оо да да знам..па особено кога си на директорска функција..малолетни,секретаркки,спонзоруши..се му се проклиза низ рака нему
Не беа овие богаташи. Ама парите за излегување, ги трошеа за тоа. Ако може вечерва да е*а некоја, за тоа ќе потроши, ако не, ќе ги даде парите во кафана со другарите. И уште ако му речиш: Зошто така правиш? - кога ќе ти се дурни, пуздер ќе те направи.
@joy1 не секој ја има таа среќа како тебе... инаку мајка ти како се справи со тоа дали има некоја последица од тоа ( односно од нервоза доколку ја имала додека се тоа траело) ?
не таман работа имам зборувано мн на оваа тема.И дека го фатив во кревет со другата..а он продилжи ладно да спие до неа,и дека бараше совет од нас што да и купи на едната за 8 ми март егоист.. има само една позитивна раб која произлезе од се ова ама не е за јавно да ја споеделувам.На мајка ми не е и простив никогаш што не се разведе од него.
Случка од пред некој ден ме трогна што се случи зата и пишав тука. На моја позначка мајка и доживеа мозочен удар од тоа што секој ден се повеќе и повеќе се нервираше од сопругот... а тој дотичниот никогаш не престана да ја вара .... не знам дали ќе продолжи уште и по смртта на мајката на мојата познаничка. За тоа реков дека им го јадат лебот на децата...
Вака сега, ова можда ќе звучи сурово ама...мозочен удар не се добива дека маж ти те вара. Повеќе фактори има, стресот е еден ама апоплексија е резултат или на исхемија, или на крварење ради аневризма. Стресот не е директен причинител. Мозочен удар добиваат и луге без преваранти во живот. Пред се висок притисок и атеросклероза. Ова го зборам не за да бранам, туку да ти кажам дека швалерката врска нема со смртта и лебот. Не е се причинскопоследично во животот.
Добро друго е кога доктор ќе го потврди тоа дека е од премногу нервоза и стрес добиено... тој удар. Не планирам повеќе да коментирам на тоа.
Мене не ми е јасно зошто остануваат со такви? Ако знае со кого си има работа, а не е во состојба да живее со тоа, нека го остави.
Да немала за леб, да мора од финансиски причини да седи под ист кров, ќе сфатам дека трпела. Ама заради комшиите, кои ионака сигурно знаат, а не дека е важно, не сфаќам.
Точно директни 2 причинители на церебралниот инсулт се исхемија или аневризма, ама не значи дека индиректно стресот не влијае врз самиот тој процес. При стрес се ослободуваат стрес хормони, тие стрес хормони задржуваат сол во организмот, а со самото тоа се подига и крвниот притисок. Од стрес хормоните се пореметува сонот, се качува шеќерот а со покачувањето на шеќерот се прават и покрути крвните садови и со тоа поподложни на разни компликации. Не сум специјалист доктор, меѓутоа ме интересираат овие работи и ептен ги читам. Леле @joy1 со тешко срце ти стегнав лајк на едниот пост, душа не ми даваше на другите. Те имам читано и ти се восхитувам како си успеала да се оттргнеш од таква случка дома и да го пуштиш срцето, да се венчаш со саканиот и да си имаш дечиња. I'm definitely not there yet. Не знам дали е до тоа што го видов дома, или дали е комплет пакет со тоа дека и мене ми се случило, ама јас ептен се кочам во таа област. Претешко ми е да се опуштам, претешко ми е да стекнам доверба во човек, ептен сум awkward, дури некогаш е алармантна работата. Никогаш нема да го заборавам тој ден, требаше да ми е ден кој ќе е еден од најубавите за мене, бев излезена да прославам ама ми текна дека заборавив нешто дома, се враќам и ја гледам мајка ми вцрвенета во очите и се тресеше цела снага, никогаш ја немав видено таква. Откако ја премолив да ми каже што, ми кажа и тогаш како да ме удри гром од ведро небо. Натаму веќе ништо не беше исто. Тоа е, живот.
@KateKane , со почит кон тебе, тоа се психолошки фактори кои директно не се мерат( стресот сакам да кажам) . Еве стресот сте го имале и џој и ти, сум го имала и јас. Сите 3 различно реагираме. Првичниот шок и разочарување е веројатно слично, реакцијата после е индивидуална. Искрено ти посакувам разрешница на дилемите и ситуациите, ти си посебен човек со свои одлуки, карактеристики и ставови. Животот на сите ни мине, да го минеме во лутина не е решение. Обвинувањата имаат рок на траење. Ако го надминале, лет дем гоу. Поздрав
@Dentina A lot easier said than done. Не сум лута јас, ама се тоа си има последици, не можам да ги игнорирам колку и да сакам. It doesn't work that way. Секогаш кога нешто се случува, го имаш оној досаден брмчелив глас кој те јаде и те копа од внатре и не ти дава мир. Совеста и подсвеста не се споредуваат, првото се става под контрола, второто не. Стресот колку и да не се "мери", познато е колку штета прави на организмот. Јас не велам дека стресот може да те убие, ама стресот ги прави оние болести who can. А еве и не мора да е мозочен удар, прави шеќер, главоболки, депресија (најтивок и најстрашен убиец), анксиозност, проблеми со желудникот, на стрес чир се закачува и други. Различно гледаме на нештата, ама океј, се разбравме што сакаме да кажеме. Поздрав и до тебе.
@KateKane годиништа работа на себе си,борба со внатрешни демони,куп грешки Ништо не било лесно ко што навидом изгледа.Трауми влечам мн..падови..лоши слики ама сум емотивна мн јака што не дозволив досега ништо од тоа да ме сруши.Точно..маж ми ми помогна мн исто и уште една личност покрај која растев..ама најмногу си помогнав самата. имаше еден доста долг период од три години..во кој сакајки да ги казнам нив(татко ми и мајка ми)...растев диво.Не преспивав дома,идев на журки до сабајле,трошев мн,гледав на машкиот род ко на нешто што треба да се заведе и отфрли,повредував.. Се додека една случка не ми го потресе тлото па се свестив дека грешам мн и дека ради неговите грешки не треба други да патат.Сега сум мн ок се сето негово минато..ама со него лично не сум блиска,ми смета неговото присуство,ме вознемирува.. имаше мозочен удар пред некоја недела..сакала или не пак јас трчав за него.