Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па немаат жена дома, имаат слугинка. Немаат никакви обврски и затоа имаат време за други жени.
    Јас сама и без семејство немам време за бесцелни врски, а не да имам цела фамилија зад мене. Затоа викам, активен процес на омаловажување на жените, ништо повеќе.
     
    На Gosh, BoaVista, H.VAGA и 26 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Зависи.. Повеќето го прават тоа релативно ретко. Бидејќи, најчесто е само за секс.

    Оние кои компулсивно изневеруваат, и оние кои одржуваат долги врски надвор од бракот, и мене ми е чудно, како се снаоѓаат. Да лажеш постојано, за се' е страшно напорно.

    И тоа важи и за жени и за мажи.

    Има такви:
    'Јас си идам од работа и сакам да ми е спремен ручек, салата, ракија.. на маса да ме чека'

    После тоа, киднува некаде, ни кажува каде, ни со кој, ни зошто.. И го нема цела ноќ
     
    На stetoskop, Dust, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не мора да го нема цела ноќ. Целиот процес на правање профил на социјална мрежа со цел да изневериш, со криење да се допишуваш, до договарање средби па макар и да се на еден час вклучува лажење трошење време и исклучување на жената од твојот живот. Емоционално стабилна особа не го прави тоа, не игнорира личност која ја има до себе за да задоволи страсти, па која и да е причината. Тоа е вложување време и пред се енергија да сокриеш нешто што не може ништо добро да донесе.
    Кој ментален напор е да мислиш во секој момент да не ти го земе жена ти телефонот, компјутерот, да не види случајно? Кутрите тие, кој знае какви психички проблеми имаат.
     
    На Gosh, Annath, SexiLy и 19 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    И порано постоеле вакви врски, со оженет, со мажена, ама денес предизвикот е поголем. Не ти треба дејтинг сајтови. Фејсбук и Истаграм се и повеќе од тоа. Па и на твитер се спанџуваат. Во Америка тиндер се користи на велико. Еден другар каде што престојував лично ми покажа како за 5мин свајпање на тиндер се наоѓа женска за излегување (читај секс). Дали била мажена, женет, тоа веројатно никогаш нема да дознаеш. Се што знаеш е дека била конектирана на 1.2 милји од тебе во моментот кога си свајпал, а се останато е фантазија, игра, лага, авантура итн.
    Еднаш седевме во еден бар и одма до нас беа еден пар. Ги слушав како си поставуваат најосновни прашања, од каде си, со што се занимаваш, каква музика сакаш итн. Се гледаше дека се „од тиндер“. Дечкото отиде до веце, а девојката ми се насмевна, си рековме хај и почнавме муабет. Она дури се доближи до нашата маса со столчето. Дечкото се врати, виде дека праиме муабет и не беше ни љубоморен, туку и он насмеан си праеше муабет со нас. Ептен фри стајл. А на шанкот наредени тинејџерки, до нив 35-40 годишни теткици, па дечковци помеѓу нив, едните бели, другите црни, не се знае кој со кого дошол и отишол, а не па мажени женети :)
    Не дека и кај нас го нема ова, ама посебно искуство е во Њу Јорк каде што никој со никого не се познава и никој не се плаши дека утре ќе го оговараат у клас или на работа или у комшии.
     
    На $ophia и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Поголема достапност има, на различни начини од порано. Не дека порано имало помалку изневерување.
    Зборувам за до пред 40тина години.

    Мислам дека исто се изневерувало, само местата на кои се запознавале биле различни. Најчесто на работа.
    Не за џабе, институции и фирми во кои има 3та смена биле најоглемите бордели во државава :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Само доказ колку си стереотипен. Апсолутно не мора да се "од тиндер" и не мора да се нашле само за секс. Може се од фб/Инстаграм. Може се од било кој дејтинг сајт, може ги наместиле пријатели. Има милиони причини зошто двајца би седеле заедно и би се запознавале и не би размислувале само на секс.
    Зошто би бил љубоморен и да се 20 години во врска, а не пак штом се тукушто запознале. Не ти се случило никогаш да разврзеш муабет со некој непознат кога си со партнер? Или кога си со едно машко излезен не смееш апсолутно никаква комуникација да имаш со друго личности од спротивниот пол?
    Од кога вечерните излегувања се ограничуваат по пол, возраст, раса и брачен статус?
    Од кога немаш излезено кај нас, жити се :rofl:

    Сѐ на сѐ, стереотипно и бескорисно мислење многу слабо поврзано со темата.
     
    На Gosh, Ana.brojka, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не ги карајте сите мажи кои се обидуваат да кажат нешто на темава.
    Пуштете ги од нивна перспектива да кажат мислење, или уште подобро, нека споделат искуство.
    Повеќе ќе научиме.

    Ако само ги напаѓаме, ќе се повлечат тие што коментираат, а други кои сакале, нема да си дозволат, поради ризикот од исмевање.

    Исто и за жените кои се спремни да споделат искуство и своја перспектива.
     
    На Jane.Birkin, hermosa и EvAngelos им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Извини Вајлди, ама стварно ова не звучи како валидно оправдување.
    Како би било сите да размислуваат така? Ќе има и прва, и втора, и трета... задоволство, празнење и остварени фантазии на претек за таквите површни и неодговорни сопружници кои не го ценат семејството. Добро, да, и за тие жени со таков став кои ќе им пристанат, ама им вреди ли само за тоа?
    И како би било ако размислуваме вака и општо за сите морални прашања, посебно еве за правата на жените и меѓусебното почитување меѓу нив? На пример, ако јас не ја сметам XY за к**ва, некоја друга ќе ја смета... сфаќаш?
    Не ми е толку грубо, дури ни аморално – мене едноставно ми звучи премногу... рамнодушно од страна на личност идеалист и феминист како тебе.

    Сфаќам од страна на твојот брак дека имате отворена врска, слободоумен и сосема искрен однос со сопругот – ама проблемот е со семејствата кои си ги уништуваат тие мажи.
    Постовите ти ги разбирам во смисла дека ги предупредуваш другите жени што сѐ има и дека ги осудуваш ваквите мажи со сите тие набројани реплики – па како може такви луѓе да те привлечат...?
    Очигледно си способна до крајни граници да го одделиш сексот од емоциите, идеалите и сѐ друго... што е малку тешко да се свари :)
     
    На Gosh, Ivan4e04, Tan4ence и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Можеби те искористил за секс и си му здосадила и толку од "врската".
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    На сексот гледам како и на повремено да се опиеш.. забава :)
    Малку групава споредба, ама за мене сексот е само игра, ако е со некој со кој немаш чувства.

    Во еден пост некаде напишав: во тројката, третиот го доживував, буквално како дилдо со раце, уста итн.

    Низ историјата се докажало емпириски, дека потиснување на сексуалниот нагон, може да доведе до психички и емотивни проблеми.
    Како екстремен пример, ќе ги земам католичките свештеници кои 'станале' педофили, и некои случаи на сериски и масовни убијци кои поради фрустрации од нереализирани сексуални потреби, станале жено-мрзци, садисти и убијци.
    И од друга страна хомосексуалци кои се жртви на опресивни општества, и мораат да го потиснат својот сексуален нагон.
    Милиони луѓе, секојдневно се одрекуваат од секс, поради срам, страв, правила, осуда итн... Зборувам за консензуален секс, помеѓу двајца возрасни.

    Не верувам во моногамност. Од проста причина, што за мене е нереално, 10-20-50-70 години, сексуално да те привлекува само една личност. Нема шанси да не срентеш во толку време, некој кој нема да те привлечи на тој начин. Сум го пишувала ова и на други теми.

    Не практикувам, на луѓе кои ми се битни во животот, да им ветувам работи кои не сум 100% сигурна дека можам да ги исполнам.... А си ја сакам и слободата на изразување, мислење, одлучување итн. Кога имам целосна слобода, како и кај секој друг човек, чувството на притисок кое би се јавило автоматски паѓа, со тоа и 'предизвикот'.

    Ги разбирам сите. Дури и тие што ме нарекуваат со погрдни зборови, и тие 'швалери' и 'швалерки' и сите. Животот не 'калеми' на различни начини. Секое искуство допринесува во нашето градење како личност. А за никој не можеме да знаеме, што се' проживеал и како тоа делувало на него, и што допринело до тоа да е таков каков што е. Некогаш, ни за себе не можам да 'доловам' се'.

    И најбитно: Практикувам 100% искреност со партнерот. Затоа што сакам се' да споделам со него, секоја моја болка и насмевка, секоја случка, искуство, желба и потреба, се'. За ништо не сум го излагала, и никогаш нема да го излажам, затоа што сум човек кој е искрен по природа.
     
    На stetoskop, doubleg, Jane.Birkin и 4 други им се допаѓа ова.
  11. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Вајлд не го користи ова како оправдување туку таква е реалноста. А дека со пропаганда на осуда ќе се намали бројот на жени што ќе идат со женети мажи, мало сутра. Секогаш ќе има жени кои нема да имаат проблем со тоа што мажот е женет и со тоа што они се втори.
    И сега у случајов Вајлд е искрена а има многу такви кои за да избегнат осуди не признаваат иако истото би го направиле.

    Како што кажа и погоре една членка веќе ништо не може да ме зачуди што се немам видено и изнаслушано до сега така да институцијата брак ја сфаќам како еден вид формалност јбг cruel reality...
     
    На stetoskop, KateKane и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Јас сеуште верувам во искрена љубов и во бракот како институција.
    Мислам дека се' е поправливо.

    Ни фали само искреност, на сите.

    Ќе кажам една често повторувана работа од жени: Сакам јас тројка, сакам и да имам секс со (пример) колега од работа, ама нема шанси да му признаам на сопругот.

    И жени има кои изневеруваат... во многу поголем број, отколку што мислиме дека ги има :)
     
    На EvAngelos, honest girl и Mr. Right им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Девојко, искулирај малку. Не за џабе пишав „од тиндер“ во наводници, баш затоа што не мора да значи дека буквално се „од тиндер“, туку од било каков дејтинг социјален медиум. Тиндер и Инстаграм најмногу се користат таму, затоа пишав така. И никаде не пишав дека тие биле само за секс. Не се врти се околу сексот.

    Од вчера на пример, за разлика од сите твои непреспани ноќи на форумов :)
    И никаде не ограничив вечерни излегувања на пол, возраст, раса, брачен статус. Едноставно ја опишав глетката таму. И да, стојам зад тоа и е општо познат факт дека на западот бројот на 35+ жени во ноќните клубови е драстично поголем отколку кај нас. Твоите стереотипи за мене се поголеми од стереотипите што ти веруваш дека јас ги имам дури и според твојот начин на гледање на нештата.
     
    На doubleg и WildMk им се допаѓа ова.
  14. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    7.335
    Mila, stavi me na klada I zapali me poradi mojata spored tebe zatucanost. Ako ti smeta moeto mislenje preskokni go, bez mnogu da se ischuduvas I pagjas vo nesvest.Vprocem temata e vrska so ozenet maz a ne procenka na mojata homofobnost. Teraj rabota , ova e forum . Se izvinjavam sto tolku te voznemiriv.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    60.480
    Пол:
    Женски
    О, верувам јас во сето тоа. Во брак не. Јас конкретно не сум видела функционален брак, за тие што сум мислела дека се функционални, на крај циркуз изглегло.
    Премногу пати ми било скршено срцето, што од фамилија, што од партнери. Нажалост на потежок начин сум научила дека секоја љубов има рок на траење. Тоа е.
     
    На evangelina.ina, lovestoneddd и honest girl им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Нашиот е функционален.

    Иако многумина ова ќе го сватат како арогантност.
     
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.758
    Допаѓања:
    172.985
    Пол:
    Женски
    Дечки, вратете се на темата и без лични препирки.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    А ако сум немала секс со него?
    Од дека знаеше дека имавме секс?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Сигурно не одел женет човек со тебе за да те држи за рака :smirk:
    Повеќе од очигледно е.
     
    На Gosh, VictoriaSan, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Па сигурно не сте збореле за космосот. Ако имам љубовница се знае што можам да праам со неа. ;)
     
    На honest girl и shining_star им се допаѓа ова.