Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Знам, само сакав да те смирам со шега.
    Очигледно, не ми упали.
     
  2. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    @WildMk, не бев воопшто нервозна и напната.
    Уживај. :*
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. другар.

    другар. Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    со женет ти е сигурно, само тој може да се изгори.
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Абе глејте си вашиот двор и да сте среќни со партнерот, што клетви и навреди прочитав тука од возрасни жени...ист човек по ист калап направен нема, на некој му е прифатливо на некој не, друг свесно си се впушта во такви авантури, божем тие што признаа нешто баш ќе ве послушаат утреден...ова си постоело одсекогаш и ќе си постои, колку ги знам и мажи и жени што си бркаат швалери или се заљубени во други, нивен живот нивна работа, дур мене не ме тангира ми е гајле кој што прави во кревет а и не е се црно бело единствен дежурен кривец нема во сите ситуации...
     
    На GirlLove и PinkGirl* им се допаѓа ова.
  5. другар.

    другар. Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    во право си само во последниве години по мене е хаос на тој план
     
  6. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Сте запнале за страните кои се. Па по достапни страни од инстаграм и фб има ли?
    Еве свеж пример. Нема ни 2 недели одкако се ожени бивш мој фак бади, иако сме френдови на фб никаков контакт не сме имале 2-3 години (тогаш двајцата си бевме сингл да напоменам), вчера вечерта доцна околу 2 ми пишал да се видиме. Само што се оженил бреееј, а добро може да види и слики дека ни ја не сум сингл...
    Па овој штом тазе женет вака праи шо ќе шраи после 10 год брак???
     
    На naturally, buba4e89, stetoskop и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Toa ne go menuva faktot deka se ocajnici,luzeri ......koi dlaboko imaat problem so niska samodoverba pa imaat potreba od potvrda,deka se privlecni,neodolivi ,citaj vredat nesto.Nikad ne bi bila so luzer sto se objavuva na sajt da se oglasuva ,ili ko ovoj sto ti se javil 2 nedeli posle svadba,toa ne se mazi, kukavici.
     
    На cresa-jagoda, Harper, honey.11 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Воопшто не вадам зборови од контекст. Целокупната досегашна дискусија се сведува токму на жената. Твојот пример за "жената од другата маса" која кокетира со кутриот даун маж кој нема капацитет да одолее на искушението, и истовремено неспоменувањето на обратната ситуација во која токму жената може да биде онаа која е "искушена" за неверство, сублиминално имплицира на стереотипно видување на жената како неморален човек кој има интенционална намера да искористи еден кутар кревок и невин маж. Можеш да негираш, да се лутиш, да зборуваш како повторно правам диверзија на твоите реплики, но само за момент застани, прочитај го уште еднаш примерот кој го имаш посочено, а потоа осврни се кон креираната слика во твојот ум за жената инволвирана во љубовен триаголник. Како изгледа таа и каков е нејзиниот карактер.

    На вагата од вредносни судови увидувањето pattern за наметнување негативни чувства како тегобност, совест и одговорност кон третата личност за нечии туѓи постапки за кои постоело начин да се превенираат за да не кулминираат во проблем нема простор за реална проценка на ситуацијата.

    Повторно ќе кажам, љубовницата суштински нема зошто да чувствува одговорност или емпатија ниту кон сопругата, а ниту кон децата од проста причина што таа ниту по еден основ не го загрозува нивниот емоционален развој. Прво, бидејќи нема никаков однос со нив, а друго затоа што не е таа виновна што нивниот татко не размислил дали може да ги контролира своите нагони пред правно и нормативно да се изјасни дека со сигурност ќе остане со само една жена до крајот на животот.
    Што се однесува до одговорноста..Одговорноста секогаш треба да биде гледана во коренот на проблемот, а во случајот коренот е општеството кое не учи дека романтичната љубов мора исклучиво да се одвива меѓу двајца партнери на долга стаза и да служи за репродукциска цел. Да точно е, не може да се побие еволуциската теорија, зошто е егзактна и евидентна вклучително нашата задача да оствариме потомство пред своето заминување. Но, разликата е во тоа што денес за разлика од минатото имаме избор. Избор кој воопшто не мора да биде набљудуван како вел од квази либерални ставови чија примена служи да се рушат старите добри семејни вредности, (што год и да значат овие неколку зборови во својата најтесна дефиниција).
    Следствено на ова, децата се производ на нашата креација, и ние преку своето функционирање ги учиме посесивно и егоистички да го чуваат својот партнер наместо да му дадат доверба и слобода, и притоа им оставаме впечаток дека е тоа дефиниција за љубов. Наместо да ги учиме дека не е неморално да се има однос со повеќе од еден партнер, зошто сексот не е одлика на неморал и разврат, туку нагон како и сите други кој постои кај секој од нас и не мора да се контролира до степен да се поттиснува.. Впрочем, сите овие опресивни обрасци ги имаме стекнато под капа на развојот на општеството, и веднаш штом чуеме нешто поинакво добиваме желба да го оцениме како неправилно, лошо или наметливо, дури и тогаш кога можеби не е со таква цел, и сето тоа само затоа што не одговара со стандардот.

    Какво е тоа природно наоѓање во ваква ситуација? Осамени на пуст остров во колиба со непозната жена /пријателка? Не разбирам како треба да изгледаат тие неочекувани и природни околности, но сигурно знам дека истите послужуваат како идеален изговор пред себе и оправдување за постапките.

    Не се сомневам дека ти нема да видиш одговорност во твојот сопруг ако дојде до ваква ситуација, туку се сомневам во твојот комплетен суд, и тоа како неговата потврдна одлука за неверство истовремено може да ја ублажиш со изговори дека бил даун во моментот, и притоа вината да ја пренасочиш кон трета личност која твојот сопруг не го видела како целина со багаж, туку како индивидуалец.

    Разбирам. Но, за многумина духовните и семејните вредности не се валидни и приоритетни, зошто можеби немаат верба во такво нешто како духовност, или едноставно не ја гледаат сврхата од љубовта освен како спој од хормонски коктел кој се случува за да се оствари репродукцијата која еден ден секако ќе мора да заврши.
    Можеби токму таква личност (непродуховена и свесна за љубовта како илузорен поим) ќе биде таа лоша швалерка што квари туѓи бракови. :D И ако тоа ја прави лош човек судејќи по нејзининото сексуално однесување вклучително оваа постапка, тогаш во ред, нека биде.

    ..Патем, ако почнеме да полемизираме за тоа колку ние како друштво имаме недостатоци и колку свесно сме придонеле за да не ја издигнеме колективната свест до степен каде секој секого ќе почитува и смета за рамноправен преку елиминација на его трипови каде би бил крајот.

    Инвалидите, луѓето со блага или посериозна ретардација, луѓето со неизлечливи болести се луѓе кои претежно сами туркаат низ хоризонтите на животот. Инвалидите нема да ги видиш во друштвена кохезија различна од нивната, како ниту ретардираните луѓе кои секако не се такви по своја вина. Нема да видиш како мнозината со "нормална" интелигенција се обидуваат да ги разберат, и научат нешто од нив помагајќи им во развојот, освен секако лицата кои се задолжени за нивна едукација..
    И кога ќе се завртиме зад себе и ја погледнеме оваа бесконечна низа недоследности ќе сфатиме колку имаме потфрлено како друштво. Колку сме преокупирани со нашите сопрузи, нашите деца, нашата кариера и нашата суета.

    Не е помодарска идеја или фаза одбојноста кон бракот кој нема никаква практична примена денес во ниту една сфера на коегзистенција, освен да одговори на општествените традиционални потреби за да нѐ смести во низата на поредокот. Но, тоа секако и понатаму е ваш избор кој никој не го спори или осудува.
     
    На WildMk, Bankarkata и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  9. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Точно така. Не им треба за секс некој слободен кој ќе се фали до кај ќе стигне. Сигурно си е сигурно :rofl:. Дискреција загарантирана :rofl:.
     
    На stetoskop, WildMk, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  10. другар.

    другар. Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    да ама за тој што е во брак може дебело да се изгори :(
     
    На buba4e89, stetoskop, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Ете го синдромот.
    Значи не е битно што тој после 2 недели брак се пушти у лов на швалерки битно е ја што сум му вратила.
     
    На naturally, WildMk, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  12. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    @Bankarkata, ама зошто го осудуваш бившиот што се пуштил 'у лов на швалерки', кога и ти си тој стил на живот? Чинам во едно мислење погоре кажа дека до сега не си го изневерила вереникот, што не ја исклучува можноста дека можеби во блиска или далечна иднина ќе ти се допадне некој друг и ќе го изневериш?

    И да, не е битно воопшто дали за 2 недели, 2 месеци или 2 години започнал да пишува на други. Неверство е неверство, дали се случило за 2 недели или за 2 години, исто ќе боли. Никаква улога не ти играат бројкиве. :)
     
    На stetoskop, Milobebence, LadyR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    При толку слободни мажи и жени јадно и бедно е некој/а да се впушта во врска со оженет/омажена. Каде им е гордоста? Па тука читав една феминка со оженетиот маж ги шетале неговите деца, по дно од ова нема.
    Но, животот е бумеранг па еден ден некоја друга љубовница ќе ги шета нејзините деца.

    @Bankarkata колку што се сеќавам пред неколку месеци имаше напишано дека си бремена. Дали детето кога ќе потпорасне планираш да му кажеш што си правела во младоста, дали се срамиш од твоите постапки, како ќе реагираш ако детето еден ден тргне по твоите стапки или тоа ќе го одобруваш?
    Маж ти знае што имаш правено?
    Ќе ти биде убаво дур ти чуваш бебе, маж ти да оди кај љубовницата? Може љубовницата ќе биде некоја дрска како тебе па ќе го земе и бебето да го шеткара со маж ти.
     
    Последна измена: 7 август 2018
    На cresa-jagoda, GirlLove, manako1 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Јас срцка не сум во брак па да му ја мислам. Моментот беше дека ете пак жената е крива. Пак ја го натерав да ме побара изгледа и покрај тоа што само што се оженил. Неверство е неверство да... али еве коа веќе идеме со оправдувања ќе разберам после неколку години брак кога здосадува ама у тазе брак коа треба да ти е најубаво уште не почнале проблемите да се пуштиш у лов... па каде бе...

    За жал јас имав спонтан. Но во иднина знам како ќе си го воспитам детето како посебна индивидуа која ќе си го избере својот пат. Нема да му наметнувам ништо со сила. Јас не се срамам од моите постапки доколку дојде до таков разговор би му кажала, затоа што сепак тоа дете ќе има среќна и исполнета мајка.
    Мојот вереник знае се за мене. И што е тоа што јас имам правено можеш да ми објасниш? Зарем ти не ги шеташ децата на твои роднини/пријатели. Сигурно требале сами дома да дремат децата.Ниту влегов да ги киднапирам и на сила да ги носам децата со мене. Се тоа си беше природно. Татко им ги донесе и зошто да не? Требаше да си отидам? Па јас би била среќна доколку некоја ко мене утре ми ги шета и забавува децата.
    Сигурно нема да ми биде убаво затворена дома а маж ми со друга ама затоа постои развод, постојат мн други форми сите да бидат среќни. А него ако некоја друга го прави посреќна слободен е, ноту тој ниту таа не ми се криви. Незнам зашо се замарате и влагате во некои вакви војни. Ако те вара маж ти и ако тоа ти смета остај го и крај. И вака и така ако се разведете пак друга ќе ти ги шета децата. Не гледам тука некој проблем...
     
    На buba4e89 и WildMk им се допаѓа ова.
  15. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Чекај дали разбрав правилно...некоја шетала деца од женет маж со кој е во врска, а жена му дома седела и не се разведени?
     
    На shining_star, anaja1, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Да јас.
    Се гледав со тип што беше женет. Во еден наврат ги донесе и децата и сите заедно бевме на прошетка. При што јас и татко им не разменувавме нежности пред нив незнам дали го имам спомнато тоа.
    Тој не беше разведен. Незнам во какви односи бил со жена му, незнам ни таа дали знаела или не. Не навлагам... сеедно убаво си поминавме. Тој никогаш не се криеше дека е со мене, сме иделе заедно по многу јавни места.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.368
    Пол:
    Женски
    исто ко татко ми кога побара совет од мене и сестра ми шо да и купи на швалерката за 8 ми март

    аир да не видат
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, buba4e89 и 15 други им се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Тууу само се објаснуваш (facepalm)
    Дека се гордееш -веќе разбравме оддамна. Ние неможеме, ти можеш (highfive)
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, Independent Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Што ти е крива швалерката кога татко ти сам си го избрал својот приоротет. Со сила никој ништо неможел да го натера.

    Па искрено неможе секој, нема храброст да жевее како што сака секој.
    Моите одговори толкувај ги ко објаснувања, јас дискутирам на тема за разлика од тебе. Исто како што ти се гордееш со твојот живот така и јас со мојот. Што е тоа толку чудно.
    Прекинете жените ко мене што си го уживаат животот да ги гледате како закана. Самите на себе сте си закана што се замарате со глупи работи.
     
    На WildMk и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  20. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    :@
    Нема да коментирам..ова ми е too much.
     
    На Hellobeautiful, cresa-jagoda, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.