Ти ги читам мислењата и солзи ми потекоа. Многу добро те разбирам за тоа што и јас растев во дисфункционално семејство. Моите не се изневеруваа ама се караа секој ден.и тоа длабоно ми се одрази. Години поминаа од тогаш.работите меѓу нив се средија до некаде ама јас уште имам трауми. благодарение на таквото детство денес сум тоа што сум.несигурна во себе.емоционално сум слаба.се може да ме повреди.затворена личност сум.јас сама на себе не успеав да си помогнам.
Нешто што ме нервира е тоа клише правдање,као мора да ни заврши врскава не поради жена ми (као жена му он не може да ја гледа) туку ради детето...да земеш да го треснеш од земја
У секој случај боље е да бидеш швалерка отколку жена на тој што има швалер. Мислим, жени, мислите со глајте!
Јас ќе зборувам од страната на изневерената личност затоа што јас сум сопругата не швалерката. Јас на прво место на осудување го осудувам маж ми за тоа што ми го направи, од друга страна исто сметам дека има вина и другата жена барем за мојот случај. Таа знаела дека он е женет и има дете зошто воопшто започнала таква врска. Јас откако дознав се што се случува зад мој грб животот ми стана пекол. Колку ноќи тивко имам плачено легната до моето дете и солзите ми капеле врз него, колку утра не сум била способна ни за себе ни за моето дете да станам од кревет нити сум можела да јадам како човек нити да легнам. Затоа ви давам совет на тие што се впуштате во врска со оженет маж вие воопшто не знаете што доживуваме ние жените кои сме изневерени, пред било што да направите размислете барем на децата ако не мислите на нас домаќинките затоа што јас знам колку пати ме видело моето дете со солзи колку пати и плачело слушајќи ги расправиите меѓу нас, Не бидете жени со ниско достоинство, чест и морал не бидете жена што ќе растурите нечиј дом и семејство. Да не ме сватите погрешно за мене првенствено е крив маж ми но и другава страна е виновна не е жртва и таа носи вина.
се доживувам со тебе зашто колку и да сме сигурни во сопругот колку и да му веруваме тоа е ни дава сигурност дека нема ништо да се случи. А овој "апел" кој е испратен до госпоѓиците кои копкаат кај што не им е место за жал многу често е залудно. Ќе си речат па што да им правам мажот ако е маж нема да погледне друга ќе си ја гледа жената. И уште со гордост ќе го кажат као немаат врска тие, чиста им е совеста. Многу ми е жал. Ниедна жена не заслужува да му ги пере гаќите на мажот за тој да ги соблака на друго место.
Што си била будала да плачеш за тоа Второ ако жените те послушаат и нема со зафатен маж да одат дали маж ти или другите мажи ќе престанат да трчаат по сите жени(иако се оженати)? Дали ако мажите се затворени и подалеку од други жени дали тој ќе престане да фантазира за други жени? Не драга , он истото ќе си го прави (дали од што е во несреќен брак или чисто од ќејф не е битно) , јас исто сум била изневерена и оставена ама по долгогодишна врска и секако дека двајцата ги обвинував но бившиов беше крив , а и секако двајцата ги мразам и им посакувам најлошо бидејки мн ме повредија (но таа не е крива што тој тргнал со неа) ... Но јас си продолжив со животот , и сметам дека сите треба да продолжите со својот живот , и да си барате друг (други) и да не се замарате мн со мажите бидејки тие не се све на светот! Продолжете со својот живот!
Не може едноставно да се стави неверство од страна на дечко на вага со неверство направено од сопруг или сопруга и тоа во брак во кој има деца. Првово секако дека е болно и не е за оправдување ама во тоа неверство нема дете кое треба да трпи трауми од глупостите на некој несовесен и неодговорен родител. Индивидуалната болка секако дека не е за занемарување ама едноставно поинаку е, и е исто така претерано трауматично. Што значи едно е на пример да продолжиш со животот понатаму кога станува збор за врска со дечко или девојка а друго е да продолжиш со животот понатаму кога станува збор за пропаднат брак во кој биле створени деца.
Ехеее колку деца пораснале без татковци во успешни луѓе , а и многу имале несреќно детство од караниците од родителите и сеуште имаат трауми . Подобро да се стави ладнокрвно крај и да се продолжи со свпјот живот и да се заборави минатото
Не е така едноставно да се стави крај, тоа е проблемот. Логички си во право и те поддржувам ама овдека е сосем поинаква работата. Јас пораснав без татко на пример ама мојот случај е сосем поинаков. Овдека е нешто друго во прашање. Нормален е стравот што се јавува и кај жените или пак кај мажите на почетокот, кога станува збор за вакви работи.
И третата и третата.. како секундарен виновник. Само да се мислело со долните полови органи, страшно.
Oh a tretata nevina strana...kutrata taa sto imala odnosi so covek koj doma go cekaat deca i zena! Za zal kaj takvi zeni nema dostoinstvo,samopocit i ne postojat moralni vrednosti!
Третата воопшто не е крива ... А хормоните и половите органи се природна работа . Мн значење му давате на мажот , продолжете си со својот живот со дигната глава .