Баш тоа Ако сака, ќе шврља, и ако жена му не може да го запре и неговата љубов кон нејзе и семејството, јас со никаква улога во неговиот живот, нема да го запрам и на глава да се наместам. Јас одам заради секс, ни ми треба да ме сака, ни сакам да го сакам. Затоа и не одам со сингл кои се на 40+ (а ме палат повозрасни од мене). Тие што се сингл, ќе очкуваат врска, фамилија, брак, деца, а јас тоа ни сакам, ни можам да им го дадам. Не сум секогаш расположена за секс со друг. Се разботи за сексуална игра... како користење вибратор при секс (пример). До сега, откако го практикуваме ова (18 години), околу 10-15 пати сум имала секс со оженет. Значи, не сум секогаш напалена, и не секогаш сакам да имам секс со друг. И мажот ми има секс со други... ако сака. Секако не чувствувам грижа на совест, туѓите бракови, не се моја работа. А дека нема болка и повредувања надвор од Мк, има.. Само отворените бракови, експерименталниот секс, свингањето, тројките, не се толку озлогласени како овде.. Повеќе отворени играчи има во тие води, и ја иззема потребата да имаш секс со изневерувачи.
Тоа значи дека си себична, и дека не те интересира дали друг ќе биде повреден во таа ситуација. Ете мажот и да не си ти, ќе изневери нели, таков е муабетот. Ама мене лично совеста не би ми дала јас да бидам таа што ќе биде трета особа во заедница од двајца. Па тој ако сака и во крофна нека си го брцка, пардон на сликата. На темава претходно имам читано за млади девојки што одат со женети и тоа го пишуваат како толкава возбуда, па гледање со жена му, па како таа да е греота..според мене овие случаеви мислам дека имаат потреба од помош искрено. Гледаш како некој друг страда, ама тебе те билда возбудата дека си "завела" некој маж и тоа те прави автоматски подобра од жена му. Тој клошар, ама и ти ли мораш да бидеш клошар? Не се однесува цел коментар на тебе. Сум споменала миљон пати, човек треба да биде среќен и давам поддршка за секој да си ја брка среќата. Ама да не биде на товар на туѓа несреќа.
Тие тројца со кои сум била, не изневериле само со мене. Сите пред мене и после мене имале секс со 10тици жени. Пишував претходно.. не знам дали на оваа или другата тема беше, дека на секој кој ми се удварал, сум му кажала дека не е убаво што сопругата ја лаже и што не е искрен со нејзе. Ми се налутија, затоа што тоа не било моја работа. Ок.. ако не е моја работа, не е... Првиот со кого го направив тоа, беше пред 15 години, и ден денес ја изневерува сопругата. Јас сум само 3 пати по 3 саати во неговите скоро 25 години брак... Нивната неодговорност и негрижа за сопствениот брак и фамилија, мене ме пере од грижа на совест.. Фак ит..
Ако е запознаен мажот од познаничката твоја дека одиш со женети (пошто не се криеш), може и си ја пробува среќата.
Пак истото. Не мора да знае некој до кој, како и дали одиш... Тие што шврљаат, се удвараат на секоја која им се допаѓа. Не ти се удварал никогаш оженет маж, или некој кој е во врска?
Интересно но не, не ми се удварал. И да секогаш мислам дека треба да се даде 'ишарет' за да има причина да ми пријде некој. Не сум за отворен брак ни под разно. Ако ни се присака за егзибиции надвор од бракот подобро да се разведеме.
Не мора да им се даде 'ишарет'. Пишувам за политика на фб, а ми пишуваат мажи, оженети... ни ги знам, ни ги познавам, ни ништо.. Што сфатија како 'ишарет'? Дека сакам да влеземе во ЕУ?
Не. Ако сме пријатели или познаници и знае за мене дека шврљам, нема да се мисли. Ако знае или претпоставува дека ќе го одбијам, нема ни да помисли да се става и себе и мене во непријатна ситуација со ризик да дознае уште некој плус. За познаници мислам се збореше, за непознати е друго.
За непознати пишувам јас. Пријател, познаник.. само едно такво искуство имам... Типов има 60 години Ај сега?
Не викам дека не е така, ама секогаш пробуваат каде што мислат дека имаат најголеми шанси,а посебно ако знаат дека девојката веќе била со некој женет. Е оти мене никој не ми пишал ...ме замисли сега...Симпатична сум , не сум лоша . Не додавам сомнителни мажи за пријатели, може за тоа.
Не ми биле пријатели. Порака може да ми прати секој на ФБ, така имам подесено опции. Ни ме знаат, ни ме познаваат. Зошто мене? Појма немам.. Не сум ништо посебно да речеш...
Извини и јас користам фб но не прифакам пријателства ако не ми е ни познајник ни пријател на пријателот, а и за тие размислувам дали да бидат прифАтени. Не одговарам на недолични пораки (нека ми извинат тие што ми пишале лп што им немам одговорено) но ете треба и да се дистанцираш ако не сакаш да пловиш во водите надвор од бракот. Тоа е мое мислење. До сега сме мирни со мм се надевам и така ке остане
Пишав веќе: Не ми биле пријатели, аман читајте. И не сум била со никој кој ми дрндал глупости на ФБ. Сите до еден се одбиени. На друго место барам е*ачи...
Мене ме интересира како е можно да го сакате партнерот а да имате секс со други? Од кога е тоа океј? Хммм
Да, ама како е можно? Јас да го сакам партнерот нема никогаш да го изневерам. Пред се треба да се има взаемна љубов и почит.А најнајпред се да се има акл.
Врска од тројца луѓе од кои едниот не е свесен за тоа и не би ни сакал да биде дел од тоа, не може да биде ок па колку сакате расправајте. Вие може сте на чисто со своите партнери, но свесно присилувате друга особа да биде дел од нешто што би ја повредило и не сака. Ситуација во која една личност секогаш ќе заврши повредена и изманипулирана, без своја вина, не може да биде нормална и прифатлива, па колку сака и да се влечка муабетот. И мислам дека и не може да сметате дека тоа не е ваша работа, затоа што вие веќе сте дел од тоа.