувствувам, а нејзе и' велам дека таа сама треба да си открие дали ќе верува во нешто, или не... и во што
Точно. Ама тие разлики во ставовите, не се должат на тоа дали си религиозен или не. И во едните и во другите има, про-геј и анти-геј. *Двајца фундаменталисти, не би можеле да живеат заедно, ама ретки се таквите. Повеќето сме некаде на спектарот измеѓу.
Тоа е еден пример. Ама вака да ми рече децата се нечисти ако не се крстени или ако едниот родител е неверник, никако не ми влегува во глава како би функционирал таков пар. Ми се чини двајца од различна религија подобро можат да функционираат одколку верник-атеист.