И чекај, стварно не ги сфати моментите за љубов, сомилост, простување и почитување на другиот? А зошто ја читаше повеќе пати? Имаше некои сомневања, па за конечно да одллучиш дали да веруваш или не? Или едноставно си бараше некои аргументи и извадоци за да се расправаш со верници и да им докажуваш колку си ти умна?
Apropo toa prekrstuvanje na minuvanje pokraj crkvi, potochno pri crkva vo vidno pole... Tolku se stapisuvam koga kje vidam neshto takvo sho ponekogash pomisluvam da ne nekoj gjavol vlegol vo mene Pogotovo ako dotichnite vernici se pod 70 godini, odvaj se vozdrzhuvam gnevno da ne se razvikam. Nemam jas nishto protiv crkvi i krstovi, ama ovie lugje ednostavno se nevozmozhni. Zoshto go pravat toa?
Си кажува молитва во себе кога поминува пред духовен храм, и на крајот се прекрстува. Тие луѓе веруваат во тоа и го прават. Нема зошто толку да си запрепастена и гневна.
Ако родителот пере мозок ондак имам чест да зборувам со гениј.Претпоставувам повеќе знаеш од нив.Јас кажав дека не сакам девојки коа гледам дека се во врска со муслимани кои ги гледаме секојдневно во оваа Македонија. И не се трудев да те читам,нафрлуваш зборови без одреден редослед претпоставувам само ти можеш да си разбереш што си сакала да кажеш
Им дава чувство на припадност, чувство на верба, дека некој е со нив, дека некој се грижи дека се ќе биде добро. Психолошка потреба на повеќето луѓе.
Да, имав сомневања. Сите ми зборуваа за некаков бог, а јас некако не можев да им верувам. Пробав да го најдам во книгата која требаше да биде доказ за неговото постоење. Ја прочитав повеќе пати на различна возраст. Уште првиот пат се убедив дека не постои бог, а бев многу мала, дали 12-13 години. Со текот на времето и образованието, заклучив дека тоа што го пишува во таа книга, нема никаква шанса ни за најмала веројатност. Ти зошто не живееш според неа? Ај ти најди ми за сомилост, љубов, почит и така натаму, кај што не се заканува богот со својот гнев!
Мислам дека малце почнавме да мешаме со друга тема. Сепак ова е за врска со атеист. Има друга тема за религија и атеизам.
На многу од атеистите кои сакаат да дискутираат со верници за релгија, тоа всушност им е единствено поле на натпревар во кое се чувствуваат супериорно во интелигенција И ги почитувам оние кои перфектно си ја обработиле домашната задача, прочитале, се заинтересирале доволно да знаат и за Библија и наука да дискутираат, како што гледаме добри дискутанти на темиве. Ама атеисти во стилот -веруваш во човече невидливо-глуп си, се крстиш пред црква и молиш на икони-глуп си, и нема што да разговараме понатаму, смешно е. Оти јас на пример повеќе ценам некој ако си увртил во глава дека земјата е рамна или друга сулуда идеја, ама живее со неа, истражува, бара докази, верува, дискутира, се прашува, се сомнева...отколку некој кој воопшто не знае дали и како може земјата да е топка, ама ете така се збори, така сите знаеме, и само заради тоа да се смета за поинтелигентен од овој првиот. Ова зборам ако веќе сакате да дискутирате и да се истакнувате како поддржувачи на една теорија, идеја, штогод.
Епа готово, немало потреба да читаш толку пати, си ја открила смислата на животот на 12-13 години. Се трудам да живеам според неа. Друго нешто?
Едно време ми беше главна преокупација сеа малку поретко пошто немам време,а и секое слободно време се трудам да се релаксирам на друг начин.
Не ти верувам. Самата конфронтација тука со мене ти е спротивна од она што треба да го направиш. Ама ти си знаеш, мене не ме чекаат рај и пекол.
Аха, да го свртам другиот образ, зашто баш сакаш буквално да толкуваш. Инаку ние тука разговараме, нити се караме нити се мразиме, само разменуваме мислења. На друга тема и ќе те лајкнам и ќе те поздравам доколку се согласувам. Затоа што те почитувам. Но тоа не значи дека таму каде што не се согласувам нема да кажам. И не те сметам за глупава, и не сметам дека тоа што имаш скроз спротивни гледишта од мене во поглед на вера те прави нешто помалку (ама сигурно не и повеќе) од мене како човек, зашто не можеш да дефинираш човек само по една негова карактеристика. Го дефинираш по тоа дали е добар или лош човек, генерално, во односот кон другите и кон себе.
Па разменуваме де. Јас не реков дека си лоша личност, вие мене ми рековте Не било важно да донирам крв, важно било да почитувам мислење. Баш ќар ќе има од мислењето некој ако умре. И во друга тема ќе те поддржувам ако се согласувам со тебе, нормално. И ако си ми другарка на венчавка ќе ти дојдам во црква. Тоа е почит. Мојата најдобра другарка веќе 20 години, е верник (не баш, али ај). Ме побара за старосватица, со се цркви и сите церемонии, а многу добро го знае мојот став. Јас за неа немам проблем да го направам тоа затоа што ја сакам и на неа и значи. Ама јас со неа нема да имам деца Не мислам дека си глупава иначе - само можеби недоволно храбра да се соочиш со својата смртност. Тоа е мое мислење, не морам да сум во право. Можеби и ти се допаѓа традицијата, тоа е традиционалниот верник, како што се скоро сите.
Milenko show recommended for you A vie neli se drzhite do tradicijata na vashite babi i dedovci (koi inaku odvaj doshle vo gradot ne nosejkji nikakov progres vo istiot) nasproti siot ovoj americhko-evrejsko-masonsko-katolichko-vonzemjanski zagovor na globalizacija i antipravoslavie zatoa shto taka sakate, a nikako zatoa shto neshto ve kopka da bidete razlichni od ona koe mainstream propagandata dirigirana tamu nekade vo mjurika od strana na mrachnite bankarski sili se obiduva da im go nametne na robovite na konzumerizmot so cel nivna podgotovka voochi doagjanjeto na Antihristot