Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Не оправдувам неверство ни кога е од машка страна ни кога е од женска. Ама факт е дека мажите полесно поминуваат во такви ситуации
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.621
    Пол:
    Женски
    Огромна себичност е во прашање, егоцентричност и неморал.
    Немање емпатија до толку, да поважни ви се неколку оргазми за 2 3 часа, отколку хаосот што би настанал кога сопругата и децата би дознале. Трајни лузни и по жената и децата.

    Ова го пишувам како дете чиј татко константно ја има изневерувано мајка ми. Толку ми е врежано во паметот, што ми е тешко да одржам стабилна врска ради trust issues сите овие години.

    United woman, На здравје оргазмите нека ви се :muscle:
     
    На GirlLove, Hellobeautiful, shining_star и 21 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Да де, затоа што ти и таквите ко тебе ги амнестираат... ги 'разбираат'.. поинаку е за маж.
    Или навредувајте не и едните и другите и сите лошо да поминуваме, или никој.

    Што јунајтед уоман, кога сета вина ја префрлате на жените?
     
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Секако дека за него е во ред Вајлд.
    Он е маж и он дава, а ти си жена и примаш! Како не сфаќаш дека ти си онаа која е грешна и неморална у цела прича? |(

    #AлоСреденВекИмамеЛепотициЗаДавање :)
     
    На SexiLy, baba Rada и WildMk им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.621
    Пол:
    Женски
    Зошто пишуваш вакви ствари ? Бар ти го знаеш мојот став за темава, страници и страници испишавме уназад цитирајќи се.
     
    На shining_star и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски

    Не реков дека и тој го оправдувам ако веќе сака да се ебава со други подобро да ја остави, наместо да ја лаже и изневерува и тој што бара друга при своја жена и таа што прифаќа да биде со него за мене се криви.
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Те цитирав тебе, затоа што ти го напиша јунајтед уоман.

    Нека ја остави или нека и' каже. Тоа и јас им го кажувам ним.. ама не ме слушаат.
     
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.621
    Пол:
    Женски
    Ова ти е колку да се напише нешто. Пак ќе ти кажам имавме здрава дискусија поназад низ странициве јас и ти, се разбравме мислам. Најди една реченица во која го бранам мажот и те частам пиво.Тебе секоја чест за искреноста со своето семејство, а не можам да го кажам истото за мажот кој чим излезе од дома и здогледа згодна жена, не може да си го задржи во панталони, а дома изиграва посветен маж и татко. Ми се кака од таквите кои ги среќавам секој ден.

    Ако мажот иницира, не значи дека втората жена е исклучена од одговорност. Свесно се впушташ во таков однос.

    Јас превише го почитувам женскиот род за да на друга жена и правам нешто што не сакам мене да ми го прават. И очекував од друг female empowerment fighter како тебе да постапува исто, ама изгледа сите различно го сфаќаме принципот. И тоа е океј.
     
    Последна измена: 4 август 2018
    На Hellobeautiful, VDT2906, bebaa и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Љубовниците имаат избор да најдат слободен маж.Со слобдна волја упаѓаат во туѓ живот и тоа повлекува одговорност.
    Постојат многу причини да не се избере оженет маж,неговите деца, сопруга,брачна состојба.
    Кога одите свесно со женети немате почитување ни кон нивните деца.
    Всушност припомагате да добијат викенд татко нели?
     
    На GirlLove, Hellobeautiful, VDT2906 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Natural91

    Natural91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Ха ха у случајов ти играш против жената.
    Пример ако жена нападне друга жена како "сама си го барала" и повеќето ќе ја нападнат таа жена така што збори затоа што сме јунајтед, капиш?
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Соучесник се во растуранje на едно семеjство. Активен и тоа. Ете тоа е вината на женската страна. Ко што мажот е виновен, така и другава. :) да не треба да ja aмнестираме, само ради тоа што он и таака и овака ке го прави тоа со било коja? Pls. Ко шо рече Косми...слободна волja, свесно се улетува и толку. Можете да изберете и поинаку, но не бирате. Возрасни луге носат одговорност и знаат за одговорност. Работата е што така ви чини..да префрлате топка на изневрувачот или некои дури и на сопругата оту нели, не знае да го задржи.

    Сингл купишта ги има. И пошто ти е само за секс, не знам што има да ги анализираш и дискриминираш., Ваjлд. Скроз ок е со нив. Ако решиш за брак, love&romance, тоаш анализираj. :)))
     
    На Hellobeautiful, shining_star, VDT2906 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не реков дека ти ги браниш мажите, само се повикав на тоа 'уомен јунајтед', за да посочам на оние кои ги делат тие што изневеруваат по пол... или јас не кажав како што треба, или не ме разбра... нема веза. не ми беше тоа поентата и тоа е тоа.


    Свесно го правам тоа и намерно. Одбирам мажи од сајтови кои се исклучиво за дејтинг. Ни им ги направив профилите, ни им ги сликав пенисите, ни ги поставив на сајтот. Нивното однесување, мене ми дава алиби. Може не е валидно според вас, ама според мене, е.

    Ова веќе го имам кажано. Исто и имам кажано: Проверете по таквите сајтови, може ќе препознаете некој... па расчистете со него лично. Не со мене.
     
    На Bankarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.917
    Допаѓања:
    177.313
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сум напната, а ниту тонот. Погрешен впечаток. А и да бев, не гледам како тоа би влијаело на дискусијава. Впрочем, моето мислење не е воопшто предмет на анализа и расправа.

    Друго, болдираното. Твојот сопруг те изневерува и очигледно ти си во ред со тоа. Оти во моментот кога сте се потпишале, сте влегле во легална брачна заедница која вклучува двајца. Да ги изоставам романтичните делови од типот дека сте се ветиле еден на друг додека смртта не ве раздели и бла бла бла...
    Секоја ексурзија надвор од тоа се смета за изневерување, знаела ти за истото или не. Не можеш да кажеш дека би те болело, кога ти веќе свесна си ок со тоа што тој го ставил во друга додека е во брак со тебе. Тоа не ми штима. Оти со други зборови отворен брак е тоа.. партнерите се изневеруваат, ама знаат за истото. Не се сложувам дека ако знаеш, го прави делото полесно.

    Иначе нема зошто да ќутиш. Тука дискутираме. Ете јас не мислам како тебе па развиваме дискусија, а и мене љубопитноста ме донесе овде. Отвараш тема, не можеш да очекуваш дека сите ќе се сложат со тебе, ниту дека само ќе ти поставуваат прашања. Честопати и ќе те осудат, во суштина ќе се конфронтираат, ама тоа е дел од дискусијата која и беше цел на темава и требаше да се поттикне.
     
    На shining_star, VDT2906, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Изневерување е изневерување на доверба. Ова е консензуален секс.
    Не пали секс со други.. Мене тој да има секс со друга, него да имам секс со друг.
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.917
    Допаѓања:
    177.313
    Пол:
    Женски
    Тоа е лично ваше поимување на изневерувањето. За многу од нас, изневерувањето е многу повеќе од тоа.
    Другово веќе неколку пати го прочитав и според мои лични убедувања и поимувања на работите, не можам да верувам во тоа. Пак ќе кажам, лично мое убедување кое ниту го наметнувам на некој, ниту тврдам дека е најправилно.
     
    На cresa-jagoda и anaja1 им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    @lovestoneddd
    Често се согласувам со тебе низ темите, но овој пат тоа не е случај. Ќе ти реплицирам во надеж дека нема да се налутиш, и ќе пробаш да ја согледаш целокупната ситуација од една поинаква перспектива.

    Прво, она што не е во ред, не само од твоја страна, туку и од големиот број женско членство кое се има изјаснето на темата, е што несвесно го ставате акцентот на вина токму кај жената. Немате максимално објективен пристап кон оваа проблематика, дури и во моментот кога тврдите дека и мажите се подеднакво одговорни во ваква ситуација. Тоа е така од причина што заборавате дека сеуште, иако живееме во период на еманципација и каква таква сексуална слобода, жените се сеуште дупло повеќе општествено стигматизирани и омаловажувани дури и за најмал пропуст. Со ваквите констатации само го храниме патријахатот, а ќе образложам и зошто е така.

    За момент замисли ја следнава ситуација. Замисли идентичен аранжман, но овој пат жената е онаа која изневерува надвор од бракот, додека мажот е оној кој е "верен". Општеството дознава за ваквото неверство, и што мислиш, каков ќе биде нивниот морален суд? Некои мажот ќе го исмеваат нарекувајќи го наивен и папучар, други ќе го сожалуваат, но заедничко за сите нив ќе биде тоа што ќе навредуваат и плукаат по жената. Што значи во било кој случај од наведените, жената ќе биде секогаш повеќе деградирана без оглед на исходот, а тоа автоматски значи дека се додека е така не можеме да бидеме еднакви, ниту по ова ниту по било кое друго прашање.

    Не, не е така. Постојат многу различни ситуации и околности. Прво, не е воопшто реткост мажите свесни за можноста да бидат одбиени во почетокот да го прикриваат својот relationship статус, а жената да не знае дека всушност човекот со кој се гледа, паралелно зад себе има уште една врска или брак.
    Следна околност може да е следнава. Бракот и претходно не функционирал, но брачните сопружници од различни причини сепак одлучуваат да останат во заедница, со тоа што и двајцата водат двоен сексуален или партнерски живот и не ги интересира што прави другиот. Прашањето кое произлегува од тука, е дали е во ред еден маж да не изневерува и покрај тоа што е во видно дисфункционален брак, во кој и сопругата го прави истото?
    Истовремено, да не заборавиме дека постојат и такви врски и бракови од отворен карактер, (како оној на Wild), каде со договор парот или сопружниците свесно се впуштаат во вакви авантури, каде притоа знаат едни за други и се сосема на чисто со тоа..
    Пример, дали доколку сопругот на Wild (со неа почнав, па повторно ќе ја искористам како пример), и дал амин да излегува со други момци, таа треба да чувствува било каква одговорност за некој кој иако нема дозвола од својата партнерка и е свесен дека не треба да го прави тоа, и понатаму го прави?
    Генерално, (да ја оставиме Wild на страна), како тука е жената виновна, по кој основ? Што уништува таа, каква вредност, кога мажот е оној кој одлучил да тргне во потрага по друга партнерка, наместо да проба да ги разреши конфликтите во сопствената врска?
    Патем, да бидеме искрени до крај..Доколку првата и втората на кои им понудил не се согласат, третата сигурно ќе даде одобрување и нема око да ѝ трепне, а уште помалку ќе дојде овде на форум да ви го изложува својот приватен живот како што тоа го направи Wild, за да можете да ја осудувате.

    ..Сфаќам дека можеби некаде потсвесно сеуште живееш со стравот дека ќе се повтори твојот кошмар од детството, ама тоа ниту тебе ниту било која друга од овде ви дава право да го пренесувате тој образец осудувајќи некој кој има поинакви гледишта за љубовта и сексот како уникатни дефиниции диференцијални за секој од нас и тоа да го граничите со непочит кон сопствениот пол и анти феминизам.
     
    Последна измена: 4 август 2018
    На SexiLy, honey.11, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.917
    Допаѓања:
    177.313
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor Уствари да, така е. Само затоа што се бориме за еманципација и зошто како жени сме повеќе деградирани во конкретни ситуации, не ни ја намалува одговорноста, нит нашата нееднаквост во одредени ситуации е причина и доволно добар изговор да не ослободи од одговорност во оние ситуации кои ти ги наброја. Секое свесно носење одлуки, си повлекува одговорност, за се во животот, па не гледам зошто за конкретниот случај би било поинаку.
     
    На Harper, KateKane, sparklie и 6 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Затоа што некој маж си го сликал пенисот, и го опнал на интернет, и напишал дека бара жена за секс
     
  19. Natural91

    Natural91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Додека не каже кои се тие сајтови значи лаже...нема такви сајтови никогаш немам слушнато..порано имаше valijant.com сега кои се?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Мхм.. тоа што ти немаш слушнато е доказ дека не постојат? :D
    Која арогантност човече...