Посмешно е да тврдиш дека сите се исти, само затоа што ти си имала такво искуство. Точно е дека повеќето изневеруваат, ама не е точно дека баш сите изневеруваат. Неможете така да генерализирате. Во врска со кармата, не значи дека и жената изневерувала, туку значи дека на мажот кога тогаш ќе му се врати и ќе осети на своја кожа какво е чувството да се биде изневерен, небитно дали со неа или со некоја наредна.
Се сеќавам дека ти имаше напишено во оваа тема дека си била со двајца оженети...Со едниот дури и децата сте му ѓи шетале заедно Зошто ти имаш такво искуство да кажам,неможеш да кажеш дека СИТЕ се такви.И не сите изневеруваат,има некој со прст во глава не со раширени нозе.
Јас мислам дека хормоните (и гените веројатно) се многу битна работа. Мозокот работи различно, различно размислуваме зависно од хормоналниот статус. Да не беше така ќе се изначитавме теми отворени од мажи за инвитро по машки форуми и теми за спорт и секс овде.
Јас до сеа не сум дознала да сум била изневерена од некој дечко со којшто сум била во врска, ама не ја исклучувам можноста дека тоа не де случило, само не сум дознала штознам што ми правеле зад грб можно е, а можно и не. Додека пак јас сум изневерила и сум се гледала до сеа со двајца што биле во брак. А башка што од сите парови што ги познавам едниот партнер вара, што сум видела, слушнала, што ми се довериле сами значи се е тоа распад систем, партал систем. И моите констатации се такви какви што се затоа што баш тие личност што сум мислела дека на мравка не газат се најголеми швалеришта и најрасипани. Исто и жените што се најгласни во осудите и морализирањата, се тоа паѓа у вода коа ќе најдат некој да ги "истресе" ко што треба. Затоа плиззз тие муабети кај мене не проаѓаат. И немора одма да бидете буквалисти, СЕКОЈ е да речеме 99% од луѓето, секогаш ќе ги има тие 1% што мажот е ептен ружен и незнае 2 реченици да склопи плус и финансиски неможе да си дозболи љубовница па затоа и не си ја вара женичката и обратно. Или жени тие поштените што оговараат на селската чешма им се е*е им се плаче со некој друг ама пусти срам да не ги знорат после или да не ги казни Господ или не дај Боже кармата да ги стигне.
Сериозно? Значи сепак доаѓаме до заклучок дека твоите тврдења произлегуваат од твое лично искуство. Што секако не значи дека си во право и дека е навистина така. Точно е дека голем процент изневеруваат, и дека најчесто тоа се луѓе за кои никогаш не би помислила дека би биле способни за нешто такво. Ама да тврдиш дека сите изневеруваат освен оние кои се "ружни" и слично .... Искрено жал ми е што имаш такво мислење. Ако на тој начин се тешиш и ги оправдуваш своите постапки, тогаш ок. Јас лично познавам многу парови кои се и физички привлечни, паметни, образовани и пред се верни еден на друг. Така да, паѓаат во вода твоите констатации. И ете замисли, навистина е возможно да постои верност во бракот и општо во врските. Жалам за тие што се разочарале и не успеале да искусат вистинска љубов и почит, ама тоа не значи дека кај сите е исто.
Од кај знаеш па ти што им се дешава зад затворени врати? Може тој е геј и си се договорени. Вакви филозофии коа ќе прочитам... Па сум се тешела и правдала, девојче неам потреба од такво нешто, ако нешто посакам тоа и го правам никој до сеа не ми барал да се правдам. Не е дека ја варам пошо сите вараат туку зашто мене ми е ќеиф. Сакам да си го живам животот, како ми е убаво така праам, неам што да се тешам... Сеа моментално сум верена и година дена го немав варано, сеа незнам што носи времето... ни се случија многу лоши работи и веќе не се чувствам среќна и испочнета во врската... Може е до него, има некоја на страна па ме ми се посветува доволно, може е до мене веќе монотоно ми стана... Незнам ќе видиме што ќе биде... Ама у никој случај не се тешам и правдам поготово не на форум кај што ме осудуваат, само си кажувам мислења и работи од лично искуство. П.С. Сите напалени мажи шо ми пишаа порака одје*ете сигурно не сум очај левел да ширам познанства од форум.
Одма или геј е или договорени се. Невозможно е да постои врска или брак во кој и двата партнери се верни еден на друг? Инаку зборувам за многу блиски луѓе, а можеби зборувам и за себеси, нели? И сега ќе ме убедуваш дека дечкото 100 % ме изневерува, само јас не знам за тоа, така ? Инаку навистина незнам зошто се верите и си земате за право да уништувате нечиј живот, кога незнаете вистински да сакате и не се задоволувате со еден човек. Секогаш подобра опција е да сте сами и да живеете како сакате без да ве гризи совеста. Ама всушност која совест? Како и да е, твој живот, твој избор. Али немој да тврдиш дека нема верни луѓе само затоа што ти не си една од нив.
Многу самоцентричен начин на размислување. Твојата реалност, не е ништо друго освен измама, која ја градиш во врска со човек, во чиј живот дефилира друга жена. Теши се дека не живееш во заблуда. Тоа не се бајки, туку се вредности кои би било пожелно да ги пренесеш на своите деца. Никој не го негира тоа дека постојат различни форми на интерес, кај различни луѓе. Можеби е точно дека инстиктите влијаат на нашите постапки, но затоа пак ние сме доволно способни да носиме интелигентни одлуки за тие инстикти. Варањето, има врска со врската на партнерите. Аферата, не е вистински проблем, но е симптом на проблемот. И самата го потврди тоа со мислењето каде пишуваш дека ситуацијата со вереникот не ти е моментално на посакуваното ниво. Значи ти имаш проблем, кој не знаеш соодветно да го решиш. Не мораш да се воздржуваш. Ете не го правиш тоа. Но да споредиш психичко неверство со ова другото, па уште и да изразиш во проценти, е повеќе од непотребно, оти едното со другото врска нема. Ами според која статистика ова?! Твојата?! Очигледно живеам во заблуда. Сопругот ми е ружен, а јас сум цурата што трача на селска чешма и плаче за к*р. Ама се плаши од осуди, абе комшијата да не ме дознае. Уживај и понатаму во животот. Никој тоа не ти го оспорува.
Е тоа само ти си знаеш. Ја да сум на твое место не би верувала, ја ни сама не си верувам од кај знам утре што ќе ми текне а не па на друг. Нормално дека на почетоците љубовта е силна и се е супер ама за после никој неможе да ти гарантира. Како што кажав во секоја брска има некој вид на мамење, ако ти си 100% верна постои маж ти да не е, макар тоа било лике на инста или фоллоу на згодна девојка која би ја зграбчил штом би имал шанса. А и зошто да нема такви желби здрав и прав маж. Јбг тоа е реалноста. Не велам цел живот да се замарате со сомнежи ама немојте после ни да бидете многу изненадени коа ке дознаете нешто. Прифатете ја реалноста и живејте со тоа. Луѓето се мењаат. Од кај сте па и вие толку сигурни дека утре нема да ви се јават чувства за колега од работа и решите да се развефувате, варате или што и да е. Аман луѓе сме, не дме безгрешни, живи сме од крв и месо, сите имаме нагони и страсти, скриени желби и фамтазии. Немој да го чувате тоа толку дкришно во себе. Пуштете ја дивјачката во вас да искочи и живејте си го животот. Мажи секогаш имало и ќе има колу ви душа сака и жени исто... Кулирајте си.
Темата не е психоанализи да ми праиш туку да ми реплицираш соодветно со факт. Објасни ми те молам пошо ја сум у заблуда на кој начин и од кои извори си ти 100% сигурна дека маж ти ти е верен и физички и психички. Од кај си сигурна дека додека лежи до тебе не си фантазита за комшиката што шета низ двор по минич? Пдихичко неверство е полошо сшоред мене. Замисли колку е одвратно маж ти што лежи до тебе да му е бившата у глава ама неможе да ја има па се задоволува со тебе... ауу бљак, болје нека иде нека му пројде ќејфот и нека ја заборави.
Репликата е соодветна, но не ти одговара, и затоа на истата немаш соодветен одговор. Наместо тоа ти се обидуваш да ме убедиш оти сопругот ме вара. А според кои факти тоа?! Освен свое искуство, ништо друго немаш. Не се секирај. Јас мирно спијам.
Мене нема нешто што не ми одговара. Ќе ти одговорам после да седнам од пц туку зошто ти не ми одговори? Кажи ја тајната како да им веруваме на мажите.
Со какви факти располагаш ти во твоите мислења?! Зрела и изградена личност никогаш не би напишала мислење како твоето претходно. Не пишуваш со дете од 9 години, па да очекуваш да ти поверува на небулозите на кои толку им придаваш значење. Секоја чест за обидот, али веројатно не си сериозна дека некој од тука може да ти падне на очајните фори од погоре. Само за ти да се утешиш. Тајна нема. Искреност е во прашање. Така се гради доверба. Тоа е она што тебе послабо ти оди.
Mislete dvapati pred da se vpustate vo vrska so ozenet covek kraj kraista od tolku slobodni maski zs bas so ozenet covek bi brkale vrska . P.s moe licno mislenje , ne mora da se slozuvate so mene
Човек што краде си се теши со "абе сите крадат". Човек што изневерува со "абе сите изневеруваат". Итн. Секој сака да се скрие во толпата, небаре тоа го/ја ослободува од лична одговорност. Ако сметате дека нешто е правилно, правете го тоа макар сте и единствени на планетава. Исто и ако е погрешно. Водете се според вашите убедувања. Не скокајте во Вардар само затоа што сите скокаат. Лично сметам дека скоро секој од нас знае дека да улетува у некој брак е погрешно. Ама ете има нешто длабоко во нас што понекогаш не тера да го угасиме светлото, да ги спуштиме ролетните и да направиме нешто "авантуристичко", нешто возбудливо, нешто што ни ги дразни и возбудува страстите на малку поинаков начин, навидум безболен и безбеден. Ние христијаните тоа го нарекуваме грев, слаткиот грев, грев што е сладок како мед во устата, но штом го голтнеме е горчлив како пелин.
Леле, преку глава ми е од таквите ко тебе што си се правдаат. Абре, жено, тебе ако ти се јавуваат чувства кон секој што ќе го сретнеш на улица, на другите не им се јавуваат. И дај молим ти се, сексај се со кого сакаш и изневерувај, ама немој да ги правиш сите такви, било мажи, било жени.
Мене малку не ми е јасен концептот на “отворен брак“. Зошто воопшто си во брак? Која е смислата на таквиот брак?
Банкарката веќе нема да ја коментирам бидејќи очигледно живее во некој свој свет, во некоја нејзина реалност каде сите се неверни. Тоа веројатно и е начин на утеха, дека тоа што го прави не е погрешно. Како и да е, дајте да отвориме тема "Отворен брак". Гледам дека доста членови се заинтересирани околу темата, вклучувајќи ме и мене, па да не ја полниме оваа тема со оф топици, мислам дека така е најдобро?