Не е така.. да беше така, ќе беше со било кој. Шо ми се молиш? нели нема? Пишува да се почитувате и се' да биди во договор меѓу вас. Ние тоа си го почитуваме. Неверните не го почитуваат. Точно. Намерно одбирам оженети, повозрасни и со искуство во изневерување.
Зошто би имала кога самиот сопруг не мисли на децата и жената?кој да мисли? Ако он не си ја почитува фамилијата како можеш да очекуваш друг да ја почитува. Одвратно е да и не ги оправдувам ама ако мојот маж не мисли на нас не ме ни интересира што мисли швалерката и дали има годрост,совест...итн
Не знам зошто ја нападнавте Вајлд, си има кажано дека е у отворен брак што значи дека двете страни се сложиле дека така ќе тераат. Ако на некој не му одговара си постои фино лепо развод. Јас лично не би можел така али секој си знае за себе, Вајлд никого не тера да постапува ко нејзе само си кажа отворено за разлика од 80% од форумов.
Па кој ја напаѓа Вајлд. Цитатите се насочени према неа дека е едина со такво искуство, да беше друга исто ке е . Дискусија е.
не сум едина... ни на форумов не сум едина. Само едина сум шо кажва ко шо мисли. Ехее.. колку што изневеруваат сега читаат.. чешити е
Пак не ја разбираш мојата поента и очигледно не се соласуваме. Ништо на овој свет нема да направи таа ако тој решил да си ја почитува својата жена. Дали она има совест или не е е никаков фактор во случајот зашто пак истото ќе го повторам, дали он има совест или не е најбитниот фактор! Мене не ми е јасно зашто мислиш дека она треба да се секира за неговата жена (која е логиката?) и неговите деца, тие се негови деца и негова жена он треба да застани и да размисли и да не го направи тоа. На крај краева може и да плати за секс и каде е сега логиката? А најбитен факт е тоа што ти го кажа, еден маж не може да биде силуван. Он си одлучил да прави што сака значи сопствена волја, а не дека таа неморалната него го натерала. Пак ќе кажам, една девојка може да биде најнеморална на цел свет ако он не сака нема да биде со неа, значи само он е крив. Јас не подржувам да се иде со оженети ама во ваков случај апсолутно не се солгасувам со тебе за тоа кој е крив.
Ај да ги убедиме да бидат искрени со партнерите, и да им дадат шанса да одлучат дали сакаат таков однос или не?
Не зборам за тебе Стоундке, скролни нагоре. @cresa-jagoda Црешке на тие мажи некој им држи пиштол на чело, еби ја Вајлд? Секој си одговара за своите постапки, така да нема потреба да се праиме светци и безгрешни.
Нека бидат. Вајлд, види. Мислам дека пре ќе разберам да чујам од тебе или некоја со слично искуство, да рече дека се има заљубено, зацапано во уши, јбг љубовта е ипак најсилна емоција на светот, отколку за еден секс бе. Еј с е к с. Еден толку прост акт. Пола сат, можда ни толку, уживање или неуживање, оргазам или не оргазам. Зарем вреди ?
Абе и во имање секс некогаш треба разум и совест да се има. Ама ќе молчиме оти ќе испадне етикетираме. Чим за @WildMk е исто јадење и сексање, џабе ќе се трудите да објаснувате.
Вреди... од време-на време.. Ова, за мене.. за другите, не знам колку често За што совест? Види вака.. ако ми речеш дека те изневерува партнерот, огромна поддршка ќе ти бидам, ама не очекувај јас да се објаснувам со него, оти бил неверен.
А да претпоставам гориш да ти речам Да ме изневерува за да ми плеснеш Е гледаш дека сите изневеруваат? Ама еве и да ме изневери да речеме со другарка можат да се гонат у три лепе и он и другарката, наместо она да ми глуми подршка. Сериозно на пример сметаш дека таа другарка со исти очи ќе треба да ја гледам после?
Нема шанси да ти речам: Еве гледаш, сите изневеруваат. Јас со маж на другарка, ни сум имала секс, ни ќе имам некогаш. А тоа што со други мажи имам секс, не значи дека не ја разбирам болката на изневерениот. Едното, не го исклучува другото... барем за мене..
Аха, значи ако е некоја што ја познаваш, нема да бидеш со маж и'. A зошто? Нели тебе ти е битно само секс да имаш? Од каде сега разлика дали ти била жената другарка или не?
А зошто дискриминираш така? Или друга членка погоре што напиша не ѝ е сестра швалерката, па да мислела на неа. Оти на сестрата/другарката да ѝ се замери нешто што е дозволено за некоја друга?