А што е па толку тешко во заедничко воспитување дете? Освен ако не се крајно радикализирани и двајцата, сосема може да се согласат и двајцата за исти вредности да му втемелат на детето.Христијански вредности можат да практикуваат атеисти, христијани може да бидат криминалци.Апсолутно повеќе зависи дали и двајцата се прогресивни, образовани или традиционални и поконзервативни отколку дали се верници.Еве јас не познавам никој што се класифицира како верник а живее 100% библиски живот.Што ќе му смени нешто на тој човек дали е партнерот е атеист или не? Демек се утепаа верниците од одење во црква секоја недела и донирање пари па не ќе можат да најдат компромис.
На крајот пак се сведува на овие комбинации: Атеистички комбинации: Атеист + Атеист што се декларира како верник = компатибилна Атеист што се декларира како верник + Атеист што се декларира како верник = компатибилна Атеист + Атеист = компатибилна Мешани комбинации: Верник што верува + атеист = Не Верник што верува + атеист што се декларира како верник = Не И најпосле: Верник што верува + верник што верува = компатибилна
Ти пишаа и погоре, твојата дефиниција за верник (што се поклопува со протестантската дефиниција) ја исполнуваат отприлика 7500 луѓе во Македонија. Кој е безгрешен, прв нека фрли камен, така беше некако?
Запознаваш дечко/девојка, ти кажува што е, отвараш фемина, бараш мислењево, гледаш у која комбинација сте и му/и викаш - добро е, компатибилни сме по верувањава
Шо има врска како некој се декларира? Или си верник или не си. Или ви оди муабетот, имате ист поглед на работите/имате различен ама се разбирате или не. Не е толку сложено за да се пресметува со формули. Како и да е, нормално е да не сте компатибилни ако едниот е ептен хардкор верник а другиот атеист. Зависи многу и до луѓето, нивните ставови, карактери, опкружување.
Ти си искрена атеистка, со интегритет. Тоа што си внатре, тоа си и надвор. А тој зошто се декларира како верник, хммм, може да има повеќе причини. Може самиот си го нема дефинирано својот светоглед, може му е шубе да се нарече атест, може се замара што ќе кажат неговите, може има онака потсвесно стравопочит од Бог, па си вика: Море дај ја да си бидам верник, за недајбоже знаеш
Повеќе влечи кон агностик ама ај. Не се оптоварува толку за тоа прашање. Ама негова работа си е тоа, битно се согласуваме и имаме скоро исти вредности и погледи за животот. Не мора баш на ист дел од спектарот религиозен - атеист да си со некој за да успее врската, шознам.
Треба широкогледост, култура, почит и љубов за да прифатиш верник, а си атеист и обратно. Не може секој да го почитува туѓото мислење, оти своето ми е побитно. Не може човек неначитан, со суви сфаќања да прифати различности, какви и да се, па макар и религиозни. Јас сум религиозна, маж ми не е. Ниту еднаш не сме имале проблем за ова, 10 години сме заедно. Јас го разбирам, а и он мене. Правиме се по договор. Предрасуди немаше он никакви, ниту пак јас кога го запознав.
Како не ве мрзи да мозгате вакви ситници и глупости, на пример комбинациине погоре. Како ќе му објаснеле на детето во 21. век за постанокот на човекот... Детето ако не слушне од дома за Дарвин, ќе научи во школо (тоа доколку има ак'л во главата, се разбира), или од документарец, или од написи на интернет. И на училиште да не го пуштате и интернет и тв да му забраните. И не заборавајте да се држите строго до луѓето од вашата секта, православните подалеку од протестанти, протестантите од православни, и едни и други настрана од католици, а да не прајме муабет за муслимани или Евреи.... Секој во своето стадо. Свашта.
Кога има љубов и почитување ,оваа разлика не е пречка за соживот. Верникот верува дека со својата верба го штити и партнерот , а неверникот е обично фасциниран од силата која ја емитува овој што верува. Се случува Бог да му се покаже на некого ненадејно , а тој веќе има партнер, кого го сака , а кој е атеиста. Животот продолжува нормално, промените се внатрешни и на подобро кај оној кој верник станал...со самата негова промена и односот со партнерот добива нова димензија, секогаш на подобро.
Па врска со атеист е идеална, врска во која имаш уште една кочница или ограничување помалку... Иако сум од православна вероисповест, крстен сум и сите традиционални обичаи, сега сум за сите на светот да бидат Атеисти, и детето мое сигурно ке има право да бира дали ке биде атеист, будист или што год да се одлучи... Вероисповеста не е поврзана веке со ништо и не ти гарантира ништо никаква заштита, никаква еднаквост никаков мир... Еве ви пример кога две православни земји ратуваат една меѓу друга... Или кога две епархии се заратени, кај муслиманите шиити и сунити и така натака... Значи верата е измислена само за да не подели и некој со нас да владее, да не дели, да не раководи... Тоа е мое мислење
Би била, се дур не почне да јаде трици.Се иам гледано со атеист, и кога требаше нешто ми викаше ,,ај помоли се таму тебе ти успева”.Нема да ми смета, сѐ дур не почне да замара околу Господ и постоењето.
Јас сум атеист во врска исто со атеист. Но сум бил и со хардкор верник православен. Поинформиран сум за Библијата и од двете. Прочитана 2 пати од крај до крај. Знам да дискутирам и за двете страни доста детално. Ги знам сите правила и верувања многу добро но тоа не ги прави логични. Во принцип не се замарам сум ги правел сите ритуали и обичаи но ако се прашам искрено не верувам но воопшто не го мразам христијанството дури ми е интересно но дека е логично не е. Религијата никогаш не ми била ни најмал проблем друго било.