Жени што мислат дека мажот никогаш не би ги изневерил се наивни наједноставно кажано. И не би и судела на љубовницата, што сеа треба часови да и држам за морал, не сум и мајка. Мажот ако решил да изневеруе и да го одбие една ќе се најде друга која би прифатила со оженет. А љубовницата каква поврзаност има со жената? Никаква.
Како јас го растурам бракот? Има некој маж, одлучува да ја изневерува сопругата, ја изневерува, па праи профил на секс сајт, со фотографии од пенисот, со набрени сексуални преференции со се'. И јас му го растурам бракот?? Не изневеруваат сите мажи, да се разбереме. Постојат и такви кои се верни.. мислам дека соодносот е некаде пола-пола
Преку секс сајт се запознаваш со некој и имаш однос? Мислам дека тролаш. Добри филмови ни правиш овде. Плус на друга тема пишуваш со женско си се бакнувала, та ова- она.
Не знам.. од оние што лично ги знам и сум зборела, бидејќи отворено зборувам за секс и со мажи и со жени, добри 90% изневериле барем еднаш. Ама не се осудувам по моето искуство да тврдам дека се 90% навистина.
Oк ондак, поинаку го сфаќаме сексот, ти како нагон, јас многу повеќе од тоа. Тргнувам од себе тука, да не мислиш дека те осудувам. Јас имам пишано одамна во темава дека не сакам да правам некому, нешто што не сакам да ми го прават мене. А да ме прави некој будала позади грб - големо НЕ. И маж што нема муда да си расчисти со себе и со жена си на што е, не би можел да ме напали во никој случај. На таков да му исполнувам фантазии, дур жена му чува деца дома, јок. И со целото битие да сакам, јас ќе го исконтролирам нагонот, а не тој мене.
Немој да се грижиш.. воошто не мислам дека ме осудуваш. Впрочем, како што напоменав повеќе пати на темава: Ваква форма на брак, не е за секого. И сосема е во ред, според мене, секој за себе да си одлучи каков брак сака. Исто како што јас не осудувам никого за неговата преферирана форма на брак, очекувам и мене никој да не ме осудува за мојата. Дури и тие постовите со директен напад, не ги сваќам лично. Затоа што како сопруга, знам дека може да биде многу болно, мојот избраник да ме лаже.
Сум излегувала со дечко кој не е од мојот град и за кој не сум знаела дека е во врска. Да знаев, никогаш немаше да излезам со него. Веднаш штом дознав, расчистив и повеќе не остварив никаков контакт со него. Не би сакала да бидам на местото од неговата девојка и никогаш не би прифатила да бидам втора опција. Или прва или никоја. Аналогно на тоа, никогаш не би била ни во врска со оженет човек. Секогаш најпрво тргнувам од тоа како би ми било кога татко ми би ја изневерувал мајка ми, а потоа како би ми било кога партнерот би ме изневерувал мене. Да, тој што изневерува секогаш е крив, но никогаш не би ми било розево да ме изневерува некој и да ми мачка очи колку му е најубаво со мене. Секогаш сум искрена со партнерот и барам и од него да е искрен со мене. Доколку веќе одлучам дека сакам да го изневерам, најпрво ќе раскинам, па ќе правам што ми душа сака. Истото го барам и од него. Некои муабети се прават на почетокот од врската. Ова е најдобронамерен совет до сите. И како заклучивте дека 90% од мажите изеверуваат? Сакам релевантен доказ за да поверувам. Или вие налетувате на такви, или и вие изневерувате, или пак ако некој од вашите минати или сегашни партнери изневерувал, па по тоа заклучивте дека сите се исти? Сум била и изневерана, па никогаш не сум кажала дека сите мажи се исти. И не, не осудувам ако некој оди со оженет човек. Мене ми е вака убаво, на некому поинаку. Јас одлучувам за мојот живот и за моите постапки, друг за неговиот и неговите постапки.
Од прв до последен збор,браво.Посебно за делот каде ги спомнуваш родителите истото го помислив кога ги видов коментарите
Јас пишав 90% , ама нагласив дека не можам да тврдам дека се толку, пошто ова е само од мое лично искуство, а не официјална статистика. А за исти, дефинитивно не се исти сите мажи. Некои ги бива, некои не
Како достигнуваш да имаш секс со двајца,на работа одиш дете гледаш,не тие напорно? Во исти ден се сексаш о со маж ти и со е.ачот?
Искрено... на прсти се брои колку пати сум имала секс со некој надвор од бракот Тоа што понекогаш сакам секс со друг, не значи дека секојдневно се случува... Барем за мене. Ама познавам такви, посебно мажи, кои со години, со десетици различни жени имале секс и кои тоа го прават барем еднаш неделно. Нив треба да ги прашаш, како постигнуваат А да! Да не заборавам! Најчесто без кондом имаат секс!
A dokolku zenata postojano go odbiva mazot (za seks mislam) poradi opravdani procini (pr.karanici megju niv) dali togas mazot bara seks kaj druga? Ps. Mislam deka go znam odgovorat ama aj pak da prasam.
Не сите.. Тие што се склони на изневерување, изневеруваат без разлика дали се одбиени од сопругата или не. Тие што не изневеруваат, не изневеруваат под никакви услови.
Дали жените со кои што мажите изневеруваат, а притоа не знаат дека се женети, се помалку криви од оние кои свесно одат со женети? Да?! А зошто? Мажот и со едната и со другата го прави истото. Жена му дома е изневерена и на овој и на оној начин.
Ако ти си фанеш дечко за кој мислиш оти е слободен а по месец дена разбереш оти бил женет и нормално раскинуваш....како ке бидеш крива ото тој бил идиот и ве лажел двете?