Епа дека си влегла во џамија за мир и баш не верувам. Не тоа не е дека треба така и така да се прави во црква, секој си има свој начин на молење. Ама сепак ете викаш мир таму осеќаш а? Не е исто како во празен стан нели ? Иначе што би барала таму.. И ова за крстењево не ти верувам баш дека не знаеш ама ајде.. Од деца бар тоа не научиле прво ,заедно со азбука и бројки(барем мене).
И во празен стан ќе го осети.. навечер, запали свеќа и темјан. Уживај во тишината,мирисот и светлината. Смирувачкиот ефект ти е тој.
Абе не верувај, твое си е. Да осеќам, објаснив и зошто - и тука и во друга тема. Затоа што работам стресна работа, живеам стресен живот, и 5 минути без некој да ми се обраќа, да не ме бара на телефон, за мене се богатство. Најлесно таква тишина се добива во храм - сите од култура ќутат. Мене дома не ме учеле да се крстам, затоа што немам побожни родители. Слават Божиќ/Велигден, во црква скоро никогаш не отишле, ниту пак некогаш ги имам видено да се прекрстат. Инаку, да имам празен стан, веројатно би го искористила. Ама немам. Во неколкуте ретки моменти во животот кога сум имала празен стан, сум го практикувала ова. Тишина. Дури во главата ти е тивко. Не секој знае да ја цени таа тишина
Види, тапа ми е сега нешто да глумам Тереза. Не сум. Искрено кажувам што мислам, па на кој не му чини - тоа е. Не зборувам дека се помалку интелигентни - интелигенцијата нема врска со религијата - но мислам дека се во заблуда. И скоро никогаш јас не сум таа што ја отвора темата. Минатиов викенд бев излезена, и една од присутните девојки, ме праша зошто не сум омажена. Прво, бидејќи прв пат ме запозна тогаш, тоа беше екстремно дрско од неа, но нејсе - и одговорив - немам намера да се мажам. Следното прашање беше - а деца? Да, деца планирам да имам. Е како така немажена? Епа така... деца не се прават со венчаница. А во Господ веруваш? Не, не верувам. А децата ќе ги крстиш? Не, немам таква намера... Епа како ќе ги викаш тогаш? После ова прашање, веќе немав трпение, ги помина сите граници - и си прашав - океј, сериозно ме прашуваш или? Најчесто јас сум испрашувана зошто не се вклопувам во 'стадото'. Барано е од мене да ги објаснам, оправдам моите ставови. Уште почесто се соочувам со превртување очи, “не можам да те разберам“ коментари и слично. Не дека очекувам некој што размислува за гибаници и певаљки да ме разбере, ама таква ни е средината. Не плескам по раце кога некој се прекрстува. Ама сигурно ако паднеме на муабет, нема да му речам - те разбирам. Не, не разбирам. Затоа што ако си христијанин - треба да се водиш по Библија, која ама ич не љубовна, разбирачка или простувачка. Јас не се водам по книга за како да живеам, ниту тврдам дека така живеам. Се обидувам да помогнам кога има потреба од помош, но не можам ни да помислам дека во 21 век некој сеуште верува во Благоевци (и дупи уши на бебиња), во зејтини и хулахопки по цркви итн. И има разлика меѓу спиритуалност и религиозност, само кој да ја разбере.
Такви сме ние - неверниците. Знаеме, не е присуството на Духот, него мирисот на темјанот тој кој има смирувачки ефект. Ко што и... придушената светлина - свеќата. Не е само за романтика.
Не знам @CameliaMiller јас многу сакам да си правам муабет и да се скарам и да драматизирам и поенти да докажувам... и гласно да гестикулирам. Ете, наречи ме гурман за конверазации. Ама ми се чини залудно е да продолжам со тебе, од причина што, ти се правиш паметна на секој мој збор. Што и да пишеме ние овде, демек не можеме да те разбереме, а гарант секој атеист го има поминато овој стадиум: перчењето. А јас, ич не сакам да правам некој да се чувствува паметен на сметка на другите луѓе. Попрво ќе го слушам учтиво некој како зборува за светци и крстени води и ќе го дружам низ цркви и ќе му купам свеќички отколку да комуницирам со некој кој ги омаложува луѓето. А и денес има многу повеќе атеисти отколку верници, па ете... не си ништо посебно, како да ти кажам.
За другово си е твое мислење, немам ни намера да те разубедувам. А за тоа кај се наоѓаат атеистите, посочи ми, јас потешко ги наоѓам . Океј.
Секако дека има разлика. А зошто мислиш дека ние тука не ја разбираме спиритуалноста? И зошто мислиш дека овие две работи не можат да одат заедно? И каква разлика ти прави тебе таа разлика, кога бесмртноста на духот е во суштината на двете нешта, а ти си атеист? И те молам, ако веќе одговараш, одговори конкретно. Не да оставаш простор да мислиме дека знаеш нешто повеќе, ама не кажуваш зашто мислиш дека не сме вредни за твоето знаење. Немој веќе со тие финти.
О, знам. Познавам премногу религиозни, премалку спиритуални ликови Ќе одговорам како што јас сакам, а не како што сум замолена. Спиритуалност е лична работа, религиозност колективна. Спиритуално (духовно) е она што е интимно, лично, независно од правила. Религиозно е она што се прави чопоративно - сите одат во црква - одам и јас, сите се крштеваат се крштевам и јас, сите носат бројаници, носам и јас, сите се молат на икони, се молам и јас, сите постат, постам и јас, сите имаат слава, имам и јас, сите дупат уши на св. Благоја, па ај и јас. Ме разбираш, знам
Имам другарка која имаше врска со атеист. Не можев да ја сфатам зошто со сите сили се трудеше да го смени, го натера да дојди во црква на Велигден да држи свеќа, кутар човек А се друго им одеше перфектно, почнаа заеднички живот, двајцата работа, одмори, викенди - но таа како некоја пијавица се запна да го носи по цркви, да го учи да се крсти сите другарки и велевме, и што ако е атеист, не сите што одат во црква се верници или побожни. Но не и не, мораше да биди по нејзино, и на крај на човекот му пукна филмот ќе пукне Гледајте да ве сака и почитува, почит и нега... е тоа
Абе држење свеќа и одење во црква не се кој знае што - од атеистички аспект. Јас ништо од тоа не сакам и не би направила по своја желба, ама пример кума сум на дете, на мои многу блиски пријатели, кои знаат дека ни во цркви одам, ни во богови верувам, но им беше ќеиф и океј. Нема да умрам ако тоа ги прави среќни де. ДМ не е крстен, и кај што е тој старосват, во матично беше тој сведок, во црква бев јас. Финтата е да се најде компромис. Јас свое дете не би крштевала, но ако дм ептен се запне да се венчава во црква (под услов до таму да стигнеме), ќе подразмислам, иако јас децидно не сакам. Сега ако таа ептен била напорна, океј, разбирам. Само компромис треба. Можеби на неа и е важна религијата, како што на него му е одбивно сето тоа.
Мислам дека и време е некои луѓе да олабават со мудрувања и наметнувања на сопствени ставови врз туѓите на луѓето. Јас лично почитувам сечие мислење, став и принципиелност. Јес да може не ми е сеедно на мене и врз моите сваќања одредени желби и живеење кај останатите но ако другите ги прави среќни било што зошто мене да ме боли и боди тоа во душа па да солам памет. Ако се прашувам јас тоа е лично за мене самата ама мој став да наметнувам на другите. Не. Вака кога гледам осудувања и критикувања се прашувам само едно, зар луѓето немаат попаметна работа од анализирање сечиј живот и став, зар некој дома и дошол в куќа да им бара нешто и да им наметнува та толку им боди во очи нечие поразлично размислување еве не знам. Полека со осудите.. кој во што сака нека си верува, нит си му во кожа, нит во дом негов за да некој ти е должен да ти се правда а ти да го судиш.
Pa sto ako e? Nema vrska toa, dokolku go sakas vistinski nema da ti smeta toa sto ne veruva vo Gospod. Fala Bogu ne e satanist pa za da ti smeta haha . Sekoj ima razlicno glediste na zivotot. Kako sto vekje kazav, dokolku go sakas vistinski nema da ti smeta so srekja
Милитантни атеисти како што си ги замислувате, борци против религијата - не ни постојат. Повеќе треба да ве загрижува врска со верски фанатик. Имам познаник кој смета дека комунизмот и муслиманите се антихристот (тешко неговата сопруга, ми делува како прибрана млада жена). И што би правел агностик/религиозен скептик/атеист со таква личност? Како разумна индивидуа би комуницирала со таков без да ја вади од такт?
Мене не би ми сметала таква врска ако партнерката ме прифати како верник и не се меша во мојот религиозен живот.