1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Не им е фино да се втори? Ако првото било супер не би постоело второ така дааа.....
    Ако некоја оде со мојот маж, таа мене нема да ме понижи..туку лично маж ми, шо му недостига кај мене па со други??
    А жената шо е со оженетио, шо е виновна шо се заљубила у таков?
     
  2. coki35

    coki35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    1.530
    Пол:
    Машки
    па добро сум ја утнал темата, сум згрешил и што сега треба тоа да се злоупотреби и користи двосмислено? и во случајов кој тоа би го искористил и би го направил некој што е културен и добар човек?
     
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Aма ти не си заљубена во оженетиот.
    Да си заљубена не би поднела да бидеш замена, и да знаеш дека после тебе се враќа кај 'вистинската ', која му е за пред сите пријатели,општество, фамилија, а ти си само за во кревет :)

    Туку досадно ви е во животчињата ваљда, и сакате промена, и таа промена ја мешате со заљубеност.
     
    На Dream-Girl, Ivan4e04, SwanMay и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    2.827
    Пол:
    Женски
    Жената, фамилијата се секогаш на прво место, како и во пријателството, се друго доаѓа второ, трето во некои случаи и небитно.
    Секако дека мажот е главниот кривец али ти немораш да му ја приуштиш таа сатисфакција заедно да работите зад грб на една жена, тргнувајки од тоа дека си жена.
    Ако фали нешто во бракот тоа се решава со разговор, консултации па и брачни советувалишта.
    И не секогаш фали нешто во бракот, некогаш некои мажите сакаат да употребат сексуален предмет доколку некоја си го дозволува тоа.
     
    На Tan4ence, Ivan4e04, Joi и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    ако е да така да, у право си
    Ама нашата врска не беше тајна не кривмее, сите ззнаеја, сите шо ме познавааа
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    А тие што него го познаваа? Жена му знаеше?
     
    На cresa-jagoda, Harper, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Не знам шо ви е, ако ви е убаво со некој шо има врска кааков е?
     
  8. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    и тие шо го познаваа знаеа,
    е жена му дозна од ко веќе престанавме
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Чудно, толку многу те сакал, а жена му не знаела. Кој знае зошто не и кажал!
     
    На SexiLy, Ivan4e04, Joi и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    2.827
    Пол:
    Женски
    Кога му било толку убаво со тебе што не расчистил со жената? Кога веќе сте биле " заљубени" ?
    Или сепак на крај се вратил кај тоа првото, вистинското.
    Е тоа ние што знаеме дека има лимит и морални вредности, а пред се достоинство кое не ни дозволува во никој случај да сме втори.
     
    На Ivan4e04, azelea, SwanMay и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Можеби не сфаќате, затоа шо не сте биле у таква ситуација
    коа ке осетете на своја кожа подруго е
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не може да осетиме.
    Вие се водите по животински нагон, а ние по човечки инстинкт :)
    све најбоље,позз
     
    На moon1, Dream-Girl, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Исто е нагон и инстинкт.. сексот е нагон и инстинкт и кај животни и кај луѓе.
    Свесна одлука го правиме да биде, поради способноста за логично резонирање и емоциите. Нагонот, си постои, без разлика дали одлуката е позитивна или негатвина.

    Воедно, многу ми е мило што на темава се разви, вистинска дебата, а не само врескање, инаетење и навреди.

    он-топик

    Не можам да зборувам за љубовна врска со оженет, за романтики, излегувања, држење за раце, шепкање љубовни изреки, затоа што не сум имала такво нешто, нити го посакувам, нити ми е цел.

    Но можам да зборувам од аспект на жена која имала секс со оженет.
    Ги прочитав последниве страни и дојдов до некои заклучоци.

    Прво, точно е дека активно учетвувам во 'омаловажување' на нивните сопруги.
    Но исто е точно, дека не се чувствувам виновна, поради повеќе причини.

    Тие со кои сум разговарала за секс, најчесто сум ги наоѓала на сајтови кои се исклучиво наменети за такви средби. Најчесто, тие мажи, пред и да знаат дека постојам, си направиле профили, со нивни преференции, со слики од пенисите... И сите од нив, значи до последен, барем еднаш ја изневериле сопругата предходно.
    На ни една нивна одлука, пред јас да се појавам, не сум влијаела, и затоа, не сметам дека е моја вина, нивната одлука да стигнат до тоа да изневеруваат. Свесно го прават, исто како и јас, не се глупави или да не знаат што е добро, а што лошо.

    Најчесто завршува само на допишување, затоа што, сепак, треба и да си се допаднеме еден на друг, за воопшто да стаса работава до кафе, а за до секс, е уште покомплицирано.

    Намерно одбирам оженети и повозрасни од мене. Поради нивното искуство, дискреција и намалување на можноста некој да се изпозанеси и да се 'заљуби'. Сакам да остане чисто на секс и не ми требаат никакви драми.

    Бидејќи од прва знаат дека сум стриктно за секс, немаат потреба од лажење за тоа, дали ја сакаат сопругата или не, дали се задоволни од нејзе или не, затоа што тој факт не го менува исходот, бидејќи ни тие, ни јас не бараме врска. Од старт, немаат потреба да ме убедуваат дека не се заљубени, дека страдаат, дека нивните бракови се вакви-онакви.

    Некои од тие мажи биле во отворени бракови, но се многу малку на број... да речеме, на 100 парови, еден. И ко за инает, баш тој маж не ми се допаѓа. Е сега, вие можете да ме судите бидејќи сум нашла еден таков и не сум се сексала со него, ама ми е гајле. Не ми се допаднал и нема шанси да имам секс со некој кој ми е одбивен. И вие не би.. знам.. никој не би.

    Значи, сите наредни се кријат од сопругите. И не претерувам.. со 100 најмалку сум се допишувала, во брак, од различна возраст, 25-50 години.

    Никој не ми рекол дека сака да се разведе! Ниту еден!
    Изговори за изневерувањето има најразлични:

    - Досаден ми е сексот со нејзе - и од такви кои се само некој месец во брак има вакви изјави.
    - Не сакам секој ден само со нејзе, сакам да имам секс со различни, ме возбудува тоа
    - И' предлагав да имаме поразличен секс, вибратор, тројка, итн, не сака да чуе, а мене ми се е*а
    - Интересно ми е, од време-на време, да се гледам со други, онака.. за разонода
    Не ми текнува и други, но генерално, овие се мислам, најчестите.

    За сопругите:

    - Се сакавме, повеќе нема љубов
    - Ја сакам уште, среќен сум со нејзе, но си имам и вакви афинитети
    - Драга ми е, имам деца со нејзе, но сакам секс со други
    - Не сум имал секс со сопругата со месеци/години. Ссекс ми треба, а со нејзе не можам/не сакам (од икс причини)
    - Убаво е човек да проба и нешто поинакво од тоа што има дома.
    - Имам секс со нејзе, ама сум таков човек што сака да проба се' и сите жени.. да имам можност.
    Има и од ова други, ама не ми текнуваат во моментов

    Да повторам: Ни еден, не рекол дека сака, или планира, или размислува да се разведе!

    Најчесто, сопругите, барем во еден момент се сомневале во нивната верност. Не се жените наивни, како што си мислат некои. Може не знаеле со која, како, каде и кога во детали... ама инклинг имале дека 'нешто има'. Има такви кои и дознале, и се конфронтирале, и стигале и до разделби, но се смирувале, а мажов си продолжува по старо. Е сега.. знам еден случај, во кој маж престана да го прави тоа откако го фатија... Ама тој е само еден.

    Некои луѓе свесни се за тоа дека едниот, или двата изневеруваат, но одлучуваат да 'подзамижат' и да си тераат со тој начин на живот... Тие ги нарекувам: Полу-отворени бракови :)

    Сум запознала вакви мажи, од најразлични бранши, ниво на образование, социјален статус, етничка припадност, возраст итн.. не сум заприметила разлики во однесување, кои зависат од таквите работи.

    Предолг ми е постот, а не е се' за што сум чула директно од маж кој изневерува.
    А не ни начнав да зборувам за тие примери кои не се од такви сајтови ... ни за такви кои не се мои лични исуства, туку биле само исповеди од пријатели и пријателки.

    Варијациите на темава се бесконечни.

    Единствен заклучок ми е: На луѓето им фали искреност. Сите се очајни да добијат искреност, но ретко кој е спремен да чуе искрено од партнерот за што се' размислува и/или прави, и ретко кој е спремен да каже на партнерот за што се' размислува и/или прави.

    Во обид да се 'зачуваат' врски и бракови, искреноста се жртвува и станува луксуз.
     
    Последна измена: 29 јули 2018
    На Milobebence, Дискретниот, LaSchtroumpfette и 4 други им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    @WildMk Се е јасно од напишаново Вајлд.Сума сумарум на темава е.
    Од овие набројуванкиве, мене ми се преврте нешто во желудникот, а ти не гледаш ништо лошо, апропо тоа никогаш не би можела да бидам сексуално привлечена од некој со таков став и размислување и начин на живот. Horny is a state of mind.
    Истиве мислам не би биле толку либерте ако дознаат дека и на жена им и фали нешто, па иде и надополнува со други.
    Факт е дека на мажите полесно им се простува неверство во ова општество, отколку на жените.
    " Маж е тоа, му треба, такви се тие.. ". Оправдување ќе се најде одма.
    А жената ќе го носи неверството како црна дамка цел живот и плус етикета на челото - курва.
     
    На Gosh, Sejfullai, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Баш тоа сакав да кажам. Зошто се декларираш како "борец за female empowerment" и напаѓаш девојки дека се "премногу жени", ако учествуваш во активно омаловажување на жени?
    Што е ослободувачко, зајакнувачко, возвишувачко во тоа да нападнеш жени за нешто што го прават на своето тело, додека ти активно влијаеш негативно на животот на друга жена?
     
    На Gosh, Annath, Ivan4e04 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.227
    Многу дискусии и во скоро секоја - како им е убаво да се втори?
    Баш ги брига што се втори.
    Може тоа им е целта!..сака дискретни средби, секс и ништо повеќе, а тоа го добиваат од оженетите мажи.

    Од секогаш го имало ова и ќе го има.

    Далеку од тоа дека го оправдувам и велам дека е ОК, ама СДК -никогаш не вели "никогаш".
     
    Последна измена: 29 јули 2018
    На naturally, evangelina.ina, doubleg и 6 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    хм ... како прво, на ни еден од тие тројца не сум му била прва надвор од бракот. Ако не сум јас, ќе најде друга.. Тоа го повторивме сите неколку пати, и без разлика колку грубо звучи, мене ми е валидно оправдување.

    Се мислев наредново што ќе го кажам, неколку пати да го напишам, но се премислував.. со денови. Затоа што знам дека ќе ви даде само додатна причина за осуда, бидејќи 'ете ја, се правда со глупости'.

    На сите со кои сум зборувала подолго, сум им рекла: Зошто не и' кажеш на сопругата? Нели ти е жал да и' го правиш тоа зад нејзиниот грб? Мислиш ли дека е будала и не знае што се случува?

    Знаеш какви одговори има на тоа?
    - Нема никогаш да дознае
    - Се сомневала ама секогаш сум се извлекувал

    и најбрутално:

    - Многу ми е гајле! Ако сака нека ме остави.

    И сега јас треба да немам секс со него?
    Треба мене повеќе да ми е гајле за жена му, отколку него што му е?

    Нивното однесување ме 'пери' од вината.
    Јас пред себе, и пред сопругот сум си чиста.
    И ова го повторив неколку пати.. ама нека.. нека биде пак речено.
     
    Последна измена: 29 јули 2018
    На $ophia и Lizzie им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Јеп, тоа е реалноста. Затоа мене ништо веќе не ме изненадува, ќе пукне некој "скандал" за тоа кој со кого одел, мене ама ич не ме зачудува. Затоа и во претходните постови напишав дека не верувам во брак. Без разлика која и да е причината, дали middle age crisis, дали недоволно секс, дали едноставно сака да си има секс со други жени... небитно.

    Тргнете од тоа дека пола од браковите се прават оти девојката останала бремена, за да се задоволат родители, за да се задоволи народот што ќе каже, да се скрие сексуална ориентација, од корист за пари и многу други. Па после кога детето ќе порасне, родителите ќе стивнат, народот ќе си најде друга занимација...чорба.

    И мене ми се превртија цревата кога го прочитав постот, ми се превртуваат секогаш кога ќе слушнам вакво нешто, ама не ме изненадува.

    Не знам друго што да напишам, ништо паметно не ми текнува, да пишувам утопистички како треба да е и што е погрешно а што правилно нема сврха, реалноста е сосема друга. Со лесно нека ни е на сите, друг муабет немам.

    Едит: Не е точно дека не се разведуваат, или дека не ги оставаат жените. Не се заљубиле. Моментот кога јас го добив ова размислување беше кога пријател на татко ми ја остави жената со 4 деца, за да замине со друга во Швајцарија. Прекрасна жена, госпоѓа, културна, баш на место. Дојде еднаш кај нас дома кога и беше претешко и само рече дека се заљубил и решил да остави се и да оди со неа. Претходно делуваа како најзаљубен пар. Мислам дека таа нејзина судбина дури сум жива ќе ме прогонува.
     
    Последна измена: 29 јули 2018
    На Gosh, SexiLy, Dream-Girl и 16 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Има и добри бракови.

    Се' во животот носи ризик од несреќа, самиот живот можеш да го гледаш како несреќа... болести, скршени срца, сиромаштија итн... Но тоа не значи дека не треба да 'веруваш' во животот.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Јас се прашувам како имаат време, енергија а богами и живци за повеќе од една жена во животот.
     
    На H.VAGA, Annath, Grungie и 22 други им се допаѓа ова.