Ќе стане к***а, како што милуваш да ја наречеш, само ако тој и наплаќа за услугите кои му ги нуди. Да бидеме на чисто, никогаш не би била свесно втора во животот на некој маж, знаејќи дека дома го чека сопруга. Но тоа не ми дава за право да ја навредувам и обвинувам онаа која би била. Толку.
Апсолутно, ама во општество во кое жените се и онака опресирани, како таа заслужува почит од една жена кога активно поддржува третирање на други жени како да се играчки? "Што ми е гајле за неговата жена" не е оправдување и "да не сум јас ќе е некоја друга" е апсолутно точно, ама со вклучување во врска со оженет маж ти активно се вклучуваш во понижување на една жена. Наместо да постоиме една за друга - ние се газиме.
Се согласувам. Секој треба да тргне сам од себе и промената што сака да ја види кај другите, да ја направи кај себе. Само за жал, светот не е толку розов и секогаш ќе има некој кој ќе отскокнува од "правилата", кои впрочем се наметнати од општеството. Ако за мене е неправилно да одам со женет човек и сметам дека е понижување за неговата сопруга, за друга е правилно и таа не смета дека со нејзината постапка понижува друга жена. Истата не би направила промена се додека смета дека нејзиниот став е правилен. Во ова лежи проблемот.
Така е, и иако никако не треба префрлила кривицата за изневерувањето да ја префрлиме на таа жена (кое секако ќе се случело, со или без неа), нема никаква логика и да покажуваме почит спрема личност која не покажала никаква почит спрема нас. (Ова хипотетички се ставам на местото на изневерена жена).
Си напишала како да викаш дека е крива и да незнае дека е женет. Ако знае и сепак се гледа со него,како може да нема вина.Секако дека најголема одговорност и вина носи мажот. Ако ти сретнеш некој со пиштол во рака се спрема да пука во друг човек,и му го земаш од рака и го испукуваш сиротиов,само зошто секако ке бил убиен од другиов не те прави тоа убиец?Оти нели ако не си била ти,другиов ке бил.Човекот секако ке завршел мртов.Ај бидете малку реални,тие што ги браните швалеркиве. Исто како дилериве на дрога што се бранат,не биле криви што продаваат дрога.Зорле на никој не давале,ако не биле они други ке биле.Ако сите така викаме за се,и сме без никаков морал,несакам ни да помослам колку полошо ке стане во светов,безредие,гнасно...Учествуваат во злобното дело свесно вадејкисе дека ако не е она друга ке биде.Соучесник во злобно дело е.Како може да не е виновна. Абе ајде ти се молам,некој смета дека е во ред да убеди мало дете на секс.И сега што.Нема да го осудуваш зошто тоа е наметнато нели од општеството дека не е во ред,ама ете он си е убеден оти ставот му е во ред.....Немам речи за ваквите ставови.Она мислела во ред е.Постои морал,почитување на другите,почитување на вредностите во животот,на туѓи чиства,ако сите размислуваат оти нетреба да се следат моралните вредности,лудило ке стане светов.А ако па сите почнат да ги почитуваат(ова знам оти е нереално)би бил многу подобар.
Razmisluvam nesto i ne mi ide vo glava nikako, site znaene vo kakvo vreme ziveeme, ima eden kup socijalni mrezi za zapozavanje i druzenje , i se gleda se custvuva deka zenite se dosta slobodni i dobar procent mazeni inaat napraveno iavantura so drug maz, i ako nemaat razmisluvaat za toa siguren sum, a ovde site se svetici, site nesto glumat, osven edna, znaci nesto nee vo red, ne realno se iskazuvate plus toa anonimen e forumov bidete slobodni sve nesto bez vrska, ne sum znaela deka ima zena, pa ova pa ona, ako nastavela taa e sega kurva mnogu detski navistina nezrelo
Јас лично никогаш не би била со оженет човек. Но ако маж ми најде некоја, вината прво ќе ја побарам во себе - што тоа јас сум пропуштила да му дадам па побарал во друга. А после тоа и вината во него. Таа третата само си нашла дискретен провод.. гајле и е дали е женет или не.. не е ни најмалку крива што на маж ми му се приебало надвор од брак..
На секого секаква мисла може да му дојде,но само ако продолжи да ја развива таа мисла и ако премине во дело е веќе нешто друго.Кога човекот (маж/жена)е спремен да остане со една/еден и да биде верен,можеме да кажеме дека е зрел.Многу спротивно од твоето мислење.Само затоа што ти така мислиш немој да ги убедуваш о другите оти мислат да вараат ама нејката да признаат ,за тебе полесно да ти биде и да се тешиш,па сите вараат,таков е светов.Светот е многу изопачен факт е.Но не сите луѓе се такви. Се согласувам со Dust,дека и јас би се запрашала,што му фали од мене што бара кај друга,најмногу би се лутела и нему што не разговарал со мене и што отишол кај друга.Нема да ми биде сеедно и за таа,и нема да речам не ми е крива но не така како мм.Едноставно би се осеќала исмеано и понижено,а таа е учесник во тоа,факт е. Ако не била таа ке била друга,и тогаш другата ке носи вина итн.Но пак ке речам повредена ке бидам од мм и само од мм. освен ако другата не е некоја со која се знам.
Тоа е тоа. Обично мажите кои изневеруваат не се задоволни од своите сопруги па бараат други за да им ги исполнат фантазиите. Така да утре ако јас шврљам ќе биде заради сопругата.
Ако убаво ми го прочита мислењето, ќе сфатеше што сакав да кажам. Мешаш баби и жаби, глупава споредба е педофилија и убиство со неверство. Првите две се кривични дела и се казнуваат со закон, другото не е.
Точно,но последиците можат да бидат исти,може жената да има психички последици или полошо.Постои морал ти дали ме разбираш.Само зошто е неказниво со закон незначи дека е во ред.
ako nekoj e sklon na izneveruvanje bilo da e zena ili maz, krivicata e samo vo nego samiot, kolku da e zadovolna od mazot ili obratno,ako ja ima taa genetika ke izneveruva.
Зашто у себе да ја бараш вината? Ти може причината да ја бараш у себе што не е увек случај сопругата да е причината но зашто да се обвинуваш самата ако маж ти не е искрен и не седне како вистински маж да ти каже дека не си му доволна па сака со друга да продолжи...
Затоа што веројатно не добил нешто а сакал да си исполни некоја фантазија.. А веројатно не седнал затоа што мислел дека јас за такви теми сум затворена за разговор.. Но, јас не се мажам со човек со кого не можам да зборам за се и сешто.. За секое неверство има причина. Тешкото е додека ја најдеш. На еден маж, доволна е една жена. Еден полов орган имаат и да сакаат две, не можат да задоволат во исто време Така да, секс си е секс. Дупка си е дупка.. Разликата во експериментирањето и позите можеш и со жената да го правиш, не мора да се бара друга. Затоа сметам дека најчесто изневерувањето не е само поради секс.
Сите знаеме дека е тоа така, дека на еден маж му е доволна една жена, или обратно , или како што велиш дупка си е дупка, нема разлика, така расмислуваат тие што не сакаат да изневеруваат, ги има не велам дека не , али сме многу мал процент останати
Никогаш, ама никогаш не треба вината да се бара кај изневерена жена. Ниедна жена "не си бара" да биде изневерена, макар и ете да не е активна во сексуалниот живот, изневерувањето никогаш не е решение. Колку само мажи имаат прекрасни сопруги, активен сексуален живот со нив, па одат и спијаат со други, не си свесна. Пред некој месец седев со другарка во кафана, го гледаме еден што го знаеме, ја знаеме и сопругата негова, околу 27/28 години се двајцата, година и нешто во брак, па овој зема и и се стави на другаркава. Најчесто го прават оти им се може, па ако направат некој добар бизнис, одма им удира тоа во глава, па се однесуваат како тинејџери. На конгрес кога бев во друга држава колега им ѕвони дома на сопругата и детето на вибер, по 1 час се расфрла со коктели на девојчиња во кафичот што бевме излезени. Во голема институција тек ако работите, таму е најголем разврат, секој со секого спие и се изневерува. Да не зборувам пак колку дома сопругите ги гледаат како невини ангели со кои имаат ванила секс, а настрана си исполнуваат секакви фантазии, не сакаат сопругите "со таква уста да им ги бакнуваат децата". Се сум видела, се сум слушнала. Еве, дури и да се во брак во кој одамна искрата изгаснала, секако дека не е решение да го пикне во првата што ќе ја најде, туку разговор, проба за подобрување на односите, крај краева ако тој брак е целосно истрошен и развод. Се е подобро отколку да видиш или слушнеш дека сопругот или уште побрутално родителот (пошто и децата страдаат) има друга. А не дека жените не осеќаат, сите осеќаат, само одреден процент превземаат нешто околу тоа. Јас затоа и не верувам во институција брак многу, знам дека првата шанса за "лесен секс" или "подобар живот" (ова кај жените) многу души ја искористуваат. Ретки, ама стварно ретки се тие што ја почитуваат институцијата брак и се однесуваат како што треба во истата. Посебно поновиве генерации. Конкретно на темава, никогаш не сум била со оженет човек, никогаш нема ни да отидам.
99% Си во право и се согласувам.И јас би се запрашала,па и него би го прашала каде јас згрешив.Но постојат и искомплексирани мажи од некоја друга предходно,или некој друг момент од минатото,па си го хранат егото и си ги лечат комплекси со заведување на други жени,и си викаат вау ама фраер сум и посакуван од жените,не само од мојата.
Прво ретко кои згрешиле, ама и да згрешиш треба седнување и муабет а не да отиде одма со други. Нели бракот е да се биде заедно и во добро и во зло? Фала богу нема да биде секогаш се мед и млеко во брак, тоа во врска идат лоши периоди, за во брак кој трае со години можам да замислам. Мајка ми вака ме има воспитувано, ако замине со друга види кај си згрешила, прво бракот не е целодневно исполнување на желанијата на мажот, второ зошто само жената мора да се труди тој да е задоволен, зошто мажите не се тропнуваат по глава малку и пробаат да се потрудат и жената да е задоволена, еве for a change. Ве молам, ама значи ве молам не си ги воспитувајте ќерките дека ако тој шврља дека тие се криви. Не се. Инаку да не биде дека само мажи плукам и кај жените е многу застапено изневерувањето, само што кај мажите најчесто е само тестостерон во прашање, а кај жените речиси никогаш не се само хормони.