Ај не го тупи жити се јас ни реков дека сум верник, ни реков дека сум атеист. Изгледа не си учел биологија да видиш како настанал човекот, а уште помалце Историја. Прави си ти што сакаш со твоите слепи верувања, нас остави не тука да им пишуваме корисни совети на феминките на кои навистина им требаат. Толку од мене не ме цитирај веќе
На него џабе му е биологија, не можеш да најдеш смисла во тоа што го кажува. Али пази, него повеќе го почитувам него овие рисјани што Библија не отвориле и живеат тотално нехристијански. Он бар сериозно си ја научил лекцијата, не е лицемерен.
Бог ќе му помогне на чедото грешно и ќе му го каже патот за смисла да добијат кажаните зборови, секогаш и во вечниии векооовиии
Сум учел ја и биологија и Дарвинова теорија за еволуција. Дури ни Дарвиновата теорија не вели дека човекот настанал од мајмун како што ти кажа во претходниот пост, туку дека имаат заеднички предок со мајмунот - ткн. „алка што недостасува“ или научно кажано „алката што не постои“, бидејќи никогаш не била пронајдена таква алка освен во главите на Дарвинистите. Сум учел и историја, а сум учел и правопис за да знам дека историја се пишува со мала буква Гледам колку корисни совети им пишуваш ти на феминките со тоа што ги учиш да абортираат ако слабо стојат финансиски во дадениот момент.
Хахахахаххахахахахахахахахахаахаххах ќе најдат утеха кај тебе заедно ќе си го гледате детето и ќе го учиш за религија и за верувања
Ок ,ако не веруваш во Бог немора со иронија,сарказам и сл да се искажуваш. Не ве сфаќам ама нема везе...
Види, секој за себе обожава да кажува дека не е лицемер. Да ти кажам како изгледа од страна. Парички за Бадник, јајца за Велигден, кркаш баклави за Бајрам и веројатно им честиташ празник на пријателите. Од друга страна, во себе си сигурна дека се глупи. Лицемерие. Си го лајкнала мислењето на @ЈеленаЏиш која зборува за љубов без пречки, а од друга страна сама си кажуваш дека не би била со верник затоа што, накратко - би бил глуп. И тоа е лицемерно. И да, тие проверени информации не го побиваат Бог. Мое право е да верувам, исто како што е твое право да не веруваш. Тебе веројатно ти пречат агресивни верници што пробуваат да преобратат атеисти и да ги носат на правиот пат. Епа ти си иста, само од другата страна. И тоа е лицемерно.
Не, не им честитам празници, лоша претпоставка. Ти во што сакаш верувај, тоа никој не може да ти забрани. Само баш ме интересира како ти би се чувствувала ако некој најсериозно ти тврди дека верува во Зевс или Дедо Мраз. Пошто секој има право да си верува, не? Инаку љубовта не познава граници. За тие што сакаат компромиси. Јас на оваа тема не правам компромис, што не значи дека на ниту една не правам.
Интересно е кога ќе се фатиш за едно нешто од мислењето и се’ друго успеваш да изигнорираш. Добро, штом не им честиташ празници, еве не си лицемер. Крши си лепчиња и радувај се на паричката, вапцувај си јајца на Велигден од забава. Зошто би го правела тоа, не ми е јасно. Не може да ти биде забавно кога од твоја гледна точка е глупаво. Обичен ден како секој друг - прошетај, напиј се кафе, гледај некој филм и легни си. Тоа веќе не е лицемерно. А ти всушност го славиш празникот. Инаку што знам, веројатно би го прекинала разговорот со обожавателот на Зевс тука, затоа што колку и да разговараме не би се согласиле. И ако немаме други заеднички теми, нема што веќе да контактираме. Па да, секој има право да си верува. А зошто не? Тој со своето, ти со своето, јас со своето. Кој е другиот начин?
Тие што мислат дека верниците се глупави, колку научници познаваат ме занима и, колку од нив веруваат во некаков бог.. Бидејќи, еве, јас имам пријатели - научници кои, цела деценија работат на истражувања во лабараторија и, сепак.. веруваат во бог. Постат, секоја година. И тоа, не заради слабеење или прочистување на телото, како што прават некои Јас, не се сметам себеси за попаметна од нив. Вие? Честитањето празник е култура. Празнувањето Велигден, Божиќ и сл. од страна на атеисти, па дури и задржување на таквата традиција иако не веруваат во бог е повторно култура и традиција. Сите ние или бар повеќето сме одгледани од родители христијани. Сите ние сме растеле празнувајќи ги овие празници и станале дел од нашиот живот. Симболика имаат за нас,како денови на кои се собираме со пошироката фамилија. Чунќи, само на погреби, венчавки и овие празници се собираме... во онолкав број. Не се сметам за лицемер ако ја прифатам и негувам таа традиција во иднина, дури и ако ја пренесам на моите деца (доколку ги имам)... иако јас не верувам во бог. И, нит некој верник, нит некој атеист треба да се чувствува засегнат од мојот избор и да ме етикетира со лицемер, заради тоа. Немам јас трауми од религиозни родители, роднини или било што. Имам убави сеќавања на семејни собири. Моите слават двајца светци. Татко ми пости секој петок итн. Не го мислам за глуп.
Жапче, тоа е веќе друго и разбирам. Воопшто не реков дека тоа е лицемерно доколку го почитуваш ко традиција и право на другиот. Мислењата ми беа за Камелија, која баш кон тоа целеше - дека верник е глупав под дифолт, а од друга страна социјалната страна на религијата баш и’ е забавна. И, на темава - има безброј парови атеист со припадник на било која вера (или не мора да е припадник на одредена религија, но едноставно да верува). Се’ додека се океј како луѓе и не се со закоравени ставови, можат одлично да си функционираат.
@LivingGlam не го рачунај моето како контра-коментентар на твоето него, како генерално на темата,мое изјаснување. (за врска атеист-верник, веќе се искажав и е слично со коментарот на ЕвАнгелос) Впрочем,затоа не ве цитирав вас, двете со Камелија. Него е апропо сето што беше зборувано, ситуацијата на Магнолија ..мислењето на тврдокорните атеисти и тврдокорните верници..итн. Го разбирам твојот коментар..знам на што се однесува.
Па сакаш да ми кажеш дека муслиманиве е лицемерно што кршат лепче, а за нив рисјаните се неверници? Како што кажав, на работа не им се замарам, ништо не ми се во приватен живот. Повод за дружба е, чисто. Со последниот дел, гледаш како се согласивме? Ти можеш да го прекинеш муабетот, ама ако ти е дечко верувач во Зевс и си свесна дека ќе имаш пречка околу христијанските обичаи понатаму, не верувам дека баш лесно ќе поминеш преку се тоа и ќе останеш со него. Многу е важно што ти е личноста со која дискутираш и колку си реално спремна на компромиси. И моето лицемерие е смешка во однос на рисјанското. Ај почни од сама себе, не те познавам а знам дека бар по 3 точки веќе би добила вечен пекол.
Ајде уште ова и готово, затоа што мислам дека исцрпивме се’ што можевме да кажеме. Па и ова мислење ми е повторување на претходните. За муслиманите и лепчето не мора многу да се каже - ако ја почитуваш туѓата вера, повели и биди дел од обичаите. Оние кои го прават тоа треба да го почитуваат, не да сметаат дека другите луѓе се глупави а тие самите се на некое високо ниво на свест, развој и интелигенција. Сама види која од овие ситуации е лицемерна, а која не. За другото, види - верата е лична работа. Затоа ти реков - ако нема други заеднички теми за разговор, толку. Ама ако има, а има безброј парови со различни убедувања а одличен однос, не гледам зошто да не функционираат, а во меѓувреме да си работат и на себе. Можеби во некој момент ќе дојде до конфликт, но можеби и нема. Децата се воспитуваат во љубов, па потоа сами одлучуваат што понатаму. А љубовта, колку што знам, е универзална категорија. Го учиш да сака и да почитува. И тоа е таа суштина на христијанството, која одбиваш да ја видиш затоа што размислувањето ти е стереотипно. Се’ додека едниот партнер не се обидува да го преобрати другиот, може да има хармонија.
Да, бидејќи мисијата на муслиманите е да ја истребат земјата од неверници. Изгледа стварно немаш поима од религии... оф. Или заедничко ви е на сите верници да си верувате ко на божемски, ама во пракса да не живеете според книгата? Моето мислење за христијанството е засновано на Библијата, па ако ти викаш дека е таа полна стереотипи, да ти верувам. Ништо љубовно нема во неа, ако си ја прочитала.
Ако Библијата не е релевантна, посочи ми ти извор, ветувам ќе го истражам. Со посебен акцент на љубовта, брачните односи....
Релевантна е. Прочитај ја. Очигледно е дека си читала некои извадоци од интернет, вадени од контекст. Поздрав.
Нормално дека придобивањето на верници е една од целите на религијата. Самиот збор значи повторно поврзување (re- повтороно, legare - поврзува) со Бога (бидејќи според религиите, врската наша се прекинала и религијата е начин/пат на постигнување на повторно поврзување). Разните религии се начини на манифестација на истото поврзување. Има многу делови во секоја од овие книги каде пишува дека љубовта е важна кон сите, дека единствено со презир и осуда треба да гледаме кон нашите постапки, затоа што самите да знаеме што и како треба, би биле и самите богови, без ниедна направена грешка во животот и на некој начин дури и ја исмева гордоста и ароганцијата кај луѓето, како еден од, можеби, најголемите показатели на непознание. Стереотипизацијата е баш нешто против кое што е секоја од големиве религии. Да се анализираат стихови и да се вадат од контекст е во најмала рака смешно. Вообразено и безумно е да мислиме дека самите сме способни во целост да го разбереме сето она што го пишува. Затоа што тоа што треба да се знае, верниците го добиваат, не само преку книги, туку и преку чувство и духовно искуство. Затоа обично не се ни цитира едно речениче, туку цела мисла,за да се види смислата. Искрено јас, не сум фан лично на цитирање на свети книги баш поради ризикот од пренесување на погрешна порака. За војни се пишува, да, оти се воделе војни во кои луѓето за територијални и материјални цели го правеле токму она што го прават оние кои упорно фрлаат со дрва и камења по вериве, ќе користат цитати кои издвоено носат негативни пораки. И Мухамед и Исус наишле на многу потешкотии на својот пат, исмевање, насилство, непризнавање, па никогаш не примениле насилство. И конечно он-топик, можна е ваква врска доколку секој си го гледа своето (не)верување и не напнува други луѓе со истото и си го сфаќа како дел од приватност. Ако религијата ја презирате поради стереотипизација која мислите дека ја налага, тогаш самите си се побивате, оти самите правите нешто што мразите.
Родителот не е тој што треба да ми вкоренува работи, ниту религијата, ниту општеството. Имам мозок и разум за да сама знам што е добро за мене а што не. Не ми треба некој да ми го пере мозокот. Доволно ги има во светов со испрани мозоци, луѓе кои немаат свој став, слепо следат идеологии кои што постојат само околу 2000 години (нели земјата е постара од тоа...веќе се знае. Хмм душите на луѓето што умреле пред постоењето на големиве 3 религии каде се? Дали тоа значи дека сите што умреле пред тоа се во пеколот затоа што не биле дел од Христијанството? Според Исламот на пример, секој кој не е муслиман или е неверник ќе оди во пеколот. Дали јас како родена во христијанско семејство сум родена на погрешно место? Дали можеби Алах е спас за сите, или пак муслиманите се во заблуда. Или пак евреите?). Игри без граници и вечни борби за тоа кој е во право. Борби кои никогаш не дале успех. И тогаш кога некој ќе ми даде одговор на сите прашања ќе верувам во неговиот Бог. Само тогаш. И се додека има такви луѓе ке тапка цел свет во место. Само кој да сфати..