Сеуште има табуа... и тоа како.. Гледај кој постира на теми за секс? 90% се дечишта. Каде се сите оние возрасни жени во брак што се, а ги има на форумов со тони. Во Македонија се' е табу. Сите имаат секс, ретко кој за тоа зборува.
Некако се споија темите “отворен брак“ и “врска со оженет човек“. За првата тема во мојата блиска околина сум слушнала за еден пар,но започнало кога сопругот разбрал дека сопругата имала афера со помлад колега,па што да се прави,се договориле поради детето да останат заедно,но да имаат отворен брак и така си функционираат.Значи некогаш е наметната ситуација како решение,а колку е добро решението,секој си знае,не е секогаш од што некој многу “напреден“ со размислувањата.Е сега,сигурно постојат и такви “напредни“,пример еден пар што ги знаев пред едно 21-22 години,толку им беа срушени сите табуа,јас на пример,тогаш се срамев и кога ги слушав како отворено зборат за некои работи,не завршија заедно,секој создаде свое семејство,изгубив контакт со нив за да знам како им се одвивале животите понатаму,но ниту за едниот,ниту за другиот не би ме зачудло да имаат отворени бракови и да им е сосема нормално.Се е индивидуално! Лично јас не можам,мојот одговор е НЕ и за двете теми.
Јас мислам дека девојката според мене не е крива ако отиде со оженет маж секако дека има некои обвинувања, ама прав маж ако ја знае вредноста на неговата жена и деца никогаш нема да отиде со некоја, никој не му ставил нож на шијата, тоа се слаби карактери машки за жал што после го зафркне и таа и нема никој на улица останат , а и во денешно време овие теми се запоставени 21 век сме значи за мене ова не е многу голем шок како за некои заостанати, девојката секогаш ја обвинуваат што отишла со оженет а не ги гледаат педофилите што силуваат деца и убиваат и крадците се фатиле зотшо оваа зошто онаа отишла со женет.
Најчесто и не е врска. Бар не е за тој оженетиот/омажената. Тој/таа веќе има една законска врска и се она друго е само кој како го перцепира бракот.
Никогаш не би била со оженет. Ама дека мажите изневеруваат и покрај тоа што се претставуваат дека се у среќни бракови е точно. Пред некој ден на инста ми пиша еден, прилично млад, но оженет и со син, сум била преубава, не знам што. Дечкото беше супер згоден и млад, на фб профилна со жената и синот, делуваше демек среќен и многу заљубен, а тој си бара на страна девојчиња. Колку и да беше симпатичен, ја сум прво во врска и не би му вратила, јас ни во врска дури не би изневерила, ни па би расипала туѓа врска, а недај боже брак, второ него нека му е срам што пишува, што се женел и дете дури правел ако уште е неизживеан и му мрда опашката. Дечко ми вика прати скриншотот на жена му, жена му за да си ублажи состојба мене ќе ми вика "сама си ги барала, си го провоцирала". Само го блокнав и завршена работа, иако си викам требаше може да пратам... Никогаш не би била втора виолина на некој, да има жена, а да си игра со мене. Па уште и со дете, ццц. Ни би сакала да бидам изневерена, ни причина да расипам брак и да бидам љубовница на некој. Покрај толку слободни мажи што ќе ми е туѓ во животот. Не сакам да делам работи, себична сум.
Добро е што не си и' кажала на жена му. Голема е веројатноста тебе да те најде виновна, него да го оправда. Еден куп жени тоа го прават секојдневно, му прогледуваат на сопругот низ прсти, ја обвинуваат третата страна.. дури и да немала ништо со него. Полесно им е да живеат во динајл. Ако жената 'му се пикнала', тогаш сопругот нејзин е фин и нема што таа да се расправа со него... Супер си е се'. Мажите се 'неспособни' да одбијат. Мажи се, нормално дека ќе појдат со некоја ако им дозволи. Ги рачунаат за инфантилни.. а не се... Многу добро знаат што прават и го користат до максимум ваквото размислување на нивните сопруги.
e kako moze da bide poinaku ,sve e ist proces, ponekoi vo svetov se spremaat ostatokot od zivotot da go pominat na druga planeta a vie uste ze zamarate so gluposti, neznam. nemie jasno kako poedini toa go razbiraat, ako nekoj maz, ili zena saka da promeni partner prosto za da razbie monotonija i da se izduva na nekoj nacin, ete da receme i pricinuva zadovolstvo, zatoia sto zivotot e eden i mnogu e kratok, i ako saka pa zosto da ne,i sega ponekoi kako toa go zamisluvaat deka tie toa go pravat non stop 24 h bes prestan
sve sto e vo mera ubavo e , samo da ne se preteruva ipak e brak mora da se ima i kontrola, nee isto kako da si sloboden .
Мене сеуште не ми е јасно како некои жени се убедени 10000% дека само нивниот маж не е ко другите и дека не ја вара истото важи и од страна на мажите за нивните верни сопруги. Значи секој вара! Секој! Ако не си ти таа што вара во бракот тогаш голема е веројатноста тоа да е маж ти. Апсолутно се согласувам и го потврдувам тоа на ВајлдМк што го пишува. Абе и тие најпростоте, најзатуцаните мажиња абе и тие вараат. Абе немате појма колку секој со секој што прави. Не вараат само тие што не им се отворила шанса ако им се отвори толку ќе биде. И мажи и жени сите! На крајот од денот нема потреба да се осудуваме едни со други. Прајте си го ќејфот и бидете си среќни со себе. И пазете се многу од тоа ЈАС НИКАД ЈАС НИКАД, од таквите ние курвите неможеме да дојдеме на ред. Шала на страна животот е кучка баш тоа ќе ви го сервира или уште полошо, ќе и варите кафе на швалерката на мажот. Спијте си мирно, верни ви се мажите. Ко да е тоа најбитната ствар на планетата. Ззззззз
Никако не подржувам врска со оженет човек. Сите ние некогаш ќе бидеме во брак и секогаш ќе има некоја помлада и поубава од нас. Верувам дека никоја не би сакала мажот и да ја изневерува додека таа е дома и го чека. И не ми е јасно како девојки може да прифатат да бидат 2ри знаејќи дека никогаш нема да биде признаена и дека после неа пак се враќа таму негде кај својата законска жена. Ако толку сака врска или не му е добро во бракот нека се разведе па нека си мава други. Како демек им било за секс, нема некој слободен дечко за секс или што ? Ако малце жените се држиме до себе и кога некој оженет би ни се пуштал ние го пратиме таму кај што му е местото , не верувам дека мажите ке се чуствуваат слободни да прават тоа што прават. Само ќе кажам кармата е чудо...
Ако ти си ја искусила таа темна страна на животот не значи дека сите ќе ги / ќе се деакларираме како неморални, без принципи, недостоинствени битија. Самиот пост вришти од гнев што си била заљубена, повредена од оженет човек. Апропон ова се надевам во иднина кога ќе сфатиш дека светот не е црно бел, никоја не си дозволува да вари кафе на девојка која и работела зад грб, конечно ќе сфатиш дека секој човек е приказна за себе. И да љубовта го движи светот.