1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. milaSS

    milaSS Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Не им давам поддршка, само сакам да кажам дека кога човек е во таква ситуација знае и сам дека греши само му треба време да ја прифате грешката....е сега некогаш порано некогаш подцна....
    Добра нок Пеликуна :)
     
  2. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    имам јас едно прашање до сите тука што се против врска со оженет човек дали верувате во љубов како успевате д а ја исконтролирате да ја насочите кон една личност со тоа што незнаете да сакате или со некој застарени патријахални размислувања и принципи ако размислуваш со срцето тогаш и знаеш да сакаш ова значи не важи!!!
     
  3. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :tmi: важи не важи е релативна работа!ама ако сакаш некој женет тоа значи дека и некоја друга го сакаЛА и тој неа ја сакал и ја оженил ! па како можи да сакаш некој кој не е целосно твој не му си љубоморна на онаа другата , и можеби на децата што ги има со жена му?
     
    На srcekrsacka и reddevill им се допаѓа ова.
  4. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Тоа 'контролирањето' е дел од согледување на личноста. 'Потенцијалниот' во кој би се заљубила, вљубила, во никој случај не би бил неискрен. Со тоа што врши прељуба-Е неискрен! Не се работи за патријахални размислувања, ами за зрело размислување. Јас не се заљубувам/вљубувам во насмевка, очи, паричник, ами паѓам на личноста. Е! Сите што се спанџале со веќе заузет :) момак, очигледно паднале на нешто што не е карактер(варачите се: неискрени, неодлучни, можеби искомплексирани, незрели, кукавици...) Ако некој брак одлучи да биде завршен, нека биде така од интерни причини...Секоја екстерна се смета за комплетно одговорна за распадот... И аман! немојте со љубовта...немаме по 15 години, па да се вадите на сањалачки ствари...

    И не може да помине ова без Балашевиќ :) Eh... 'Ne pozeli nista tudje...' Svi smrtni gresi... U tom su grehu...

    И сите тие девојки, момчиња кои се вмешале во нешто што предходно се градело (како-така), ги презирам и ги осудувам...Тие се и полоши од самите варачи! Сакаат да носат туѓи чевли, имајќи свои, и во име на некаква си 'љубов' која и не им е срам да ја признаат како таква, оставаат некого бос! Каква бре љубов! Тоа е најмизерна желба да се има нешто туѓо!

    Срамно е, и нема оправдување!
     
    На reddevill и softqueen им се допаѓа ова.
  5. slim

    slim Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    тоа е тоа!!

    Да делис некого со некој друг.Ако мозе некој да ми објасне која е таа сатисфакција?
     
    На srcekrsacka и reddevill им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Успеваме да ја исконтролираме зашто сме homo sapiens и чувството за морални вредности, разумот и нехедонистичкото размислување би требало да надвладеат над ниските страсти, да се обидеш некому да му го разориш гнездото за да се пикнеш во него, зашто ете, “сакаш“ некого. И да, да знаеш да сакаш не значи себично да се препуштиш на страстите без разлика кого ќе расплачеш и зацрниш, туку тоа е доказ дека се познаваш самиот себеси, знаеш што ти треба од партнерот и неговата среќа ти е најважна. А дали на пример тој човек ќе биде среќен кога синчето ќе му плаче затоа што дознало дека тато има швалерка која сака да му го растури гнездото градено со толку време, трпение и љубов? Кога сакаш некого, се трудиш да не биде лишен од ништо. Ваквите ги лишуваат нивните “сакани“ од семејството. Па тоа ли е љубов?

    И да, не се сака со срце. Срцето е пумпа која не' одржува во живот. Сите наши емоции се наоѓаат во мозокот и со малку труд може да се исконтролираат. Разумот е тоа што не' разликува од животните.
     
    На reddevill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Како да нема други мажи на улица.
    Секоја вечер гледаме прељубници. Некои кажуват дека се наместени за шоу да има, али и да се наместени, овие нешта постојат за жал! :x Јас сум силно против да се има врска со оженет човек. На многу луѓе срцата им се скршени после тоа. Ако неќаш да си со сопругот, ако сакаш друг, разведи се! Цела фамилија се срами од тој грев, ако се разбере. Ако не се разбере е срам само за тија двајца, кои можда знаат што сакат, али не знаат како да го направат.
    Јас никогаш не сум изневерувала и кога сум со некого просто другите мажи не ги гледам со такво око, како да ги сакам. Изгледа е нешто потсвесно, јас сакам сигурното секогаш. Не сум по адреналина. Го кажувам тоа, затоа што, повеќето луѓе кои изневеруват или се со оженет маж/жена, го праат поради високиот адреналин. Се забавуваат. А сите околу нив страдаат поради двајца без памет! |(
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    не ти треба врска без иднина дефинитивно,(а и никој не изградил среќа на туѓа несреќа)
     
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    А јас имам едно прашање до тебе, во која сапуница живееш??? :D
    Не озбилно, без навреда, ама ти или си крајно наивен, или потполно ти е поматена перцепцијата за љубов и останати вредности, што на крај пак се сведува на истото.
    Ахам, љубов... Љубов, за каква ти зборуваш во вакви случаи се јавува еднаш во милијарда. Во реалниот живот и нашето секојдневие кај ваквите ситуации обично се работи за некои нереализирани мажулиња кои навлегле или полека навлегуваат во криза на средни години па им треба нешто за крескање на страна со цел надминување на чувството на меланхоличност и неисполнетост, и за неизживеани девојчиња кои обично претходно веќе поминале пола град, а и пола град ги поминал нив :lol: , не искусиле вистинска љубов, ама кога ќе налетаат на некој женет е*ач размислуваат нешто во стилот "Штом еднаш се оженил, може пак да се ожени" а притоа нивните побуди се од строго материјална природа, додека нему пак ни на крај памет не му паѓа да се разведе :) . Да не испадне сега дека осудувам, едноставно објективно расудувам како е во глобала. Не можеш да очекуваш некој нормален под нормални околности ако треба да даде објективен суд, да ги одобрува овие појави, а луѓево неретко тој објективен суд од страна на неутрален знаат да го оценат како предрасуда на некој што изигрува светец, што е всушност погрешно. Тие романтики и парапатетики околку вистинската љубов помеѓу женет човек (чија "злобна" сопруга која не знае да сака искрено, обично има задни намери па за да го задржи се повикува на патријахалните навики и е вишок во целата приказна) и млада и невина или полуневина девојка :lol: која е водена единствено од чистата и безрезервна љубов оставете му ги на некој латино-американски или турски сценарист кој на приказната ќе и даде за нијанса поинтересен тек, а вие вратете се во реалниот свет. Не велам дека нема исклучоци од она што го наведов, ама веќе реков дека тие исклучоци се еден во ајде нека не е милијарда, еве милион, и не се она што го среќаваме секојдневно. Дури и да има љубов во таква врска, таа обично не е обострана.
    Темава воопшто не ме тангира, не сум засегната од ваков случај, значи потполно сум неутрална и како таква си дадов свое мислење врз основа на реални случки кои ги гледаме и за кои слушаме во секојдневниот живот, а и ми се виде смешна осудата на ред девил за патријахалната затупеност и бесчуствителноста на тие кои не одобруваат вакви односи па затоа прокоментирав :)
     
    На srcekrsacka и reddevill им се допаѓа ова.
  10. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Какви приказни знаат да измислуваат некои луѓе :x :x :x

    Па уште неа требало да ја брани некој од " злобните " , како таа да е " добрата " во приказната .

    Дури и да е вистинита твојата врска со оженет , не верувам дека си била опсипена со љубов , а уште помалку дека не се развел од сопругата затоа што ти не си сакала . A и братучетката која отсекогаш била противник на овие работи дошла во таква ситуација и сега треба да ни послужи како пример на останатите за да не зборуваме . :x

    Без навреда , но , не звучи реално .

    Многу филмови гледате ...
     
    На srcekrsacka, zanana и girl1985 им се допаѓа ова.
  11. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.046
    Како успеавте да ја насочите љубовта кон една личност, со тоа што не знаете да сакате? :D :D :D
    Некој што "успева да ја исконтролира и насочи кон една личност љубовта", знае да сака. Не знам шо не ти е јасно.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Комплицирано е ова. Врска со оженет човек нема шанси. Да љубам оженет човек исто така. Значи да знам дека некој има жена никогаш не би го погледнала со тие очи. Не би ни размислувала за него како потенцијален партнер. Ако некој мој бивши се ожени со друга, а за тоа време јас сеуште го сакам, незнам ќе се обидам да го забораваm. А да расипувам брак ми е толку сурово, па колку и да биде тој брак во криза.
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339

    Да, верувам во љубов, додека не ја почувствуваш не можеш да знаеш.
    Нема што да насочувам и посочувам или го сакам или не го сакам нема измеѓу и нема трето.
    Секој знае да сака само прашање е дали правата личност. Се раѓаме како бел лист хартија, не раснат, воспитуваат, опсипуваат со љубов - не учат да сакаме зашто сме опсипани од љубов. Човекот функционира спрема неговиот разум.
    Колку и да сме Балкан и со патријархални размислувања сите имаме достоинство и свое ,,јас,,.
     
  14. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Секако дека верувам во љубов,кое живо суштество сака да живее без љубов?Јас не познавам таков човек .Нема ништо погрешно во љубовта,напротив ,знам и дека чувствата не можат да се контролираат,но за секоја девојка која има барем малку самопочит врската со женет човек би ја исклучила од својот живот,ако го употребува својот разум.Дури и оженетиот човек да има чувства спрема една слободна девојка,тој никогаш нема да и понуди искрена и чиста љубов,би ја повредил и неа и своето семејство.А камоли пак за минлива страст да се уништи света работа како што е бракот.Точно е дека никој не може да планира однапред во кого ќе се заљуби,но ако се работи за оженет човек ,треба да се прекине секаков контакт колку и да е болно тоа затоа што тоа не е ниту врска туку самоуништување.Ако не се подлегне на искушението,нема да се случи ништо непожелно.Бракот не е играчка.Дома тој жовек го чека жена,можеби и деца,и тоа е најсурово нешто да му оздемеш на некого право да биде среќен ,да му ја растуриш фамилијата.Секоја разумна девојка свесно не би се впуштила во врска со оженет човек,тоа е моето мислење
     
  15. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    врска со оженет човек??
    па девојки , толку ли сте очајни што можете да си го изгубите паметот?
     
    На barbie-hilton му/ѝ се допаѓа ова.
  16. magde1990

    magde1990 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    ANJA SE SOGLASUVAM SO TEBE IMA TAKVI DEVOJCINJA NO NE SVAKAAT DEKA LJUBOVTA E GODINA DVE TRI POSLE SE E NAVIKA
    [mod-kirilica:2ig9khnc][/mod-kirilica:2ig9khnc]
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    :^)

    Будала жена што сум ти јас и живеам толку години без љубов, без да знам дека е ете така, од навика. Ќе треба да се организираат некои групи, како за пушачи што сакаат да се одвикнат, кај може ние ваквите навикнати да одиме на митинзи, да се одвикнеме од...од, не знам од што, од таа навика, за да можеме да се заљубиме повторно на година две три. И врти во круг. Вака што ќе ми животот без љубов, а ваму сите го ставаат под точка два, после здравје, за нешто најважно во животот. :?:
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    врска со оженет човек=живот во заблуда во лаги солзи и страдање...
    а ти мислиш воопшто дека ќе добиеш љубов од таков човек ?хелоуууууууууууууууууууууу
    се лажиш само то можам да кажам и да трае таквата врска нема да трае повеќе од 2 години или 3 освен ако се најди некоја будала и да го трпи цел живот некое такво ѓубре и некој таков патолошки лажго од таков љубов нема и нема да добиш тие луѓе се сакат само самите себе ...
     
  19. Lilablau

    Lilablau Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    19
    Прво и прво не е во мојата етика да не го познавам човекот со кого планирам да имам нешто.
    Ако човекот е разведен, каде е проблемот? Ако е женет не ни продолужувам со запознавањето, кога знам дека тој нешто повеќе од пријателство чуствува за мене. Ma доволно е да има девојка, одма е надвор од моите интереси.
     
  20. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    A што кога лубовта ќе заврши кога се ќе премине во навика?
    балашевиќ? немојте со љубовта немаме по 15 год? :) не го разбирам ова И сите тие девојки, момчиња кои се вмешале во нешто што предходно се градело (како-така) која е неговата вредност и јачина кога се градело како така ? балашевиќ го слушав кога имав 15 год застарен е многу верувам во љубов и верувам во врска со оженет човек да се има нешто туѓо? никој нее ничија сопственост