Овде потенцирав националност а не верска припадност.Македонец и Албанец не се исти без разлика на вера..
Хм, па зарем не би било (според некои де) и тогаш врска со неверник? Или верава се вметна у муабетиве споредно, да даде на интензитет на главната порака, а таа е порака за одржување на нацијата? Зарем не е тоа хула, нешто за кое ги кривиш оние во другата тема?
Јас сум во брак со атеист. Јас сум верник, крстена сум, исто и тој, се венчавме и во црква, децата ги крстивме, за скоро и третово исто... Празници, адети си обележуваме најнормално. Едино не доаѓа на миси, не влегува да палиме свеќа, застанува надвор, јас влегувам со децата. Малку е без везе би рекла кога децата почнуваат да се интересираат, бараат објаснение, па зошто тато бели дека нема Бог а мама дека има..... Тука е малку 'шашаво'. Јас сум за тоа кога ќе пораснат, ко ќе се зрели да носат свои ставови за таа тема децата да одлучат сами, а дур се мали да си го негувам тој христијански дух.
Со атеист да си не е страшно се додека не почне да филозофира, да се исмева, да те потпрашува, зошто луѓето што јас ги знам атеисти се такви и прилично сум се осетила во тесно зошто на крај на дискусија поверојатни се неговите тврдења. Ако не те притиска и ако не ти суди што има врска ако е атеист.
Јас веќе имам кажано дека сум атеист, сум била во врска и со верници и со атеисти . Секогаш ама баш секогаш на сам почеток си го кажувам своето мислење на таа тема бидејки несакам подоцна доколку стане сериозна таа врска да имаме проблеми доколку настанат несогласувања во врска со нашите ставови. Од друга стана со последниот дечко имав проблем на темата. Имено као него не му сметала мојата религиска (не)определба, но суптилно покушаваше преку муабети да ме убеди како грешам со своите размислувања па до таму стигна муабетот како утре доколку стане посериозна врската мегу нас неговите нема да ме прифатат како таква. Нормално раскинавме после 2 месеци бидејки не сакам да бидам под притисок на докажување ниту па да ги правдам своите ставови пред луге кои не прифаќаат ништо поразлично од своето убедување. Со другите не сум имала некаков проблем да ме напињаат да идам по цркви и молитви да кажувам, како и да ме омаловажуваат заради моето мислење но од друга страна ни јас никогаш ама баш никогаш не сум пробала да убедам некого во моето бидејки сметам дека религијата и вребата се чисто лично и интимно чувство. Како и да е сметам дека тие работи се битни и треба да бидат разговарани колку и да се смешни некому бидејки доколку утре стане серизна врската може да настанат проблеми. Јас лично не сакам да се крстам, како и да правам свадба во црква , како и свое дете да крстам и да му наметнам своја вера додека е мало и не го разбира концептот на религијата па тоа може да биде проблем доколку партнерот ги сака спротивните работи од мене. Во оној момент кога ке осетам дека некој врши пресија врз мене, не ми остава простор сама да одлучам и ме условува да се променам во име "љубовта и врската" спремна сум да ја пресечам таа врска без око да ми трепне. Ако можам јас верникот да го прифатам како таков со сите свои лични ставови и убедувања ќе мора и тој мене да ме прифати во целост во спротивно нема зошто да бидеме заедно.
Извини доколку прашањево е интимно и е офф, но ме интересира конкретно моментот на венчавање во црква. Како успеавте да се венчате, нели е потребно двајцата да се православни, или сепак он е крстен?
Црковно гледано, тој е православен, крстен е уште како дете, има и крштеница, си се венчавме најнормално ко и сите. Тој е 'тазе' атеист на почетокот заедно одевме и во црква, ама се повеќе и повеќе си ги изнесуваше своите ставови дека не верува, дека е дарвинист и одиме кон стар трек... па престана да доаѓа во црква, а не ми 'попува' по дома, јас си верувам, тој не и така
Потрнцирам зошто не е природно. А ако е вонземјанин од друга галаксија? Од толку Македонци мора друга вера нели... Ако е ова ако е она..
Со никого,никогаш не сме дебатирале до степен на караници за моите неверувања и неговите верувања.Дека било тема на која сме се зезале и пецкале по малку,да..ама,тоа било слично како и на тема: филм,музика, политика... Не биле верничишта со големо В кои, драмеле околу нивното верување, а не сум драмела нити јас заради своето неверување и нивното верување. Крај краева, човек кој ви наметнува било што,па и во поглед на верување или неверување.. е проблематичен карактер сам по себе и, многу веројатно и за други работи (да) ве притиска, или? Има, милиони други побитни работи за тоа дали ќе функционира или не врската со некој. Не сакам да наметнувам свое мислење и не сакам да ми наметнуваат. Не стварам конфликти на темата и не сакам да ствараат. Така што, мене, многу веројатно е дека ќе ми пречи верник кој ќе има потреба да ми ја „разбуди“ вербата во бог, исто како што и, таквиот,кому ќе му е многу битно да јас верувам и ќе има потреба да читаме и да си ја прераскажуваме библијата... кој ќе ми ја цитира библијата од јутра до сутра итн. ќе има проблем со мене.Затоа де никогаш не излегував со луѓе од Богословски.
Неверник според Христијанската доктрина е секој човек кој не го прифатил Господ Исус Христос.Јас сум верник а не атеист,ама многу поморално е Македонка да е со Македонец-атеист него со Муслиман верник И ОБРАТНО.
Ако ме прашаш мене строго сум против за оваа модаи те подржувам ама како единка не можеш против тоа. И јас сум се спорел и расправал ама демек денес е као модерно да се каже дека љубовта не познава граници и никоме ништо. Сватив дека не комуницирам со такви девојки а они што прават нека им стои на чест сепак родителот тоа требал да и го вкорени во глава а не јас
А по што се различни, де просветли ме? Јас се мислев па исти се... Ти си смешка во движење О, богу на природата Има проблем секаде кај што ќе го побараме Офи Ти како атеист, а сопругот верник, секогаш ќе морате да смислувате религиозен компромис. Јас не сакам никогаш да бидам во таква ситуација, односно, немам грам намера да се привикнувам на нечија вера - ниту во црква да се венчавам, ниту деца да крштевам, ниту слава куќна да имам, ниту во црква било кога да одам. Искрено тоа му го кажав на дм уште мноооогу одамна (знаеш и сама). Тој не беше ни тогаш верник, но не се замараше да речам - кај сите, таму и тој. Сега веќе ни тој не оди во цркви и не слави празници, но тоа беше негов избор. И секогаш ќе биде. Но, сам си прифати дека никогаш со мене нема ниту да се венча, ниту куќна слава да има, ниту деца што јас би ги родила ќе бидат крстени. Он може и понатаму да оди во црква, не би му рекла збор - но за останативе работи сум децидна и од секогаш сум била искрена по тоа прашање. За мене не е ни сеедно, а осуда е мал збор за тоа што го мислам и чувствувам према сите религии.
Има разлика од врска со атеист, и врска помеѓу муслиман-христијанин. Јас себе се сметам за нерелигиозна, а маж ми е верник. И немаме никаков проблем. Врска помеѓу христијанин и муслиман не е само разлика во религија туку и разлика во култура. Јас како нерелигиозна не го терам маж ми и он да биде како мене. Негово право е да си верува, пости и иде во црква кога сака. Јас не одам.
A ете ако сака со Германец, Франзузин , Италијанец.... Каква врска има земјата на потекло со вербата во религијата. Или Германка само со Германец може , а Македонска само со Македонец надвор од државните граници мешање никако. Напрајте првин разлика помегу државјанство и религиска припадност па после попувајте дали нешто е морално или не.
Ова р исто како да ме прашаш по што се различни кокошката и соколот.По националност,менталитет,обичаи,историја,патријахални вредности(тоа е непознат поим за многу Македонки)... уствари прашањето е ПО ШТО СЕ НЕ СЕ РАЗЛИЧНИ.. освен тоа дека се од родот Човек,друго ништо не ги поврзува.
Ја знаеш разликата меѓу национална припадност и државјанство или само лупна ? И лебедот е птица и орелот е птица.Тие се дружат меѓу себе,се размножуваат заедно?..