@WildMk мажот и девојката ја присилуваат жената Или жената и дечкото го присилуваат мажот Двајцата се свесни дека има трета особа која не би сакала да биде вклучена во тоа, а е.
Да бе, јас го присилувам некој, што пред да ме запознае легнал 50, направил профил, објавил фотографии од неговиот фалус и напишал какви сексуални преференции има
Вистинското прашање е дали ти имаш свекрва и што правиш уште во нејзина близина? Јас никогаш не поддржувам излети во врска/брак. Живот иде даље и пишува романи со нас или без нас а овде сите сме гости.
Зошто да ми биде грдо? Каква врска има свекрва ми? Ти зборуваш со свекрва ти за тоа што правиш во кревет?
@WildMk не се разбираме Присилената во случајот е неговата жена. Ти знаеш дека има жена, тој знае дека има жена, само жена му не знае дека вие двајца се имате Во случајот таа е присилена да биде дел од нешто во кое не сака да биде, да спие со човек кој веќе спиел со друг. Ако сака тоа е друга работа, ама темата не е за тоа.
На прашање не се одговара со прашање. Тој ја довел во таа ситуација, пред јас да се појавам... Пишав веќе: Неговата неодговорност и негрижа, ја 'пери' мојата. Сепак, тој и' ветил на сопругата дека ќе и' биде верен и дека ќе ја почитува, јас ништо не сум и' ветила.
@WildMk ама ти си соучесник. Не си стоела од страна и си гледала, си била дел од тоа. Во многу ситуации си наоѓаме милион работи да се оправдаме себеси, ама реално сме само себични. Единствениот што нема вина во ваква работа, е тој што не знае.
Па фактот што тој каков што го опиша, е обично животно со ист таков нагон, кој не бира време, место и начин, ниту особа, туку само гледа да се испразни за да пополни некоја празнина во животот, која влече корени којзнае од кога, а у исто време не е храбар јасно и гласно да каже што го движи во животот. До мајндсетот е. Мене ваквите идиоти ми се гадни и саможивни, тебе не ти се и ок е. ПС Ќе стане тато од компјутерот, само момент, да му се прикачи дик сликата.
Ме насмеа... бизарно е, ама така испаѓа... Затоа што ми треба само за секс, ништо друго освен да ме пали, да е добар во кревет не ме интересира. Дефинитивно не се материјал за врска или за брак.. Барем тие со кои сум разговарала. Сексисти се, шовинисти, неодговорни. Освен како вибратор со уста и раце, друго ништо вредно не сум видела во нив. Кога одбираш вибратор, гледаш да брка работа, не дали го чита Кафка
Ама зашто се убедувате уште? Сонцето си огрева, караванот си врви, кучињата си лаат, тие што изневеруваат пак ќе изневеруваат, тие што изневеруваат со изневерувачите и не им е гајле пак нема да им биде гајле, изневерените пак ќе си останат повредени и најчесто емоционално осакатени... Тоа е. Светот е таков и нема да се смени. Може само вие да се адаптирате кон него. Ништо нема да смените, истрошени се сите муабети за темава, само во круг се вртите. Give it a rest, најискрено.
@WildMk ама знаеш Вајлд, не си само ти, и не е конкретна ситуација во прашање. На многу не им е гајле, се гледаат само себеси, без разлика дали некој друг ќе настрада. И да, тоа е нивно право и нивна одлука, ама не значи дека е исправно и во ред, и не може да очекуваат сите да се согласат со нив. Да, мажот е крив. Или жената, тој што изневерува. И не мислам дека швалерот/ката е ороспија што го завела невиниот маж/жена. Ама тој што е вклучен во изневерувањето, според мене не може да очекува да биде комплетно ослободен од одговорност.
Килт бај асосиејшн - Не држи на суд Може да се смени. Ако се едуцираат луѓето дека бракот има и одговорности, дека искреноста е она што помага за одржување на добри бракови, да не ги лажат партнерите дека ќе бидат добри партнери, одговорни родители, одговорни сопружници... да стојат позади договорите кои ги прават, а не едно да ветуваат, а друго да прават. Идеалист сум...
И како вајлд дојде до ова? Долго сте заедно нели? Епа кој иницираше прв? Како ви дојде темата на муабет дека ве палат и други?