Точно. Ама наивно и детски и оние што се во моногамна врска, а и за оние што се во отворена. Отворена врска не ти е гаранција за верност. Луѓето изневеруваат од секакви "причини" и во секакви ситуации. Ако му дозволуваш на маж ти да оди со друга секогаш кога ти каже, не значи дека секогаш ти кажува.
Затоа не викам никогаш: 100% сум сигурна. Го знам секој можен исход, и спремна сум со секој да се соочам. Треба и вие да бидете.
ОК, сега кога дојдовме до тоа отворена врска не е лек за неверство, остана дека сме "неспремни"? Јас не знам некоја да напиша "мене партнер никогаш не би ме изневерувал".
Поединци направивте дека ако не вараш си будала, или ако мислиш дека не те вараат- пак си будала. Читерите и сочесниците во самиот чин, испаднаа најголеми моралисти и мудреци. Премногу филозофии развржавме за вашите пар оргазми, кои за вас се само тоа, неколку секундно уживање и пумпање на егото, а за изневерената страна трајни лузни. Многу пишував на темава и ми е мака да се повторувам, секако извртувате зборови по ваша мера, ваљда да се осеќате по комотно во врска со себе, али whatever floats ur boat.
Еден куп нафрлија таков сличен муабет. Сигурно нема да се навраќам по станиците и да ги барам. Не... грешно разбра. Не осудувај и биди спремен на се' во животот. Толку.
Освен ако не си во отворена врска или не одиш со женети мажи. Тогап можеш да осудуваш колку сакаш Се согласувам со @lovestoneddd, мислам дека беше доволно дискусија на темава. Најубаво сами да си верглате
@WildMk Вајлд, не се врти целава тема околу тебе и твоите сексуални преференции, уживај. Не знам зошто, ама се пронајде во секој пост и се осеќаше должна да реплицираш на се и секому, и во ситуации во кои не беше прозвана.
Секако, во твој стил, ќе го извртиш муабетот, во сосема друг правец. Затоа што се пронаоѓам во она што го пиша.. конкретно за последниот цитат:
Знам.... после толку напади од многумина, не е ништо чудно да се 'бранам' и неповикана. Млекото и јогуртот - муабет...
Од што се браниш, ако велиш дека не се чувствуваш виновна ? Јас за себе ќе кажам. Не те осудувам ама од петни жили пробувам да те разберам, а притоа да не те навредам. И мислам не го сторив тоа до сега. Не си само ти во темава што се изјасни дека е свесно во таков чин впуштена, а сите оддавате ист впечаток. Пробувате да не убедите како е тоа нормално и супер функционално, сите до една. Да е нормално и за гордеење, за вашиот начин на живот би знаеле сите, бидете и во реалниот живот толку транспарентни и модерни како што сте на форумов. Имал ставено dick pic,сакал необавезно, буди некои нагони во тебе и готово се осеќаш прозвана да му дадеш, пошто ако не си ти ќе е некоја друга ? Мислев имаме еволуирано до тој степен да знаеме која особа, во кој погоден момент ни е прикладна, и да процениме од одреден чин колку корист произлегува а колку штета. Очигледно дека не. no hard feeling tho
Не се чувствувам виновна, но ме нервира претенциозноста на луѓето, и нивната потреба да оцрнуваат се' што е различно од нив. Исто реагирам и на навреди и напади поради различна сексуална ориентација, раса, националност итн итн. Кои сите? Има луѓе кои знаат и луѓе кои не знаат. Сигурно и вие не споделувате се' со секого. Пред да се логирам на сајт, знам за што се логирам. Профилите ги гледам одпосле... и одбирам по профил, не по дик пик. Тоа е машка заблуда, дека жените се фасцинираат на дик пик.
Девојче со самиот факт што начинот на размислување тие дека нагоните за секс го движат светот, а не љубовта покажува колку бараш, чепкаш по туѓите животи за да задоволиш лична сатисфакција Знаеш кај мене во теретана какви клиентки идат? Со прекрасни нозе, гради, задник..некои имаат финкционални врски и баш мие кеф да ги гледам искрено, а некои сеуште го немаат запознаено вистинскиот за нив вај? Оти не се сведува се на физички изглед, за компатибилна врска начинот на размислување кај партнерот е најбитен. Никогаш не ми текнало да ги прашам за нивните љубовни животи (замисли пијам кафе, негативна и им тропам на жените како сите мажи се ma4inja дома ве изневеруваат сите!! ) освен што некогаш тие сами кажуваат каде биле, што правеле..Гледам дека самата љубов им дава мотивација за да се подобрат во секој аспект и блескаат. And again жалосно вакво размислување.
Значи сочувстуваш со сите жртви од набројаниве, а не осеќаш емпатија према изневерената жена и евентуално децата ? Претендиозно пак ќе се спомнам себе. Како резултат на варањето на татко ми према мајка ми, јас доверба немам во никој , брат ми е асексуален а мајка ми немала човек после него. Можеби нема кај секој да се одрази до овој степен, ама позитивно нема да биде у секој случај. Како твоите оргазми, или на втората на татко ми, и било која друга х особа, можеш да ги ставиш на кантар со на пример исходот од мојот случај ?
Никако не се ставаат на кантар. Затоа на оние што изневеруваат постојано им повторувам дека треба да бидат искрени со своите партнери и да им кажат што сакаат, мислат и прават. Па ако и тој/таа е ок со тоа, да бидат во отворена врска/брак, а ако не, да се разделат. Никој нема корист од лажење. Воедно, не гледам причина ти до толку да изгубиш доверба во секого. Тоа што татко ти го направил тоа, не значи дека сите се такви. Има и мажи и жени кои им се верни на партнерите.
Не е. Но кога веќе се прават работи, зошто да не пробаат да го прават тоа искрено? Можеби нема никогаш да се изневерат и се' ќе биде со согласност на партнерот.
Mоже едноставно партнерот кој изневерува не е заинтересиран за отворена врска туку го возбудува тоа што жена му не знае. Одобрување од жена му во најголем дел од мажите би ја убило возбудата.
Не. Прочитај ги и коментарите од мажите, а и од она што знам од разговори со мажи кои изневеруваат, сите, барем низ шега, им спомнале за отворен брак/тројка/свинг на сопругите, но овие им одбрусиле нешто, па маживе се повлекуваат. Не ги возбудува криењето. Ги возбудува сексот, сам по себе. Сакаат да имаат секс. Толку.
Ок, ако ти си експерт психологијата зад изневерувањето кај мажите по тоа што си разговарала со нив. Зошто тогаш ти смета јас да бидам "експерт" за психологија на сексуалните односи според луѓето со кои сум разговаралa и според тоа што го пишале на форумот?