1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со девојка?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од littleflower, 26 октомври 2013.

  1. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Дали некој од вас познава две девојки кои се во врска? Дали мислите дека е можно да се вљубите во девојка?
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    Јас до сега немам сретнато вакви врски.
    Конкретно,мене ми е одбивна помислата за врска со партнер од ист пол.
    Можеби според некои сум ограничена,но дефинитивно сум против вакви врски.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.460
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Не познавам девојки кои се во врска.
    Јас лично не би можела да бидам во врска со девојка, ниту пак да се вљубам.
     
  4. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    На мојата најдобра другарка па нејзина школска што е ,си има девојка.Лезбејки се.Си идат заедно иако се знае за нив двете,сепак не излегуваат во јавност.Постојано си има слики на фб од нив,си се сакаат.Искрено мене тоа ми е многу одбивно и глупо.Се знае женско треба со машко и готово.Одвратно изгледа.
     
  5. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    никако не поддржувам такво нешто, одвратно ми изгледа. :puke:
     
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Познавам таков пар и немам воопшто предрасуди.
    Не ми сметаат, дури и некогаш заедно излегуваме.
    Само јас за мене не би се осудила никогаш на таков чекор.
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Не познавам никој, ама немам ништо против и не осудувам ни кога двајца мажи ни кога две девојки се во врска. Не знам зошто толку негативни коментари има, тоа денес е нормално и мислам дека не треба толку негативно да биде коментирано. Повеќе слободни машки за нас хаха :D

    А што се однесува до заљубувањето мислам дека личност може да се заљуби во личност од истиот пол, прво заради нешто што прави или начинот на кој се однесува, карактерните особини и слично. Исто и физички ако има нешто што ние сакаме и тоа не привлекува. :)
     
    На littleflower му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    2.775
    Пол:
    Женски
    За врска со девојка NO WAY, ама за нешто онака може, баш ме палат некои убави стегнати девојки :inlove: :rofl: :rofl: :$
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Од никогаш не сум имала вакви афинитети, ни ме копкало да погледнам девојка и да ми се допадне :puke: скраа да е :devil:
     
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Не познавам таков пар и никогаш не би била со девојка. Не ми сметаат хомосексуалците и немам ништо против, но се додека седат позади затворена врата и не се истакнуваат во јавноста, да не парадираат како да ја измислиле струјата и ја покажуваат нивната сексуална ориентација како да е нешто нормално. Едноставно не е здраво да бидеш во врска со личност од ист пол, тоа е болест на денешницата, а не нешто вродено. Зошто во времето на дедо ми, пра дедо ми немало хомосексуалци, ако е тоа вроедно и природно?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IvonaIv222

    IvonaIv222 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Душиче.
    Прва работа од каде го извади тој заклучок дека "не е здраво" да си во врска со личност од ист пол? Дали според твоите субјективни гледишта кои секако немаат ниту една добирна точка со било каква објективност произлезе тезата дека girl on girl и boy on boy интеракција не е здрава? Познавам личности кои во својот потесен круг на пријатели се декларираат како хомосексуалци или лезбејки и запознаена сум со текот на нивните врски, раскинувањата, смирувањата па и драмата што е неизбежна во било која врска. Истото она што би го виделе во хетеро врска постои и во хомо врската. Тогаш не ја гледам причината зошто некој би пристапил кон нив со гадење или со омраза или на крај краева да си даде за право да ги дијагностицира со непостоечка болест. Колку што сум запознаена секоја личност која е хомосексуална и со која јас обавувам интеракција на дневна база Е ментално здрава, се справува со дневните обврски како секој друг човек, студира итн. така да не гледам знак кој би укажал на тоа дека моите пријатели страдаат од психички болести. Но тие се дијагностицирани как оболни од игнорантни створења кои единствена допирна точка со тематиката на хомосекуализмот е во нивниот хомофобичен потесен круг на другарчиња кои ете за жал немаат обѕир кон туѓиот начин на живот.

    Втора работа, не мешајте религија во целава приказна затоа што тоа е сосема излишно. Не мешајте Адам и Ева затоа што повторно ќе се вратиме на ВАШЕТО субјективно гледиште кое не мора да кореспондира со туѓото. Не секој верува во она што е напишано во Библијата (која патем знае да биде толкувана на толку погрешни начини) Ако веќе одлучите да се повикате на квази-религискте догми тогаш зошто да следите едно нејзино правило а не сите? Каде е забранетиот секс пред брак тука? Или тоа не ви одговара секако затоа што читам колку од вас самопрогласените христијанки кои во секој момент сте спремни да ги осудите истополовите врски објаснувате на јавен форум како сте се лапале или како сте имале односи пред брак. Епа златни, не можете да бидете селективни. Или води се во целост или избегавај да го вметнуваш тоа во дискусија. End of story

    И за крај, да во времето на прадедоти постоеле хомосексуалци постоеле и лезбејки но таков запис нема да најдеш никаде (барем кога станува за нашите подрачја). Мислам дека не треба да ја објаснувам причината зошто не постојат никакви записи од тоа? Прогуглај верувам дека си доволно интелигентна да најдеш разно разни извори на интернет кои посочуваат на докази дека пред 100-200 па и повеќе години постоеле хомосексуалци иако нивните интеракции како и во некои општества до ден денес се обавувани зад затворени врати.

    Поздрав.
     
  12. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Најран запис за постоење на хомосексуалци е уште во антиката и за време на римската империја , кадешто секој маж освен партнерка имал и партнер , но со доаѓањето на христијанството на власт (ај така да го кажам ) сите дотогашни појави како хомосексуалноста и полигамијата , сексот пред брак ги прави табу тема , и на некој начин ги забранува , а со тоа создава и нездрава слика за срам за тие работи и трае до ден денешен !
     
  13. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски

    Ајде тогаш кажи како може нешто да е природно, здраво,нормално ,ако тоа истото неможе да продолжи со создавање на нови генерации? Ете одкаде го извадив заклучокот. Доста е просто за да може да го свати секоја бар малку интелигентна особа.И не во имање деца во овој случај не подразбирам посвојување. Никој не кажа дека тие се болни, туку дека нивната врска е нездрава. Уште еднаш ке кажам нека прават што сакаат но позади затворена врата нека не даваат пример на помладите генрации. И нека не се претставуваат како личности на кои им се ускратени правата.
    Да имало секако дека имало, но тоа никаде не било истканувано, туку убаво викаш не постајат никакви записи како што нетреба и сега, но дојде изопачено време во секој поглед ...

    А ете ти како "објективна", личност со "широки сваќања" епа баш ме интересира, ако син ти утре донесе "зет" дали ке пееш зете мили зете?

    И воопшто не сум ограничена, теснограда и субјектван особа напротив, но оваа нема никаква врска со субјективноста и ограниченоста, туку со здравоста на една врска и иднина на генераци кои следуваат.
     
  14. IvonaIv222

    IvonaIv222 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Да природно е, и да здраво е затоа што станува збор за 2 возрасни и зрели личности кои свесно влегуваат во таква релација, релација која истовремено ги исполнува независно дали на сексуален или на емоционален план. Исто како и во хетеро врските како што напоменав погоре. Значи не станува никаков збор за злоупотреба затоа што знам дека најчесто хомосексуалноста знае да биде поистоветувана со педофилијата, а тоа ти е исто како да обвиниш атеист дека верува во сатана. Повторно ќе речам, станува збор за МЕЃУСЕБНА согласност. Уште еднаш ќе те замолам да дадеш конкретен одговор ЗОШТО е тоа нездраво? И како е тоа нездраво и за кого е нездраво? За нив? За околината која пука од лицемерие? За што кокретно?

    За деца зборуваш, океј тогаш оние хетеро парови кои не можат поради разни Х причини да имаат деца и тие нека се кријат од јавноста, или поарно нека не влегуваат во ниаква меѓучовечка релација затоа што ете пример стерилни се. Не ти е на место логикава. Пробај уште еднаш, не да тресеш од ракав туку тоа е проблемот со вас што никогаш не можете да изнесете доволно издржани аргументи зошто сте против одредена работа (конкретно хомосексуалноста во случајов)

    Не ми е јасно тебе лично што разлика ќе ти направи во животов и колку е тоа од суштинско значење лично за тебе дали две или двајца се во врска и дали на крај краева се во брак? Како тоа влијае на твоите секојдневни активности? Ти наметнува ли некој да одиш да бидеш во врска со девојка? Секако дека не, исто како што за тебе е непоимливо да бидеш со девојка така за некоја лезбејка или некој геј не е поимливо да биде со личност од различен пол. Што не е јасно тука? Зарем треба некој да ја жртвува сопствената среќа и да го жртвува сопственото јас за да ја задоволи околината заедно со нејзините каприци. Дали ти би била со девојка ако мнозинството сметаше дека тоа е правило и дека "работите едноставно така треба да бидат„? Или едноставно ќе продолжеше да бидеш со машки? Размисли малку на прашањава, не мора да одговараш а ниту имам намера да те напаѓам во никој случај да не ме сфатиш погрешно. Тоа што имаме дијаметрално спротивни ставови не значи дека треба да бидеме непријателски расположени една кон друга, обична дискусија е.

    Нејсе, последното прашање. И ќерка да имам и да донесе девојка дома ќе ја приватам онаква каква што е, истото важи и син ако имам и да донесе дечко дома ќе го прифатам каков што е. И не сум од оние кои само декларативно го практикуваат ова туку јас секојдневно сум опкружена со припадници на ЛГБТ заедницата и со сигурност можам да кажам дека тоа дете јас би го сакала какво и да е. Ти свесна ли си на еден малолетник кој штотуку се спознава себеси, кој штотуку ја спознава својата сексуална ориентација колку му е важна поддршката од семејството затоа што нема реално нема кој друг да го поддржи во нашето општество, ниту институциите се интересираат а ниту околината во гобала нема слух за истите проблеми. Тоа дете попрво би било омаловажувано од врсниците отколку поддржано и затоа родителската поткрепа во овој случај е најбитна и затоа не гледам причина да не го сакам своето дете ако има различна сексуална ориентација од мнозинството.
     
  15. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Знаеш како викаат.. ако не пробаш нема да знаеш. :D тамбс ап за ваквите двојки кои не се срамат да се покажат пред јавноста онакви какви шо се. :)
     
    На M@C@ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. alextheone8

    alextheone8 Нов член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    значи иако сум стрејт мислам дека се заљубувам во другарка, која за нова година се залапавме и до ден денес си го праиме тоа...најтрагичното и она е стрејт..и не би станала лезбејка но сакам многу поише со неа..кажете ми сте биле во слична ситуација и што би направиле? :)
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.460
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Штом имаш чувства спрема неа и ако она има према тебе тогаш не си веќе стрејт а не е ни она :D .
    КАко и да е, ако ти сакаш да бидеш со неа не е битно ние што ќе ти кажеме.
    Но треба да размислиш и за притисоците кои ќе ги претрпиш кога ќе се дознае се.
    Треба сама да седнеш да размислиш убаво и детално за се, па да седенеш со неа и убаво и детално да разговарате за добрите и лошите работи кои можат да произлезат доколку сте во врска.
     
    На alextheone8 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. alextheone8

    alextheone8 Нов член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    до негде ова ми помогна сепак ти фала :)
     
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ако си сигурна дека тоа се вистински чувства,разговарај со неа.Уште подобро би било за тебе доколку добро ја познаваш личноста од емотивен и психолошки аспект.Емоциите тешко се кријат,па колку и да ги контролираш.Свесна си за средината во која живееш и треба да бидеш карактерно цврста за да ги игнорираш провокативните испади и притисоци.
    Сепак, размисли пред да го направиш понатамошниот чекор.
    Лично,немам никакви предрасуди кон ЛГБТ заедницата.Секој од нас има право на сопствен избор во животот и сите заслужуваме да бидеме среќни.
    Поздрав ;)
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tarantula.sn21

    tarantula.sn21 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1