Пред едно 10години ми се пушташе еден дечко кој дознав дека е штотуку оженет и дома има трудна жена.Он и бројот ми го дознал и ми пишуваше,се тоа игнорирав.Пред некое време ме нашол на фб и ми пишуваше,сега има три деца (најмалото иде со моето во градинка ) Никогаш не сум му одговорила на порака и не ни обрнувам многу внимание.Ако не сум била јас сигурно била некоја друга.И што е тука крива швалерката кога он не си ја почитува жената? Тој ако не сака да ја изневери ти и гола да му се соблечеш џабе ќе ти биде.
Лелеее, не можам да читам се' ама кога веќе се тепаме сите на темава...... Значи вака, според мене, тој што изневерува е крив, без разлика маж или жена. Жал ми е за жената што пиша дека плачела со денови оти маж и' ја изневерил, ама сакам да и' порачам дека мажот и' е крив... и за таков не вреди мрсул по грешка да ти капне од нос у зимо, а не па со денови да плачам?!?! Ама еби му матер, пардон мај френч, ако толку те погодило неверството, не да плачеш! Само да знаете шо прават мажи во брак, ооооооооооооооо. Јас пред некое време разбрав уствари колку се изневерува на велико. И таа третата страна била крива??? Мало факинг морген. Симнете си дејтинг апликација, пола женети комшии ќе си ги најдете како активно свајпаат. А мош и по некој дечко, тамаМ да му кажете да се прибере. И да го прибереш дома, и да го затвориш во соба, ќе си го отвори апликациичка и ќе си свајпа, ич да не се секирате. Кај се' се пуштаат мужи да знаете, Линкедин, Твитер, прават конверзации на Вибер што исчезнуваат по 24 часа, па енкриптед конверзации, кријат објави/стори... да ти се приповрати од иновативноста нивна. Мислам, ако сака некој да се скрие, ќе се скрие и ако сака да изневери, ќе изневери.
Сакате да кажете дека единствениот проблем во бракот на изневерените е тоа што партнерот им легнал со некој трет/трета? Дека само тоа е проблем а друг нема? Интересно.
Со @Doozy ептен сме координирани со мислењата. Додуша ми требаше малку време и мене да станам вакво говедо како сега. Тогаш на времето и јас го пребродив тоа со плачење, цело време се прашував каде сум згрешила, што сум направила, дали не сум била доволно убава, секси, дали не сум обрнувала доволно внимание... Се дури не се освестив еден ден дека дотичното говедо е виновно а не јас. Успеа тогаш да ми ја уништи самодовербата, да направи да се осеќам помала од зрно грашок. Сега да сум со овој памет една едина солза нема да пуштам, ај што нема да плачам ќе почнам да си идам со други и ич око нема да ми трепне. Кога некој е копито зошто јас да бидам човек? Нека го заболи малку и него, не само изневерениот да заспива на мокра перница. Прва не би отишла никад - ама дека ќе пробувам да најдам компромиси со некој кој не заслужил - мало морген. Се освестуваат после што направиле, али касно е. А после невестата со која отиде ја утепа параноја да не и го направи истото што и мене, али нека и е ко е глупа.
@Doozy убаво им кажа, што се не прават и мажи и жени и колку се изневерува. Многу. Не се многу лупајте во гради и не се колнете на вечна љубов оти секому може да му/и се случи. Секогаш виновен е тој што изневерува. А за да дојде до неверство има многу причини. Некогаш е љубов, пари, страст, навика, бегање и сл. Кои сме ние да осудуваме. Сум била изневерена и на некој начин сум изневерила, во секоја формa. Прво боли, ја обвинуваш швалерката, потоа седнуваш и размислуваш со ладна глава. Виновен е оној кој решил да изневерува. Толку. Зошто, како, е прашања и проблеми кои се индивидуални и никогаш не знаете што им се случува дома на партнерите. Само не осудувајте затоа што не знаете што ви прави партнерот зад грб. Ова најчесто се случува во навидувам најидилчните бракови па и врски, кои се колнат на вечна љубов. Што се гледам секојдневно . Инаку, партнерот секогаш знае. Се осеќа тоа. Може само да се прави дека не знае и убедува. Ама во суштина знае.
Проблеми има во секој брак и многу често изневерувањето е само последица. Ама, безразлика - тие проблеми, кои пред да дојди до нешто финално како изневерување, можи да се решат во терапија. Ако не се решат и ако не се земаат сериозно доведуваат до разни последици и "финални" избори во бракот. Ама то не ја намалва вината на тој кој изневерува. Изневерувањето е еден од тие финални избори. Се карактеризира со бегање, со криење, лажење. Се шо не треба да бидиме со партнерот. Ако имаме некаква забелешка, проблем, немаме доволно страст или привлечност треба да разговараме. Ако go to решение ни е да бегаме и да изневеруваме проблемот е ЦЕЛОСНО во изневерувачот. И воопшто не е во изневерениот иако проблемот во бракот можи да има подлабок корен. Да, факти, ако јас сум изневерена можеби е скриен проблем кој го имам во врската/ бракот, АМА партнерот кој осетил нешто не ме осетил доволно блиска да ми кажи туку заминал да ми забие нож во грб. Дали е праведно? - Не. Дали треба да се плашиме и криеме од партнери? - Не. Дали треба да ги изневеруваме и да им кршиме срце, морал? - Не. Ај да не ги правдаме изневерувачките копилиња. Фрлив камен по нив, комотно продолжете. Безразлика од пол ова, пишам во одреден пол зошто така е поставена темата. Сите кои изневеруваат од ист калап ми се праени во мои очи.
Тој ако не сака да изневери и да го залажвиш и што и да прајш нема ни да те опули. Ти тогаш би можела само да се трудиш ама напразно
Aбе сите се согласуваме дека како прво крив е изневерувачот. Ама да подлегнеме од другата страна. На третата личност и' e битно и сака да има такви луѓе оти у спротивно они ќе останат без секс. Они не можат да влијаат дали некој ќе изневерува или не. Ама да би можеле да влијаат секако ќе одберат да има неверници и они да имаат секс отколку да нема неверства и они да останат без него. Зашто секс е побитен од кислород. ...како што ние од другата страна бевме себични и мрднати што неќеме секс или што не ни се менуваат едно мимимум 3ца. А да, и глупи оти веруваме на парнерите.
Третата личност слободна е и е во можност да најди слободни луѓе за секс, а убедена сум и дека женетите кои вараат поголем дел од нив се претставуваат како слободни.
Не е точно, бар за сексање има луѓе во секое време. Сингл луѓе, зборуваме. Другото е тешко да го најдеш. @Tan4ence изневерувањето е многу повеќе од секс, верувај. Иако на површина изгледа така, оди многу подлабоко. Додуша, сите мислат дека е за сексот ама најчесто не е. Комплицирана е психолошката позадина, од лична неисполнетост, до намалена самодоверба, проблеми со его, чувства на неоствареност и недокажаност, итн. Лоша комуникација во бракот, неизедначени сексуални апетити, притисок од околината дека МОРА да се стапи во брак, лична незрелост, неисполнетост на други полиња, досада, итн итн итн. Е на крај би ја ставила потребата за секс - на крај краева, ако се во брак, технички гледано, може да се сексаат пута три на ден ама пак нешто да фали и да го бараат надвор од дома. И за тоа не е крива третата страна ама ич. Знаете дека се претставуваат сингл повеќето, нели? Знам и за морбиден пример кај што типот кажуваше дека жена му е умрена, а он нели, напатен вдовец. Е тоа е веќе патологија! И јас му верувам на партнерот, ама сега за сега. Од кај да знам што ќе го штукне за 5, 10, 15 години? Од каде да знам мене што ќе ме штукне? Мора човек реален да биде, шо знам.
Зошто па на неа да и е гајле што некој одбрал таков маж?Таа жена што ќе оди со некој за секс не и е гајле дали ти си женен или не си.Во ваквите ситуации се криви само тие што ја сочинуваат врската а не некој си трет.Односно крив е само мажот во овој случај.А и тоа на некој начин и е добро дело.Односно ќе си видиш со каков човек си имаш работа.
Сакам да кажам не треба да и е гајле за сопргата која ќе биде жртва на изневерување.Зошто таа не е крива што таа иста сопруга има маж што не е вистински човек.
А зошто и е гајле кога станува збор за нејзина другарка? Зошто не се ебава со мажите на другарките? Зошто кога мажите решиле да изневерат да не ги изневерат нивните жени (нејзини другарки) со нејзе?
Дека утре треба да седни со другарка и и мажот и на кафе, а вака ни со жената ни со мажот нема да седни
@Doozy @DevilGirl212 тачно. Тогаш нека си бара третава слободни. Ако не знае дека бил женет или во врска е друго. Ама ако дознае, може да се повлече нели? Па не знам ни дали мене утре ќе ме удри кола, ќе се удавам, ќе се разболам, итн. Ајде да живееме во постојан страв од смрт како што треба да сме на штрек да не бидеме изневерени. И знам што е изневереување. Ама работата во случајот е дека третава мора да има секс. Као мора. А не мора. Патем вајлд сама си призна дека би повредила другарка ако легне со нејзиниот маж. Што е тука разликата? Плус ако сексање е исто ко јадење, не гледам причина зошто би имало проблем да седне на другарката фино лепо да и раскажува колку го бива маж и' во кревет додека другава слуша во неверување. Како да прават муабет за рецепти, нели. Ако вајлд не се осеќа крива, зошто би и било срам или криво да седи после со другарката? Или ќе не може во очи да ја гледа м? *** Кога ќе помислам колку сексот ги контролира луѓето си велам подобро никогаш да немам отколку милион грижи да си ставам на глава. Оти навредите во тој поглед не се погрешни, а спротивното е етикетирање.
Па баш позабавно ќе им биде, како што она сака адреналин во животот и сака нови работи да проба во сексот, нека повели и со мажите на другарките
То вајлд што си го прави е нејзин избор, јас не би можела. Ја имам читано по доста теми, и пак ќе речам нејзин избор. Не е на нас да осудуваме дали е океј тоа што го прави или не, ако за неа и нејзиниот сопруг си е океј и за мене е океј за неа, а за мене не. И сама погоре кажа дека женетите типови ги нашла на сајт за запознавање. Што мајка би барал маж ти на дејтинг сајт ако не му мрда газето?
Она не мора да иде со него сфаќаш? Не мо-ра. Може да го остави да крши глава. Пак се враќаме на тоа дека мора да има неверства за она да е задоволна. Ама мора да се има секс, у реду е.
@cresa-jagoda @Tan4ence јас не знам шо не ви е јасно. Не мислам дека Вајлд тоа шо го прави е во ред, ама мислам дека енергијата ви е насочена на грешно место. Нормално дека ќе ја боли ако го прај нештото на некој кој го познава. НОРМАЛНО е. И нормално е кур да не ја боли ако го прај на некој шо не го знај. Ај да не се лажиме дека сите сме пис енд лав и дека сите ги сакаме. Лицемерно е. Мислам еве, прва ќе речам не можи помалку гајле да ми е за некој кој не го познавам. Ако ме прај помалку чоек, ооооок. Еве пак ќе повторам, да не не се сфатиме. Не мислам дека Валјд тоа што го прави е во ред, ама мислам дека енергијата ви е насочена на грешно место. Јас не ја познавам Вајлд, ич не ми е гајле шо прај во животот. Чинам, и неа не ѝ е гајле јас шо прам во животот. Ако она налета на мој маж, оти да му е гајле? Ова најискрено го велам. И сфаќам од тој аспект, и неа и тие како неа. Дали би била повредена во таква ситуација? Да. Ама факт - мене мажот ме изневери, не Вајлд. @WildMk извини шо те влечкам низ цело мислење ама си центар на муабет (пак) така да ...