Прво треба да знаеш што значи зборот 'принцип'. Сите имаат различни принципи. Нема 'листа на општо прифатени принципи'. Принцип може да имаш и за работи кои некому се смешни ... како на пример: Никогаш не пишувам со молив, исклучиво со пенкало.
@Herrera среди си ги приказните. Прво викаш дека тој те викнал да пиете кафе во тројка, за да не биде во двојка, после викаш дека ти си го викнала со другарка додека си била. Ти се плашеше дека премногу ќе те шармира па ќе идеш со него? Ти се чуваше или тој беше претпазливиот?
Не е тоа принцип ,тоа што го збориш ти се нагони Вајлд. @Herrera Ти мислиш дека постои уште искра во неговите очи,фантазираш. Сакаш да си пожелна некому и затоа си седнала со него на кафе да си добиеш некоја потврда за себе, измислена дека "сеуште " си му пожелна. Но реалноста е друга ,тој испил само кафе со тебе ,а тебе ти останала утехата дека сеуште те вика "срцка"............
Кое кафе? Зборувам за секс? Принцип ми е, да не се воздржувам ако сакам да не се воздржам. Сакам да си пружам заоволства.... Некој сака да лета со параглајдер и така си го 'дига' адреналинот, јас сакам со секс. Најмалку, ќе се воздржам, поради мисла: што ќе речат другите или што мислат другите. Демек во 1018та и 18та не се е*аа наоколу
Принципиелна, истрајна, секогаш спремна за нови предизвици...никогаш веќе нема да можам да гледам CV со исти очи
Сакаш да кажеш, дека до сега не знаеше ни за еден кој има такви принципи? Мислеше дека луѓето не се е*аат наоколу? Признавам.. ту мач е... ако слушаш по прв пат
Пак е полош тој што изневерува некого. Мора ли да ја прифати секоја што му се нуди??? Неможам да се вмешам во брак ако не ми дозволи некој. Ако толку ме привлече некој ќе му се приближам... негово дали ќе прифати или одбие, да сме живи и здрави. Принципи неам у тој поглед. Сакам да су го живеам жувотот без ограничувања и страв од етикети. Сакам да го правам тоа што ми се прави во моментот и што ме прави среќна. Го правам тоа што ме прави да се чувствувам жива, дали тоа е нечив сопруг мене не ме интересира, нека му ја мисли он што има по дома нешто...
Вториот дел од постот (кафе)не се однесува за твоето мислење. Не ми е спорно што не се воздржуваш. Другите се итекако битни бидејки човекот е друштвено битие, живее во заедница,друштво,и има силна потреба да биде прифатен.
Точно е дека сакаме да бидеме прифатени и сакани и почитувани од сите. Ама факт е дека не сме и не може да бидеме.. од сите.
@Herrera, во твојава случка како што си ја опишала, нема никакво изневерување од страна на мажот. Едно обраќање со „срцка“ на обично кафе не е ни флерт, ни заинтересираност. Неодговорност кон тазе породената сопруга што не е до неа - можеби да, но неверство не.
Зависи кои му се намерите на оженетиов Спеш... Ако му се сакало само кафе и неврзан, пријателски муабет, тогаш не е.. Но ако помислувал и на повеќе од тоа, а не направил затоа што не му била пружана можност, тогаш, и те како е.. во најмала рака: Обид за изневерување
Па на крај краева не ни може да е цело време до неа. Може бил, па излегол да се разоноди, па пак се вратил. Смешки е приказната, ама ајде
Jas sum licnost protiv neverstvoto.dali vo vrska dali vo brak ne e bitno. Gi ima mnogu koi lazat devojki kako se sami. Na devojkata ostanuva momentot koga ke doznae da go otkaci.
Девојки кои се сингл и бараат врска, а не само забава, и јас би ги советувала да стојат понастрана од оженети. Ќе бидат само повредени на крај... Мноооогу ретко, маж да ја остави сопругата, ради швалерка. Не им е до љубов, до секс им е.
Не е изневерување ако те викнал на кафе и те нарекол срцка, туку ако имал секс со тебе додека жена му лежи во болница породена пред некој саат. Јас познавам ваков случај, ама сигурно има и други така што направиле. Оди во кафана да пие ко стока (демек прославува), се јавува на девојка што му е на располагање за секс во секое време, ја носи некаде по темни места за да се испразни, и на крај ќе отиде кај бебето и жена му да си ги бакне со истата уста. Какви луѓе се овие бе? Ако не сакаш жена и дете тогаш не мора ни да ги имаш, идиот еден. п.с. Ми текна на уште еден тип што бараше слободни ДЕВОЈЧИЊА, пошто жена му тогаш беше трудна и не можеле да имаат секс...И ден денес се во брак и ден денес ја изневерува со разни жени
Потребата на некоја жена да биде швалерка или љубовница е многу подлабока. Би требало да се запраша зошто мисли дека не заслужува во целост еден слободен маж? Каде лежи проблемот со ниското самопочитувње? Каде лежи проблемот со немањето верба во себе и сопствените квалитети? Најчесто доминатна и критична мајка во детството,од кое девојчето секогаш добивало критики,па кога ке порасне ,натпреварот продолжува, дека е подобра,поквалитетна но се проектира во законската жена на љубовникот. То превземање туѓ маж е светење,дека вреди, "Овој пат ке докажам дека сум подобра од неа„(а сеуште борбата е со мајката длабоко во неа)
Можда па типот само сакал да рече „Ова можеше да бидеш ти, ама пошто ме одјеба, гледај и пати.“ Не можеме ничија психа да знаеме, ама знам огрооомен број (искомплексирани) случаи што така „случајно“ ќе се најдат во исто време и место за да се пофалат дали на бивши, дали на некои со кои не им успеало, па демек еве, да не мислеше тебе ќе те чекам цел живот. Шта ќеш. Малце ми е смешно ова „врска“ во насловов, а и општо. Не е тоа врска, тоа е празнење. Ајде има ретки случаи што си ги носат швалерките во јавност, на излети, одмори, итн., ама повеќето ги лупаат во хотелска соба дури жена им е негде зафатена, ќе се чукнат, ќе си прогугаат демек „Ееј, ти ме исполнуваш ко она што не знае“ и ајт, оваа лета во облаци, овој лета дома да купи на жена си фарба за коса и благо за детето, али нема везе „он жената одамна не ја сака и ќе пукне бракот кај и да е... него ради детето уште трпи.“ Секако дека тој е главниот виновник, а швалерката е тешка глупача. Убаво имаше некој претходно спомнато дека девојчиња (па и теткици) на кои не им било обрнувано внимание, се ложат и си даваат на вредност само ако „украле“ некого пошто еве ја фатална, неодолива, курофми... Тоа се истите што се жалат дека нема права љубов и објавуваат резултати од квизови „Каков тип на жена си“, „Колку си неодолива за мажите“, „Колку % си секси“, итн. Ок, не е смешно, but still...