Абе луѓе што ви е.Како може жена од пат и пријателка да ставате на исто место? Нормално дека ти е гајле за пријателката а што има да ти е гајле за некоја си жена? Многу се преовеличувате
Па ако не е крива третата зошто воопшто да се осеќа лошо пред пријателката? Нели ништо не и направила таа, туку мажот?
Ова сите ве мачи. Зошто баш тие? Затоа што тоа ме привлекува сексуално, повозрасен, искусен и дискретен. Тоа по дифолт го добиваш од оженети. Плус.. со кое право дебатирате нечија сексуална преференција? И вие одбирате со кои и какви имате секс, нели? Немате со било кој, туку со оние кои ви се привлечни. И не само тоа.. има еден куп сексуални преференции, кои мене не ми се интерес. Илијадници жени сакаат анален секс, со плави, слаби мажи (карикирам).. Никогаш не би ми паднало на памет, да ја доведувам во прашање нивната сексуална преференција, ниту да ги осудувам, затоа што сакаат анален и слаби, плави мажи.. само поради тоа што мене не ме привлекува тоа. Или пак примерите со асексуалност. Кога сум те осудила јас @Tan4ence заради твојата асексуалност? Ја почитувам твојата преференција, оти е твоја, интимна работа. И цела осуда паѓа врз тоа што вам нешто не ви е привлечно. Ама не се палиме сите на исти работи. Не сум сретнала двајца исти луѓе.. Нема двајца што скроз исто сакаат и што скроз исто имаат секс. Иначе. Изневерувањето е многу подлабока и покомплексна проблематика од самиот сексуален чин. И изневерување, значи изневерување на доверба. И другарка може да те изневери. Не со имање секс со друга другарка, туку со лажење, нелојалност, нанесување емотивна болка. Болката настапува, кога ќе сфатиш дека животот кој си мислел дека го живееш, е лага. Соочувањето со реалноста, која се коси со твоето видување на истата, е она што причинува болка. Дали имало секс, дали само држење за рака, само текстинг или кафе пиење.. не прави разлика.. Боли тоа што не си знаел и тоа што си бил лажен и убедуван во нешто, што не било вистина. Довербата се губи.. И пак ќе речам... претпочитам ни еден брачен партнер да не го излаже другиот, никогаш! Би сакала таков свет, ама не е таков. колку и да се објаснувам јас. На некој што изневерува пак да му речеш (сум им рекла),, дека не е во рд нговото однесување, тебе ќе ти се нафрли... затоа што му се мешаш во неговиот живот. Нема да рече: Леле во право си, што правам Нема ништо побитно во една врска, од искреност. Во секаква врска.. И пријателска, и роднинска, и романтична. Јас сум оваа/овај.. сакам така и така.. дали ти ме прифаќаш каков/каква што сум, или не? Е тоа е основата на која треба да се градат односите... Ништо повеќе, ништо помалку.
Оххххх како да ви објасни човек без толку да запнувате и да се сожалувате едни со други? ЗОШТО ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СЕ ИЗМЕШАНИ ТРИ ЛИЧНОСТИ КОИ СЕ ЗНААТ ЕДНИ СО ДРУГИ.А ВО ДРУГИОТ СЕ РАБОТИ ЗА ЛИЧНОСТ КОЈА НЕМА НИКАКВА ДОПИРНА ТОЧКА ОСВЕН ШТО ИМА СЕКС СО МАЖОТ.
Немаше речено дека е себично да очекуваме со години партнерот да се пали само на нас?Не ме терај да барам. И не само ти. А на тема асексуалност отвори ја темата врска без секс. Таму беа други. Секакви гадотии се изначитав таму. Уште у Бардовци што не ги пратија таквите. Ама не, тоа не е навреда. А да осудиш некоја зашто имала повеќе од двајца, тогаш е навреда Патем повеќе би рекла дека ми е гаден сексот као чин отколку дека сум асексуална. Можеби имам потреба но не сакам да сум нечија играчка за задоволство.
Баш така... односот е покомплексен, и не сакам да го пореметувам со секс. Исто како и со слободен другар... или другарка. Не мешам секс и другарство. Пошто има шанси и другарството да се сјеби. Иначе, колку за информација, сум имала предлози од мажи на пријателки, едните се и во отворен брак, како и ние.. и со знаење на пријателката би бил сексот. Ама не ми прави ќеф.
И еден коментар за @WildMk да ја пуштиме кај нашиве мажи и дечковци па да видиме кој е верен, тој што е верен ни вајлд неможе со него Мала шала
Е де.. исто ко мене што ме навредуваат еден куп, откако се зачленив на форумов. Се' нешто, некому, не е по ќеиф. Епа нека извинат, ама не сме сите исти. Иначе да.. јас сум таква и сметам дека моногамијата не е својствена на човековата природа.. барем за мене. И фино-лепо, тоа му го кажав на сопругот, уште првата недела кога почнавме да се гледаме. И го прашав дали сака или не, однос каков што му нудам. Испадна, дека и тој сака исто и има слични видувања како и јас. И претходно на партнери сум им го кажувала тоа, ама не им се допаѓало, па секој си завршувал на своја страна. Скроз поштено.
Значи ако тебе те вреѓаат, смееш и ти да вреѓаш. Damn, кое оправдување. Го користев истово оправдување во врската па некој плаќаше ради мене.
Што ми е другарка, и очекувам лојалност од нејзе.. исто како и од маж ми.. а не зад грб да ми прават работи. Ако еден од нив сака да има секс со другиов, нека ми кажи.. Ако се сложам, нека се сексаат.. ама да ме лажат, луѓе кои ги сметам за блиски ноу-ноу
Знаете кој е нашиот проблем?Тоа што премногу се сожалуваме.Сожалуваме луѓе кои не ги ни знаеме.Човек не смее да повреди човек како така...Вистината е дека сите сме гнаси кои повредуваат се околу себе.Заслужуваме се.
лелеее како ги извртуваш работите Како те навредив? Со тоа што сакам секс со оженети? Тебе лично нешто ти пререков?
Секој однос помеѓу 2 индивидуи возрасни подлежи на обострана одговорност, дел помала, дел поголема,ама пак е присутна. Плус одговорност према себе, како личност. Мислам дека фората е во 'забранетото овошје. ' Адреналинот, криењето, егото. Можам со глава да се кладам, дека оженетите со кои до вчера сте имале секс, утре да станат слободни, нема да ви бидат примамливи, напротив, ќе ви станат одбивни. Психологија, јбг.
Мене, не. Како што кажав, за секс одбирам изневерувачи. Сериски и паралелни Не сакам човек што лажи да ми биде близок. Сексот ми е скроз друга работа. И не е криењето, пошто не се кријам. Немам проблем некој ако ме види.
Да де, ама зошто ? Те пали фактот што тој покрај таа дома што ја има те одбрал тебе за сексуален чин, па его пумпање, ? Те пали фактот што има деца дома кои го чекаат ? Па сигурно не го носиш дома и сигурно не те носи дома. Сигурно не соопштуваш на ќерка ти пример, ако те праша кај идеш, да и речеш 'Еве со еден ', значи криеш. Немате јавни искажувања на емоции или нагони, туку идете на некое место и вршите работа. Пак криење е. И адреналин е.