Не сум експерт за психологија. Ти кажувам за конкретни изјави од мажи кои изневеруваат. Кажав веќе: Овде некои на форумов се изјаснија, а другите се што мене лично ми кажале... а ми кажале (бидејќи сум ги прашала) сите со кои сум зборувала за секс.
Никој не кажа дека мажот е ослободен од било каква морална стигма, ниту дека целата одговорност се додели на третата страна, те замолувам без испревртување. Мажот има целосна одговорност за дејството надвор од бракот, оти со изневерувањето докажал дека ги вреднува повеќе “јаките” чувства што ги добива од набилданото его после аферскиот секс, наместо неговите обврски кон бракот и самиот брак. Но жената не е исклучена од одговорност. Не постои дело, свесно извршено од двајца или повеќе луѓе, за на крај да е одговорен само еден, додека другите/другата е исклучена од секаква одговорност. Оти и таа, свесно донела одлука да “влезе” во семејство. Никој не ја терал. Можела да се заврти и да каже дека тоа е премногу за неа и да замине. Ама не го направила тоа. Туку свесно пристапила во тој тријаголник. Јас утре ќе те тапшам по раме, ќе ти ветувам еманципација, и заедничка борба за ослободување од секаква правна, социјална, политичка и било каква друга рестрикција наметната на нас жените, ама истовремено ќе спијам со твојот сопруг. Па поголема хипокризија има ли? Како тоа не преставува деградирање од другата жена? Може мажот е даун, и во моментот му кликнува да плесне нешто. Ако девојката од соседната маса не ја прифати неговата понуда, тој може и да се свести, да стане свесен за тоа што можело да се случи и да се врати дома кај жена му. Оти има и таков случај, што докажува дека дејството не нужно се случува само во одредени ситуации и под одредени околности. И ниедна ситуација не ја исклучува другата. И тоа нема врска со кревки рассудувања и матријархати и патријархати. Туку со семејни вредности и нивното вреднување односно не вреднување.
Не е проблемот во отворената врска/брак ако така сте се договориле со партнерот не гледам ништо погрешно, проблемот е што упаѓате у туѓи животи со женети/мажени наместо слободни да бркате. Али џабе зборам она веќе гордо се изјасни дека намерно бирала женети.
Кажав јас кај ги бирам... не одбирам луѓе по улица кои може се во моментот во тој филм, одбирам женети кои ескплицитно бараат жени за секс по секс сајтови. Реков сто пати, одете и речете им да не прават профили на такви сајтови, ако не треба. Ни еден од тие тројца со кои сум била, не сум им била ни прва , ни последна. Првиот беше пред 15 години, типот, до ден денес не престанал да изневерува, а пред мене, отакако бил во брак изневерувал исто со години уназад. Јас бев само една од многуте, и да немав секс со нив, ништо немаше да биде поразлично во нивните животи, тие си биле, се и ќе бидат неверни.
Јас подржувам отворен брак кога и двајцата си се согласиле околу тоа . Но , не ги подржувам оние што вараат а другата страна ја уништуваат емотивно со тоа . И не вараат сите , туку да речиме 75% .... Но не се сите жени светици , познавам уништени мажи заради неверство од жена и заради децата се сеуште во брак а некои се разведоа и се сами и уништени .. Све е сега рамноправно , нема врска дека мажите повеке изневеруваат од жените , еднакви се сите
Right. Само случајно акцентот на вина се става кај разузданата неморална жена што е грешна заводлива блудница која има за цел да оди на состаноци со женети мажи. Залудно ме цитираш Јованти. Маж кој е вистински емоционално среќен во прегратките на својата партнерка со сигурност и секогаш ќе биде верен и подготвен во секое време да одбие било каква "непристојна" понуда и тука е крај на муабетот. Или со други зборови - кога би бил верен не би имало потреба од вакви перипетија, делења, множења и сносување одговорност за туѓи внатрешни конфликти од страна на швалерката. Затоа и неслучајно споменав дека сместувањето на феминизмот во ваква ситуација е малку излишен и беспотребен, како и емпатијата која ние жените понекогаш прекумерно ја имаме па неретко сме искористени ради истата од машкиот свет. Имено, знам дека ти сакаш да видиш одговорност кај двајцата, (иако повторно имам чувство дека некако потсвесно поради наметнатите општествени шаблонизации гледаш повеќе кај жената), сепак треба да ти биде јасно дека швалерката не ја интересира и нема потреба да ја интересира руинирањето ничии "семејни вредности" од причина што неа не ја тангира неговиот багаж во целина, (брачен живот и деца) туку само тој и нивниот меѓусебен однос кој впрочем тој се согласил да постои in the first place. Нему треба да му биде жал за илузијата која им ја сервира на сопругата и децата секој ден, не неа. Бидејќи не е таа онаа која легнува во постела со неа и ги извршува брачните и семејни обврски. Швалерката само затоа што е жена не значи дека мора да биде по емпатична, по толерантна и да вага вредности кои се буквално non of her business.. Чуден став, еве од која причина. Доколку мажот на тој начин ги манифестира сопствените "дауни" тогаш искрено не гледам причина зошто ти или било која друга девојка би била во врска или брак со таков крајно нестабилен човек. Впрочем, верувам дека повеќето жени би се чувствувале разочарано и предадено доколку само така "му кликнува" или само "случајно и наеднаш" се најдува во перфектно изрежирана ситуација за неверство, а потоа истите горенаведени зборови ги користи како валидација и оправдување на сопствената постапка. Што се однесува до оваа хипотетичка ситуација..иако избегнувам да споделувам лични работи, и да приложувам субјективно ориентирани ставови, сепак ќе ти одговорам. Јас правно и законски регулирана заедница како брак веројатно нема никогаш да имам од приватни причини. Меѓутоа, сепак доколку нешто подоцна се промени во мојот живот и дојде до ваква ситуација, оној во кој ќе ја барам вината за ваквиот проблем ќе биде исклучиво мојот животен сопатник. Или со други зборови кажано, проблемот ќе го барам во нашата врска и него! Не во тебе, не во било која друга девојка.. Зошто запомни, секогаш, ама буквално секогаш кога нешто не функционира во една заедница е резултат на внатрешно незадоволство или конфликт кој се случува меѓу двајцата партнери. Третата личност не би ја набљудувала како развратен натрапник, туку единствено како последица на причината која не довела до оваа дестинација. Односно (ти во случајот), би била само последица на нашиот недоволно искрен однос. Да набивам беспотребни негативни чувства и гаам омраза кон некој што секако порано или подоцна ќе се нашол во јазолот меѓу нас нема сигурно. За крај, не, јас не би дејтала оженет човек. Но, не поради морални разлози, туку од причина што јас институционално и системски не го почитувам бракот како правна заедница, и затоа што се надевам ќе имам партнер со кој ќе го делиме истиот став.
Точно. Значи пак дојдовме до тоа дека ме бараат сите мажи, а уште помалку сите што се во моногамни врски/бракови.
Сеуште зборувам за мажи кои се лажат себе дека можат успешно да опстојат во моногамна врска со една партнерка а во суштина не можат. После сите илузорни години со избраничката еден ден сфаќаат дека пред да го направат овој избор имале опција за поинаква преференција, која не ја пикирале само за да одговорат на дикцијата на поредокот.
@WildMk Немам ништо против тебе ама се напна на темиве за твојот отворен брак и изневерувањата, ако тебе ти е ок и добро не мораш да се објаснуваш цело време и да не убедуваш дека тебе ти е одлично и се тоа реално на никој не го интересира. Друго во врска со темава изневерувањата не се од денес ги имало и ќе ги има, ама тоа не мора да значи дека секој изневерува и дека не можеме да си ги контролираме нагоните. И друго не мора да значи дека тој што изневерува не е задоволен од дома. Некои мажи дома имаат дами и женишта во вистинска смисла на зборот и пак си изневеруваат затоа што се слабуши и не можат да се конторлираат. Јас овие врски не ги одобрувам ниту најмалку затоа што сметам секој треба да си гради своја среќа а не да урива туѓа за својата.
Не те цитирам залудно. Од причини само за тебе познати - некој ставил акцент на разузданата неморална жена, кога никој неа не ја стави на пиедестал и затоа фино те замолив да не ги извртуваш работите, а ти сепак продолжи. Скроз се сложувам. Имено денеска, поголема шаблонизација се крие зад велот на “либерализмот”. Тој поим почна да се злоупотребува до тој степен што суштината на истиот се обезличи. Помодарство ли е, нова мода ли е.. Сеедно. Швалерката не ја занима точно, ама би требало. Оти сите во ова општество учествуваме еднакво и би требало да ги делиме истите вредности и одговорности за нашите одлуки. Истата швалерка утре ќе држи инспирациони говори и за каков морал ќе им зборува на останатите жени? Живееме во време на глобална хипокризија, првенствено према нас самите. Таа секако легнува во туѓа постела и работи туѓ маж, макар тоа било на иницијатива на другиот. Види, ти треба да сфатиш дека секоја постапка во животот си носи одговорност, и нема нешто што ти ќе го направиш, и одлука која ќе ја донесеш, а да не си влече одговорност сама по себе и тука е крај на муабетот. Единствено може да дискутираме колкава е таа одговорност. Следно, никој не рече дека “дауните” ги манифестира на тој начин, туку дека многу природно е некогаш, неочекувано, дури и од себе да се најдеш во ситуација каде во други околности не би си дозволил. Ја земав за пример конкретно оваа, оти лично знам за таков кслучај. Никој сериозен не би бил со нестабилен човек и не збориме овде за генерално нестабилни личности. Тоа може да се случи и многу долго откако ќе си во брак по сплет на ете одредени ситуации. Според што стигаме до: За што повторно се сложувам. Ама сите партнери не се однесуваат исто во дадена ситуација. Секој на различен начин ја доживува и преживува и тоа може да се одрази различно во различни фази од конфликтот. Следно, ако мм ме изневери, нормално дека тој ќе ја сноси одговорноста за истото и сигурно нема да одам да тропам пред врати да барам одговорност од другата личност. Сум пишувала и претходно. Таа не чувствува одговорност пред себе си за своите постапки, сигурно нема да барам одговорност во неморална личност. Не дека сум најморална на свет, ама никогаш свесно не би влегла во туѓо гнездо, оти за мене лично семејните вредности што ги градам ми се најбитни. Не потписот, туку духовната исполнетост што ја имам не би ја ризикувала со ништо на светот. И последно, помодарствово со непочитување на бракот како правна легална врска го поминав и јас и надраснав во оној момент кога сфатив дека потписот навистина апсолутно ништо не ми менува во животов. Конечно, од тука натака, навистина ќе биде залудно да те цитирам, оти немам намера одново да исправам зборови кои не сум ги ни кажала, а ми биле наметнати.
Ако те напнувам, можеш да не ме читаш. Оди на шминки. На теми кои ми се битни коментирам често. Исто и на политика, наврати некогаш, ако те интересира. Не реков дека сите мажи се такви. Не сфаќам што ти е проблемот со мене? Те возбудува да се инаетиш?
Всушност изневерените жени не се греота. Греотка се оние што им паѓаат во кревет на мажулиња со низок прицент самодоверба. Мажулиња кои се незадоволни прво од сами себе, па после сите околу. Свесни ли се овие жени колку ниско паѓаат? Задоволување на животински потреби, а душа празна. Најстрашно е што голем дел се заљубуваат, па пробуваат да растурат брак, ама кога не им успева се најсмешни. А кога им успева, е тогаш се за жалење. Жал ми е што во фамилија имам е баш ваков пример што растури семејството. Добро, да не беше таа друга ќе беше. Сирота, жал ми е за неа. Сега неа друга и го растура гнездото. Боли а? Епааа боли. Чукнете со прст у глава едно 100 пати пред да влетате у ваква врска. Таа себичност како бумеранг од глава ќе се одбие. После немојте да плачете, оти детски солзи многу чинат.
Ова ми делува ептен изопачено, без вредност, без никаква емоција, у прашање се некои чудни фетиши кои го убиваат моралот. НЕ, ќе кажам не на оној кој е женет колку и да ме привлекува пошто знам дека дома го чека жена а можеби и дечиња, немам срце тоа да го направам.
А зошто не ги кажувате сајтовите? Па нели можеше да препознаеме некој? Еве баш ме интересира дали партнерот си го ставил к*рот и каква слика избрал од дотичниот? Можеби по втор пат ќе се заљубам. Кога сум веќе тука, да припишам уште некој збор. Се спомнуваше од одредени членови како демек оние најгласните што никогаш не би ги изневерил партнетор, е баш нив ги изневерувале. Што знам, па јас имам впечаток како некои, значи нагласувам некои, кои на темава се направија како свртеле не знам колку жени, уствари пи*чка последен пат во животот виделе кога се родиле. Исто и од некои од жениве, како се изрендале со толку и толку мажи, а реалноста е си пуштам слика од к*р на декстоп и си го галам со маусот. Ова го заклучив од неколку членови кои од едно до друго нивно мислење, мал милион пати си го свртеле умот. Во едно мислење вака, а тек во друго си го побива првото мислење. Крајот не ви се наоѓа. И не сме ние заостанати што сеуште веруваме дека постои вистинска и чиста љубов. Како си земате слобода да навредувате некој кој не ве навредил вас? Нели можете да водите дискусија без навреди, со факти и докази?
Која жена се возбудува на дик-пик? Не ги лажи мажите, ќе поверуваат, па уште толку ќе се иссилат да постираат наоколу дик-пикс
Kolku treba da e ocaen nekoj maz za da se stavi na ovie sajtovi? Ocajnici koi se oglasuvaat za dobijat vaznost i vnimanie.Tazno.