1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Во ваквите случаи срцето ќе те однесе во провалија: страдање и солзи еден куп.

    Двете страни се криви, но НАЈкрива е зафатената личност. Тој/Таа треба да е попаметен и да има повеќе осет што прави од другата личност. А оние што ја прифаќаат играта се само за жал измамени и најчесто излудени од љубов.
     
  2. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    од најразлични причини може да произлезе таа сатисфакција желба за нешто ново невозвратена љубов да делиш? не го разбирам ова некако????????????
    секој различно го дозивува сето тоа кај некој луѓе емоциите и страстите се многу силни што немозат да се контролираат моралните вредности скоро и се заборавват кога те обзема тоа чувство не мислиш на ништо друго релатицна работа е тоа во секој случај г о поздравувам твоето мислење има внесено голема доза на поезија :)
    Kako прво не си компетента да реплицираш на темава затоа што немаш ниту едно такво искуство ги гледаш работите од страна и онака сакаш да изгледаат онака како што би требало да изгледаат можеш да дадеш само свое мислење сто се базира на филмот што го гледаш околу тебе а никогаш не си била во него не живеам во никакви сапуници и не сум наивен само се прилагодувам на такви ситуации понекогаш перцепцијата за љубов не ми е пореметена знам што сакам од себе и за себе а за другите вредности мислам дека се губат кога си во тој филм сами по себе можи да грешам ама кај мене е така така размислувам и сето тоа го доживувам го поздравувам твоето мислење
     
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас пред некој ден слушнав за една ваква врска, ама со ептен неочекуван епилог... Женава (има некаде над 30-35, што знам, не е дете, во секој случај) си фатила оженет, кој, патем, не и е првиот оженет тип во животот, веројатно се пали на тоа дека еве победила некоја друга жена, сигурно е појака **** штом нели неа ја избрал, а си има дома, не знам, не сфаќам... Во секој случај :D типов женет, деца и се по список, некаде околу 40 години. И демек љубов голема, жена му дознала, па овој ги оставил жената и децата и еве ај со оваа „швалеркава“ ќе тера врска... Арно ама, и оваа му удрила клоца по некое време, демек „морон бил, што се занесувал тој, не била таа жена му, па така да и се понаша, па не бил тој истиот како кога била „во врска“...“ Да не должам, наравоучение- она што ви се гледа интересно додека тој е туѓ проблем (а не ваш, вие го гледате расположен, спастрен, намирисан и сл.) воопшто не е привлечно кога ви се влечка секој ден низ дома... Мислам, ова се однесува за сите што мислат дека добиле премија на американска лотарија што некој женет се заинтересирал за нив :D . Прво, затоа што тој женет, да е асален човек, нема да брка други, туку дома ќе си ги решава работите.
     
    На srcekrsacka и stetoskop им се допаѓа ова.
  4. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    јасно ми е се ако е така ок е ако успеваш да ја насочиш само кон една личност но што кога ќе те потиснат емоции кој неможиш да ги контролираш прашањето е токму тоа како успеваш да ја контролираш и да ја насочиш на само едн место тој скржавлук сакам да ми го објасниш :D :D :D :D :D
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    ^Ај ти објасни ми што ќе направиш ако ти се појават емоции кои не можеш да ги контролираш кон сопругот/сопругата (не знам дали си машко, дали си женско) на твојот брат/сестра?

    Едит Не одговараш а јас немам време за чекање :D да си кажам дека претпоставувам на таков некој начин...Од старт кога ќе слушнеш си ги блокираш размислувањата (свесно или несвесно) во таа насока, и нема ни да дојде до момент да се заљубиш во некој што не треба...Оти претпоставувам тоа заљубувањето не е во дел од секунда-оп, готово, се заљубив, џабе е веќе не можам против себе...
    А за насочување на љубовта кон една особа...Мажена сум, но ми се допаѓаат и мене дечки, симпатични, паметни, интересни...претпоставувам и на мојот сопруг (жени де, не дечки)...Се движиме, се мешаме со народ, комуницираме...И ако е така тешко да се воздржеш досега ќе имав сменето најмалку петмина :angel: And keep moving...Како? Не знам, не е напор за мене тоа воздржување, но ако за некого е, тогаш чаре не знам...
     
  6. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    nevozmozno e toa incest bolest e toa veke ne se raboti za kontroliranje ili nekontroliranje na emocii a kon soprugata ke mi izlezi vo presret da gi iskontroliram strastite :D :D :D :D :D
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    ^
    Од каде инцест љубов со снајка? :^)
     
  8. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
     
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Како прво тоа што ти не ме сметаш мене за компетентна не го поткрепува твојот став под никоја основа. :)
    Кога реков дека не ме тангира темава, да, мислев на тоа дека сум немала такво искуство, (не сум имала афера со женет |( , не сум ни изневерена сопруга, а ете, не ми се погодил ни за татко таков човек кој би се вдал во некои авантури кои обично задоволуваат потреби од понизок вид), но тоа што не сум била директно оштетена не значи дека не сум ни посведочила таква ситуација, не значи дека не гледам што се случува во околината. На какви ситуации ти се прилагодуваш и како, не знам, јас само ги гледам работите објективно и реално, носам заклучок базиран врз виденото (кое бтв никако не е видено на филм) и не ни изгледа онака како што јас би сакала. Да ги раскажував јас работите онакви какви што сакам да бидат и какви што треба да бидат, немаше ни мислењето да ми биде толку воздржано. ;)
    Ако внимателно го прочита мојот пост, ќе прочиташе дека постојат и исклучоци, се зависи од ситуацијата. И никој не може да знае утре што ќе го снајде и што може да му се случи или да направи. Но, сепак секој еден свесен и интелигентен хомо-сапиенс без поголем труд би избегнал некои погрешни ситуации кои може да ги донесе секојдневието. И за некаков си исклучок, еден во милион (во кои не знам дали спаѓаш ти, или си поадекватен за во другите групички кои ги наведов) нема да дискутирам подлабоко тука, затоа што сметам дека овде, на темава станува збор за типични примери. А не би ни можела на поголемиот дел од тие исклучоци, а уште помалку на "типичните примероци" да им посакам се најдобро од причини разбирливи за секој човек со трошка осет и со солиден IQ ;)
    Баш и не верувам дека токму ти си имал во целост реализирано т.е позитивно искуство, од причина што премногу романтично гледаш на работите за некој кој добро бил или е навлезен во ова. Последно, метафорички или не, сепак самиот си кажа дека си во некаков "филм".
    И за крај, сите со такво размислување, кои барате останатите да се стават во улога на некој "безнадежно вљубен" (а во таа чиста и обострана љубов во вакви случаи, јас да си пукнеш, ама не верувам :rofl: ), прво вие ставете се во улога на пример, дете кое поминувало низ распадот на сопственото семејство, па онака чисто објективно да донесеме реален заклучок и да видиме што има поголема тежина, па после идеализирајте задоволства од пониска категорија. Поздрав :hai:
     
  10. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Ако не го пикаш носот таму каде што не ти е место,тогаш нема да имаш потреба од контролирање на срцето и од заљубување.Зашто?Зашто нема да дозволиш да дојде до тоа,фино лепо ќе си ја собереш опашката и ќе се тргнеш.
    Веруваш во врска со оженет човек,зашто не бил никој сопственост на никого...ахам да епа ќе те видам тебе како ќе размислуваш маж ти да те замени со некоја си таму расипокуќник па после ќе правиме муабет.И немој да мешаш патријахално воспитување,зашто овој одвратен,неморален,низок,чин изневерување и врски со оженети и мажени го прави личност што никако не е воспитана,личност егоист,личност желна да превземе нешто што не е нејзино и личност што нема да ја боли таквата што мали деца дома ќе останат истрауматизирани од разводи и чуда.
    Каде ви е совеста бе луѓе?
     
    На srcekrsacka, Li0ness и stetoskop им се допаѓа ова.
  11. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    пак ќе речам не си компетентна да реплицираш затоа што го немаш осетено тоа на своја кожа немаш никакво искуство па тие што го имаат нив ги осудуваш затоа што ти си безгрешна си во идеална врска или брак па се обидуваш тука да му помогниш на лугево да му го пренесиш сето тоа ма совршена си само не ми е јасно што толку те привлекла темава од која причина даваш тука примери и за други групи а не си била ниту воедна од нив мешаш баби и жаби многу пишуваш и даваш примери ама не си јасна што сакаш да кажеш секој си има свој филм фантазии желби ама има и луѓе што умеат само да гледаат филмови да оговараат или се диват а која е причината нее ни битна ние знајме да кажиме како треба да стојат работите како треба да изгледаат ма соврсена си усте еднас ке ти рецам го поздравувам твоево мислење и ми е мило што реплицирам и се дружам со вакви личности
    како се трга опашката? :D воспитувањето нема врска со ова ниту егоизмот одма ке ти кажам навидум изгледа многу погрешно но прашањето е од што произлегло сето тоа која е основата ???
     
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас да те научам како се трга опашката??Ти ако не си научила до твоиве 32 години,нема ни да нучиш очигледно,со вакво размислување.И НЕМА никаква основа и нема нкакви причини за вакво нешто,Нема ама секако ти не би го сватила тоа.
    И друга работа,на форумов секој има право на мислење неможеш ти да одредуваш кој е компетентен а кој не е,а компетентна на темава како тебе никогаш нема да бидам.
    И немој да ми реплицираш немам намера и несакам да се убедувам со тебе.
     
  13. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    ок поздрав задржиго своет мислење за себе и ниту има некој право да ми каже на кој ке реплицирам иначе сум маж да не ти е во мислаЧ)
     
  14. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    :D
    Чекај бе полека малку, ако не си знаел ова е форум, ФОРУМ, get it? Kако што ти ми одговори на цитатот мене, така и јас ти одговорив тебе. И ајде не почнувај пак со прикаски за безгрешните и светците кои ве осудувале вас романтичните души, зашо стварно не држи вода и не крепи памет. :D Не сум јас тука најчиста душа за да просветлувам и да подучувам, туку овде сум за да искажам став за по којзнае кој пат нешто во кое сум се уверила и кое сум го гледала со свои очи и нешто за кое и не е потребно лично искуство за да знаеш дека е погрешно.
    И пак збориш за некакви идеални врски и бракови, сега не знам дали си стварно во шпанска серија, американско филмче или во бајка од Грим. :D
    Ако не си разбрал што напишав, седни и прочитај ги двата поста уште еднаш, ако пак не разбираш, проблемот веќе не е мој. И јас имав потешкотија да ти го дешифрирам мислењето :D ама ете некако, те разбрав што сакаш да кажеш, колку и да нема поента.
    И на моето објективно мислење, ти одговараш со "мешање баби и жаби" "некомпетентност" и "што бараш ти на темава (ахам на која патем ти си најактивен денеска)" , а после божем поздравуваш и почитуваш мислења ? :^)
    И додека ме повикуваат на тема, иако не ми се гледа како посебно интересна, ќе морам да реплицирам, не гледам што е спорно тука.
    П.С Дечко, дете, девојко, не знам што си, животот не е филм. ;) Не само што не е, туку реалноста е далеку од тоа.
     
  15. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    ниту јас неможам да ги разберам двата поста ниту пак овај ти сакаш да реплицираш не за темава туку за тоа кој какви размислувања има и се ставас во својство на судија тука а во каков филм си ти влезена пошто еве јас сум во шпанска сапуница и романтична душа што држи вода за тебе? не гледам твој став тука твое размислување не само на оваа тема туку и на други само контрадикторност ништо повеќе
     
  16. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Оу мај Год, а трол! :o

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На reddevill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    100 % против врска со оженет
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    :D :D :D :D :D :D po'e ne ti repliciram se slozuvam samo so mal del od se sto kaza pozz sekoe dobro:))
     
  19. Natka87

    Natka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    и јас сум против таква врска мене ми се има случено така нареченито мој дечко да излезе зенет ко дознав врската одма се прекина и после долго време се гадев од самата себе а сега ко ке се сетам како сум пагала на неговите лаги ми се крева косата од секогас сум била против тие врски иако сум била незнаејки во некоја си таква глупава ситуација значи никакво оправдуванје за особите сто се пелтакаат во брак и сто рстураат семејства.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Која црна поезија, се читаш ли бре што пишуваш? Со самото тоа што му се обрати на мојот пост со циничен тон кажува многу за твојот карактер. И да, ја немаме сите таа привилегија да бидеме толку “чисти и невини“ и да го потиснеме разумот и да одиме по нашето “чисто срце и искрена љубов“ се' за своите каприци, ако треба и куќа да се растури. Не е баш така.

    Значи не зборам од памет зашто како прво и самата сум во брак, а како второ цела ноќ имам преспиено кај една другарка кога бракот и' се распаѓаше. Му подари 11 години од својот живот, од деца беа заедно и навистина се сакаа. Можеш ли да замислиш како и' беше кога дозна дека ja изневерува тој ист маж? Јас ја тешев кога плачеше и верувајте, болката не се опишува со зборови. Значи чудо како таа вечер не доби напад и не заврши во болница. Поминаа 2 години оттогап, сега е (како што знам) среќно мажена но и самата ми рече дека од тоа и' останала длабока лузна и не може да го заборави.

    Нема оправдување за такво нешто. Ама никакво! Според мене барем.