1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    4.284
    Кој си ја има мувата на капата, плука со неартикулирани аргументи со што џабе воопшто кажувате дека на форумов постоеле многу светици. Ако сакаш така да ги наречиш, нема проблем! ГОЛЕМ дел од членките се згодни,успешни и интелегентни жени кои знаат што сакаат со животот, знаат да ги почитуваат своите партнери а и себеси!!! Да се почитуваш себеси како човек е најглавната работа во животот. Ако знаеш дека си една и единствена на твојата сакана личност е најубавото нешто на светот. А не да живееш во лаги !
     
    На srcekrsacka и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Ете, имало и добри швалерки :angel: кои не му даваат на ''дечкото'' им да се разведе од жената. :!: Просто една жена да посака мажот и да си фати швалерка,ама од оние добродушните да е,да не му дава да се разведе од нејзе. :clap:
    |(
     
    На Alisa22, srcekrsacka, MarchelineAmaru и 7 други им се допаѓа ова.
  3. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Читајќи ги вашите постови ми доаѓа да се запрашам ’’дали ако маж ми си фати љубовница ке ме сака сеуште?’’ оффф со коментариве ме терате да си помислам дека имањето љубовница и не е така страшно ако реши да не се разведува од мене, хаааааааааа значи мене ме сакалллллл а не неа :Р . ц ц ц ц ц ц ... па ако има љубовница сигурно дека не ја сака жена му, а нити па љубовницата во овој случај опишан погоре, тој си игра со двете, си го сака детото и затоа е со жена му, а љубовницата ја мавта 5 години, да сакал една од нив немало да постои другата, дете за дете, може да биде татко и ако не е маж на мајката на детето. Ако толку ја сака љубовницата ке ја оставел жена му, ако толку па си ја сака жената што к*р бара да се пика у туѓа п*ч*а.
    Како ли јас би можела да си го изневерам сопругот кога си го сакам бескрајно, не ме ни интересира друг да го погледнам а камо ли нешто да направам ... сега за сега сум убедена дека и маж ми ме сака како јас него, барем така кажува и покажува, ме мази, ме пази, ме гали :) ама лелеееее да само да го фатаааам со другааа, мислам дека камшикување ќе му биде блага казна, а за дро*ичето пххх, не знам што ќе и напраам, ама нека се пази...
     
    На MarchelineAmaru, eli25 и blond им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    adrianakoukounaras и afrimarinova22 се профили на истата личност и се банирани. Мислењата ќе бидат избришани со цел да не поттикнуваат понатамошна дискусија.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Како можат некои на форумов да бидат дотолку дрски и да ја вбројат авантурата со женет маж во обични грешки, „па, човечки е“...NOT.

    Прво, не мора да си светица ако не си го изневерила сопругот или ако не си одела со женет. Принципелна личност со основен осет за морални вредности нема да го направи тоа иако има направено грешки во животот: се доверила на погрешна личност, издала нечија тајна ненамерно, применила погрешна стратегија во некоја работна задача, несакајки ставила некого во незгодна ситуација, не внимавала па добила кец/паднала на испит/ја отпуштиле од работа ( за ова последново зборам за случаи кога самите сме криви) постојат и многу други вакви грешки кои им се случуваат на луѓе кои знаат што е морал. Мене лично, повеќе од половина од горенаведениве ми се имаат случено и некои останати, значи не сум светица, но никогаш, ама НИКОГАШ не би помислила да се осмелам на таков гаден и низок чекор. Не е исто да ти се испушти нечија тајна во момент на пример и да спиеш со некој знаејќи дека има семејство (и дури некогаш да бидеш толкав мршојадец па да се надеваш дека ќе остави цело семејство и ќе оди со тебе) со месеци, години...

    Втора работа, аман не се правдајте со тоа „сите мажи изневеруваат“ затоа што едноставно не е така. Или вие само така си се тешите за она што го правите? Ако вашиот женет принц на бел коњ ве избрал вас, постојат и женети мажи на кои им се гади од такви работи и не можете ниту да им пријдете.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932

    А ваквите изјави ми прават земјотрес во дигестивниот тракт и добивам ненормален нагон за повраќање. синки си правиш муабет со 15 годишно девојче а не со зрели личности. Не е ова само за Летиција за сите важи. :puke: :puke: :puke:

    А и кога вие ќе влезете во моите чевли и ќе поминете низ тоа што јас поминав, ќе сфатите зошто се противам на таквите како вас и ги навредувам. :bow:
     
  7. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Луѓе,најлесно е да се обвинуваме и навредуваме.тоаќно е дека нема оправдување за неверство,но СЕКОЈ заслужува втора шанса.ИСУС не ли и опрости на жената што изврши прељуба во бракот и и рече:Никој ли не те обвини?Таа рече:Никој .И ТОЈ и прости и и рече веќе да не го прави тоа.
    Тоа важи за ваквите примери,да простиме е христијански,но да продолжиме по тој пат и да одиме во црква макар и секој ден ако не се покаеме,џабе е!!!
    Самите сме виновни,што мајка бараме пред брак да спиеме со мажи,па во брак бараме верност?Тешко е некој што си тргнал по таков пат ,да престане затоа што нема да ја сфати озбилноста и сериозноста на бракот ,било да маж или жена,затоа што за сите важи истото.Не случајно постои БОЖЈА ЗАПОВЕД:НЕ ПРЕЉУБОДЕЈСТВУВАЈ!!!
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Извини НАТАЛИЈА89 ама да не ја претера малце а? ’’самите сме виновни, што мајка бараме пред брак да спиеме со мажи, па во брак бараме верност’’ ??? Каква врска има сега ова? Треба многу да избегам од темава и се извинувам поради тоа ... Ти Наталија кога доби менструација ме интересира? Сигурно во основно, а не на 22 години нели? На која возраст посака маж ти? Или си асексуален тип можеби ... :?: ? Види вака, порано немале односи пред брак ама на 16 биле и тоа како сексуално активни, ги мажеле на 15-16-17 години, а сега родителите очекуваат нивните мали девојчиња да останат мали и немажени барем до кај 25 години, барем во градовите такво е воспитанието, па кариера, па ова па она, а да не зборуваме дека општеството денес и порано дека нема допирна точка, да завршат средно и факултет па после невини да се мажат ... ја мајката, па на 16 години хормоните ти лудуваат бе девојче, ако сакаш невина да се мажиш трпи, што да ти кажам ...

    Извини вака ама морам да прокоментирам во врска со таа жена што побарала прошка. Каде? Кај Исус? А кај маж и? Маж и дали може да и прости? И да и прости, дали ќе продолжи нормално да се одвива нивниот брак? НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИСТО ...

    И уште ова .. какво простување какви бакрачи, коа ке го рашутирам и него и неа у пм ке ги отерам, а на маж ми има германски доручек да му направам од к**** ... Ми се гади од таквите.

    Ипатем сега приметив, темава е ставена во категорија ’’Љубов и врски’’ ... Абе треба да има посебна категорија за темава што ке се вика ’’К*рви и кретени’’
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Миа,сексот е основна човечка потреба,а прва менструација добив на 13.Имав односи на 19.Поентата ми е да се огледаме на некој за да не правиме вакви несакани работи,како што е неверството.Дали и простил мажи,не сум запознаена.Зборот ми е личноста што прави вакви прељуби да се освести и да тргне настрана зашто повредува нечии чувства и растура семејства итн...Каква корист оти ќе ги напаѓаме таквите девојки,еве ќе ја отераме во п.м ,ќе ја наречеме курва ,ороспија и слиќни епитети,но тоа не решението на проблемот нели?
    Треба да се освестиме сите ,зборот ми е кој погрешил само да не си продолжи со истото .Прочитав дека не си верник,затоа не сакам да навлегуваме во дискусија за Исус ,нема смисла ниту дај тебе да те судам ниту ти мене за верата ;) .Поздрав
     
  10. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Не те судам таман работа, тоа што си веруваш е твое лично убедување и не се мешам, јас ги почитувам сите вери и не само што сметам дека се убави туку и сакам да ги проучувам, се ме интересира, едноставно јас лично не верувам во господ. Туку во вркса со твојот претходен коментар, сакам да кажам дека покајувањето не е доволно кога мене некој ќе ми набие рогови или уши долги ко на магаре, нема веќе поента ниту бракот ниту мојата љубов кон него. И не само што не е доволно туку и не вреди, сите сме со разум и треба да го употребуваме :fubar: на време кога станува збор за грешки од овој тип. Постојат грешки не намерни, но овие грешки се прават со предумисла и никој не може да ме убеди во спротивното. И не се однесува ова само на бракот туку и врска, сеедно каква, нема оправдување. :x :x :x
     
  11. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Се согласувам дека нема никакво оправдување,но барем тие личности што се засегнати да ја знаат вистината а дали ќе прости некој или не,тоа е негово право.Сакав само да укажам колку се погрешни неверствата и веќе кога личноста изневерила да престане со тоа и да ја признае вината пред партнерот.Секако дека за да изневериш треба тоа и да сакаш да го направиш,нема теоретски шанси да биде,,ненамерно,,.Ако те интересира нешто во врска со христијанство,тука сум ;)
     
    На MarchelineAmaru и MiaBeMia им се допаѓа ова.
  12. slim

    slim Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Од се со процитав дојдев до заклуцок, дека ни една од тие со терат спас и со се фалат дека се добри свалерки, не се со своите таканарецени партнери од лубов (затоа сто не знаат со е тоа, непознат поим е тоа за нив)и банално е да терат помос, кога уствари терат подрска.
    Секоја си го земала својот дел, кој од години (незреана) кој немало кој да ги советува во рано детство (голема последица)во незрела средина пораснат ,незнае да разграници прво и основно каприц и лубов не поцитуват црвено светно на семафор не зивејат за иднина само за сегасност нивната конфузија и себицност од стравот да не се сами, газе се пред нив, деца сто е нај зално, домови со години труд итд.
    Во еден од постовите, со се изминати процитав несто во стило вие да не сте ангели? за критериумите сто ги напомена ги исполнувам. И да од сега се сметам за ангел.Никогас го немав изневерено мојот ех лубовник а бевме заедно 8 години.и се разделиме имасе огромна лубов, после се премина во несто др(не сме ја негувале како со треба) и така полека полека го преболувам краток периот не сме заедно ама успесно ми оде, знаци ке го ПРЕБОЛАМ мој совет е да не ви стое се занимливо со е цудно, мистериозно,забрането знаци погледнајте и на реалноста во оци и соочејте со со факто дека на ТУЃА НЕСРЕКА НЕ СЕ ГРАДИ СРЕКА звуце излитено нели?Но кога ке се разбудите нема да е така науцете барем малко да се почитувате а првиот цекор е да да си заминате од нивните кревети (само за таму им слузете ,ако не е така нема да сте тука на форумот и да кукате и јас знам дека таа е реалноста и знам дека не се согласувате но уклуцете го мозоко) мој совет заминуванје и преболуванје и наоганје некоје друго хоби цисто само за викент ;)
     
  13. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Треба да си ментално-болна за да си дозволиш врска со женет човек...Дали толку нема момчиња во државава наша па да си дозволиш врска со женет човек,да ја расипеш нивната љубов,нивниот брак,треба да си несовесен за такви работи :puke:.. Зборувам за сите кои го имаа овој проблем,не зборувам поединечно...
    Искрено јас имав дечко одевме неколку месеци,тој сакаше да се жени со мене,но јас не сакав сакав да си го продолжам мојот живот...Така се разделивме,тој најде друга девојка се ожени со неа,во брак се 1 година,и имааат едно преслатко момченце...Срце мало,кога го гледам ми се исполнува душата...И ич не ми е криво што не се омажив...:)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Onegirl95

    Onegirl95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Тоа никако не треба да си го дозволиш.........

    подобро најди си некој слободен .......

    Немајте си работа со женети ...
     
  15. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Строго НЕ за врска со оженет човек! :fubar: Што, нема ли доволно момчиња низ градот, низ светот, па со оженети луѓе да одиш? :^) Помисли само дека неговата жена и дечиња го чекаат дома да се врати на вечера, а ти со него во кревет. Ау, ми се гади од таа помисла. :devil: И тие ОЖЕНЕТИ луѓе немаат никаква култура, ни обзир спрема нивната сопруга или деца ако имаат. Срамота! :fubar:
     
    На srcekrsacka, eli4ka29, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. milaSS

    milaSS Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Ова што го читам на форумов зборува дека сите сме светици! Дека никоја не била со женет човек, дека никоја не изневерила....мислам АЛООООООО !!!!! Дај разбудете се од тој филм, како ние тука на форумов се најдовме само весни, внимателни, безгрешни и ние никако не избневеруваме?! Ако тоа е така какои зошто се случуваат неверствата?????
    значи кој што напишал напишал кој лаже кој крие сам си знае ама нема зошто јас сум сигурна дека половина од тука биле со женет само сега глумат светици, мислам која е смислата да си светица???? Сме прочитале некоја си има мака и бара совет па сеа НЕВЕРСТВО ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ и пишуваме(ако тоа ние го правиме на другата ќе и рече НЕ) со секоја почит кон исклучоците, значи ако некоја направила грешка во животот дајте да и помогнеме а не да ја осудуваме, јас сум била недела две со женет човек сум сватила дека тоа е погрешно и дека тоа ми е испод ниво и си се тргнав фино лепо на страна, момент на слабост сум паднала ама сватив дека јас тоа не сакам мене да ми се случува и се повлеков да не правам такви глупости, човекот беше и сеуште е заљубен во мене понекогаш и се слушаме само онака каде си што си како си што има ново и толку....тој имаше и сеуште има дома проблеми со сопругата затоа што бракот не им е цветен во ниту еден случај и онака кога е изнервиран ми се јавува едноставно да се исплаче а јас толку чувствителе и внимателен човек немам сретнато до сега, драго ми е што го запознав затоа што некогаш и да ми треба совет или пријател знам дека го имам и знам дека никогаш нема да ми даде погрешен совет.

    Е сега да не се разбереме погрешно дека јас тоа го поддржувам, меѓутоа ако некој така си го сватил животот тоа е негово право, меѓутоа сигурна сум дека секој што влегува во таква врска е свесен за тоа и дека сепак чувствува грижа на совест и дека порано или подоцна ќе свати дека тоа е грешка.
     
    На LakeGirl, Lu-si и reddevill им се допаѓа ова.
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Неможев да останам рамнодушна на овој пост ама морав да реплицирам.Од кај тоа дека речиси пола и повеке овде биле со женет маж или биле неверни на својот партнер?(Дали јас сум била а да не се секавам за тоа? :^) )Врз основа на што го кажуваш тоа?
    Никој овде не глуми светец ама и ако сметаме дека врската со женет човек не е за поздравување нормално дека ке бидеме против тоа.Кога личноста се решила да побара совет на форум сигурно очекувала осудувања што е нормално.Зар очекуваш да ја советуваме со зборови дека се ке биде во ред и да се бори за него?WTF?
    Такви грешки не се дозволени.Океј не знаела дека типот е женет па е со него но што се случува од како дознава дека е женет?Наместо сама да раскрсти доага овде да бара совет а знае што ке и се каже за тоа.Да прекине.
    Во ред е тоа што бара помош ама подршка да продолжи понатаму со него нема да добие :!:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Пеликуна и јас милев да реплицирам али си рекоф остај што ќе паѓам во конфликти |( |( Се сложувам со тебе :angel:
     
  19. milaSS

    milaSS Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Ајдеееее почнавте со камења по мене да фрлате, али ако некој ДОБРО ПРОЧИТААЛ таму има напишано со почит кон исклучоците ама се гледа дека само така се претрчало по постот, не реков ништо лошо само си го кажав моето мислење секој има право на избор !!!
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Да,секоја чест ама и јас реков дека не можеш да им дадеш подршка на оние кои биле со оженет човек и совет да продолжат натаму со нив.Зошто тоа нема да го добијат. ;)

    Добра нок :hai: