Ај што збориш? Баш сите? А што е за тебе ував маж/жена. По ова што го кажуваш, онака моја слободна процена од око, алудираш на добра фасада и духовна беда. Што отвара прашање ти во која категорија спаѓаш. Да погодам?! - Во “убавите“
Ова е доба на лабилни луѓе и јас го делам впечатокот дека ретко која машка личност не можеш да ја наведеш на неверство. Доаѓам до моментот „врска“ од насловот... За мене е гаднa помислата на интимност со некој кој паралелно има односи со друга жена. Нека се разведе, или нека го напушти домот на жена му привремено, нека земат пауза. Порано ми беше чудно зошто оние што изневеруваат воопшто склучуваат брак, од друга страна почнав да ги разбирам, веројатно секој посакува да живее со свои деца, исто му е потребна некаква гаранција дека староста нема да ја помине сам. Ама се уште сум на мислење дека сингл животот е најдобриот избор за луѓе што не можат да останат верни. Деца и вака и онака некогаш заминуваат од крилото на родителот, а старечки дом е адекватна замена за сопруга при крајот на животот како чаре за осаменост.
Пак не ми одговори пак нешто заобиколуваш. Јас не сум тема на форумов и неам зашо да се тњшам, не разбираш. Јас немам грижа на совест, пак спијам мирно и ми е гајле. Убав ми е животот. Кажи ми ти како си толку сигурна. И зашто ако си толку сигурна у маж ти тргна мене да ми се објаснуваш дека ти е верен. Па што ми е гајле мене за вашиот брак. Јас не ве знам ама варање може до сеа немало ама некогаш ќе има. Ќе му здосадиш, ќе ти здосади... дај со тие бајки не го тупете. Мене прашањето ми беше како ти веруваш. Со што ти има докажано дека можрш да му веруваш. Исрекност? Како знаеш и по што препознаваш искреност? И на крај зашто толку се плашите од неверство? Спиел со некоја ај да е жив и здрав. Бидејќи си подобра од жене барем така се трудиш да изгледаш на форумов не ги прескокнувај прашањава и одговори ми те молам. Би сакала да знам, а верувам и мн други како се гради таа 100 процентна доверба у бракот. И други одговори се добредојдени. А ти па тврдокорна не ти се јавуваат чувства. И зашто ме спомнуваш мене, ако мене ми се јавувале... ја нигде не кажав дека мене за секој втор ми се јавуваат чувства... нешо збунка си. Како и да е фала на дозволата да си се сексам со кој сакам бдејќи имаче пред тоа не го правев тоа. Хахаа Сите јас не ги правам туку такви си се само добро глумат и се кријат. Ќе си сфатите сите сами со тек на време неможам сеа со сила ви ставам у глава. Ете ви и мислење од машко погоре пошто ја сум у заблуда, исфрустрирана и незнам каква.
Точно. Има и мажи што сакаат да имаат верни жени, а тие да си изневеруваат (и обратно). Повеќето се такви.
Ти самата се стави во носечка улога на темава, истакнувајќи го твојот психолошки ефект кон шармот на забранетото овошје. Јас воопшто немаше ниту да те цитирам да не направеше цела една генерализација, само за да ги оправдаш своите постапки. Утехата за твојата комплексна одбранбена реакција и бунтот против надворешни и внатрешни ограничувања барај ја на друго место, а не во мојот брак. Оти сигурно не веруваш во тоа дека тебе ќе ти ја објаснувам, прво сигурноста во самата себе, а после во се што сум изградила во животот. Искреноста, стабилноста и сигурноста, барај ги и натаму во страничните врски кои ги имаш. Можеби од нив ќе научиш за саканите ефекти на "добрите" односи од кои истиве ќе произлезат. Ти не си ги ни разбрала мислењата што ги напишав, почнувајќи од првото. А јас немам намера да продолжам дебата со некој кој не знае да процени поента на едно мислење и како резултат на тоа ги правда своите карактерни дефицити, само за да го задоволи психолошкиот притисок. Твојата потреба да се споредуваш со мене, или останати цури на форумов, јас нема да ти ја задоволам. Од едноставна причина, немам потреба од такви јадни споредби ниту истакнување на моите добри или лоши страни, со цел самоцентричност како твојата.
Бла бла бла, многу пишуваш а не кажуваш ништо... Неам зашо да се правдам незнам како да ти објаснам. Кажувам од искуство свое и на други луѓе. Твојот брак ти сама го спомна од кај би знаела јас иначе дека ти си во брак. Па штом спомнуваш повели објасни. Јас на долго и широко ги имав опишано моите две врски со женети момци. Пак ке ти кажам психоанализи у темава не, имаш посебна тебе еве ако ти е ќеиф изанализирај ме. Ја добро знам која сум и што сум и сум си среќна со себе. Не се правдам, не се тешам... незнам зашо такво мислење. За 2-3 такви мислења одма леле психоанализи, сите експерти станавте. Ви претставив една реална страна на Скопје во кое живеам јас и некои и вие и верујте секој со секој се плеска од младо до старо. Или немате широк круг на луѓе и не искачате да видите што се дешава или добро лажат трето нема. Па нема компанија кај со не се испреплетени сите. Абе страшно е верувајте. И ја не се гордеам што сум варала или со женет што сум била ама ми било убаво и тоа е тоа. Нема сеа шо да се каам, тешам, фрустрирам коа прошло. Лепо је било док је трајало. После секој на своја страна нека си ги сноси последиците. Ако неможеш да издржиш една дебата не ја ни почнувај срц. Со вистинска приказна и факт ќе те шобијам у секое вреже додека ти неможеш да опишеш како стекнуваш доверба па сеа као многу deep пост ми напиша.
Така де, нема да се распадне светот ако легнал со друга. Воопшто не сум изненадена од трендот швалерај кој е веќе јавна тајна за разлика од '90-те . До толку е јавна тајна што жена му и швалерката се први пријателки, он работи со швалерката , а жена му пие кафе со неа и мирна глава
Треба да разберите сите вие, кои сте против неверство, дека не пишуваме овде за да ве изнервираме, туку за да ви кажеме некои работи за кои можеби не знаете. Верувајте, подобар преглед во работите има тој што е внатре во игра, пошто сме сведоци на случувањата. Посебно ако си отворен за својата сексуалност, како јас на пример... фрчат различни исповеди од прва рака. Донт шут д месинџр.
Сериозно? Според тоа ние треба како еден вид “гласници” да ве доживуваме? Оти сте варале? Мене ми е егоистички и егоцентрички - “јас варав и ти кажувам сите вараат, ти поима немаш!!” Јас од друга страна, можам да кажам јас не варам, и од ова “внатре” што јас го знам, има сериозни луѓе што не вараат. Факт е дека сите се дружиме со на нас слични. Ако во ваше друштво сите вараат, во наше не. И не, не е под дифолт така тоа зошто не сме дознале, или зошто осудуваме или што ти ја знам. Едноставно постои и тој мајнд сет, да се биде комплетно посветен на еден човек и српрајс српрајс и така може да се биде среќен и исполнет и задоволен. Треба да сфатите, секој ги оформува своите теории според луѓето околу него. Не има и такви и такви. Плескајте се со кого сакате ваше си е, ама немојте да звучите како хард кор религиозни фанатици дека само вие ох просветлени, знаете се или повеќе од другите.
Кога некој веќе се секса со други надвор од брак, мора ли тоа да биде со женети/ мажени? При толку егрени и немажени.
Wildmk и Банкарката дошле тука да ве просветлат а вие неблагодарни. Они се напредни и у тек со времето а не како вас уназадени што имаат чувство на морал, се знае како треба безобразен и безобѕирен за туѓите емоции да бидеш, бидете малку во тек.
Зошто се вжешти? Ни еднаш не реков дека сите изневеруваат, напротив. 100 пати на темава повторив: не изневеруваат сите, зборувам за тие кои изневеруваат. Ви објаснувам, што знам за таквите.
А зошто се што е спротивно се класифицира како “вжештено”? Ништо лично против тебе, ама и јас само кажувам мислење. Никој не е глуп овде. Сите знаеме дека некои луѓе вараат. Која е поентата од толку повторување примери дека некои луѓе варале, освен ако не е со конкретна намера да се убеди во нешто? Оти никој не остана вџашен од сознанието дека некој варал и никој не рече дека не знаел претходно дека постоело такво нешто. Убедувањето, дека тоа што за вас е нормално треба да е за сите ми смета. Оти за мене не е нормално ако мм ме извара да е здрав и жив, живот иде даље. За мене нормално е да е жив од легални причини, ама после тоа анатомски здрав никогаш повеќе нема да биде. Па тоа не го наметнувам овде како правило и не го пишувам и препишувам цело време.
Тонот ти е напнат. Барем така делува. Мислам дека и ти би можела да процениш, во кои постови сум нервозна. Знам дека никој нема да се изненади од тоа дека има луѓе кои изневеруваат. Претходно пишував примери, за тоа што и како зборуваат и мислат, оние мажи во брак, со кои сум зборувала за неверство. Би сакала да чујам што повеќе примери, за да знам повеќе за начинот на кои размислуваат и функционираат луѓето. И мене не би ми било убаво да ме изневерува партнерот. Не знам сега, дали мислиш дека мене би ми било убаво? Бидејќи и тоа го кажав неколку пати. Друго.. можеби и не ве интересира... можеби сум само јас љубопитна и сакам да знам што повеќе...и можеби има такви кои не сакаат да дознаат повеќе за нешто. Можеби е најдобро да ќутам на темава... можеби незнаењето ни го прави животот полесен... Се' е... можеби...
Првата реченица од твоето мислење е типичен опис на твоите факти за кои постојано зборуваш. Ах, твојата генерализација која милуваш со наводни факти и статистики да ја претставиш. Цело време пишуваме за тоа, а не за твојата магична умешност и склоност кон прељуби и тебе колку ти било убаво во таквите врски. Ниту прва си, ниту ќе бидеш последна. Но веќе ти кажав дека не разбираш што пишувам. Натаму, ме мрзи да те читам, а уште повеќе да ти објаснувам нешто што ниту нацртано нема да го разбереш. Оти јас не сакам да те едуцирам ниту тебе, ниту останати на форумов. Длабокото мислење кое го напишав, го оцени како такво, само затоа што не можеш или не знаеш како да ја доловиш поентата во истото. Мора да ти е многу комплицирано да разбереш. Навистина, не можам да издржам дебата, која нема основна тематика и наместо тоа, почнува да го дефинира товарот кој го носиш врз сопствените плеќи, поради тоа што не познаваш што е искреност. Натаму, ова е дебата која не цели кон ништо друго, освен ставање себе си во центарот на вниманието, постојано алудирајќи на својата среќа, несреќа или фрустрации. Веќе и моите мислења почнуваат да излегуваат од контекст, затоа што немаш соодветни реплики. Следствено, нема потреба од натамошни преписки кои не вклучуваат ништо друго, освен празни зборови. Ти зборуваш за самата себе. А не јас за тебе. Твојот живот, не ме интересира. А твојата заинтересираност за мојот, нема да го оправда твоето пркосно однесување и одговорноста која произлегува од таквата ранливост. Фактите со кои ме побиваш, се само излишни и празни редови во кои ни ти самата не веруваш. Но од друга страна, супер е тоа што те тешат. Ајде сега, цитирај ми пак колку ти не се правдаш и колку тебе ти е убаво. Опиши ја реалноста повторно, со твоите оскудни примери од сопствено убедување и искуство. А ние пак, души наивни. Од каменот подалеку не сме виделе, па не знаеме какви мажи и жени има. Живееме во розов свет и мислиме дека идеалот - еден човек за цел живот, го практикуваат сите. Па сега ти и Банкарката дојдовте да не просветлите нас заблудените за нешта кои не ги знаеме. Јас навистина ќе се изнененадам ако има некој таков кој тоа не го знае. Банкарката ја коментирав, исклучиво поради нејзината небулозна генерализација. А не дека не знам што се постои по светов. Ние, таквите, кои сме против прељуба и кои градиме семејство на едни поинакви идеали и вредности, не значи дека сме слепи и глуви на случувањата околу нас. Нема потреба од постојана едукација, да не речам напнување како мислењата на горе наведената. И не. Никој не се нервира. Особено не Јованти. Една од најсмирените ликови на форумов. Реакциите се насочени единствено кон тоа, прељубниците, да разберат дека постојат и други индивидуи, со поинакви интереси од вашите. И не ви го тупиме тоа постојано над глава, ниту ве едуцираме дека вашето е неправилно итн. Вашиот живот е ваша работа. Ете, и покрај тоа, јас сум фасцинирана од твојата искреност и храброст да го изнесеш тука твојот начин на живот. Но тоа што ти го имаш е сосема друга тема, за која сега не сакам да коментирам. И не мислам дека треба да замолчиш. Секој има право на мислење. Колку и да се разликува од останатите. Јас и натаму можам да дебатирам со тебе, па дури и да пијам кафе со тебе. И покрај нашите тотално спротивни размислувања на темава. Затоа што, јас разбирам дека постојат спротивни идеали од моите. Не сум од тие кои ќе те покажат со прст, еве ја оваа се забавува со такви и онакви, ниту пак би ја покажувала Банкарката од погоре. Немам предрасуди, но нема ниту да дозволам некој да навлегува во мојот живот, мојата интима и да тврди нешта кои нема шанси да ги знае подобро од мене самата.
Непријатно е чувството да се биде со некој кој знаете дека е во сериозна врска или брак само доколку меѓувреме развиете подлабоки чувства за конкретната личност. Ако односот ви се сведува исклучиво на нагонски секс сите овие демагогии се едноставно излишни и беспотребни.. Од морализации исто така нема потреба, ниту од чувство на вина кои често го имаат жените кои се врска со женети, од причина што не се единствените кои ја иницирале и почнале врската. Дека е одлика на лицемерие, апсолутно. Немањето доволно храброст да се признае на девојката/сопругата дека се чувствува потреба за слобода и независност е проблем кој треба тој да го реши со неа, и тука втората негова избраничка нема што да биде мешана.
Каква разлика има дали сексот се одвива надвор од брак или врска? Демек бракот ако е формално/институционално верификуван има поголема вредност од врската. Начинов на размислување слабо не ви е лабилен. Прашањето ти е исто така погрешно. Не треба да се чудиш зошто жените сексаат женети или мажи во врска, туку зошто женетите/верените имаат потреба за секс надвор од моногамната заедница па бараат други партнери.
@Lianna Anna , одговорот, ќе треба да ми биде повторување, на тоа што веќе си го цитирала: Ни наметнувам, ни терам некој да прави како мене, ни мислам дека сите се неверни, ни мислам дека е убаво неверството. Не ве 'просветлив' дека некои изневеруваат. Не мислам дека сте глупави и наивни. Сакав да споделам детали од тој свет, кои можеби, некој го интересираат. Тие што не ги интересира, не мора да читаат. Темата е за тоа, па сакам да дадам придонес во нејзе. Постот на Јованти изгледаше 'нервозно'. Не ја прави нејзе лоша тоа.. само констатација е. Не смее човек ништо да ви рече.. така мислам, така кажувам.
Што сака нека прави секој. Едноставно некој жени немаат достоинство и почит према себеси. Кога се е** немора тоа да биде со некој кој е во брак. Има доволно слободни луѓе.