Јас радо погрдни зборови ќе пишам за изневерувачот. Сите грешно ме сфаќаат на темава кога плукам поќе по говедото кое изневерува, да, девојката не е невина, ама плукајте со вакви зборови против говедото кое изневерува, после по девојката со која изневери. Во твое мислење ти рече дека девојка која оди со оженет е ороспија. А маж кој изневерува само не ја почитува сопругата. Камо тука погрдни зборови?
@Stark не ми требаше ироничен одговор. Поентата ми е, не е таа виновна шо некој решил да изневери. Тој кој изневерува е највиновен, човекот со кој изневери е ниво подолу. Не треба таа да мисли дека тој има деца, не се нејзини деца. А од друга страна тој кој изневерува не си мисли на децата, а негови се. Стави на вага работиве да видиш кое полошо.
Па реков дека не си ја цени сопругата... нема врска океј, секој различно мислење, јас само го изнесов моето и кажав што мислам.
Еве јас одев со женет. Не се осеќам ко ороспија зашто јас немав ни маж ни дечко, никого не изневерував. Зашто сум ороспија? Јас го заведов ко мало дете со чоколадо? Друго... коа ќе прочитам ТУЃ маж... Кој тоа на кого е сопственост? Ко што имсм читано последно робовладетелството одамна не постои. Како тоа сеа да речам е маж ми мој си е... Значи тоа папирите у матично шо се пишуваат значи дека од сеа тој/таа мој си е и за сите други он е туѓ. Језивко малце... Нема везе ај...
Вака сеа да се разбериме, пишав што мислам и не мислам да аргументирам околу некоја кристално чиста и јасна состојба. Знам средината околу мене како функционира, знам да разликувам што е добро, а сега овде некој да ми продава.... не, само пишав мислење, и ако ве пецка тоа, ниту мене ќе ми промени мислење, ниту Вас. Поздрав
Вајлд е во право. Тој не ја цени, ама таа ориспија. Не можи и девојкава да се речи дека не ја цени жената на човекот со кој оди, кога тој не ја цени? Тоа ми беше водечка поента од сам старт. Не се различни мислења, реално моето мислење е одааамна искажано тука, туку се фаќам едино за тој момент каде девојка која оди со женет се вели дека е ороспија, ама маж кој изневерува едноставно не ја цени сопругата.
Неможе да најде збор за мушка орпспија затоа така пишува. Еве да смислиме... нека биде ОРОСПИЕЦ хахахагааа
Браво за тебе. Јас да сум на местото на жена му , породена прв ден во болница , кога би дознала дека он излегол да седне на кафе со неговата неостварена љубов од минатото па макар траело тоа кафе 5 минути , ќе спиздам. Веднаш ќе се појави сомнеж и мислам дека од толкав револт што ќе се појави во мене со голи раце ќе го заколам . Премногу сум љубоморна, кога веќе ми е маж НЕ очекувам од него да оди да пие кафе со неговата неостварена љубов од минатото. П.С. 100 % сум сигурна, гарантирам со моја глава , да бев излезена насамо со него и да му спомнев да идеме до некој хотел да ме задоволи, ОН ќе го направеше тоа. Знам дека постои кај него таа копнеж да ме легне, затоа и седевме на маса тројца, за да изгледа се пријателски. Не знам дали се во отворен брак со жена му , ама ако не се, јака и душа на неа со таков "верен" маж.
Тоа може да му успее само кај некоја ептен глупава. Кога започнуваш да се гледаш со некого прво треба убаво да се распрашаш за него, а денес сè се дознава лесно, секој со секого се познава што се вика. Потоа внимателно да гледаш како се однесува... Има многу начини да се дознае дали тој некој е слободен или е во врска/брак.
Абе ајде така лесно се криел брак Нема да го прашаш кај живее, па на пример да го изненадиш да му отидеш на кафе Ако некоја сака да дознае ќе дознае Нема да дозволи со години да биде лажена. Може месец-два да успее некоја да ја излаже, ама повеќе не.
Може не те гледа веке како некоја неоставарена љубов ниту како копнеж..Тоа ти така си мислиш,може те гледа како познаничка од минатото.Да сакал нешто повеке би ти дал знак,што има врска што сте биле тројца на маса,би заминале некаде вие двајца.Очигледно не сакал.