Еве ко нас. Јас се сметав за верник (иако ќе ми речите дека не се важело моето) и многу ми беше битно да се венчаме в црква. Маж ми ми го напрај ќефот практично.
Затоа прашав.Во таков случај кој треба да попушти?Фер е и двајцата да си држат став.Јас не би направила таков ќејф.Зошто тој не одбере да одиме по мое и без свадба во црква.Не значи дека не се почитуваме и сакаме ако не одбереме да попуштиме.Затоа мислам за некои што се убедени во своите различни верувања, не би функционирало... Тој се прилагодил на тебе.Ама доколку не сакал што ќе беше тогаш?Дали ти би прифатила да не правите во црква?
Еве замисли дека твојата малолетна ќерка те прашува: Мамо, што се случува со нас кога ќе умреме? Или, наставничката ни зборуваше за постанокот на христијанството, кој бил тој Исус? У ваква ситуација таткото атеист и мајката христијанка се погледнуваат со збунет неизвезен поглед, као сега кој и како да и одговори, без тоа да биде нели наметнување став. И таткото зема здив да и одговори, мајката веќе имала претходно земено здив и го пресекува и почнува да и одговара, па таткото учтиво ја корегира така е ама не баш така, мајката му вика е како не е така, и почнуваат дебата пред ќерката Ако сметаш дека претерувам, еве повели пиши како би и одговорила на горните две прашања без да и наметнеш став?
Нема врска. И' објаснувам ко шо е: Според Христијанството е вака, според Будизмот е вака, според Атеизмот е вака. Јас сум Агностик, Агностик значи тоа и тоа. Ти дали веруваш дека има задгробен живот и како го замислуваш, треба сама да си откриеш. Буквално муабетот сме го праеле.
Епа валда тоа е клучното, до кој степен си посветен на религијата. Зошто религијата забранува да си со некој од друга вера па и атеист. Ама секој си "модифицираме" колку што сакаме и можеме. Пак ќе речам децата. Едниот ќе ги учи дека ако лажат можат да одат во пеколот, другиот ќе ги учи дека секоја постапка има психолошко објаснување. Религијата не тргнува од тоа каде си моментално, зошто така си направил и слично, ти вели или вака ќе правиш или казна. Многу атеисти баш заради ова се атеисти. А од друга страна да си верник и да не крштеваш деца, не се венчаваш в црква, не им го пренесуваш своето верување на децата, ти правиш прекршување според религијата. Зошто според религија не се вели Според христијанството ова е вака и вака, туку се пренесува како ти да веруваш 100% во него и го пренесуваш како убедување, а не како "една од опциите". И како ќе функционира атеист со човек кој на детето му вели ако излажеш ќе ти биде запишано ко грев. Не знам како стварно.
Затоа реков не фундаменталисти, ама пошто повеќето сме некаде измеѓу на спектарот, не би рекла дека нема шанса религиозен и атеист да се во брак.
Пооо колку драматично, земаат здив, се погледнуваат, се пресекуваат, чиниш кој знае што прашало Ова се дешава само кога ќе те праша детето од кај доаѓаат бебињата
Тоа што го пишав е поради причината дека не сакам да ги судам луѓето кои не ги крштеваат своите деца.
Ама што значи нечисто дете? Трет пат прашувам Прљаво, усмрдено, гадно...што? Кога веќе пиша, дообјасни се.
Значи цитирате без врска реченици кои не ни знаете што значат, aма битно сте цитирале да изгледате големи верници. Ако не го разбираш цитатот, не знам зашто го пишуваш
Лично turn-off ми се мажи верници, as simple as that, нема што да глумам желна за компромиси коа се вакви преференци у прашање. Зборувате за воспитување на деца (и се согласувам дека може да има сериозни разлики во овој поглед), а еве јас не ни сакам да раѓам in the first place, па што да барам со некој во чиј светоглед тоа е воглавно примарна и неизбежна улога на жената? Може агностик или спиритуален на свој индивидуален начин, ама апла христијанин или муслиман во права смисла на зборот - не, фала. (П.С. сеа си го препрочитувам постов гледајќи го аватарот од Fleabag што го стаив претходно и ми дојде малце смешно и иронично, кој ја гледал серијата ќе сфати )
Се сложувам со @Someonespecial Еве зошто. Лично бев во врска со човек кој себеси се сметаше за спиритуален, што не ми смета, а тогаш ни религиозна личност не ми сметаше како партнер, затоа што јас како атеист не наметнувам или зборувам за моето "неверување" па го очекував истото и од другиот. Епа се излажав, затоа барем два пати во денот ми зборуваше за се можно во врска со неговата религија, иако знаеше дека тоа ми смета, многу. Сакам да кажам, религиозните луѓе своите ставови и верувања ги наметнуваат многу повеќе од атеистите, а кога некој не се согласува со нив, се иритираат и го сфаќаат лично. Олабавете.