Луѓето неможат да разберат дека кај некои девојки самиот потег- скришна врска со туѓ маж-влијае на нивното либидо Ако е добар спонзор, тоа е плус за неа. Не се ,,пали,, ако е само со неа. За нив чувството дека и го земаш на некоја , е непроценливо. Жално, ама вистинито.
За девојка зборев. Нели темата е - врска со оженет. Познавав некои такви девојки кои исклучиво со оженети си ,,одеа,, И никако неможев да ги сфатам што убавина видоа во таквите врски.
јас па се надоврзав на мажена а оди со туѓ маж Дека тоа беша муабетот претходните постови инаку да,знам и јас такви кои се у тој фазон..Си можам ма...нека му ја мисли жена му дома
Па дури и се гордеат. Како трофеј некој да добиле. Па што уште повеќе ме ,,нервира,,, тие девојки се омажија на најубави места, со најубави мажи, спијат на пари, го шетаат цел свет, мажите на раце ги носат и ПАК си имаат други надвор од брак.
Иако јас лично не сум била во врска со оженет, ниту па ете мислам дека би била (никогаш не викај никогаш... сепак), имам пријателки кои биле и ќе ти кажам одма што им беше/е најголем двигател: дискретноста. Оженетиот нема да те замара да му бидеш девојка, нема да се фали наоколу, ќе крие пошто и на него му одговара да биде тајна Додека слободните мажи, најчесто помлади од женетиве, или ќе се напнат да бидат во врска, или ќе се ку*ат наоколу, ќе замараат итн. Не секоја жена секогаш сонува за семејство, брак итн. Посебно не моја генерација и нешто помлади, и нешто постари од мене. И е релативно тешко за една жена да најде забава без никакви обврски, а истовремено и дискрена, со некој слободен. Затоа и се гледаат со оженети. Јас не би да морализирам на темава. Ниту пак да осудувам некого. Ако е некој крив, во мои очи - е женетиот, а не швалерката. Исто како што доколку дм ме изневери, јас вината во него ќе ја барам, а не во девојката. Што сум ѝ јас на неа? Освен ако не ми е другарка, тогаш е друг муабет. Ама некоја рандом... таа мене ништо не ми ветила. Но тој ми ветил. И ако не се придржува до тоа што го ветил, само и само тој е крив.
Точно. И јас сум за таа ,,варијанта,, на барање виновници. Само на свој начин и гласно го анализирав профилот т.е потребите на девојките кои влегуваат во такви врски
Повеќе мотиви се во прашање, познавам и спонзоруши секако. Но на многу воопшто ништо од тоа не им е мотивот, туку чиста сексуална забава, без обврски и без озборувања
Не можам да разберам како доаѓа до ова?! Во некоја паралелна реалност ми е. Ова не е ни момент - има/нема кочница, не е ни кочница во прашање, туку е целосен мајнд сет, таков треба да си скован. И искрено, врз основа на ова, стекнувам комплетно мислење за цела личност. По љубовен живот најмногу проценувам луѓе. Ни по чевли, ни по заби, ни по нокти, ни по облека, ни по муабети - љубовен живот.
Неси маж ако изневериш туку си маж ако ја задржиш засебе. зато неуспеват бракојте оти разни мутанти шетат по земјава. Зато турските бракови успевале и ќе успеваат пошто се поштоват еден спрема друг.
И ја будала, требаше со Турчин да се мажам... пу јез'к. @WildMk од лисјата паѓаат, што мислиш, од каде иначе?
Не подржувам. Не би сакала некоја да ми го забавува мажот нити сакам за забавувам туѓи мажи уште па врска? Хм .. имам дечко што има жена СУПЕР. Ми ствара ефтина слика и за девојката и за 'мажот' со жена и девојка.