Оти тие што ми се мене битни, не сакам да ги повредам. Тие што не ги познавам, не ми е толку жал. Ако речите, дека вам исто ви е за сите жал.. нема да ви вервам
Темата од 2011 успеавте да ја активирате Мое видување-Не би била во ваква врска, никогаш. Тие што се во ваква врска, се еднакво одговорни и изневерената, и изневерувачот и третата. Незнам зошто не оставите луѓето да се изразат и веднаш дискриминирате. Свој избор бре луѓе, секој си знае за себе. Но не осудувајте, од страна е многу лесно да се каже, биди во триаголникот па осудувај
Значи сама признаваш дека ги повредуваш ТИ тие жени. Па нели маж им е кривиот само и ги повредува? Нели имаше емпатија ти кон сите жени? Ај одлучи се дали повредуваш некого или не.
Готово, ме убеди. Секоја има право да биде со тој што го сака. Женет или не. И да се бори за него. И мажот да стави на вага, дете, жена и семејство од една страна и љибив кон девојката од друга. Ако е она побитна, нека тера. Зар еден потпис у матично ви дава за право да одлучувате за друг живот? И да ми е маж, не можам да му го врзам. Јас се мислам мачорот дали да го стерилизирам, не па на маж слобода да му одземам.
Имам емпатија... и ги советувам сите изневерени, без разлика дали се мажи или жени, да си преземат одговорност за нивните животи. Да не простуваат неверства, ако ги повредува. На изневерувачите (пак ќе речам) им препорачувам да бидеат искрени со партнерите, затоа што не е во ред да ги повредуваат своите партнери. За мене би било милион пати подобро така. Во свет на искреност, нема да бидам крива за никој. Ама не можам да го сменам светот, и се прилагодувам на условите кои моментално псотојат.
Можно е некогаш и изневерената да е крива јас мислам дека таја можи да е и првиот а камоли и како вториот кривец, ако не му обрнува внимание, расправии и сите тие работи се тргнати на лошо, на прво место може да е и тој што изневерува од што не можи да си го додржи во гаќи и се пали по се живо и диво, а швалерката е само колатерална штета
Ако има проблем со партнерот, треба да разговара отворено со него, и да кажи што му недостасува, па да видат, дали може да му бидат задоволени потребите, или не. Изневерувањето не е решение на проблем.
Ако не му оди со жената ќе си раскрсти, па ќе прави што сака. Сѐ дотогаш не е за оправдување никаква постапка зад грб.
И јас не сметам дека е решение, решението е ако не оди бракот да се заврши, ама нив тоа им е изговор. И да маж што неќи да изневери 3 голи пред него да му се слечат нема да ги опули, тој што наумил сам ќе ги слечи
Ете така Пак ќе кажам за тие со кои јас бев. Ги најдов на сајтови за секс дејтинг. Имаат профили таму.. некои со години. Активно бараат и наоѓаат секуални партнери надвор од бракот... Значи со умисла и свесно го прават тоа. Сакаат така. Тој што не сака.. нема ни на крај памет да му падне, да прави профил на секс сајт... нема шанси.
Потполно се согласвам, што би барала јас, тој, ти на таков сајт што нема потреба од изневерување и секс со други. И во преварата секогаш ама секогаш најпрво е крив тој што вара.
Криви се и двајцата но тој што изневерува повеќе затоа што тој да си ја почитувал сопругата не би и го направил тоа. Имав една другарка,веќе бивша другарка она одеше со оженет и тоа Албанец со деца он и кажал уште на прв пат дека е женет и има деца но тоа ете не ја спречило а сега после 6 години уште ги гледам заедно а тој еднаш дозна дека она искочила со друг и ја истепа, кога е глупава нека трпи ,најубавите години ги поминува со женет човек . Се случија секакви работи имам пишувано за ова дури дојде до тепачка со жената ,после тоа ја прашав дали ќе престане да се гледа со него она ми рече па што ми е гајле и така сега сите знаат единствено што престана е тоа што престана да се крие и сега после 6 години пак ја имам видено неколку пати со него.
Чим таа 6 години со него е, е затрескана до уши. Па уште физички ја малтретира... катастрофа. Нејзе и' треба помош, а не осуда. А тој можи да си го прибери в гаќи, и место да ака по улици, да си седи со жена му и со децата.
Тоа сакав да прочитам, значи ти си ги фаворизираш твоите блиски, после во политика шириш демагогии дека од врскаџии не ни ја бивало државата, дека сите заслужуваат еднаков третман, бла-бла Ќе имам предвид во некоја наредна дебата со тебе. Инаку, он топик, дали е можеби во прашање страв од реакциите во фамилијата и друштвото што правите разлика помеѓу дечко/маж на роднина/пријателка и на непозната? Да не ве отфрлат?
Луѓево во нашава државичка не се тука да ти помогнат, туку да те осудат и зато сме до овде кај што сме. Секогаш на маса со другарки се вртеле муабети ова ваква со овај со онај онаја онаква, секогаш ги избегвев тие муабети, а накрај го избегнав и цело друштво. Кој пред мене за други, ко ке заминам уште толку ќе е за мене
Да затрескана е и пати секој ден го прашуваше дали спиел во спална или во дневна и он и викаше во дневна заспав не спијам во спална откако сум со тебе .. пфф тие лаги на малоумни како и да е јас повеќе пати пред да престанам да се дружам со неа пробав да разговарам и да и помогнам но она одлучи да остане со него ,така да не можам да ја оправдам она трезвено си одлучи и си продолжи ,а последиците од тоа ги сносува сега а сигурна сум дека и понатака во иднина.Такви личности не сакам покрај себе .