Некои ете можат да стават граница помеѓу секс и љубов. Дома САКААТ а надвор имаат СЕКС. Кај мене е обратно-ако некого не го сакам т.е. не сум заљубена во него неможам да замислам да имам секс со него. Можеби тоа и ме " држи" да бидам во складна заедница со сопругот. Не е во ред врската со оженет, ама незнам зошто толку палење која со кого имала секс и дали имала памет зашто тој бил женет. Па и она " ја искористи" ми е смешно. Незнам само кој кого искористил. Целиот терет паѓа на женетиот. Нели сака и дома и надвор да е главен, за тоа треба и главата да ти мисли а и џебот.
Не сум имала врска со оженет човек и не верувам дека би имала. Муабетот "што ми е мене гајле за жена му, тој нека си мисли" искрено по малку мене ми е себичен зошто и јас сум жена. Таков маж кој неможе да се воздржи 5 минути, па се лигави по се што е женско не би бил никогаш мој маж. Друго сметам дека секоја криза и проблем во бракот треба да проба да се надмине, а најлесно е трчај по други. Во однос на изневерувањето, во мојата околина има многу и различни примери. Изневеруваат секакви профили на луѓе и мажи и жени. Некои знаат, некои не, некои трпат ради децата, некои нема каде да одат и сл. Во врска е едно ама брак е друго. Ќе ме изневери, ќе се свртам и ќе заминам, чао пријатно. Ама брак е сосема друга тема, кога со некого имаш деца, фамилија, куќа, кредит итн. не е баш така лесно и едноставно да си отидеш како што повеќето се удираат во гради. Не дај боже некој да се најде во таква ситуација. Реално не би сакала ниту јас да се најдам во таква ситуација, не би ми било сеедно, би се почуствувала крајно понижено и мизерно. А примери од околината имало и секогаш ќе има. Знам мажи што знаат дека се изневерени, што жените им одат на викенди, по кафани со швалерите, се допишуваат на фб со други и сл. и си седат и си молчат, очигледно не им пречи.Исто и жени кои знаат дека мажите им се швалерисуваат, па трпат ради децата. Не би сакала да бидам во ничија кожа реално, секој си знае како му е најдобро не осудувам никого. Дури и по малку сум зачудена колку многу неверства има. Не еднаш било случај да ми се пушта или да ми пишува на фб женет маж и многу јасно со која намера. Еден дури беше толку директен па си кажа дека сакал секс со изговор "па кој не би сакал младо и убаво пиле" мислам страшно. Има и такви кои не знаат дека ги изневеруваат, таквите се најгласни со муабетите дека нивниот никогаш не би. Нејсе, сто посто не верувам на ниеден маж. Не знам дали сум била изневерена, барем не сум а јас да знам за тоа. Имам изневерено ама не се работеше за долга и сериозна врска и тоа е тоа. Како што кажа некој наназад, темата е доста длабока и чуствителна, зошто неретко невертвото не е само недостик за секс, туку и многу други работи. Со дечко ми имаме горе-долу добра врска. Не сум го изневерила до сега, не верувам дека ме е и тој ама пак 100% не можам да кажам дека му верувам. Да се разбереме, искрено до сега не ми дал причина за никаков сомнеж во смисла немало тајни разговори, пораки, допишувања и сл. Секогаш сум имала целосен пристап до неговиот телефон, месанџер, лаптоп и сл. ама не сум вршела проверки зошто му верувам. Не сум љубоморна, немало кавги и расправии за такви работи. Ама пак неможам да кажам дека целосно му верувам, зошто работите секогаш ги земам со мала доза резерва. Никој од нас неможе да знае што носи утре или што ќе се случи по неколку месеци/години.
Мислам дека порано имам пишувано на темава, или па на некоја од сличниве теми за изневерување, ама којзнае кога беше тоа, па да направам “апдејт“. Си ја барам бељата, се надевам нема многу да ме карате, не знам дали сакам да се дообјаснувам до бескрај. Ги исчитав последните неколку страни (поточно 7-, од тоа извлеков некој заклучок каков е ставот на повеќето жени за врска со оженет човек. Сосема ги разбирам тие што се изричито против и што ги криват тие што свесно би биле во врска со женет. И девојчено што било некогаш во врска со оженет го разбрав, и целосно ми се валидни и нејзините аргументи, зошто таа била во врска со оженет. И неколку и поставија хипотетичко прашање, дека утре може баш таа да биде изневерената (нели кога ќе биде во брак) и затоа бараат сочуствителност со изневерената жена. А тоа е нели хипотетичка ситуација, што може а и не мора да биде. Дали емпатијата со таа жена ќе и помогне ако утре нејзиниот иден маж ја изневери? Мислам дека би и било исто болно. Од тој аспект, мислам дека тоа што пробувате да и го воочите не би и сменило ништо во дадената ситуација. Дури тоа пто одела со женет може да и помогне, ќе си рече “сама си го барав, одев со женет и еве сега се ми се враќа, ако ми е!“. A барањето да се има емпатија како “жена кон жена“ ми е малку off бидејќи нели целиме кон свет каде сите сме рамноправни, нема сега да се делиме на жени и мажи Исто прочитав дека има мажи што изневеруваат и тие што никогаш не би изневериле. Мене ми е тешко да поверувам дека има маж што ако се наместат картите не би изневерил, освен можеби во првата фаза на заљубеност. Дека може маж да биде вљубен во една жена ми е целосно сфатливо, но да не посака сексуално друга, тоа мислам дека е илузија. Жал ми е (ова искрено пошто гледам колку сме расипани ние “грото“ од мажите), но жичките кај нас се малку подругчие поврзани. Хипотетички, кога збориме за хипотетички ситуации, се прашувам дали повеќето од жените што осудуваат врска со оженет би размислувале исто и кога по некоја случајност би биле мажи? Колкав процент од жените на темава што сега луто коментираат против жените што се во врска со оженети мажи (нормално и мажите што изневеруваат), кога би биле мажи наместо овде сега би биле во кафана “бркајќи нешто“? Се извинувам, не ми е намерата да се контрам со никого, само сакав да дадам малку поинаков (извртен) аскект на нештата.
Јас пак мислам не ни може да се размислува на темава од поинаков (извртен) аспект од типот “што ако”, оти и баба да имаше патлак ќе беше дедо, ама нема и не е, па според тоа и работите се такви какви што се. Не осудувам, кој што сака нека праи. Ама да ми продава некој ветер и магла дека љуби еден, а ебе друг... не знам баш. Оти љубовта е себична. Кога љубиш некого, душата и срцето не ти даваат да го делиш со други. Делењето на партнерот со други може да е многу работи, ама љубов не е. Не би била со женет, ниту со ерген додека на друг му се предавам и ветувам како жена и сопруга со сите мои доблести и маани. Не можам на никому, а не ни сакам, ниту пак е моја работа да кажувам како да го живеат својот живот, секој нека се води како си мисли.
Прво и основно, ме нервира што темава е само за оженети мажи. Жени кои се во брак и изневеруваат има колку ти душа сака. Многу од моите пријатели и пријателки, знаат за нашиот отворен брак и за секс никогаш не ми било проблем да разговарам отворено.. со никој. Е сега, тие кои сум им раскажувала за мои искуства, ми раскажувале за нивни. Има бракови кои се отворени, кои практикуваат тројки, свинг, оргии итн. Ретки се, но постојат и кај нас. Ако сакам, можам да бидам дел од 'тој свет', но не ме привлекува многу. На таквите 'дружби' може да се сретнат многу парови од Македонија и од Косово. Конкретно, лично се познавам и ми се пријатели, 3 такви парови. Жени кои изневеруваат, а сопругот не знае... О даа.. неверјатни приказни од прва рака знам... Дури и такви, во кои сопругата не е сигурна, чие е едно од децата. Ајде да зборуваме за морални вредности! Не планирам некој да убедам дека нашиот брак е модел по кој сите треба да се водат. Милион пати го повторив тоа, и на оваа тема и на други: Отворен брак, не е за сите! Но тие кои веќе изневеруваат, и мажи и жени, најдобро е да бидат искрени со партнерите. Така, наеднаш ќе рипне бројот на отворени бракови... Бидејќи во одредени случаи, и двајцата веќе изневеруваат или изневериле или мислеле на неверство... Чиста сметка-долга љубов. И не ме препрашувајте на секое, зошто сум во брак ако посакувам секс со друг. Го сакам, ме сака, убаво ни е заедно. За вас е чудно, за нас е нормално. Не сме сите исти. Крај на муабетот.
Не сум за девоjките и жените кои се спанджале со оженет да се сочувствителни со изневерената пошто, да сум на местото на изневерената, не би сакала да сочувствува со мене, читаj: Да ме жали, радо би и' го препуштила да си го чува, мази и пази. Можда кe има поголема 'срека' од мене, во таква ситуациja. Пре би да си мисли на себе и да си го бере своето гаjле, пошто, едно од моите веке ке го има. Не ми е верно дека жена успева да си исконтролира емоциите, да и е 'само секс' и да сето игранje не завршило со плачки. Куп секакви ги знам, па и такви моми демек со патлаци кои, наводно ги држат конците у рака, и сите до една сум ги видела во подеднакво патетична драма со солзи и мрсули, ништо поразлични од оние на кутрите неосвестени жени, кои го чекаат маже да се прибере од креветот на некоja. жал ми е што генерално жените се заплеткуваат у глупи игри ко овие и се осекаат победници и над другите оти демек еб*ле, равноправно..и не биле (за )еб*ни ко таа дома. Правете како ви чини, ваше си е. Чуму сите муабети?! За да ви олесни, за совет, за...Одобрение и разбиранje..? Чуму, побогу. Тераjте си. Темава е отворен брак или врска со оженет?
Не сите се со љубов. Многу жени можат прекрасно да одделат емоции со секс. Исто како и мажите. А дека се чувствувам победник во однос на нивните сопруги, ни малку. Немам такви побуди. Едноставно, ми се ебе*о. А зошто се зборува само за врска со оженети мажи? Што е со омажените жени, кои си се сексаат наоколу?
Се зборува за врска со оженети мажи затоа што е таква темата. Да беше врска со омажена жена ќе се зборуваше за тоа. By the way, а и што има врска тоа? Исти ку*ац, различно пакување. Дефинитивно има и мажи и жени што изневеруваат и што никогаш не би изневериле. И мене ми се наместиле картите, и на партнерот му се наместиле, па никогаш не сме се изневериле. И откако некој ќе стапи во врска или во брак со некој, не му се ваѓаат очите на партнерот. Не би ја измеркал некоја која е јака, стегната, привлечна? Јас би го измеркала некој, што не значи дека во истиот момент сакам да зачнам дете со него. Не е исто да те привлече некоја и да изневериш некого.
Прашувам, Ваjлд, оти се различни теми и бараат друга дискусиja. Каша попара е. Тема ко врска со оженет, некако по дифолт значи таа сингл, господинот у брак. Не дека вакви врски не биле крунисани со брак, па и црковен дури ))) а, тоа што ти го зборуваш, друга тема си бара. За друга дискусиja, независна од оваа. Супер што тебе ти се еб-ло и сакаш да збориш низ темите за тоа, али..темава тука е друго. Почни,ако не постои таква и наjдете си се истомислемичките, па и контрашите. Емоции...ух. Ке да сте чудо од жени. Не познавам такви.
Баш оти е исти ку*ац, различно паковање Најдобро е, насловот на темата да е: Врска со личност во брак. Заради еднаквост Не е друга тема. Не мора по дифолт да е сингл другата страна. Има и многу кои се во брак и имаат врски со други кои се во брак. Точно на темата сум, бидејќи зборувам баш за врски со оженети. Емоции: Сега познаваш една. Мене
Фино што има девојки кои се тешат или им е еден вид изговор дека оженетиот маж кај нив го наоѓа она што го нема кај жената. Во бракот има кризи, а има и такви мажи кои самите се во криза, па се наоѓаат девојчиња за кои во денешно време е во мода врска со оженет. Неосвестената или освестената жена има два избора, да трпи или да се разведе. Додека некој се сити и си тера мерак оти нели мажот треба да му ја мисли, во позадина се распаѓа едно семејство. Се руши домот. А не сакате да знаете што значи тоаи како изгледа. Не сакате да гледате како се руши светот на едно дете. Гневот на изневерената жена ќе помине, таа ќе преброди, ама детето никогаш повеќе нема да ја залепи сликата на мама и тато. Колку и да тврдиме, да пишуваме дека подобро е развод за децата, се лажаме. За децата најдобро е мама и тато да се заедно. Но за жал, такви сме, луѓе сме и правеме глупости, ставајќи ги своите потреби пред они кои сме ги створиле. Затоа, никој да не осети, оти осудите, гневот се најмал проблем. Губењето на домот е потешкиот дел, за кој секогаш виновен ќе е изневерувачот, но ни девојките кои се во такви врски не се невини и жртви. Знаат во што се впуштаат и никакви изговори не ги оправдува.
Не знам во какви средини живеете но јас колку што гледам скоро 70% се фрлени на швалерај. Да објаснам : Прво тоа не може да биде врска туку афера со оженет. Второ некои се во брак само ради децата и не се замараат еден со друг ... Не е можно некој да има швалер а другиот да не знае (ако се отсутни од дома долго време каде би биле ) Има и кога само едниот сака и трпи другиот си го тера животот по швалерки, но ради децата не ја остава жената . Некој си бара само секс на страна иако си ја сака жената , и ке ги полаже девојчињата дека е во несрекен брак , како жената не му давала бла бла и девојчињата им веруваат на тие приказни А некој се толкави дебили и би ја оставиле жената за некоја дроља А тие 30% си имаат складен просечен брак и се со грижа на совест . Да се разбереме , јас не го подржувам оставањето на жената заради дроља , но немам против и секс за една вечер на страна како издуван вентил
Само смени го зборот 'дроља' или и мажите нарекувај ги 'дрољи'... онака.. ради еднаквост. За 'афера' сосема си во право. Нов предлог за името на темата: Афера со личност во брак. - тадааам @Dust , што мислиш за предлогов за името? На темава, не на државата
искрено два дена се изначитав приказни за мали деца, а ова веке е нешто друго, браво све кажано баш како што е .
Имам пишано претходно на темава, дека виновен во овој случај е само мажот што изневерува и стојам на тоа. Тоа дали швалерката имала достоинство или не, дали сакала да биде втора или не, не спаѓа во тоа кој колку е виновен. Бидејќи мажот да не барал некоја немало ни да има швалерка. Ги разбирам и „двете страни“ тука бидејќи и двете страни имаат валидни...аргументи. Љубовта е моногамна, сексот не е секогаш. Реално. За мене и за повеќето и сексот е моногамен, не можиме да се замислиме да се задоволуваме со друг додека сме со еден. Јас никогаш, ама никогаш не сум сакала да бидам втора некому, или само за забава без обврски, особено не на женет човек. Ниту сум сакала ниту ќе сакам one night stands. Не знам дали имате слушнато за demisexual, тоа е она кога не може некој да те привлече сексуално се' додека не формираш цврста емоционална врска со него. Јас сум баш тоа, и иако не можам да го сварам ова отворен брак, не ги осудувам оние кои го прават тоа. Секако, ако е тоа со искреност помеѓу партнерите како во случајот на @WildMk . Таа не е ништо виновна за тоа што има голем број мажи што си ги изневеруваат сопругите. А и немав досега слушнато дека постоело нешто како отворен брак, знаев само за отворени врски. Исто така се согласувам со тоа дека голема грешка е да се бара нешто повеќе од оженет човек освен забава, бидејќи и само забавата ја сметам донекаде како грешка, ама ретко кој женет ќе си ја остави сопругата за швалерката и затоа не треба „залетување“ по такви типови. Сопругата во овој случај е најголемата жртва, никоја не би сакала и не заслужува да биде така изневерена. За мене љубовта значи дека една личност ти е доволна за се', дека ако си целосно среќен/на покрај една личност нема да имаш потреба од други личности, ниту само за секс. Да, вистинската љубов знае да биде себична и така би требало да биде според мене. Но, не ги осудувам ни оние кои не размислуваат така, кој како сака нека си прави.
Не можам да го променам зборот дроља , бидејки заради дроља бев оставена од бивши ми , и мажите што си ги оставаат жените/девојките заради дрољи . За мене тие мажи се лузери и дебили
Тоа што го болдирав, сме јас и сопругот. Јас пак не знаев дека има термин за луѓе кои можат да имаат секс само со некој за кого имаат чувства. Знам такви луѓе, ама демисекшуал, не го знаев зборот. Никогаш не ми било проблем да имам секс со некој без емоции. Повеќе од врските ми биле баш такви. Мажот ми е првиот и единствениот со кого сум можела да гледам иднина. Да не беше сличен како мене, немаше воопшто да бидеме во брак.
sve e trgnato na svaleraj, i prostitucija, sega da fatam primeri da vi pisuvam licno sve jas sto znam i sto se slucuva, veruvajte deka do utre sabajle da pusuvam malku e, samo neznam ne mi e jasno ne mozam da se nacudam od ponekoi so nekoi nivni filozofii, pa kako trebalo da bide, pa sto cini pa sto ne cini, abe ostajte toa site znaeme sto e pravilno a sto nee pravilno,treba da se soocime so vistinata kako sto e, ili ponekoi najverovatno si se tesat i si pisuvaat kako sto niv im odgovara ne sakaat da se soocat so realnosta.