Не сме се разбрале. Не ти реков дека си лоша личност, туку дека непочитувањето на другиот те прави полоша. Знаеш, од она што можеш да бидеш. И да, сметам дека треба малку да поработиш на таа своја страна - да ја разбереш потребата на човек да верува и да го почитуваш туѓиот избор. Зашто атеистите се гневат на агресивни верници, а од друга страна има и такви атеисти кои се многу слични на нив (не генерализирам, не мислам на сите атеисти, туку на агресивните, како што се покажа и ти во оваа тема - без некои факти и аргументи, туку со обид да понижиш некого). Бидејќи спомна лицемерие, па се обидував да ти доловам како изгледа лицемерието од другата страна. Инаку мојата вера нема врска ни со стравот од смртта, ни со традицијата. Туку е лична работа и искуство што баш и не можам да го доловам, затоа што се доживува лично. И многу добро знам дека правам безброј грешки и веројатно можеш сто мислења да ми исцитираш каде сум рекла нешто што не е во согласност со тоа што го проповеда Црквата. (Намерно велам Црквата, а не Библијата, и го спомнав како институција. Затоа што мислам дека институцијата понекогаш и бега од самата суштина на учењето.) А дека се трудам да живеам по основните принципи на љубов и простување, се трудам. Не можеш да бараш од верник да биде совршен, никој не е. Добро е што ја почитуваш другарката на тој начин. Само немој да помислуваш, па ни во себе, дека и’ недостига памет и е лицемер затоа што верува во Бог и решила да се венчава во црква.
Чекај,кај реков јас дека биолошка причина е проблем за врска меѓу верник и атеист??????? Јас реков ,,Барем да е Македонец''... А за Македонскиот,е да,сите ние кои ако употребиме збор од нашите дијалекти сме лингивстички необразовани.Затоа си ти писмена па не се нафати да дебатираш со мене за наука и религија. Извините Докторке по природни науки,не ве познав.. моето длабоко извинување..
Jas tebe te poznav Ova chisto da si imash do znaenje i da ne mi se pravish pameten od drug profil, ok? Dovolno e toa shto spamuvash i mi se polni sandacheto so izvestuvanja. Toj samo zapirki pochituva (iako ne znae kade tochno treba da stojat)
Толку се трудев а пак ме разоткри кој сум!... ич не ме бидува за лажење и глумење на различни начини Не го пикај носето кај што не му е местенце,срцко.
Порано не се правело, во задниве 5 години е како еден вид помодарство...Се возам во автобус и одеднаш пола автобус се крсти, и тоа повеќе се млади и деца.
Кои факти ти недостасуваат, веднаш ќе ги приложам? Мислам дека и недостасува свој став, бидејќи се венчава во црква ради желба на семејството, а таа не сака. Не мислам дека е глупава, не е воопшто
Докторке,не ме интересира твое мислење.Писмена си? Повели на дебата да разговараме.Ако не,бркај работа.Не ми глуми писменост мене а бегаш од соочување..
Пааххахахахахахахахаха бегам, бегам, што подалеку од такви како тебе и оној што дудлаше две страни поназад. Ојте си во дупката и учете некои сироти неписмени за вашите патријахални вредности. Ајт кисче
Докторке... твоите познавања во Биологијата неможеш да ги браниш зошто ги немаш.Ти или јас сум неписмен кој бара дискусија со тебе? Ме погоди во срце сега
А зошто ти смета тоа што се прекрстиле пред црква? Те навредиле, те бутнале , те омаловажиле некако со тоа ? Мене лично не ми смета дали некој се крсти пред црква, дома, пред зграда, па имам и на испит гледано со икони како идат и се крстат, што знам можеби ке им помогне иконата да го положат испитот. Често ми се случувало со другарка да проагам покрај Соборна или било која останата црква и да подзастане да се прексти и да си продолжи по патот ко ништо да не било . Застанувам и јас со нејзе во тие моменти иако е спротивно на моето убедување ама ете не ја гледам како нешто чудно. Осетила дека треба да напраави такво нешто зошто да не го направи? Нивно право е како знаат и сакаат да покажат почит према она во кое веруваат, дали со крстење дали со свеќи палење иили било што друго. Секој за себе си наога начин на кој што вербата во нешто ја покажува како и почитта кон истата . Не ми е испод част како атеист да застанам во тие моменти и да почекам да заврши со ритуалот , исто како што не ми е испод част ако ме замоли да влезам во црква или да присуствувам на било каков ритуален обред, со исклучок на крштевање на мало дете кое не знае носот кај му е а му се наметнува определба на родителот. Ама ете и тоа е мој личен став што не значи дека ако утре некоја другарка или роднина или било кој реши да го крсти детето што уште не знае името да си го каже ќе ја седнам на маса и ќе ја убедувам како е она мутава или глупа што прави такви работи или верува во такви работи. Јаз'к и за закоравените верници кои по секоја цена сакаат да те убедат во нешто ама па и во оние атеисти кои мислат дека надмено имаат право да гледаат на секого кој својот спокој го наога во нешто кое не е материјално изразено. И доста мафтате со биологиите , хемииите, физиките... Дарвин се превртува во гроб од таквите кои неговата теорија ја користат за да омаловажат некого. Дарвин поставил теорија, религијата поставила терорија за настанокот на светот. На вас е да одлучите која ке ја прифатите , што не значи дека другата е помалку важна. Дарвин и останатите научници ги поставиле темелите на природните науки за да го однесат светот во прогрес, да му го олеснат секојдневието на човекот за да не пали оган со триење на камења а не за да им мафтате на останатите со тие теории и да ги омаловажувате како се смотани зошто веруваат во нешто поразлично од тоа во кое вие верувате.
Mene konkretno toa, nekoj da vidi crkva oddaleku, makar vozejkji se vo avtomobil, i da pochne da se krsti, mi e glupavo i za sramota. Drugo nishto ne rekov, nitu pak na nekoj takov neshto mu velam ili mu nametnuvam. A mozhebi bi trebalo, chisto da pochne da se svestuva narodov.
Ја сум за тоа дека кога се има љубов и разбирање, ништо не е невозможно. А најмалку врска меѓу верник и атеист. Но, од друга страна, претпоставувам дека е најважно за каков верник и каков атеист станува збор. Мислам дека верниците кои дословно ја следат сопствената религија, за жал, ќе имаат проблем со ваквата врска, бидејќи во секоја религија е забранет брак со луѓе кои не припаѓаат на истата. А исто така, една од ретките работи во која сите религии се сложуваат е омразата и осудата за неверниците. Неверувањето во Бог е можеби најголемиот грев во сите религии, а кој вистински верник би сакал да биде со грешник, и со него да го дели животот во грев? Но, ова што го кажав се екстремни случаи - потполно истото важи и за ваквите атеисти, кои не би можеле да си замислат заеднички живот со некој кој верува во било каков Бог. Ќе дадам еден пример - Кристофер Хиченс, кој беше еден од најголемите гласноговорници на атеизмот, е роден во семејство кое припаѓало на англиканската црква, и бил воспитан и образован од страна на религиозни луѓе. Кога се венчавал со својата прва жена, која била Гркињка, човекот се покрстил во православната вера и се венчал во црква, бидејќи тоа било голема желба на нејзините. Од друга страна, кога се женел по втор пат, венчалната церемонија ја изведувал рабин, бидејќи таа била од еврејско семејство. Поентата ми е - и покрај тоа што бил атеист речиси целиот живот, ги направил овие работи поради љубов и затоа што сакал да им угоди на своите сакани. Крштевањето и венчавањето во црква за него немало никакво суштинско значење, ниту го направиле да биде верник. Она што сакав да го кажам е - се додека помеѓу двајца луѓе постои љубов, разбирање и желба за компромис, ниту нивната различна религија, ниту атеизмот, не мора да биде никаква пречка.
Не ,не... Најјако е што се прават нешто атеисти а кога ќе им тргне лошо и наопаку, се крстат и најголеми верници се.... Колку вакви знам ехееее!
Тоа се изгубени души, и од двете страни Јас и да сакам не знам правилно да се прекрстам. Има тоа начин лево десно, па прстите како се држат.. Иначе сакав да и направам друштво на една колешка, одевме накај град и ајде свеќа да запалела. И викам дај ќе те чекам надвор, ти бркај си работа. Ме напна да влезам, се по ред и свеќи ми даде итн. На крај јас си излагам нормално, ама така не смеело Веќе се изјаснив и во друга тема. Сакам некогаш да влезам во храм ради мирот и тишината. Без оглед црква или џамија, што ми се наоѓа прво. Ради момент на средување мисли, ради можноста што можеш да си го чуеш дишењето. Без ритуали и крстења и поклонувања и свеќи итн. Реееееетко имам прилика да бидам во таква тишина. Тоа што седам таму и размислувам, не менува ништо во моето поимање на религиите.
Убаво напишано.. за жал за вакво нешто партнерите пред се треба да се зрели и изградени личности и толерантни. Од мое лично искуство кога станува збор за врски (и од луѓе што ги познавам) научив дека луѓето кои се навистина религиозни се помалце толерантни и спремни на компромис. Иако религијата учи за љубов и прифаќање. Иронија...
Тоа што убаво можеш да се разбереш себеси е супер, ама треба да разбереш дека можеби некој крстењето го смирува, како што тебе тишината во црквата. Замисли, можеби некој на ова ќе ти се смее, ќе те мисли за лицемер, па замисли тебе колку ќе те боли некој да ти ја вреѓа интелегенцијата која толку често ни ја спомнуваш. Ова ме потсеќа на тоа кога мислев дека само строго интелигентните луѓе читаат книги (не учебници), кога тато ми кажа дека многу паметни луѓе не читаат книги и дека всушност едни од најбрилијантните луѓе се големите криминалци. Ама овој муабет после прво одделение не сме го правеле затоа што ми отвори толку многу видици. Не знам, на истата страна сме со атеизмот, само што јас не ги сметам за поглупи оние кои веруваат. Можеби сум одгледувана со родители кои не се религиозни, ама никогаш не сум видела некој од нив да се смее на роднини или пријатели, со сестра ми не научиле секого да почитуваме. Малку емпатичност покажете, нема да ви падне круната.