Катастрофаааааа бери памет бре девојко сеуште си млада и ќе дојде ден да се покаеш за она што си го направила
Јас сум стрејт никогаш не сум била со женско али мислам дека секој си има право да си избере, зошто да се тера сама себе да биде со машки ако повеќе ја привлекуваат женски? Не е ништо страшно, само кај нас е тоа вауу.. Секој може да си прави што сака и со кого сака, пошто сите луѓе имаат право на избор. Јас имам право да изберам дали сакам да се омажам, да се разведам, да имам деца, да немам деца, и секој би требал да го има тоа право. Мене апсолутно не ме засега дали некој ке биде со машко или со женско ако него тоа го прави среќен. Така да мој совет ти е да правиш тоа што мислиш дека тебе ќе те направи среќна, не е битно кој што ке каже, битно е на крајот на дент дали ти си среќна со таа личност и дали си иполнета. Ако не си нема апсолутно никаква сврха да бидеш со некој. и никогаш немој да се обазираш на мислењата на другите луѓе, пошто сите тие што коментираат нити ке превземат нешто да те усреќат, да те исполнат, да ти се најдат кога ти треба и најважно од се да ти пружат љубов
никогаш немој да бегаш од тоа што го чувствуваш па колку и да изгледа погрешно. Не е битна околината туку ти самата и твојот зивот е само твој! Ако си сигурна не дозволувај да те премислат други фактори живееме премногу кратко за да го трошиме времето на непотребни работи. Затоа само напред!!!
Епа ако имате чувства една за друга, не сте стрејт Можда сте бисексуалки, ама не сте стрејт Гледам некои ти пишувале мудрости (Како можеш со женско, јас никогаш не би пробала...бла бла) ама очигледно ти можеш и не знам што толку креваат прашина околу тоа, нема везе, муабетот ми е: ако сакате двете, пробајте си...шо има везе Сите треба да ја бркаат среќата, ако ви е убаво заедно - нека ви биде. Може после некое време ќе видете дека не е за вас, а може и ќе испадне дека тоа е тоа. Ако бидне вторава варијанта ќе си имате малку проблеми со општеството, ама о том - по том. Ако испадне првата, барем си пробала кога си сакала и секој по свој пат
убаво кажано... само подалеку од коментарите-кај ти е паметот со женскооо? чудо се случило, аманте бре деца божји, со тие осудите.Никој не ве натерал или присилил на нешто, терајте како сакате, не судете на други. Секој има право да биде среќен, онака како сака.
Изборот е твој! Ако имаш чувства кон неа и таа кон тебе зошто ,не! Само качвајте се в авион и бегајте од Македонија,оти ќе добиеш многу предрасуди. И сите глупаво ќе те гледаат и ќе ти се потсмеваат!Но доколку не си спремна за ова не се впуштај во таа авантура.Подоцна ќе се каеш многу. Јас со овај памет ,кој го имам сега нема шанси ,да се впуштам во таква авантура .
Јас лично не сум била и не би сакала да бидам во врска со девојче ама ги подржувам ваквите врски, од причина што ако еден човек е среќен со некоја личност зошто па да не биде со истата? несакам да се одалечувам од темата ама има девојчи кои одат со женети со вакви такви па си шетаат слободно и гордо како ништо да не било и не им е гајле за предрасудите и озброувањата. Како и да е ако ти чуствуваш нешто кон другарка ти и таа кон тебе обидете се зошто да не. Па не мора вие веднаш не почеток на сите да им кажете. И ич не се замарај што ќе кажат другите, и со машко да беше ако сакаат да зборуваат пак ќе најдат нешто и пак ќе зборуваат. Твој живот твои рпавила, не е погрешно ако ти бидеш среќна. Затоа уживај.,
Кога човек ке се почуствува доволно зрел на пример кога ке почне да разликува другарско допаѓање, идол во друштво, или навистина емоции кон некоја истополова одоба тогаш треба да се одлучи за било што... Ова се однесува за врска, а за авантура тоа е веке друга прикаска... Мојот став не осудувам туѓи кејфови
Барав тема за врска со дечко - нема, веројатно затоа што е воглавно женски форум, но во оваа тема ќе одговорам дека би имал врска со машко. Ти би бил со машко? Јас не знам дали сум доволно зрел но чувствувам силна привлечност кон машките.
До сега сексуалната определна не ме изнаверила... Сексуално ме привлекуваат личности од спротивен пол, секоја сексуална фантазија ми е поврзана со жени, секоја перверзија ми е поврзано со жени... Јас знам и од секогаш сум знаел на што сум... А ти друже да почнеш повеќе да се дружиш со мажи, да престанеш или да намали да се дружиш со жени и ке знаеш на што си дали сакаш да си интимен со жените или ти сакаш да си жена...
Лол, зашо вака му збориш? Ако е геј или би, не мора да значи дека сака/ќе сака да е жена @Loving boy сеа јас ќе ти отворам темица