И јас како тебе ја разгледував таа варијанта. Не можам сама да си објаснам зошто би се распрашувал за мене и дознал дека сум дојдена на одмор во Мк, па ми пишал порака да се видиме ,со брзина на светлината дојде да пиеме кафе и сеуште ме нарекува срцка како во старите добри времиња. Има детал кој морав да го избегнам , тоа е да го гледам во очи бидејќи кај него таа искра сеуште се нема изгаснато. Затоа реков, си седевме тројца на маса така пријателски. Не можам да го бранам, сигурна сум дека ја изневерува жена му со некоја друга. Едноставно некои луѓе си се такви, им мрда опашката на страна. Не очекував дека ќе добијам порака баш од него после долго време, значи он мене прв ми пиша, а мислев ме заборавил . Секако бев излезена со другарка, па немав ништо против да ни се придружи на пријателско денско кафе. Поентата што сакав да ја доловам беше дека има бааги што се во брак, ама пак мрдаат на страна. Не би ги обвинувала тие ко мене сто се сингл дека цело време им се наметнуваат, затоа што и овие во брак не се цвеќе за мирисање. Како и да е, темата е за врска со оженет човек, никогаш не сум била ниту пак ми паднало на памет да се бутам кај што не ми е место ИАКО ми се имаат пружено многу прилики.
После развод јас слободна 5 год а он женет.3 год бевме заедно додека не го запознав мм.после тоа му раскинав,имаше тука малку повуци потегни ама се реши проблемот.Мм знае за случајов.
@Herrera ,сонце,истото ќе ти го пишев како Рајт и Косми што ти пишале . Поминало време,понудил-не си прифатила и толку ,крај.Немој толку самоуверено да настапуваш- ако си му се понудила за у хотел -...мож па и ќе те откачил,што знаеш... Е сега ,ако ти си му се ,,понудила" аон прифатил-Што мислиш,кој ќе е ,,полош" ,ти што се набацуваш на женет или он што ја вара жена му?
карактер и принципи се во прашање..ништо друго.Искушениа,шанси со веќе зафатени мажи,шанси за неверства сме имале 90% од нас.’Нивно’ е да пробаат да побараат наше е да прифатиме или одбиеме.Едноставно е Тоа дека неможеме да одолееме,па моменти на слабост,па незнаевме дали е во брак бла бла се приказни за мали деца.Си сакала свесно затоа и си легнала со него(ова општо зборам). Ниту една жена не е толку јака да заведе некој што несака да се даде.. И ниту еден маж не е толку слаб за да се даде туку така на секое треп треп од страна.Се што правиме свесно правиме
Зa oние штo се плеткaaт вo брaкoви сегa не смееш ништo дa речеш, aмa aкo реклa некoјa -сум имaлa прилики aмa не сум прифaќaлa, слoбoднo нaпaдни јa декa е сaмoбендисaнa или вaтевер. Пa и дoбрo делo нaпрaвилa aкo ги oдбивaлa тие прилики, aкo гледaш oд еднa стрaнa. Вo свет живееме кaде секoј веќе зa себе си гледa, никoј зa ништo не се секирa, сaмo нa г'зo дa му е убaвo, ни лице, ни интегритет, ни причини-пoследици се гледaaт, ни бутур. Амa некaкo денес мoдa стaнa "светиците" дa се нaпaѓaaт, oти нaјлеснo е.
Не можам да го бранам. Жена му прв ден породена, со бебето во болница , он на кафе со некоја небитна личност. Камо среќа да беше само ЕДЕН што варал за да пишам дека после толку години сум имала само една фала богу прилика, ама затоа што има МНОГУ "верни" мажи затоа и реков ми се имаат пружено МНОГУ прилики. Ич не сум тип да се лигави, одма у пм ги отерувам таквите лигави жени што се прават некоја си во град а се тешки смрдли. Се надевам не си ме сфатила погрешно , а кога некоја таква би му скокнала во скут , вината ќе ја барам во него, зарем не му е битна жена му со бебето, ахх бе маж на векот, подалеку од таков
Тоа што би му скокнале у скут не го прави неверен .Неверството ќе зависи у овој случај дали ќе ја,,думка " у скут или ќе и каже фино лепо да му стане од скутот .
На темава не коментирам повеќе, само сеир од страна ќе фаќам. Нека се тешат оние во брак дека имаат "верни" мажи, ахааа сами се залажувајте. Секоја чест на РЕТКИ исклучоци со среден брак, швалерај на сите страни не само во Мк. Не вреди да коментирам , арно си знае WildMk, доколку напишеш искрен коментар ќе те нападнат и ќе те направат лигава дека си ги дигаш акциите, ништо заеби, мож па убаво им е да ги вараат мажите, што сум се засекирала јас да кажувам дека постојат НЕВЕРНИ мажи на кои дефинитивно нивните жени не им се приоритет штом имаат вишок време за друга жена. Продолжете си со животот, секој сам си е свесен во што се впушта. Кој што сака нека прави , ама ако така и ви треба, зад грб нека ви прави и нека си ќути, сигурно нема на форум одма јавно да се издаде , трај си , еби си на страна. Јас никогаш нема шанси да влезам во врска со женет. Си имам ставено во глава дека тоа е забрането за мене и крај на филмот.
Во принцип (и јас имам принципи... поинакви, ама имам), ако сакам секс со некој кој ми се нуди, ќе го е*ам. Тука почнува и тука завршува се'. Не ме интересира, пред-после 2 саати што и како прави. Не терам никој на сила.. ама ако сака некој.. зошто да не? Јас ли треба да му ја мислам за причинско-последичните глупости кои се позади неговата одлука? Не е мало дете.. свесно и намерно го прави тоа што го прави. Изневеруваат повеќето... од искуство.. Секс-ко секс. Ајде... Ама зошто се кријат од партнерите? Биди маж бе! Кажи и' на жена ти што сакаш и што правиш!
А ти иако знаеше дека жена му прв ден породена со бебето во болница го викна на кафе, знаејќи дека некогаш си му била неостварена љубов/желба? Па демек он ти пишал порака. Јас да го знам овој податок нема воопшто да му вратам на пораката. Некако како да си го билдаш егото, као демек леле жена му вчера се породи, а он трча уште по мене, неостварена љубов сум му . И у реду је, по стоти пат, сфативме дека најкрив е тој што изневерува и ако не си била ти, ќе биде друга, ок. Ама ни од твоја страна не е ни малку наивно.
Ако не извадеше слика да покажи од бебето , немаше да знам дека си имале ќеркичка. Он прв пиша слушнал сум дошла на одмор дали може да се видиме, ок , на кафе сум со другарка ако сакаш дојди таму и таму ќе си поседиме. Немој да скокаш и грешка да оценуваш некој кој не го познаваш лично. Ние жените сме змии и знаеме добро да го извртиме муабетот, а за вртење очи нема проблем , ќе мора офф топик да идеме. Ако има одоговорен или да пишам лична порака нека не избришат оти јас и ти ќе продолжеме офф топик штом си се фатила прва и скокаш без да прочиташ убаво. Ајде ќе им пишам сега нека ни ги избришат и мојот и твојот пост оти ќе треба коси да си кубеме а не се знаеме лично, ама ете ти скокаш како да си се пронашла, како за твојот маж да станува збор.
Чисти животински нагони кои ако имаме принципи ке ги спречиме.Wild. Некако се повеке сум убедена дека од сево ова што го пишувaш ништо нит си направила ниту правиш само проекции и ништо повеке.