Секако дека да. Ако е Бред Пит не е повеќе од мене, па да си ги газам принципите и моралните вредности со оженет.
Епа ако си навикната ти годи не ти пречи секогаш да си втора нема да одбиеш никој. Јас лично сум одбивала секој што знам дека е во по озбилна врска а не па брак. Ке ме гризе савест после.
Бред Пит уште додека беше во брак со Џенифер Анистон и се пуштил на Џоли бидејќи тие снимаа заедно за тогашниот филм "Mr&Mrs Smith". Од кога се разведе од Анистон и се зедоа со Џоли весниците пишуваа дека Џоли и се јавила на Анистон и и се извинила што и го земала мажот. Боже Боже...
Неможеме да наметнеме наше мислење и став на другите. Ако имаш принцип да немаш ништо со оженети ќе се откажеш од таа страст љубов што и да е. Е ако немаш проблем со тоа ако не те гризе савест правиш како што те носи паметот свесна на последиците.
Сидата може да ја снема од планетава во една генерација, за 50тина години. Се што треба е секој да си има само по еден сексуален партнер и со него/неа да си остане до крајот на животот. Simple as that.
Оди прво запри ги католичките свештеници.. па после зборувај за тоа колку партнери треба да има некој
Девојката што се пика и има врска со оженет маж за мене е ороспија, а од друга страна мажот недоволно ја почитува својата сопруга или едноставно бракот е поради некои сплет на околности односно не е од љубов... па да не е среќен (не знам не навлегувам во ова, ама сепак брак е брак..), ама доколку е во брак не е убаво да изневерува, simple.
Веројатно не е од Марс падната, сепак знае дека е оженет човек и нема што да бара со него... освен ороспија или спонзоруша, друго рационално мислење не ми иди на памет.
Се имам изјаснато дека сум против врска со оженет човек. Тоа што многу негативни коментари пишувам во неколку љубовни теми на форумот е поради фактот што сум максимално разочарана од љубовта до тој степен што повеќе не верувам во љубов. Она што го посочувам со моите коментари е дека не треба некои луѓе слепо да му веруваат на својот партнер. Имам разни примери, но ќе издвојам еден. Кога бев Мк на одмор недела дена, добив порака од маж на кој сум му неостварена љубов, тоа е личност која последен пат ја имам сретнато пред 8 години. Бев на кафе со другарка па му реков каде сме седнати. (не сум ненормална за насамо да одам на кафе со него ) Спази сега седеме на маса сите тројца и он го вади мобилниот и ми вели ; срцка да ти ја покажам ќерка ми , жена му се породила пред 1 ден и ја задржале во болница. Браво бе, ептен си и верен на жена ти, изгледа не и требаш да бидеш покрај неа па си имал луфта време да ми се придружиш на кафе. Буквално слика со новороденото бебе и што повеќе да коментирам...... Во денешно време многу ретко да постојат верни партнери. Не се само жените растурени и мажите се за ќотек, ама ајде да не го тупам, нека се разбудат од сон тие кои мислат дека имаат "верен" партнер покрај себе. Секоја чест на исклучоци !!!